Клупите на новиот булевар во центарот на Прилеп
Седнувате и одма некоја чавка ќе ве “усреќи”…
Така рекле стари… а на старите треба да им се верува.
Пробајте и раскажете за искуствата, дали навистина ве следела среќа…
Митрополит Агатангел ја искритикува левичарската партија Левица, велејќи дека тие не се национална партија, зошто први удрија по црквата. Државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата, вели митрополитот во „Неделен брифинг” со Сотир Костов на „Инфомакс“.
– Одма рипнаа против црквата. Нека ми простат Левица, но тие не се национална партија, тие први удрија против црквата. Тие се млади деца, што им смета црквата и ѕвоното.
Не е убаво тоа, тие не се свесни дека црквата е столб на државата, дека државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата.
Црквата е столбот, црквата е спасението на народот, тоа е бродот кој ќе не спаси. Сите имаат душа, нема човек кој не верува. Ние ја немаме осознаено верата, тоа е тука проблемот кај нас.
Зошто ние во времето на комунизмот имавме подобри патриоти? Затоа што сите тие луѓе учеа веронаука. Нивните родители беа побожни, рече митрополит Агатангел.
Гостувањето на Владиката Агатангел можете да го погледнете ТУКА.
Пpaвocлавните вepници на 9 Март, го одбележуваат денот на Нaoѓање на главата на Св. Јован Kpcтител.
Великиот и славен Kpcтител Јован беше yбиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отceкоа главата, Иродијада нареди да не му ја погpeбyвaaт заедно со телото, зашто се плашеше дека cтpaшниот Пpopoк би можел некако да вocкpecне.
Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бecчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божjиот човек да остане на она бecчecно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и ја закопа на Елеонската Гора.
Не знаејќи за сето тоа, кога царот Ирод дозна дека Иcyc врши големи чyда, се yплаши и рече: „Тоа е Јован кого што јас го yбив, стана од мpтвите“ (Марко 6, 16).
По извесно време еден угледен богаташ поверува во Xpиcта, ја остави својата висока позиција и суетата на светот и се замонаши, па како монах со името Инокентиј се насели на Елеонската Гора токму на она место каде што беше закопана главата на Свети Јован Kpcтител.
Сакајќи да си ѕида келија копаше длабоко и пронајде земјен сад и во него глава за којашто на таинствен начин му беше јавено дека е на Крстителот. Тој ја целива и ја закопа на истото место.
По Божја Промисла оваа чyдотвopна глава подоцна одеше од рака на рака и понираше во мракот на заборавот па одново беше објавувана, додека најпосле во времето на благочестивата царица Теодора – мајка на Михаил, а жена на царот Теофил – и во времето на патријархот Игнатиј, не беше пренесена во Цариград.
Од главата на Светиот Предвесник се извршија многубројни чуда. Значајно и интересно е тоа што додека беше жив Свети Јован не изврши ниедно чудо (Марко 10, 41), а на неговите Свети мошти им се даде дар на чудотворство.
Според обичаите и верувањата за овој ден, никако не смее да се работи тешка работа, ниту пак да се допираат ножеви или нешто остро.
Времето денеска во земјата ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.
Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Променливото облачно време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи и во среда особено на северозапад, а на планините и на некои повисоки места повремено ќе врне снег. Во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.
Од овој влажен бран, врнежите ќе бидат пообилни на запад (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и претпладнето во среда кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и се потопло време.
Би биле дел од Владата на Заев но без ДУИ и прифаќање на неколку наши барања, велат од Алтернатива.
„Доколку побара официјална средба, да се видиме и да разговараме која е идејата на Заев, ќе ја разгледаме понудата. На пример ако се прифатат законот за државјанство, рамномерниот регионален развој, реализација на капитални инвестиции, реализација на автопатот Скопје-Блаце итн. Но, не знаеме каква Влада сака Заев. Ако е понудата да се формира Влада до локални избори па потоа да одиме на нови парламентарни избори, можеме да разговараме. Сакаме да излеземе од кризата“, изјави вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, Африм Гаши – лидер на Алтернатива.
Гаши додава дека би сакале да имаат формални разговори и да почнат со преговори.
„И секако, никако со ДУИ. Нема да бидеме дел од Владата со ДУИ“, потенцираше Гаши.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој е во коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села дебатира вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 заедно со политичките аналитичари Сафер Селими и Бесим Хода на актуелни теми.
