дома блог страница 2133

Од опepaтивен paботник во телефонcка центpaла до диpeктop: Фyнкционep на Д У И ќе директopyва во Битола

Управниот одбор на ЈП “Стрежево“ во Битола, на денешната он-лајн седница, за ВД- заменик директор го избра Љутви Ахмети, претседател на партискиот огранок на ДУИ во Битола по препорака на Владата – објави “АЛФА ТВ”

За да се спроведе оваа кадровска операција, претходно во Дирекцијата на јавното претпријатие беа извршени просторни поместувања, за да се обезбеди директорска канцеларија, а за Ахмети ќе биде обезбедено возило, возач и други принадлежности, неофицијално дознава АЛФА.

Исто така, во меѓу време, беа извршени промени на статутот и на другите акти, бидејќи од 2008 година наваму, вакво работно место не постоело.

Од “Стрежево“, барем засега, нема официјална информација или било каква реакција, но се претпоставува дека ова е рефлексија на превирањата во ДУИ, поради кои Заев мора да ги амортизира со ваква кадровска понуда во третиот и четвртиот ешалон.

Во Битола, неофицијалните реакции се дека “Стрежево“ е стратешки хидро- комплекс со акумулација од 120 милиони м3 вода и систем за водоснабдување на Битолскиот регион, Пелагониското поле, РЕК “Битола“ и другите индустриски капацитети за наредните сто и повеќе години и дека не трпи кадровски импровизации.

Колку и како ќе се вклопи Љутви Ахмети, кој досега како оперативен работник на смени работеше во Центарот за управување со кризи, допрва ќе се види.

Новоизбраниот директор во “Стрежево“, досега работел како оперативен работник на телефонска централа во ЦУК. Тој уште од 18 февруари кога немало олука на Влада, добивал честитки од своите пријатели, што може да се види на неговиот отворен фејсбук профил.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

Шекepинcка: CДCM има пpeтceдател кој е феминиcт

Слободно можам да кажам дека СДСМ има феминистички претседател, а тоа мора да се искористи, изјави денеска заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на вчерашната трибина по повод 8-ми март.

– Општеството се менува само тогаш кога храбри лидери и лидерки ќе се одлучат да се обидат, ќе имаат решителност и волја за промени. Ниту нашата земја, ниту СДСМ досега немала феминистички претседател. Сега слободно можам да кажам дека го има, и тоа мора да се искористи, рече таа.

Таа нагласи дека битката за правата на жените и за рамноправност често пати ќе ја прогласиме за завршена, но кога прв пат влеговме на пазар на труд, во семејните води и секако во партиските води сфативме дека битката допрва не чека, дека законот вели еднаква си, но некои се поеднакви од тебе.

– Ние сме горди социјалдемократи, први воведовме квоти во партијата и почнавме со 20 проценти. Денеска имаме 47% застапеност на листите и во Собранието на жените. Но, мора да продолжиме понатака. Ако ги погледнеме бројките каде нема квоти, во делот на градоначалнички, реалноста е многу слична како во деведесетите години. Тоа е нашата следна цел, рече Шекеринска, нагласувајќи дека целиот развој, битката за квоти, која изгледаше неверојатно, беше дело на СДСМ и треба да се потсетиме и да се пофалиме и тоа да ни даде дгордост и сила.

Од ноќеска нови повиcoки цени на бензините

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 66 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 68 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 56, а на Екстра лесно масло за домаќинств (ЕЛ-1) 45 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,446 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,843 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени во изминатите седум дена на светските берзи кај бензинот во просек за 1,397 отсто и намалените кај дизелот за 0,124 отсто, како и за 0,832 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Швајцарија изгласа забрана за носење на бурки

Нешто повеќе од 51 отсто од швајцарските гласачи на денешниот референдум го поддржаа предлогот на екстреманата десница во земјата за забрана за носење никаб и бурка.

Забраната ќе се однесува на покривање на лицето на јавни места, како што се рестораните, спортските објекти, јавниот превоз или при одење.

Исклучок може да биде носењето никаб и бурка во верските објекти или од безбедносни и здравствени причини, како што се носење маски за заштита од коронавирусот.

Швајцарската Влада се спротивстави на мерката посочувајќи дека покривањето на лицето е „маргинално“ социјално прашање и предупреди дека туризмот ќе биде загрозен бидејќи повеќето жени кои туристички доаѓаат во Швајцарија доаѓаат од богатите арапски земји, во кои жените го покриваат лицето.

Предлагачите на законот тврдат дека носењето шамија на лицето ја симболизира репресијата врз жените и дека се неопходни мерки за да се одржи принципот на покажување на лицето во слободно општество, какво што е Швајцарија.

Министерот и Комиcиjaта предложиja нов полициcки чac: Еве кога ќе одлyчyва Bладата

Миниcтерот за здравcтво Венко Филипче, по предлог на Комисијата за зapaзни болecти денеска предложи воведување на полициcки час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава.

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.

-Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект, информира Министерството за здравство.

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Ексклузивно: “ТАЈФАТА” со љубовна балада им го честита 8-ми март на понежниот пол (Видео)

Тајфата на својот јутјуб канал ја промовираше новата песна и видео запис за својот најнов производ ,, Љубов без крај”.

Според нив целта на денешното објавување на истата е да им го честитаат празникот 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол и да им поклонат една убава балада на сите кои запливуваат во брачните води.

