дома блог страница 2129

Mиркуловски: “Mладоста со нашето искуство го клекна светскиот шампион, ова да не биде само вечерна добра епизода”

Филип Миркуловски после сензационалната победа на Македонија над светскиот шампион Данска

– Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште по посветено за Македонија, напиша Филип Миркуловски на Фејсбук по големата победа на нашата ракометна репрезентација над Данска со 33-29 во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Македонија го растури светскиот шампион

Македонија ја забележа третата победа во квалификациите за Европското првенство. Во спортската сала “Борис Трајковски” вечерва падна светскиот шампион Данска со 33-29 (17-13 на полувремето).

Капитенот Кире Лазаров покажа зошто токму тој требаше да го земе кормилото на нашата ракометна репрезентација, и во првиот дуел како тренер играч, падна токму фаворизираната Данска.

Во натпревар во кој водевме и 8 разлика, нашите момци доминираа во текот на целиот натпревар, а огромна улога во овој триумф имаше и голманот Никола Митревски, кој беше брилијантен на голот.

Веќе за три дена во недела, играме реванш со Данците, а потоа следуваат повратните дуели со Финска и Швајцарија.

Состојбата на табелата сега е следна:

Прилеп одново ближи до 1.000 активни слyчаи: Bиpycoт секојдневно се шиpи – денеска нова голема бpojка

Во последните 24 часа се направени 3.450 тecтирања, а peгиcтpиpaни се 947 нови cлyчаи на Koвид-19 во: Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2, информираат од министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за jaвно здpaвje.

Peгиcтрирани се 397 оздpaвени пациенти од: Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 21 починати лица. Починати се 6 пациенти од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), 3 пациенти од Берово ( 59г,51г,70г), по 2 пациенти од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.

Направени се 3.450 тecтови преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-381, Биотек-324, Жан Митрев (Филип Втори)-188, Систина-261, лабораторија Лаор–191, МАНУ-0, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-6, ГАК-0, Синлаб-61, Ремедика-31, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1092, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 555.367 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бpojка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнеcyва 110.209, бројката на оздpaвени пациенти е 96.570, починaa 3.265, а бројот на активни слyчаи изнесува 10.374.

Во Прилеп во моментов се активни 757 случаи позитивни на Koвид-19, а бројката секојдневно се зголемува.

Фиjacко на македонската Влада: Од ЕУ пapи за Србија, Албанија и Црна Гора, а за “северна” нема ниту евро

Пратеникот Антонио Милошоски преку Твитер пишува дека Македонија за жал извиси од групата на земји на кои Европската Комисија ќе им помогне со финансиска и медицинска помош преку солидарниот фонд чиј износ е 530 милиони евра.

Во истиот како што пишува тој се земјите кандидати Србија, Албанија и Црна Гора, додека Македонија никаде ја нема.

-Македонија, за жал извиси од групата на земји на кои Европската Комисија ќе им помогне со финансиска и медицинска помош преку солидарниот фонд чиј вкупен износ е 530М€, во кој од регионот вклучени се земјите кандидати Србија, Албанија и Црна Гора!, стои во неговиот твит.

Инаку помошта од Европската Комисија ја објави на Твитер претседателката на ЕК Урсула фон дер Јален.

Миле Талевски избегал од тутунарите на Плетвар? (Видео)

Се уште недооткупените количини тутун од ланската реколта и огромната неизвесност околу потпишувањето на новите договори за годинашната, денеска по којзнае кој пат на улица ги изваде македонските тутунари кои огорчени и разочарани тврдат дека оваа откупна кампања била најкатастрофалната досега. Крајно загрижени дека околу 2-та милиони килограми тутун кои се’ уште се наоѓаат по тутунските амбари, ќе им останат дома, тие денеска два часа го блокираа патниот правец Прилеп – Градско.

„Апелирам до откупувачите и до Владата, час поскоро да се дооткупи тутунот кој што не им е откупен, во најскро време да се подели амбалажа за истиот и да почни да се откупува тутунот по правилата и прописите кои што се во редовниот откуп, да биде по класи и одбиток од 5 проценти како што беше договорено со откупувачите и МЗ…Субвенцијата да изнесува 90 денари за сите класи на тутун плус петте милиони евра кои што ги вети од петтиот пакет, вкупно да дојде до 100 денари“, – рече Николче Станкоски од ТЗ „Тутунска надеж“.

Македонските тутунари стравуваат дека ќе имаат проблеми и со склучувањето на новите договори, заради што сите новоформирани здруженија, кои се пет на број, здружени излегуваат со заеднички барања.

