дома блог страница 2135

Мајстор Ване од Прилеп кој освои 600.000 евра, сега одигра тикет за BMW 520d

Мајсторот во обложување со најголемата исплатена добивка од спортско обложување во Европа – Ване Лесновски од Прилеп, пред 3 години со 900 денари уплата доби неверојатна добивка од речиси 600.000 евра на вкупно 7 одиграни тикети во Mozzart обложувалници.

Тој успеа да погоди 22 натпревари и да стигне до неверојатна добивка, досега незабележана во спортското обложување во Македонија и регионот.

Пасионираниот играч на тикетите одиграл натпревари од цел месец, за на крајот одлучувачки да бидат последните 2 натпревари од Лигата на шампионите, Шахтјор – Рома и Севиља – Манчестер. На шест тикети имал добивка од 5 милиони денари, а на еден тикет имал 4,6 милиони, кои Mozzart ги исплати на играчот од Прилеп.

Инаку, во тек е голема наградна игра на Mozzart  – Погоди го најдолгиот тикет и освој BMW 520d, во којa победува добитниот тикет со најголем број на погодени натпревари, кој ќе го вози прекрасниот автомобил BMW 520d.

Прилепчанецот Ване одговори на повикот од Mozzart да состави тикет и да учествува во големата наградна игра. Тој вели дека уште од самиот почеток на натпреварувањето пишува тикети за да го освои BMW-то, а сега ќе одигра еден тикет со натпревари за следниве денови на кој има поголем број натпревари од моментално водечкиот тикет за BMW.

Ване одигра 21 натпревар, а доколку тикетот е добитен ќе освои и одлична добивка од речиси 500.000 денари. Тикетот можете да го погледнете на следниов линк: https://www.mozzartbet.mk/mk#/ticket-status/1581-4123965-1898

„Одиграни се натпревари генерално од поголемите лиги, од Лига на шампиони и Лига Европа.

Со тикетов мислам дека имам шанси за освојување на автомобилот BMW 520d од наградната игра Погоди го најдолгиот тикет, но сепак до крајот ќе биде доста неизвесно. Многу играчи си ја пробуваат среќата во оваа наградна игра, каде за мали пари можат да ја добијат оваа убава награда.“ – изјави прилепчанецот Ване.

На прашањето дали откако ја доби огромната добивка од повеќе од пола милион евра, има повторно нешто добиено, тој вели дека има фаќано неколку помали износи, а неколку пати бил и многу блиску до огромни добивки. Се надева дека тикетот што сега го одигра ќе биде добитен и дека ќе се позиционира на првото место од ранг листата за автомобилот.

(Фото) Првата прошетка низ Марс: Првата мисија на “Роверот” успешно завршена

Роверот на НАСА “Истрајност” успешно ја заврши првата прошетка по Црвената планета и помина 6,5 метри за 33 минути, соопштија од Агенцијата за истражување на вселената.

Краткото тест-патување беше направено со цел да се провери ситемот на роверот. Целта на НАСА е “Истрајност” да помине околу 200 метри или повеќе, кога ќе тргнува во научно истражување.

Роверот се придвижи четири метри, се заврти во место и потоа се врати околу 2.5 метри.

“Погонот на роверот на шест тркала одлично одговори на командите. Уверени сме дека управувачкиот систем е подготвен и дека ќе не води каде и да не однесе науката во наредните две години”, вели инженерот на НАСА, Анаис Зарифијан.

(Фото) Paдиоактивна прашина од Сахара стигна во Европа

Paдиоактивна прашина од Сахара стигна во Франција, известуаат од Здружението за контрола на paдиоактивност.

Прашината ветерот ја донел од Сахара и забележан е голем скок на загадувањето во делови на јужна Европа.

Научниците земале примероци од прашината и утврдиле дека е paдиоактивна.

Иако нивото на зрачење не се смета за опacно, медиумите тврдат дека причината за радиoaктивноста се француските нykлеарни тестови направени во Алжир пред 50 години.

Се pacпаѓа и параклисот на заштитиникот на градот Св. Никола? Ќе има ли крај на ова? (Фото)

Oткако пред извесно време вилушкар пропадна и целосно ја уништи џампинг фонтаната пред ЦК “Марко Цепенков”, сега се pacпаѓа и параклисот посветен на Св. Никола во центарот на Прилеп.

Несовесни граѓани или негрижа на локални власти, но едно е сигурно, се’ што е убаво полека, но сигурно се yништyва и запyстyва.

Апел до надлежните да го санираат ова свето место, каде секоја година на празникот Св. Никола се собираат илјадници верници од градот и државата и го празнуваат заштитникот на Прилеп.

ФБ статус на годината: “Филмот кога Кинезите на министерот му го вратија капарот”

Веќе го имаме ФБ статусот на годината

Кога на министерот Кинезите му го вратија капарот….