“Денес премиерно ја објавуваме нашата нова песна “Љубов без краj” тема на која музиката ја напиша Владимир
Богески, за текстот се погрижи Сара Пројковска додека аранжманот го напишаа Владимир Богески и Рубин Димкоски Димкоски во ,, R music studio”, а видеото го подготви Зоран Пилоски-Фан Продукција заедно со нашата ,,Tajfata production”.

Токму овој ден го одбравме за промоција за со едно мало внимание една љубовна приказна да им подариме на припадничките на понежниот пол, барем толку сме должни на нашите фанови со оглед на ситоацијата во која се наоѓаме сите.

Се надеваме на подобри времиња во поопуштена атмосфера како што ја памтат сите со нас Тајфата”, велат членовите на бендот Владимир Богески, Живко Чиртоски и Александар Тренчовски.

Уживајте во продолжение:

(Фото) Рибар уловил ајкула со човечко лице

Рибар од Индонезија уловил ajкула со човечко лице.

Абдула Нурен уловил мала ajкула на неговото патување во провинцијата Роте Ндао, Индонезија.

Абдула уловил огромна бела ајкула, а чудната риба ја извадил од нејизниот стомак.

– Извадив уште 3 мали риби од стомакот на големата ajкула. Две беа како нивната мајка, а оваа изгледаше како да има човечко лице.

Како и гpaдот, така и Победа се pacпаѓа? Црвено-белите не можат да ја победат ниту Слога од Виница

Вчера попладнето на стадионот на Могилата, по студено и ветровито време во меч од 18-тото, последно коло од вториот круг на првенството на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа одиграа нерешено 1-1 со Слога од Виница.

Oва беше петти нерешен меч од вкупно досега одиграните 9 дуели за бодови на свој терен. На лошиот и тврд терен се играше брзоплето со многу грешки на двете страни, доста неповрзано и со прескокнување на играта, со многу малку организирани акции и шанси за гол, а најневработени беа голманите-Котевски немаше ниедна, а Јованоски само една интервенција.

Гостите рано поведоа веќе во 8-та минута, а Победа по којзнае кој пат по ред прими гол од прекин-од слободен удар.

По центаршут, Каралиоски не го блокираше навреме и не беше доволно блиску да го попречи стрелецот на голот Момироски, кој со глава ја затресе домашната мрежа.

Победа беше јалова во поле, без идеја и тешко успеваше да ја разбие добро организираната дефанзива на поискусниот гостински состав.

Во вториот дел со измените од клупата и поместувањата во распоредот на играчите, се направи последен обид за да се стигне до погодок.

Најпрвин обидот на Најдов го одбрани Јованоски, но сепак израмнувањето стигна во 88-та минута, кога по центаршутот на Бошески, длабоко во казнениот простор на гостите голманот Јованоски тргна да интервенира, но во букетот на играчи, еден негов соиграч удри во него, со што го оневозможи во интервенцијата, па топката со глава ја зафати нововлезениот Петровски, и таа помалку среќно заврши во празната гостинска мрежа за конечни 1-1.

Победа: Котевски, Бошески, Петкоски, С. Спиркоски (од 65 мин Петроски), Стомнароски, Каралиоски (од 29 мин Митрески), Дунимаглоски (од 65 мин Дамевски), Јошески, Кисески-Илијоски (од 81 мин Симјановски), Најдов и Грозданоски.

Резултати од 18-то коло: Победа-Слога Виница 1-1, Плачковица-Осогово 0-1, Саса-Тиквеш 1-2, Росоман-Брегалница 1-5 и Кит Го-Кожуф 3-0.

Табела: Брегалница 48, Тиквеш 41, Кит-Го 28, Кожуф 26, Осогово 23, Саса и Слога по 21, Победа 15 Плачковица 11 и Росоман 8 бода.

Во наредното 19-тто(прво коло од третиот круг) ќе играат: Кит-Го – Победа, Брегалница-Саса, Тиквеш-Слога, Кожуф-Плачковица и Осогово-Росоман.

Погледнете што се случува на “златната планина” во Конго: 90% од составот на земјата е чисто злато (Видео)

Властите мораа да го забранат рударењето на “Златната планина” во Демократска Република Конго, откако луѓето дознаа дека 90% од составот на земјата е чисто злато.

Стотици луѓе се упатија кон планината Лухихи, која се наоѓа во јужниот дел на Конго, со цел да понесат дел од златните грутки. Имено, луѓето со обични лопати и со раце го извлекуваа златото кое не се наоѓа длабоко под земја.

Министерот за рударство, Бурме Мухигирва, вели дека зголемениот број на нелегални рудари предизвика голем притисок врз малото село кое се наоѓа во близина на планината, па поради тоа мораа да го забранат копањето.

Повторно висока бројка на починати од кopoнавиpyc во Македонија

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 182, Кавадарци – 22, Куманово и Охрид – по 20, Тетово – 15, Битола – 11, Прилеп – 9, Неготино – 8, Велес и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 3, Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,70г,70г) 2 пациенти од Кавадарци (90г, 59г) и по 1 пациент од Штип (47г), Велес (59г), Кочани (79г), Куманово (82г), и Охрид (68г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Регистрирани се 268 оздравени пациенти од:

Скопје – 160, Прилеп – 28, Куманово – 20, Крива Паланка – 14, Велес – 9, Тетово – 6, Битола, Кичево и Гевгелија – по 4, Кочани, Берово и Пробиштип – по 3, Гостивар и Богданци – по 2, Кавадарци, Свети Николе, Виница, Крушево, Кратово и Пехчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.