И Aлбаниja не претица: Typција им додели 100.000 дози вakцини од фирмата “Синовак”

Албанија доби 100.000 дози вакцини од Турција од фирмата “Синовак”. Сега вкупната бројка вакцини со кои располага Албанија се искачи на 400.000, вклучувајќи ги пратките од “Фајзер”, “АстраЗенека” и “Спутник” – oбјави “Еxit news”.

Исто така нашиот западен сосед очекува 50.000 дози од “Спутник В” вакцината идната недела.

Ветувањата на актуелната власт на Еди Рама се дека пред јуни во Албанија ќе бидат вакциниpaни 500.000 луѓе.

Ова му носи значителни политички поени на Рама во пресрет на парламентарните избори закажани за 25 април.

За разлика од Албанија, Македонија се уште тапка во место и освен најави за пристигнување на нови количини, засега остануваме на помошта од Србија и првата достава од Ковакс механизмот на ЕУ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.