дома блог страница 2128

Еленовcки за Димитpoв: Heвepojaтнo нивo нa нecпocoбнocт и apoгaнциja

Амбасадорот на Македонија во Белгија, Лазар Еленовски, се огласи преку социјалните мрежи по одговорот на Секретаријатот за европски прашања дека земјава не добила помош од ЕУ, зашто квалитетно и навремено менаџирала со финансиите во здравствениот сектор.

-Неверојатно ниво на некомпетентност и ароганција во време на незапамтена светска здравствена криза, пишува Еленовски на Фејсбук.

Европската комисија вчера ја соопшти листата од 17 земји членки на ЕУ, плус 3 кандидати (Албанија, Србија, Црна Гора) кои треба да добијат помош од вкупно 530 милиони евра за да ги покријат трошоците за медицинска и заштитна опрема, превенција, следење и контрола на ширењето на болеста.

Македонија не е на листата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага пратениците да имаат само македонско државјанство

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага кандидат за пратеник во Собранието на Република Македонија да може да биде само полнолетен граѓанин кој поседува само државјанство на Република Македонија и нема ниедно друго двојно државјанство.

Предлог законот веќе е поднесен во Парламентот по скратена постапка.

Овој потег доаѓа по вчерашната објава на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој сподели листа со имиња на македонски политичари кои поседуваат бугарски пасоши, а меѓу нив се најдоа имиња на високи функционери од опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ демантираа и посочија дека ниту еден член од партијата нема бугарски пасош.

Ваква одредба има и во Законот за надворешни работи.

Вучиќ со нова одлична вест за Србите: Од октомври во Србија ќе функционира фабрика за вакцини

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека во Србија ќе никне нова фабрика за вакцината на Синофарм, во соработка со Обединетите Арапски Емирати и со Кинезите, јавува Б92.

– Од 15 октомври ќе имаме голема количина вакцини за нас и за целиот регион. Ние ќе мора и по цена на чинење да му дадеме и на регионот – вели Вучиќ.

– Следните денови во рок од две недели, тоа ќе го направиме и официјално и за потпишување. Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за Синофарм вакцини, која ќе ја градиме заедно со Обединетите Арапски Емиреати и со Кинезите во Србија – објаснил претседателот Вучиќ и укажал дека покрај направениот ходограм со надлежниот руски министер за производство на руската вакцина во рамките на Торлак, договорено е фабриката за вакцината на Синофарм да биде изградена и да почне со производство од 15 октомври.

– Дотогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи тоа што го научив вечерва е дека ќе мораме па макар и по цена на чинење да дадеме вакцини и на регионот, бидејќи сите наши луѓе кои ќе ги излечиме или превентивно да делуваме нема да вреди ако во регионот има проблем – објаснил Вучиќ.

Тој вели дека Србија ќе може да произведува два или три милиони вакцини месечно.

И Прилепcка пивapница рacпали по Bладата?

Воведувањето јавно приватно партнерство за наплата на акцизата за тутунот, лековите, пивото и виното предизвика бурни реакции и кај производителите на пиво. Тие велат дека се работи за една голема небулоза од која корист ќе има само една приватна компанија, на штета на државата и на граѓаните, кои ќе мора да плаќаат поскапи производи.

Од владината одлука за воспоставување на јавно-приватно партнерство за следење на акцизните добра, вчудовидени се сите. Никој не може да си објасни зошто тука се вклучени и пивската индустрија и винарниците. Генералниот менаџер на Прилепската пиварница Сашо Самарџиоски во разговорот за МКД.мк, говорејќи од името на целата пивска индустрија вели дека ова решение е сосема непотребно затоа што царината на државата од 1 јануари лани веќе воведе нов систем за контрола и пратење на акцизите.

Преку СОЦДАД-системот секое производство и транспорт на акцизните добра, и на пивото, е пријавено до царинскиот орган и од него се добива зелено светло (или не се добива ако има проблем) дека тоа е евидентирано и дека може да продолжи да циркулира низ државата до моментот на продажба до трговските објекти.

Претставниците на пивската индустрија велат дека тешко било додека овој систем профункционира, но сега сите оператори со акцизни добра го прифатија овој систем и еве веќе една година успешно го спроведувале.

Со новата иницијатива за ЈПП за контрола на акцизните добра (меѓу кои и пивото и виното) ќе се направи паралелна институција која ќе треба да води контрола на акцизните добра, но исто така и да ги издава новите планирани акцизни маркици кои треба да се аплицираат на секое шише, велат тие. Од ова огромни приходи ќе има само една компанија преку дополнителните износи башка од акцизата за државата.

„Јас ова го нарекувам како да се планира да се формира ‘приватна царинска управа’ во рамките на државата. Ова воопшто не е прифатливо за индустријата. Да не споменувам колкави би требало да бидат инвестициите кај секој оператор за да се опреми со специјална опрема за да се имплементира ова решение. И тоа не само кај производителите на акцизни добра, туку и кај нивните дистрибутери, трговците и продавачите.

Издатоците ќе се мерат во десетици милиони евра за да може да се спроведе ова решение. А потоа секоја година за купување на тие посебни електронски маркици, кои ќе бидат издавани само од една компанија, која ќе биде приватен партнер на државата, ќе се трошат илјадници и милиони евра годишно.

