дома блог страница 2102

Пендаровски: “Cpaм за нашата земја е тоа што го видовме викендов во Cpбиja” – За Филипче тоа било солидарност

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на прес конференција се заблагодари на соседна Србија за имунизацијата на македонските граѓани, но порача дека тоа што викендов го видовме таму е срам за нашата држава.

-Toa што гo видовме изминатиот викенд во Србија не треба да се повторува. Благодарам на Србија, но ова беше срам за нашата земја, вели Пендаровски.

Пред еден час на Фејсбук се јави и министерот за здравство, Венко Филипче, кој напиша дека не се согласува со Пендаровски:

– Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана.

Џамбазов: “Ex, да ce cите кpиминалци како мене, кaj ќе ни беше кpajoт”

Најпознатиот шоумен во Македонија, Игор Џамбазов, на неговиот Фејсбук профил упати порака кон “оние лошите” како што вели, кои деновиве го смешаа неговото име, дека како сопственик на фирма која зела кредит од “Еуростандард” банка, не вратил ниту денар.

“Ех, да се сите криминалци како мене, кај ќе ни беше крајот…

Драг мој народе,
денес низ медиумите осамна соопштение од страна на оштетените штедачи од Еуростандард банка, во кое е спомнато и моето име. Во него се изнесени аргументи, кои во несебична помош на дел од медиумите, станаа невистини кои морам да ги демантирам.

1. Точно е дека Друштвото „Брачна игра“ на 31.07.2017 година, зема кредит од Еуростандард банка во висина од 700.000 денари. Повторувам… денари. Милионите, ама во евра, ги земаа некои други. Кредитот беше земен по најрегуларен пат, како и многу други фирми од областа на културата кои се обидуваа не само да преживеат, туку и да создадат некаква вредност на уметничкиот пазар, и беше наменет за два нови проекти во театарот.

2. НЕ Е ТОЧНО дека „Брачна игра“ не вратила ниту денар. Досега се вратени 324.736 денари. Значи, скоро половина. Тоа го кажуваат и документите што ни ги испрати банката. Треба да се врати остатокот, плус каматите.
3. НЕ Е ТОЧНО дека Друштвото „Брачна игра“ во време на земањето на кредитот немала приходи и пливала во долгови. Работевме и повеќе од солидно, Фирмата имаше само еден долг кон една скопска фирма вклучена во еден од проектите, кој навистина не беше голем. Можеби колку една плата. Вториот долг е долгот кон банката.

4. Друштвото „Брачна игра“ не е во стечај, за што постои и документ од Централниот регистар. Само што не функционира од веќе познатите причини, како и 90 проценти од фирмите.

Кредитот беше враќан сè до крајот на 2019 година. Идејата ни беше да направиме нов проект, и во 2020 година од приходот, да си го вратиме долгот. Потоа дојде короната, и сè како застана. Но никој, никогаш не помислил на можноста кредитот да не се врати. Еве, и сега чекаме на одговор од банката за начинот на враќање, бидејќи добивме опомена преку писмо, дека треба да си го подмириме долгот, што е нормално. Постојат две опции: Договор со банката за продолжување на плаќање на кредитот, или комплетна отплата преку некоја друга банка, за што постои законска можност. Се надевам дека ова набргу ќе се случи, и оваа тажна приказна ќе заврши.

И за крај. Јас, Игор Џамбазов, сум подготвен да ги сносам сите правни последици. Моралните веќе ги сносам, благодарјќи им на медиумите за кои сензационализмот е секогаш пред вистината. Такви биле такви и ќе останат.

За среќа, оние што ме сакаат и почитуваат (а само за нив и ми е гајле во животот) добро знаат дека јас сум чесен човек. За жал, животот ме натерал понекогаш да се дружам и со тие, нечесните. За среќа, повеќе не.

Да, и ќе заборавев. Сите медиуми што во своите наслови напишаа дека Игор Џамбазов не вратил ниту денар, а особено оние кои кажаа дека сум вмешан во криминалот на Еуростандард банка, ќе мораат да го докажат тоа на суд.
Таман да го вратиме кредитот.

А сега вратете се на пописот, ковидот, името, племето, семето, знамето…а да, ќе заборавев…и мамето.

Добри луѓе, ве сака Ваш Игор. Ова беше наменето за лошите”, напиша Џамбазов.

Дypло со одличен видeo пpилог за cocтojбата во Пpилеп (Видео)

Ковид-бурата во градот под Марковите Кули, не стивнува. Со безмалку 330 починати од почетокот на пандемијата и со секојдневен огромен број на новозаразени, Прилеп останува на врвот од црната скала. Прилепчани пак, како веќе да се навикнаа на ваквата состојба. Признаваат дека се вознемирени и испаничени, велат дека максимално ги редуцираат контактите, но причината за ова, сепак, главно ја гледаат во нив самите.

