дома блог страница 2131

Ристески: Два пати ми го демолиpaвте автомобилот, а сега ми фpливте мacло во двopoт” (Фото)

Непознат сторител фрлил автомобилско масло и направил штета во дворот на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески.

Ристески со Фејсбук статус реагираше за настанот:

“Почитувани сторители…сакам само да Ве поздравам… синоќа пак сте ми направиле штета-фрливте автомобилско масло во мојот двор!

Во рок од 3 години, два пати ми го демолирате автомобилот, а еве сега дојде ред пакост и на дворот да ми направите…или повторно ќе следува нова “дозирана” кривична пријава?…го научивме веќе редот!

А, нели живееме во: “демократска”, “европска” и ‘НАТО” Македонија?

И наместо на градот и државата, вие “господа” – 4 години потрошивте на мене, исполнувајќи го само својот фрустриран “фетиш”… и ништо друго, а прилепчани добија само УНАЗАДЕН ГРАД!

И еве уште еднаш да Ви укажам, не си го трошете времето со мене, нека не Ве прогонува постојано мојата “аура “и сè што имам направено за овој град…напротив, сето тоа требаше да Ви биде само поттик и репер, а не страв… да ме надминете и направите повеќе, да оставите траг по кој ќе Ве паметат граѓаните, затоа што го заслужуваат тоа!!!

Се надевам наредните, ќе успеат да ја исправат лошата слика и ги надминат вашите “севернокорејски” методи, враќајќи го демократскиот, натпреварувачки и вистински европски дух на градот, како што беше претходно!

УШТЕ ЕДНАШ ВИ УПАТУВАМ ГОЛЕМ ДРУГАРСКИ ПОЗДРАВ!!!

П.С. Со сето ова, за овој целокупен моментален “европско-демокртатски” дух во Прилеп, ќе бидат запознаени сите амбасади-мои драги пријатели!”

Нешто што ќе ви го направи денот: “We Are the World” во изведба на детскиот хор од прилепското музичко училиште (Видео)

Хорот од музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп со прекрасна изведба на песната We Are the World

Уживајте во оваа одлична детска изведба:

Tyтyнapите за yтpe нajaвyвaaт нов мacoвен пpoтecт: Ќе ce блокиpa Плетвap

Изгласаните измени на 3aконот за тyтyн и продолжување на рокот за откуп за еден месец нема да го решат пpoблемот на тyтyнapите.

Имено, откако вчера во Собранието се изгласаа измените на Законот за тутун, за тутунопроизводителите се незадоволни бидејќи како што велат ова е половично решение кое не значи дека проблемот со кој се соочуваат скоро четири месеци ќе биде надминат.

– Со носење на измените на Законот за тутун вчера во собранието нема да се реши нашиот проблем. Нашиот проблем ќе заврши кога ќе се откупи целата количина на тутун по реална проценка, а не како до сега. Мора да се плати трудот и еднаш за секогаш да почнат да не ценат, а не да не потценуваат. Ние веќе не веруваме во владата и во вакви краткорочни решенија, поучени од минатото, владата и Министерството секогаш носеа решенија штетни за нас. Токму затоа во четврток ќе излеземе на протест да го искажеме нашиот револт и ќе поставиме јасни услови и барања до владата која ако навистина се грижи за македонското земјоделство и земјоделците тогаш ќе мора да ги прифати, вели еден од тутунопроизводителите кој од разбирливи причини сака да остане анонимен.

Протестот на тутунопроизводителите ќе се одржи во четврток со почеток од 12 до 14 часот, а ќе се блокира Плетвар кај бензинската пумпа Лук Оил, а како што информираат истиот е уредно пријавен во полиција од страна на здруженијата.

Организаторите на официјалната страна на фејбук, упатија апел до сите тутунопроизводители да се приклучат на протестот бидејќи како што велат маката и целта ни е иста, а тутунот мора да се откупи до последниот производен килограм.

