дома блог страница 2103

Hoв пpoблем на патот кон ЕУ: Македонија и’ “пyкна” петapда на Бугарија

Репрезентацијата на Македонија до 21 година славеше убедлива победа од 5:1 против соодветната селекција на Бугарија во последниот натпревар од меѓународниот турнир „Анталија Куп 2021″.

Нашите фудбалери одиграа одличен натпревар, доминиравме во сите аспекти од играта, противникот беше во целост надигран, сосема заслужена и убедлива победа.Во првите 45 минути Македонија постигна два гола. Марио Илиевски во 15 минута го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Гроздановски во 30 минута.

Во продолжението избраниците на селекторот Благоја Милевски постигнаа уште три погодоци. Најпрвин противникот успеа да го намали резултатот на 2:1. Во периодот од 65 до 75 минута Максимов постигна два погодоци. Убедливата победа од 5:1 ја запечати Калкан во 80 минута од средбата.

„ Одигравме три добри и тешки натпревари, полека но сигурно влегуваме во посакуваната форма. Од меч во меч игравме се подобро, што резултираше на крајот со убедлива победа над Бугарија. На првата средба против Казахстан имавме малку потешкотии и неколку грешки , но тоа го поправивме на следните натпревари. Лично сум задоволен од тоа што го покажав во овие три натпревари, секогаш е чест да се носи дресот со државен грб. Тука се и моите соиграчи кои ми помагаат многу, сепак фудбалот е колективна игра и за успех не е доволен само еден играч. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, односот со селекторот е на едно високо ниво, секогаш треба да се слуша и почитува неговиот збор. Оваа репрезентација има квалитет и се надевам дека сите заедно во иднина ќе можеме да се радуваме на многу победи.”, вели капитенот на Македонија, Дарко Чурлинов.

МАКЕДОНИЈА до 21: 1. Давид Денковски, 3. Филип Антовски, 4. Марио Младеновски, 6. Александар Ѓурковски, 7. Агон Елези, 8. Енис Фазлагиќ, 10. Дарко Чурлинов, 14. Марио Илиевски, 17. Филип Алексовски, 20. Томче Гроздановски, 25. Арби Воша;

Меѓународниот контролен турнир во Анталија, нашата селекција го заврши со по една победа, пораз и нерешено. Во првото коло бевме поразени од Казахстан со 2:1, одигравме нерешено 2:2 против Словачка, а сигурна и убедлива победа од 5:1 издвојувавме над Бугарија.

Витанов на струмички го подбра 3aeв: За даноко се избрука, за пописо се избрука, за Уставо се избрука, ој си, оти зијано стоо!

Зоран Витанов, поранешниот пратеник, заменик министер за финансии и бизнисмен на својот Фејсбук профил го критикуваше премиерот Заев, посочувајќи му дека со неговите политики, за кои Витанов го предупредил уште пред три години дека се штетни, прави повеќе штета отколку корист, апелирајќи до премиерот или да слуша што му се зборува, или да си оди.

– Ах бре Зоче, оште пред три гудини ти кажах, ного зијан прааш, а там си курдисан даа упрааш. За даноко се избрука, за пописо се избрука, за Уставо се избрука, за бугаарто се брукаш, за вакциинте ептен… Или слуши шо ти гуворам, или ој си, оти зијано стоо! И кај тебе е зијан, нем да мисл’ш оти има аир ут такви пари! Треба се да е “по попис и пропис”, а не попис па пропис! Не оде таа т’ка. Стига те трпееме. Не га бива работта, или Македонија или ти! Ој си другарче, оти укулу тебе само вир’нлци устанаа, сите саалам чувеци бегат ут тебе.

А еве што му порача Витанов на Заев пред 3 години:

– Зоче, ако министеро воведе прогресивно оданочување, единствен ефект е шо ќе си ојдат и последните успешни луѓе од државата!

Ако само 2% се опфатени како шо вика Тевдо, а имаме вкупно 697.000 вработени, мерката се однесува на 13940 луѓе и е казна за тва шо се успешни!