„Да се укине во целост и безусловно членот од Законот кој дозволува увоз на суров, необработен ситнолисен тутун, зголемување на цените по класи до 25 проценти и изедначување на цените во сите откупни претпријатија. Во Правилникот за тутун бараме зголемување на килограмите по единица декар од 220 кг., наместо досегашните 180 кг. Бараме долно-среден лист без мани и оштетувања,со големина до 16 см да влезе во втора класа и откупната организација да не склучува договори на помала количина од претходната реколта.“ – посочи Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.

Доколку и овој пат, надлежните се оглушат на овие барања, тутунарите се заканија дека ќе продолжат со протестите и блокадите. На денешниот двочасовен протест, и покрај поканата до сите пратеници, тутунарите единствено поддршка добија од прилепскиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, но не и неговиот колега и сограѓанин од редовите на СДСМ, Миле Талевски.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Подобpа нajaва нема да направат ниту “Фopмyла 1”: Пpилепчанец со одлично видео ја најави новата сезона

Maртин Пресилски од Прилеп веќе е добро познат на сите по своите креативни и моќни видеа

Овојпат направи најава за новата сезона во “Формула 1” која стартува од 28 март со големата награда на Бахреин.

Уживајте во продолжение:

Maкедонcката армиja paнгиpaна во пocледните 7 во cветот – пpeд нac ce Габон, Бypкина Фaco, Мадагаcкap

Oд 139 државни армии рангирани во светот, Армијата на Република Македонија се наоѓа на неславното 133 место, или во последните 10 рангирани армии.

Индексот за „Global firepower“(статистичка веб страница) ги рангира армиите на 139 земји годишно. Излегоа и резултатите за 2021 година, кои се засновани според многу фактори поврзани со одбранбена воена кампања или продолжена офанзива.

На чело со Шеќеринска, можеме да кажеме дека дури и малку сме имале и среќа што не сме на 139 место од можни 139 места.

Ова се најмоќните 5 армии во светот

А ова се последните 7 армии во светот каде што неславно се ноаѓа и Република Македонија:

Пред Македонија се армиите на африканските држави Габон, Централна Африканска Република, Буркина Фасо, Намибија, Мадагаскар…

Добри вести од Грција, еве кога се отвара државата за одмор и кои туристи ќе се пуштаат

Добри вести доаѓаат од Грција. Имено локдаунот кај нашиот јужен сосед веќе од крајот на месецов полека ќе почне да се укинува по фази, а туристи за летување ќе може да се примаат веќе во мај.

Како што јавува грчката телевизија Стар, Грците почнуваат да планираат попуштање на антиепидемиолошките мерки, и покрај наглиот раст на бројот на заразени. Сепак грчките експерти најавија дека очекуваат дека бројот на заразени ќе падне за време на следната недела и дека веќе не очекуваат толку тешки случаи во болниците.

Првата релаксација на мерки почнува на 22 март, а потоа се планира постепено отварање. Се до мај, кога е најавено дека Грција ќе почне да прима странски туристи.

За почеток се планира пуштање на туристи кои се вакцинирани против Ковид 19 или пак ќе приложат негативен ПЦР тест, но за почетокот на летото можно е да бидат примани и останатите туристи на кои ќе им бидат правени брзи тестови.

План по кој Грција ќе се отвара:

22 март: Отварање на малопродажните објекти, трговски центри и фризерници. Купувањето ќе може да се изврши еднаш дневно, со ограничување од 3 часа. Истиот ден се отвараат и гиманазиите и факултетите

29 Март: Се отвараат и основните училишта

20 Април: Се отвараат рестораните, кои ќе може да примаат гости само на отворено

Мај: Отварање на туризмот

Јуни:Отварање на баровите и фитнес салите, како и дозволи за крштевки и свадби, ама само на

Законите на физиката во едно кратко видео: Шише падна, па самото се врати на место

Многу кратко, но многу импресивно видео ги покажа неверојатните закони на физиката.

Имено, безбедносните камери забележаа необична глетка во еден маркет.

Шишето паднало на подот под влијание на гравитацијата. Но, тоа не е сè!

Шишето се отвори под притисок и потоа се врати на првичното место. Како ништо да не се случило!

Погледнете сами на видеото:

Македонија денеска на мегдан со светскиот првак Данска

Машката сениорска репрезентација на Македонија од денеска стартува со нова ера и под водство на Кирил Лазаров, кој ќе биде со улога на играч-селектор, а првиот натпревар ќе биде против селекцијата на Данска која доаѓа во Скопје како актуелен светски првак.

На натпреварот кој се игра од 20 часот во салата во СЦ „Борис Трајковски“ се очекува нешто ново во играта на Македонија и дефинитивно да се види како ќе се одвива играта.

Ова е дуел на кој може многу да се добие бидејќи со бодови би се направил чекор напред кон пласман на Европското првенство.

Затоа сите погледи денеска се кон СЦ „Борис Трајковски“ каде што сигурно ќе имав ракомет, но денеска истиот ќе може да се следи само пред ТВ приемниците.