– Новоформираните здруженија со заеднички протест. Кога се работи за интересот на тутунарите недоразбирањата мора да се остават и се оставени на страна. Ги повикуваме сите тутунопроизводители без разлика на вера нација или политичка определба, маката ни е иста и целта ни е иста. Тутунот мора да се откупи до последниот произведен килограм.

Тука ќе се потенцира и барањето за 90 денари субвенција по сите класи за што на министерот му беше доставен и документ на каков начин и од кој ставки од буџетот ќе се обезбедат овие средства бидејќи ги има во буџетот само треба волја да се искористат за намалуваме на штетите од ниската откупна цена во минатата реколта.

Ако кон овие 90 денари по килограм ги додадеме и 10 денари од КОВИД мерката која ги планира владата ќе дојдеме до цена која барем малку ќе ја амортизира загубата која ја претрпеа тутунарите.

Исто така за новата реколта имаме решенија кои исто така ќе бидат доставени до Министерството со кои сметаме дека сега треба да се решат проблемите за да не наидеме повеќе на ваква тешка реколта по тутунарите, пишуваат организаторите на протестот на ФБ групите.

За потсетување, проблемот на тутунопроизводителите е од почетокот на месец декември, а власта и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа и понатаму остануваат неми на проблемите на тутунарите, туку напротив токму владејачкото мнозинство на СДСМ во собранието го изгласа Законот за увоз на тутун, со кој се дозволува увезување на странски тутун пред да биде откупен домашниот тутн.

3aeв: Имаме добpococeдcки однocи со Cpбиja, вчepa имавме тpи автобycи од Ниш во “Сити мол”

Како факт дека има добрососедските односи со Србија, премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата “Пресинг” на српската телевизија “Н1”, ги посочува границите со северниот сосед кои останале отворени и покрај пандемиjaта од Koвид-19.

– И кога имаше најголем број на случаи со ковид19 нашите граници беа отворени, со исклучок кога поради појавата на британскиот сој беа затворени 20 дена. Веднаш потоа ги отворивме. Вчера имавме три автобуси од Ниш во Сити мол. Српски државјани. Тие дојдоа на шопинг поради мерките кои ги имаше во Србија, а ги нема кај нас. Носеа маски како што се протоколите кај нас. Ќе се договориме, се со цел да ги почитуваме сите аспекти за здравјето и заштитата на граѓаните и да ги пронајдеме најдобрите решенија во договор со вашата влада за да може да поминуваат српските граѓани низ РСМ и да одат кон Грција, а и ние да одиме слободно во Србија, рече вечерва Заев во интервјуто за српската телевизија Н1.

Целосното гостување на 3аев погледнете го во продолжение:

Tpajaнов до 3аев и CДCM: 16-17 пpaтeници нe ce нивни, пoбeдaтa ja донecoa помaлитe политички пapтии

СДСМ не бил самостојно на избори, СДСМ е во коалиција со 23-4 политички партии. И кога ќе ги презентирате резултатите колку СДСМ освоил пратеници, треба да знаете дека 16-17 пратеници не се нивни пратеници, не се членови на СДСМ, тие се членови на други помали политички партии – истакна Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Утрински Брифинг“.

“Меѓутоа во јавноста тоа така не се презентира за жал, медиумите во главно и од парламентарната расправа и од другите расправи пишуваат тоа рекол пратеникот од СДСМ и завршува со тоа. Така да поради тоа мора да се менува законот, не може предност да имаат партиите што се поголеми – истакна Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Утрински Брифинг“.

Тој додаде дека не може поголема партија да има четири минути за реклама, а другите партии и вклучително опозицијата да имаат помалку минути за реклама односно 1/5 од тоа, тоа не е фер.

Сите партии треба да имаат ист третман, на ист начин да бидат третирани и финансирани. Секаде во медиумите треба на ист начин да бидат поддржани. Тогаш ќе имаме рамноправен третман на сите партии и услови за политички натпревар – нагласи лидерот на Демократски Сојуз”, истакна Трајанов.

Трајанов посочи дека Парламентот моментно е нефункционален.

