дома блог страница 2107

Што ги повpзyва Елза од “Жикина динacтиja” и 3opaн 3aeв (Видео)

Фалејќи се што направил за да има еднаквост во македонското општество, наместо „џендер баланс“, Заев на вчерашната седница за пратенички прашања се пофали дека спровел „џинџер баланс“.

Ништо страшно, што би рекла Елза од Жикина Династија, “ја још мало дркам појмове”…

ПС. За тие на кои им е слаб англискиот џендер е пол, а џинџер е ѓумбир, но се користи и за луѓе кои имаат црвена боја на коса.

Четири години ветувања за 250 метри асфалт кој се уште го нема: Жителите од оваа прилепска улица бараат градоначалникот конечно да си достои на зборот (Видео)

Улицата “Савска” во Прилеп како улица во Авганистан…

Во 21 век кога секојдневно се зборува за добивање датум за преговори со Европската Унија, кога секојдневно се зборува дека сме НАТО членка, дека платите растат, дека Македонија одела напред и дека се’ е розово, жителите на улицата “Савска” во населбата “Бончејца” во Прилеп секојдневно газат кал.

Секој снег и дожд за нив е како xopop филм. Им требаат крилја да летнат и да си влезат во своите домови.

До нашата редакција испратија видео на кое се гледа во каква состојба е оваа улица со должина од 250-300 метри, и за која 4 години добивале ветувања од актуелниот градоначалник Илија Јованоски, дека ќе се тури асфалт и ќе се реши нивниот проблем.

Велат дека претходната локална самоуправа предводена од Марјан Ристески, поставила канализација и комплетен довод, а актуелниот градоначалник секоја пролет и есен 4 години им ветувал асфалт.

Апелираат надлежните да не бројат колку куќи има на една улица и тоа да е пресудно дали истата да се направи, или не, туку да се фатат со работа и да им го олеснат секојдневието, затоа што и тие плаќаат даноци како секој друг жител на Прилеп.

Пандев: “Не сакаме премии за поразот од Романија”

Македонските фудбалски репрезентативци ја одбиле премијата од ФФМ по вчерашниот пораз од Романија во новиот квалификациски циклус за СП 2022 во Катар.

ФФМ и покрај поразот одлучи да им даде премија од 40.000 евра, но капитенот, Горан Пандев во изјава за „Макфудбал“ рече дека ја одбиле.

-Не сакаме премија за пораз, мислиме дека тоа би било незаслужено. Сите фудбалери се договоривме да не ја земеме премијата. Ја оставаме да си ја поделат членовите на УО“, изјави Горан Пандев за „МAКФУДБАЛ“.

Jaнyшев: “Апacиев глyми опозициja, а гази cнег за влacта”

Гледам (л)Апасиев пак е статиста на Заев, као глуми опозиција, а гази снег за власта. По цел ден дреме пред компјутер и гледа како да го надсихронизира ВМРО за да одглуми опозиција, коментира Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту еден, ама буквално ниту еден удар нема направено кон Заев, само празна слама, ниту еден протест, никаков отпор.

Аматер, популиста и бледа копија! Со по некое “куре” и закана “ќе висите” е се што нуди ова “куре”.

(Л)Апасиев не е алтернатива на ВМРО, (л)Апасиев е спаринг партнер на Заев, негов полтрон.

Наместо да се занимава со Заев, ВМРО не го вади од уста, пишува Јанушев.

Мицкocки вечepва гocтин на “Алфа” телевизија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од 18:15 часот ќе биде гостин во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа телевизија.

-Следете го моето гостување во „Што не е јасно?“ вечерва во 18:15 на Алфа телевизија, објави Мицкоски на својата Фејсбук страница.

3aeв: Пpeднocт е што Maкедониja е земja со задоцнyвање co вакцинациjaта

Премиерот Зоран Заев очекува вакцинацијата да биде масовно прифатена од граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата. Вакцините се безбедни, вели премиерот, а тоа се покажало од искуствата од досега спроведената имунизација во другите земји.

-Очекувам масовно прифаќање на вакцините во Македонија. Има една предност што сме, така да кажам земја со задоцнување со вакцинацијата. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, по што може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави и оти дека треба да ги користиме сите, рече премиерот.

Како што нагласи, ако се вакцинираме што побрзо, толку поскоро ќе ја победиме пандемијата што го смени животот во целиот свет и нашата земја.

-Информацијата дека во недела ќе пристигнат 24 илјади дози вакцини преку Ковакс системот ја знаевме уште пред два три дена, но, синоќа на министерот Филипче му беше потврдено и тој ја објави информацијата. Со оваа пратка може да почне првиот чекор на масовна имунизација на државата, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот на отпочнувањето на изградба на Градски пазар во Делчево.

Тој најави дека деновиве ќе стасаат и други колични вакцини по други механизми.

-Не би сакал да соопштувам детали, но на таков начин ќе се овозможи комплетно рамноправно покривање на теренот секаде во РС Македонија за да можат сите приоритетни групи така како што се дефинирани да влезат во процесот на вакцинација, рече премиерот.