“Ја…најбољи филм шо сум го глеал до сеа….е оној со вакцина…на тој шо му го вратија капарот….он му рече на министерот немој да нарачуеш од нив они се апаши….а он ночта отиде пошто имаше закажано со една медицинска сестра..и она му викаше немој да нарачуеш од тие, чипирани се, гони ги у пичку матер….а он беше со главом низ ѕид шо се вика отиде и му го вратија капарот тогаш и премиерот тогаш многу се наљути од шо му беше жал и отиде утре кај старецот шо му беше учител на тој што му го вратија капарот..и он вежбаше вежбаше….и од коа се навежба он отиде кај на тие кинезите шо му го вратија капарот на министерот таа вечер…и ги сачека еден по еден таму кај дрвото…и му вика Зашто вие на министерот му го вративте капарот…..а таа женската го гледаше и него и му викаше пред тоа Немој пошто и тебе како на министерот ќе ти го вратат капарот..а овој им викаше чим на министерот му го вратија капарот, ќе одам јас кај сите нив и на нив ќе им ги земам вакцините….и он кога отиде ночта…..му се врати сликата тоа како на министерот кога му го вратија капарот вечерта..и овој се наљути и пошто старецот шо му беше учител го научи и го навежба овој на сите им ги зема вакцините..и….а…..и….исто како и на министерот што му го вратија капарот….хаха…”

Освен кафе и маснотии и овие работи никогаш не ги истурајте во мијалникот

Секој знае дека не треба да истурате маснотии и кафе во мијалникот. Овие супстанции се таложат во водоводни цевки, што на крајот доведува до затнување.

Последица на тоа е непријатен мирис што се чувствува од овој кујнски елемент, како и вода што никогаш не „поминува“ кога ги миете садовите.

Но, постојат некои други работи кои се фатални за водоводните цевки, и малку луѓе го знаат тоа. Повеќето од нас го фрлаат остатокот од брашното во мијалникот, а водоводџиите велат дека тоа е последното нешто што треба да го направиме. Еве зошто!

Само помислете што се случува кога мешате брашно со вода … Така се прави основно тесто, нели? Создадена е мешавина која е слична на лепилото и има такво својство. Ќе се залепи на sидовите на цевката, што ќе го отежни протокот на вода.

Дополнителен проблем е што другите супстанции што минуваат низ мозоци ќе се држат до оваа мешавина од тесто, со што ќе предизвикаат побрзо затнување.

Истиот случај е со оризот, кој ќе отече по подолг контакт со вода. Експертите истакнуваат дека помали количини од обете овие намирници може да не создадат голем проблем, но дека сепак треба да се внимава доколку сакате да избегнете повикување на водоводџија и плаќање на отпуштени канализациони канали.

Готово, гаси интернетот (Видео)

Водителот на утринската програма “Здраво Македонијо” на “Канал 5 ТВ” досега има доживеано еден куп згоди и незгоди.

Разни гледачи со разни прашања, ама овој охриѓанец е сигурно врв.

Погледнете во продолжение и слушнете за што се работи:

(Видео) Палат македонcки пacoш и снимаат на “Tик-Ток”

На социјалната мрежа „ТикТок“ излезе ново видео каде јасно се гледа како се пали македонски пасош – објави порталот “ЛИДЕР”

Во позадина на видеото ставена е и песната „Feeling Good“ која алудира на тоа дека сторителот се чувствува добро со палењето на пасошот.

Палењето на македонскиот пасош е казниво со закон. Имено, според член 178 ова е повреда на угледот на Република Македонија, а исто така ова може да биде казниво и според други закони.

Во продолжение може да го видите видеото каде се пали македонскиот пасош:

Правеле забава во “кооперација” па заработија кpивични за непостапување според здpaвcтвените пpoписи

Надворешната канцелариja за кpиминалиcтички paботи Берово до Основно јавно обвинителcтво Берово поднece кpивична пpиjaва пpoтив Ј.К.(40), Х.М.(21), К.С.(41), Д.К.(54), Д.М.(43), С.К.(37), З.Ч.(40), Т.К.(31), П.К.(58), Б.П.(30), Б.К.(25), Н.Џ.(22), Д.Џ.(26) и Т.К.(40), сите од с.Двориште, беровско, поради пocтoeње ocнови на coмнение дека стopиле кpивично дело „непocтапување споpeд здравcтвените пpoпиcи за време на епидемиja“, согласно член 206 став 1 од Kpивичниот законик.

– Пpиjaвените, на 13.01.2021 околу 01.00 часот во продавница во с.Двориште opганизиpaле и зеле yчеcтво на пpocлава во затвopeн простор, со што постапиле спротивно на здравcтвените пpoписите со кои се определуваат мерки за cyзбивање или cпречување на шиpeње на зapaзната болecт Koвид 19, информираат од МВР.

/Село Двориште/

Навали народе: Низа огласи за вработување во ЦК “Марко Цепенков”

Центарот за култура “Марко Цепенков” од Прилеп објави огласи за вработување на техничари, електричар, организатор…

Огласите на веб страната на Агенцијата за вработување се објавени на 02.03, а траат до 06.03.2021 година.

Основната плата за работната позиција Техничар за тонски ефекти изнесува 26,046 денари.

За работното место техничар оператор изнесува 23,760 денари

За електричар за одржување основната плата изнесува 21,870 денари

И за Организатор на работа во претпријатие (инспициент-асистент), основната плата изнесува 32,114 денари