(Видeo) Гневен неготинчанец pacпали пpeд Bлада во 3 нayтpo и cтана хит во Maкедониja

Име, презиме, јазик, историја, идентитет, немаштија и пандемија „совршена“ комбинација за и оние кои сметале дека се нормални во државава да го загубат разумот.

Извесен Никола Бинов се прослави буквално преку ноќ со видеата од говори кои ги одржа пред Владата на Република Македонија на Бихаќка, но и пред Правниот факултет во Скопје во живо на Фејсбук.

На следниот линк можете да го проследите неговото обраќање пред Бихаќка:

Тука можете да го погледнете неговото обраќање пред Влада:

Линк од видеото на неговото обраќање пред Правниот факултет:

Тој се фотографираше и пред хотелот Мериот.

Во Македонија влегува “Лидл” – eве во кои гpaдови

Регистрирањето подружница во Македонија во февруари е првиот чекор од нашата активност во земјата, одговорија од „Лидл“ – Бугарија на прашањето од InStore какви се нивните планови за влезот на германскиот малопродажен гигант кај нас и каде ќе им бидат лоцирани продавниците.

Ние сме во почетна фаза на долгорочен процес и во оваа фаза не можеме да дадеме дополнителни детали, одговорија од „Лидл“ – Бугарија за InStore, додавајќи дека не можат да ги откријат потенцијалните локации или датуми на отворање.

Бугарските менаџери засега не даваат повеќе детали, и покрај информациите дека веќе разговараат со градоначалници за можни локации. Сепак, нашите читатели ни испратија фотографија од брендиран автомобил на „Лидл“ каде, покрај логото на трговецот, се наведени градовите Штип, Тетово, Скопје и Охрид.

Во таа насока одат и активностите на бугарската подружница за кои досега знаеме, но и информациите од терен – се шпекулира дека првиот маркет ќе биде во Охрид.

Впрочем, градоначалникот на Штип, Сашко Николов, за штипската телевизија ТВ Стар потврди дека веќе разговарал со претставници на компанијата. Тие побарале локација на 10.000 квадратни метри и тој вели дека веднаш им обезбедил две такви.

– Барањето кое тие го испорачаа на средбата со повеќе градоначалници од овој регион е дека им е потребна локација од 10.000 метри квадрати на територија на градот Штип. Ние обезбедивме две такви локации и ги пуштивме во Влада по што ќе се носи и одлука за избор, рече Николов за ТВ Стар.

Тој за телевизијата изјави дека Лидл има план за поширока соработка во која се опфатени сите големи општини во државата, но и дел од средните општини во кои спаѓа и Штип.

Според досега познатите податоци, подружницата под називот „Лидл Северна Македонија Дооел“ е основана со паричен влог од 500.000 евра.

Новата компанија ќе биде управувана од Софија, од бизнисмените Милена Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.

Тие се управители во компанијата во Бугарија. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

3aeв: Очигледно гpaѓаните се опyштиja, полициcкиот чac ќе го намали бpojoт на зapaзени

Владата донесе одлука да се воведе полициcки чac. Одлуката е донесена на предлог на Koмиcиjaта за зapaзни болecти поради зголемениот број на новозаболени и xocпитализиpaни лица од Koвид – 19.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција ја потврди оваа информација.

„Владата донесе одлука, се уште трае седницата, но на основа на записникот од главниот Кризен координативен штаб се донесе одлука за воведување на полициски час. Полицискиот час ќе започне од утре вечер 10 март се до 5 часот на 22 март. Тоа се неполни две седмици, 12 дена. Ќе го следиме целиот овој процес. Дополнително се донесени ограничувања за задолжителен домашен карантин за наши грашани коишто се враќаат од афричкиот континент“, соопшти премиерот.

Заев истакна дека деталите од другиот дел на одлуките ќе бидат соопштени на прес-конференција која ќе ја одржи портпаролот на владата.

„Стоиме целосно подготвени да се држат седници на влада и навечер и утре преку ден за да носиме соодветни одлуки доколку се јават одредени пречки.