Заев верува дека ќе биде испочитуван редоследот кој е даден од здравстената комисија, а тоа се покрај здравствените работници, да се вакцинираат и повозрасните, хронично болните…

-Тука се и приоритетите на попишувачите кои треба да тргнат во спроведување на пописот, секако треба да водиме грижа за нашата полиција, нашата војска и понатаму согласно она што значи препорака на здравствените комисии, да го следиме тој процес и да бидеме одговорни граѓани. Само на тој начин ќе ја спречиме заразата да продлжи да се шири и да ја победиме пандемијата, нагласи премиерот Заев.

Тој апелираше граѓаните да продолжат да ги следат мерките и препораките за заштита од коронавирусот и покрај почнувањето на масовната имунизација.

-Граѓаните да внимаваат да ги почитуваат мерките, да не се олабавиме. Иако вацинацијата ќе почне ние ќе мораме уште долг период, уште многу месеци да носиме маски да држиме дистанца, како и да ги почитуваме мерките и препораките на Комисијата за заразни болести, потенцира Заев.

Прилепскиот театар ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот: Љубителите вечерва онлајн ќе уживаат во претставата “Пиреј”

Со претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски што ќе биде прикажана онлајн вечер, од 19 часот, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот – 27 Март.

Поради пандемијата, театарот не може да прикаже претстава на сцена, па затоа љубителите на театарската уметност ќе може да ја погледнат преку интернет, односно од 19 часот преку нивниот youtube – канал и на ФБ страницата: NUCK Markocepenkov.

В недела, пак, од 12:00 часот најмладите ќе може да погледнат претстава за деца.

Годинава, за Меѓународниот ден на театарот светската порака ја испрати актерката Хелен Мирен, а македонската, актерката Сузан Акбелге. Акбелге зборувајќи за креативноста и кризата со пандемијата, меѓудругоито порачува дека кризите секогаш се шанса за преобразба, но сѐ уште не се знае каква ќе биде, но одговорноста останува.

Акбелге поканува „да сонуваме со очи ширум отворени, да ја разбудиме креативноста преку која постоиме“. Завршува со зборовите на Горан Стефаноски: Ќе зборуваме или ќе работиме?

Филипче: “Baкцините доаѓаат во 07:55ч” – коментарите кои ги доби се вистинска лyдница

Mинистерот за здравство Венко Филипче, синоќа на Фејсбук напиша точен датум и час за кога се очекуваат вакцините на “Астра зенека” од Ковакс механизмот на ЕУ.

– Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот, напиша Филипче.

Ако во минатото препознатливи беа само коментарите на Лиде Лиде, сега има редици граѓани со впечатливи коментари. Во продолжение ви пренесуваме дел од нив:

Диpeктopoт на cтатиcтика: “Ако не отвopите вpaта, немој да мислите дека нема да ве попишеме”

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во своето гостување во емисијата „Само вистина“ го откри планот Б на власта за попишување на граѓаните.

Тој истакна дека граѓаните не треба да мислат дека ако не ги пуштат дома попишувачите дека нема да бидат попишани.

-Имате една голема заблуда затоа што мислите ако не ја отворите вратата и одбиете да се попишете дека ние нема да имаме податоци за вас. Не ние нема да имаме целосно податоци за вас. 11 земји на ЕУ прават електронски попис. Ние и сега имаме комбиниран попис дел од податоците за граѓаните веќе ги имаме во регистрите. Ако не се отвори вратата и вие одбиете, ќе ве попишеме ние со податоците кои ги имаме, вели Симовски.

Мицкоски за најавените казни за пописот: “Ма какви казни, оставете што зборува Заев, здравјето е најважно”

Здравјето на граѓаните е најважно и со Устав загарантирано како неприкосновена физичка големина. Оставете Заев што збори, нека бидат слободни нема казни за пописот, здравјето никој не смее да им го загрози вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ.

Мицкоски истакна е подготвен да понесе одговорност за тоа што го зборува и додаде дека само имунизирани попишувачи смеат да влегуваат по домовите и ни на крај памет нема да дозволи да разговара со неимунизирани.

– Избирам живот, наместо да бидам заробеник на политичкиот договор Заев-Ахмети Граѓаните не смеат да бидат заложници на политичкиот договор Заев-Ахмети, јас го избирам здравјето на сметка на тој договор, и упатувам апел граѓаните да го изберат здравјето на смета на тој политички договор, потенцира Мицкоски.

Тој посочи дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да се вакцинираат попишувачите и да се одложи пописот за да не се загрозува здравјето на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција и вели дека пописот треба да се одложи, таму за наесен септември месец, а ако е потребно да ги одложиме и локалните избори не менува ништо, а во меѓувреме да ги имунизираме попишувачите за кога граѓаните ќе разговараат со нив да не може да бидат преносители на зараза, нагласи Мицкоски.