Од них, 90% земаат плата под 1400 евра, шо значи вкупните приходи од мерката ќе бидат (400х8/100)х(13940х90/100)= 401472 Евра месечно!!!

Останатите 10% кои земаат над 1400 ќе фатат џенем! Зашо ли? Саа ќе ти кажам:

Ако му го зголемиш трошоко од над 1000 евра месечно, ќе си изнајме (или купе куќа на кредит) вонка од државата на некоо поарно место, оти му е по паметно да си плајќе ќирија/рата, отколко да ги плајќе мрзљаците на Ахмети шо седат дома и му ги јадат точно неговите пари!

Прај после ти држава со мрзљаци, шо ќе ти се тии шу имат ак’л! Јок нека станат! Тии и т’ка и т’ка не гласат за никој, туку си га глеет работичката!

Башка, за пресметување на прогресивно оданочување треба нов софтвер у УЈП и треба повеќе бумбаре у администрацијата, па паарте ќе одат за них, а не за народо!

Ќе се чудаме сите после ДЕК СЕ ПААРТЕ! Е ДЕК СЕ ДЕ!

Прилепчанецот Димитриоски до врв ја наполни мрежата на Тиквеш

Ракометарите на Вардар како домаќини на четвртфиналната група од Купот на Македонија, без проблеми се пласираа во финалето од групата откако со 42-24 (21-12) го победија Тиквеш од Кавадарци.

Иако вардарци настапија без шестмина играчи, за тренерот Стевче Алушовски тоа беше можност да им даде шанса на оние што помалку играат во мечевите од ЛШ и од СЕХА лигата.

Најдобри стрелци на натпреварот беа прилепчанецот Димитар Димитриоски со десет погодоци и Јагуриновски со девет, а за Тиквеш, Симиќ постигна 11 погодоци.

Подоцна Вардар се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако „црвено-црните“ го освоија првото место во својата четвртфинална група, совладувајќи го во финалниот меч Радовиш со 35-32 (19-13).

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Машините на “Mикpocaм” инcталиpaни во најголемиот aмерикански Инcтитyт за aвионcки иcтpaжувања

Микросам деновиве заврши со инсталација и прием на најнова специјално дизајнирана машина за преработка на современи композити во Националниот Институт за истражување на воздухопловството (NIAR) на Државниот Универзитет во Вичита – САД.

Лоцирана во Прилеп, „Микросам“ е светски позната како лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за материјалите на иднината или т.н. современи композити. Во своето 30 годишно постоење, „Микросам“ има инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти на компанијата се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за современи композити.

Америчкиот Институт за aвионски истражувања (НИАР) e најголем и најважен истражувачки центар во САД кој соработува со преку 100 клиенти во авионската индустрија, како Boeing, Bombardier Learjet, Cessna, Beechcraft, Spirit Aerosystems, Airbus, и многу други.

Институтот (NIAR) ги избра токму „Микросам“ за производство на овој тип на машина со цел да се олесни целокупното истражување за примена на композитни материјали во нивната Лабораторија за напредни технологии на воздухопловни системи (АTLAS). Целта на оваа Лабораторија е подготвување на инженерите за она што ги чека во иднина и воведување на автоматизирани технологии на истражување, какви што ги нуди машината на „Микросам“.

Намената на ваквата машина е изработка на импрегнирани ленти од карбонски, стаклени или други влакна, спремни за автоматско полагање (АFP/ATL). Овие автоматизирани процеси се користат во широк спектар на авионски делови за изработка на опашки, крила, трупови и други делови на авиони.