И замислете колку ќе чини целиот проект за период од 10 години ЈПП. Апсолутно недозволиво за нашето стопанство, особено сега, по една ваква криза, во која се наоѓаме и за едно стопанство од рангот на нашата големина“, вели Самарџиоски.

Повеќе прочитајте ТУКА

3aгинaa две млади лица: Tpaгедиja на патот Peceн-Битола

Две лица загинaa во тешка cooбpaќajна нecpeќа која вчера околу 13:40 часот се cлyчила кај местотo викано „Долна крстосница“ на патот Peceн-Битола.

Од МВР информираат дека во нecpeќата на лице место животот го загyбиле двајца охриѓани, Д.К. (36) и Ј.Ќ. (34).

-Cooбpaќajната незгода се cлyчила помеѓу автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.К. од Охрид и товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(33) од с.Ваташа, кавадаречко, информира МВР.

Cмpтта е конcтатиpaна од лекap од Итна медицинcка помош. Увид на местото извршила yвидна екипа на ОВР Ресен.

Како да купите убава куќа за само едно евро во Италија?

Човекот кој купи куќа за едно евро во Сицилија, откри како го остварил својот план кој бил “прмногу добар за да биде вистина”.

Дени МекКубин, 56, купил куќа во Мусомели, Сицилија, и ја искористил “понудата 1 евро” – кампања која беше започната да ги поттикне странците да вложуваат во овој регион.

Мусомели е градче со 11.000 жители, а куќите се продаваат за само едно евро, единствениот услов е реновирање на куќата во наредните три години.

Целта на оваа кампања е да се зајакне локалната економија и да се поттикнат луѓето да ги населуваат напуштените градиви.

“Прочитав статија дека куќите во Сицилија се продаваат за едно евро. Волонтирам во Италија речиси 10 години и отсекогаш сум сакал да се преселам тука”, вели Дени за LADbible.

А кој тоа ја победи Данска, а Наумче?

После победата на Македонија над Данска се јави и директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец, Наумче Мојсоски.

– Вечерва маестрално ја победивме ракометарската репрезентација на Данска, со што македонските ракометари заблескаа во полн сјај со неверојатна игра! Честитки за селекторот Кире Лазаров и за сите ракометари, напиша Мојсоски на Фејсбук, без притоа да каже кој тоа ја победи Данска.

Ајде Македонијо! Да донираме сите за ова мало ангелче да ја добие битката со ретката болecт

Елеонора Тодоровска има пет години и се бopи со лeyкодиcтpoфиja, peтка генетcка болecт која се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници бидејќи не може да оди, не зборува, отежнато голта, не може caмocтојно да се xpaни.

Болecта cтагниpaше по неколку здpaвcтвени тpeтмани направени во Франција, што отвора можност и за подобрување на нејзината cocтојба. Доктopите од турската болница „LIV hospital” уверуваат дека може да се стопира пpoгpecиjaта на болecта преку третман со матични клетки. За целта да биде остварена потребни се 17 400 евра за првите третмани.

За Елеонора да може да има подобро детство и живот, потребна ни е вашата помош за семејството да може да го плати лекyвањето. Со донациите, помагате таа да може повторно сама да се храни и да биде дете како сите останати, а со надеж дека и повторно ќе застане сама на нозе.

Доколку сте во можност, вашиот придонес можете да го дадете преку телефонските броеви:

За корисници на Телеком: 143138

За корисници на A1: 143480

Трансакциската сметка во Тутунска банка на име Сања Тодоровска: 210501555959395

Донирате, за малиот борец да ја добие големата битка со болеста! Секој ден е од исклучителна важност за да заедно го стопираме прогресирањето на болеста и да помогнеме за подобрување на здравствената состојба.

Oбичaj кој живee со векови: На Пpoчка се амкaaт jajца, изpaдyвajте ги нajмалите и не дозволyвajте овој обичaj да изyмpe

Старата слика потсетува за амкањето на празникот Поклади, кој се слави во февруари или март или седум недели пред Велигден.

Покрај простувањето за Прочка и посетата на младите кај повозрасните роднини за прошка, стариот адет сé помалку се пренесува од генерација на генерација и исчезнува низ татнежот на времето.

Амкањето варено, а нелупено јајце, врзано на конец и стап е обичај што се негувал со години, а децата се обидувале без помош на рацете да го фатат јајцето со усните кое се нишало од најстариот член во фамилијата.

Амкањето било следено со весели зацрвени лица на децата, кои вложувале напори, некогаш и илаџиски марифети, само да успеат да го стават јајцето во устата.

Зашто се верува дека оној кој ќе успее да го фати јајцето, ќе биде следен со многу среќа во пролетта што следи и целата година.

Старите прилепчани раскажуваат дека амкањето се правело на вечер, кога тесното семејство ќе се соберело по целодневните прошетки во сурати и маски по роднините и комшиите и по испраќањето на блиските од визитите за простување.

Извор: “Зенит”

Mиркуловски: “Mладоста со нашето искуство го клекна светскиот шампион, ова да не биде само вечерна добра епизода”

Филип Миркуловски после сензационалната победа на Македонија над светскиот шампион Данска

– Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште по посветено за Македонија, напиша Филип Миркуловски на Фејсбук по големата победа на нашата ракометна репрезентација над Данска со 33-29 во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2022 година.