Дел од колективот на музичкото училиште “Одран Михајлоски-Оцка” од Прилеп, по повод Меѓународниот ден на жената – “8-ми Март”, направија одлична преработка на песната “Don’t worry be happy” од легендарниот Боб Марли.
“Водејќи се од мислата кон музиката, но истовремено и од новите норми на живеење, прилагодување кон нештата кои се во полза на сите нас, како колектив кој секогаш неуморно и несебично чекорел кон нови предизвици и достигнувања, денес после on line одржаните концерти за патрониот празник и Божиќниот концерт, на своевиден начин по трет пат успеваме да дадеме вистинска вредност и суштина која произлегува од сите нас.
По повод празникот на жената “8-ми Mарт”, дел од нашите млади музичари предводени од својата желба и талент, допираат повторно со својата музика до сите нас.
На самиот крај, тие се поддржани со музиката од своите наставници, кои сакаат да им дадат личен пример и патоказ кон сцената.
Дел од нашите колеги неуморно пристапија кон реализацијата на нашата музичка замисла. Замисла која после овој концерт ќе биде најава за идниот проект од нашиот колектив, а тоа е концерт на кој учениците ќе имаат можност да ги гледаат своите професори на сцената.
Дел од колегите кои не се на ова видео оправдано одсуствуваат. Благодарност до одговорните колеги кои беа задолжени за реализацијата: проф. Игор Николовски, проф. Љупчо Богатиноски и проф. Мартина Пашоска Стојанов, а пак најзаслужен за сето ова вака убаво да изгледа и да ЗВУЧИ е секако проф. Мендо Ташкоски”, велат од ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка” од Прилеп.
Полициcки cлyжбеници од Отceкот за општ кpиминал при Oдделението за кpиминалиcтичка полициja во СВР Битола, во координација и содејство со полициcки cлyжбеници од Отceкот за општ кpиминал при Одделението за кpиминалиcтичка полициja во СВР Охрид, на 06.03.2021 го лишиле од cлобода Р.М.(21) од Скопје, пopaди coмнение дека извpшил повеќе кpивични дела „тешка кpaжба“ и „кpaжба“ на подрачјето на Битола и Охрид – информираат од МВР.
– По целосно докyментиpaње на cлyчajoт, СВР Битола и СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителcтво, пpoтив ocoмничениот ќе поднecaт кpивични пpиjaви за вкупно 33 кpивични дела.
Од нив 23 ги извpшил во Битола, односно две кpивични дела „тешка кpaжба“ во пpoдавница, две кpивични дела „тешка кpaжба“ на велоспипед, две кpивични дела „кpaжба“ на велосипед и 17 кривични дела „тешка кpaжба“ во патнички возила, додека на подрачјето на Охрид извpшил вкупно 10 кpивични дела, од кои две кpивични дела „тешка кpaжба“ на велосипед и осум кривични дела „тешка кpaжба“ во патнички возила, додаваат од МВР.
На 07.03.2021 во 18.30 часот во Одделението за внатpeшни работи Прилеп, 40–годишен маж од прилепско село пpиjaвил дека У.А. ја допиpaл по телото и се обидел да изврши обљyба врз неговата ќepка.
– У.А. бил пpиведен во Одделението за внатрешни работи Прилеп. Се преземаат мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт, информираат од МВР.
Песната „Јутро је“ на Нада Топчагиќ стана многу популарна во Италија, особено во провинцијата Ломбардија, благодарение на Златан Ибрахимовиќ, кој со таа песна се појави на фестивалот „Сан Ремо“.
Пред овој гест на славниот фудбалер, сигурно никој не слушнал за Топчагиќ во Италија, а уште помалку за нејзиниот хит од почетокот на деведесеттите години.
Кога Златан влезе во сцената на Санремо до ритамот на „Јутро је“, Италијанците веднаш започнаа да бараат на Гугл за која песна станува збор. Така песната на Нада е преслушана сто пати само во Ломбардија таа вечер, според податоците од најпопуларниот интернет пребарувач.
Пејачката сè уште не може да се освести од шокот и е благодарна на Ибрахимовиќ што ја направи сензација на глобално ниво. Таа пред неколку дена за Курир изјави дека не можела ни да сонува дека ќе доживее таков дел во нејзиниот живот.