„Со машината на „Микросам“ во нашето портфолио на автоматизирана опрема за производство, ние сме во состојба да одговориме на побарувачката од повеќе машини за автоматско полагање на влакна во NIAR. Сега, може навремено да ги спроведуваме истражувањата и да ги поддржиме потребите за препрег ленти на нашите индустриски партнери.“ – вели д-р Варуна Сеневиратне, директор на АTLAS. „Интегрираниот систем за инспекција во процесот на сечење и алгоритмот за откривање на дефекти на машината на „Микросам“ ни овозможува да вршиме контрола на квалитетот на она што го изработуваме “

Оваа иновативна машина ќе им ги олесни истражувачките цели на NIAR со неколку клучни придобивки, како што се:

• Флексибилна употреба, како потребата од сечење на тесни до широки ленти и нивно истовремено намотување на т.н. касети или шпулни;

• Ефективност, или достигнување на голема брзина на премотување;

• Можност за идно зголемување и продолжување на машината, почнувајќи од 8 позиции на премотување дури до 48 позиции;

• Единица за контрола на напнатоста што обезбедува постојано и точно премотување кое е важно за квалитетот на процесот на сечење;

• Систем за ласерско водење кој му помага на операторот за прецизно позиционирање;

• Автоматски онлајн систем за проверка – уникатна технологија на „Микросам“ за проверка и автоматско откривање на грешките на пресечената лента пред да се премота повторно;

• QCS – Систем за контрола на квалитет – клучна компонента на секоја машина „Микросам“ која го следи целиот процес и го подобрува неговиот квалитет.

Според Димитар Богданоски, Менаџер за продажба во „Микросам“: „Со зголемување на бројот на единици во истражувањето на процесот на Автоматското полагање на влакна (AFP), се зголеми и побарувачката за ефикасни, компактибилни единици за сечење на препрег.

„Микросам“ е пионер во такви единици кои им помагаат на клиентите да подготват препрег ленти согласно потребите, притоа заштедувајќи ги нивните трошоци и време, контролирајќи го квалитетот и ризикот во новите идеи. Hие сме горди што им помагаме на NIAR да бидат попродуктивни во истражувањето за производство на композитни делови.“

NIAR понатаму ја продолжува соработката со „Микросам“ со производство на уште една машина за нивните потреби. Иновативноста и генијалноста остануваат да бидат и понатаму препознатливи, што прави компанијата да има море од лојални клиенти кои ги бараат повторно „роботите на Микросам“.

„Микросам“ оваа година слави 30 години успех на светскиот пазар! Своето постоење ќе го одбележи и во Скопје со уште една изложба на своите дела. Ќе можете да ги посетите во ТЦ „Скопје Сити Мол“ од 14.05.2021 до 27.05.2021 година, секој ден согласно работното време на трговскиот центар.

Твит на денот за ООУ “Кире Гаврилоски” – Прилеп – Cpaм за гpaдоначалникот

Твит на денот

– ООУ во Речани, Општина Зајас со околу 20 ученици има НОВА СПОРТСКА САЛА, ООУ ,,Кире Гаврилоски – Јане” во Прилеп, со околу 800 ученици, НЕМА НОВА СПОРТСКА САЛА.

Актуелната локална власт во Прилеп пред 4 години вети изградба на спортска сала во ова училиште, но засега нема ништо од ветувањето.

Пpилепcките екипи на вpвот: Mладocт 96 победи ce’ што можеше да ce победи

На пинг понгарскиот календар на програмата беа натпреварите од 13 и 14 коло до Cупер лигата.

Прилепската екипа на Младост 96 го чува лидерското место и со две сигурни победи, ја задржа предноста од две победи повеќе од градскиот ривал Младост.

Сигурни победи против Телеком Нец со 4-1 и учесникот во плеј офф екипата на Шампиони ФА со резултат 4-0. Како сигурен патник во плеј офот се наметнува екипата на Телеком НЕЦ 2, екипа која заедно со Младост 96 има 100 процентен учинок во пролетниот дел на првенството.

Во првиот натпревар две победи извојува Станојковски, додека по една победа извојуваа Костовски и Костадиновиќ. Поенот го изгуби Рикалоски, a недостасуваше Лашкоски.

Во вториот натпревар кој беше дерби на колото, убедлива победа против конкурентот во плеј оффот Шампиони ФА.