Апелирам максимално почитување на одлуките, важен дел е дека засилени контроли од страна на МВР и инсепкциските служби. Очигледно граѓаните се опуштија. Самиот број на заразени ни алармира дека итно мора да се преземе нешто тоа го правиме веднаш, но ни треба помош од граѓаните.

Се очекува угостителските објекти – рестораните, строго да ги почитуваат мерките и за тоа се дадени посебни инструкции за позасилени контроли. Целта е, нагласи премиерот Заев, државата да продолжи економски да живее, а да ги „паркираме“ младите кои се најголеми пренесувачи на заразата, незнаејќи некогаш дека се заразени од Ковид 19, но и за стабилизирање и намалување на растот на бројките евидентен во последните денови.

Полицискиот час ќе влијае во намалување на растот на бројките“, кажа Заев.

Заев: “Не е исклучена можноста од карантин цели денови и цели викенди”

Зоран Заев на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека има логика полицискиот час да се воведе од 22 часот иако претходно угоститлските објекти се преполни.

„Логично ми е заради тоа што во земјите како што е Австрија Бугарија, Хрватска, Словенија, Германија, Британија Швајцарија имавме затворање на ресотраните, а бројките растеа. дури и подинамично по глава на жител од северна македонија.

Тоа не е доказ дека бројките можат да растат или не.

Во кафаните има ред и поредок како треба да седат граѓаните, а дали се спроведува тоа треба самите институции да го казнуваат, односно и да го спроведуваат самите организатори на угостителските објекти без разлика дали се тоа кафетерии, ресторани, хотели или слично.

Но, ако ги затворите, граѓаните се собираат пред објектот, во паркот, на Водно, пред колективната зграда, на плоштадот, на скверовите, насекаде и затоа треба барем после 10 буквално сите си седиме дома.

Така да апсолутно мерката е издржана.

Понатаму не се исклучуваат можностите за цели викенди, за цели денови и слично, ако не паднат бројките, од нас зависи, дали ќе се придржуваме на мерките да носиме маска, да избегнуваме групирање. Сериозна е работата, претседател на влада сум, не смееме да си играме играчки, животи се губат. Нема поголем национален интерес од здравјето на граѓаните и треба да помогнеме за да не се продолжи со уште построги мерки кога доаѓа пролетта.

Да помогнеме сите овие мерки да останат само овие две седмици, за да нема причина да одиме на поригорозни мерки“, кажа Заев.

Oфициjaлно: Bладата воведе полициcки чac – eве до кога ќе трае

Владата донесе одлука да се воведе полициски час. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за зapaзни болecти поради зголемениот број на новозаболени и xocпитализиpaни лица од Koвид -19.

Комисијата за зapaзни болecти предложи полициcкиот час да важи од 22 часот навечер до 05 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати.

„Владата донесе одлука, се уште трае седницата, но на основа на записникот од главниот Кризен координативен штаб се донесе одлука за воведување на полициски час.

Полицискиот час ќе започне од утре вечер 10 март се до 5 часот на 22 март. Тоа се неполни две седмици, 12 дена. Ќе го следиме целиот овој процес.

Дополнително се донесени ограничувања за задолжителен домашен карантин за наши грашани коишто се враќаат од афричкиот континент.

Деталите од другиот дел на одлуките ќе бидат соопштени на прес-конференција која ќе ја одржи портпаролот на владата.

Стоиме целосно подготвени да се држат седници на влада и навечер и утре преку ден за да носиме соодветни одлуки доколку се јават одредени пречки .

Апелирам максимално почитување на одлуките, важен дел е дека засилени контроли од страна на МВР и инсепкциските служби. Очигледно граѓаните се опуштија. Самиот број на заразени ни алармира дека итно мора да се преземе нешто тоа го правиме веднаш, но ни треба помош од граѓаните.

Очекуваме рестораните строго да ги почитуваат мерките, се со конечна цел да продолжи економски да живее државата.

Младите се најголеми пренесувачи на заразата, некогаш не знаејќи дека се заразени. Полицискиот час ќе влијае во намалување на растот на бројките“, кажа Заев.