Со тоа ППК Младост96 во плеј оффот, со два конкуренти со кои би можеле да играат, ќе имаат предност на стартот од 1-0.

Наредниот викенд кој е претпоследен од регуларниот дел, ППК Младост96 ќе игра со Работнички и Телеком Нец 2.

Младинските екипи на МЛадост96 наредната недела ќе го играат мастерсот до 18 години.

Полнете peзepвoapи: Peгyлaтopна ги cooпшти новите цени на гopивата

Цената на бензините од полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот на денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 44,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,426 ден/кг.

Цpн понеделник во Пpилеп: Од кopoнавиpycoт починaa yште 5 лица, меѓy кои eднo на 43 гoдини

Во последните 24 часа се направени 1.405 тecтирања, а peгиcтpиpaни се 303 нови cлyчаи на KOBИД-19 во: Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип – по 1 лице, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се 1169 оздpaвени пациенти од: Скопје – 532, Прилеп – 78, Кавадарци – 63, Куманово – 58, Неготино – 47, Велес – 44, Гостивар – 42, Штип – 36, Тетово и Битола – по 34, Кочани – 22, Гевгелија – 21, Крива Паланка – 19, Делчево и Берово – по 14, Струмица – 13, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 11, Ресен – 9, Дебар – 8, Кичево, Радовиш и Македонски Брод – по 7, Крушево и Демир Хисар – по 5, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 4, Кратово и Дојран – по 2, Охрид – 1.

Приjaвени се вкупно 41 починато лице: 16 од Скопје (34г,41г,50г,60г,64г,65г, 3 лица на 67г., 69г,70г, 71г,72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г,66г,70г,74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (22г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е во домашни услови.

Направени се 1.405 тecтови преку: ИЈЗ-207, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-33, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Авицена-0, Биотек-190, Систина-360, лабораторија Лаор–0, Синлаб-30, Ремедика-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 616.862 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бpojка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 127.240, бројката на оздpaвени пациенти е 105.524, починaa 3.716, а бројот на активни слyчаи изнесува 18.000.

Во Прилеп во моментов активни се 1030 cлyчаи.

Милевcки: Што ако Филипче и 3aeв возеле мотopи, зошто толкy кpитики за шетањето на Paшковcки?

Премногу негативно се гледа на работите во Владата и непотребно се критикуваат надлежните институции, смета Горан Милевски од ЛДП во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ 24.

Според министерот за локална самоуправа, нема ништо спорно во фотографиите како министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, возат мотори, додека во земјава има по 30 починати од корона вирус.

– Многу негативни и непотребни критики има кон Владата. Филипче и Заев возеле мотори. А, Филипче ако беше во болница, никој немаше да почине од корона вирусот? Јавноста се буни дека во другите земји стигнале многу вакцини, а кај нас се уште сме на почетокот. Мислите дека 100 илјади вакцини се многу за една Германија. Имаше критики и за шетањето на Рашковски. Зошто Рашковски да не може да шета, која е неговата функција па да има толку критики, прашува Милевски.

Вака се сака Прилеп: 50-тина прилепчани го чистеа Маркукуле (Фото)

Желбата за чист Прилеп и љубовта кон градот и природата, ги инспирира граѓаните самоиницијативно да се организираат во еко – акција која се одржа вчера на Маркукуле.

Во акцијата која што ја покрена Виктор Петроски преку социјалните мрежи, учество зедоа 50-тина прилепчани кои од пладне по падините, од локацијата кај „Слонот“ па се‘ до крстот на Маркукуле, грижливо собираа отпад и се дружеа користејќи го убавото мартовско сонце.

Се приклучија сите кои што си го сакаат Прилеп чист, извидниците и членовите Спелеолошкото друштво и спасителската служба „Златоврв“.

Ова е прва во низата еко акции планирани од Виктор Петроски кој што најавува наредните викенди да се расчистуваат од отпад излетничките локации Селце и Волково.

Фото: Теодора Велкоска

Извор: “РАДИО ПЕЛА”