„Не се чуваме, не се вардиме, не почитуваме ни мерки….Тоа клопчето кога ќе се замота, после тешко се одмотува, знаете како оди..од еден, на друг, на трет и дури да се сузбие тоа –време треба…Оваа работа не е за туку-така да се гледа површно, навистина е сериозно..Во гужви никако влегување, по потреба појди, земи нешто што ти треба и бегај…“ – вели еден повозрасен прилепчанец.

„Прилеп е најоптоварен, затоа што сите се тутунари, бе…Сите се на грбот испотени. Сите што се на грбот испотени, сите се Корона…Во Прилеп овде, нема персонал, се гледа – малце се доктори..простор, што ако има простор, кога нема доктори..?!“ – констатираше наш друг сограѓанин.

„Јас ја прележав Короната и многу сум уплашена сум за тие што не ја прележале…Сите да си водат сметка за да не се доведат во позиција да бидат заразени, макар што не можеме да се дочуваме, не знаеме од која страна може да не нападне…“ – порачува следната наша соговорничка.

Според градоначалникот Илија Јованоски, со ваков драматичен подем на заразата, Прилеп најверојатно ќе бидел и првиот град кој ќе се стекнел со колективен имунитет.

Инаку, и денеска, Ковид-одделите во прилепската Болница се полни. Според директорката на Болницата, Кети Смилеска, во моментов, хоспитализирани се 116 пациенти, од нив 93 се на кислородна поддршка, а слободни се 14 кревети. Во Дневната болница се лекуваат 118 пацинети, а Модуларната болница се уште не е во функција. Денеска починале тројца пациенти.

Освен ова, во изминативе денови, бројни се реакциите на социјалните мрежи каде прилепчани се жалат на несоодветните услови за лекување на хоспитализираните пацинети и токму тоа го наведуваат како една од основните причини за загрижувачката смртност.

Каролина Дурло за “AЛФА ТВ”

Аплициpajте за cyбвенции за велocипеди и инвepтep клими од општина Пpилеп: Ова се ycловите

Врз основа на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2021 година број 09-3157/15 од 25.12.2020 година(Службен гласник на Општина Прилеп бр 16 од 25.12.2020)  а согласно Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертор  број 09-595/33 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3 од 15.03.2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертор за 2021 година број 09-595/34 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3 од 15.03.2021) Општина Прилеп објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертор за 2021 година

Опис на јавниот повик

1.1. Општина Прилеп со цел да ги стимулира жителите на Општина Прилеп за примена на грејни тела со инвертор за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено грејно тело со инвертор во период од денот објавувањето на јавниот повик, а најдоцна до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористување на предвидените средства, ќе им надомести дел од трошоците:

– до 50% од вредноста на набавеното грејно тело со инвертор, но не повеќе од 10.000 денари во нето износ по лице/ домаќинство, за набавка на грејно тело со инвертор за барателите кои поднеселе комплетно барање и  ги исполниле критериумите согласно јавниот повик.

Персоналниот данок на доход паѓа на товар на исплаќачот.

1.2.Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 30.03.2021 година заклучно со 30.04.2021 година, односно до искористување на предвидените средства, до кога и ќе можат да се достават барањата.

1.3. Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk, во два печатени и електронски медиуми и на огласна табла во Општина Прилеп

1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“

1.5 При констатирање на целосна реализација на предвидениот буџет, Општина Прилеп веднаш ќе ја извести јавноста дека согласно принципот „прв дојден, прв услужен“ повеќе нема да прима барања по однос Јавниот повик, и известувањето ќе го објави на својата Веб страна www.prilep.gоv.mk, во електронските медиуми и огласна табла во Општина Прилеп.

Право на учество на јавниот повик

2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат Жителите на Општина Прилеп/сопственици на станбен објект на подрачје на општина Прилеп кој набавил/ќе набави грејно тело  со инвертор во во периодот од денот на објавување на јавниот повик од 30.03.2021_година, најдоцна до денот на завршување на јавниот повик 30.04.2021 година_, односно до искористување на предвидените средства, и кои ќе достават навремено и комплетно барање согласно условите на јавниот повик

Само едно лице од семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на едно грејно тело со инвертор.

Услови кои треба да ги исполни барателот за надоместување на дел од трошоците за набавка на грејно тело со инвертор:

– Да е Жител на Општина Прилеп, сопственик на станбен објект на подрачје на општина Прилеп каде е инсталирана/ќе се инсталира грејното тело со инвертор, да има живеалиште на адресата каде е монтирано грејното тела со инвертор.

– Доколку посебно домаќинство/семејство живее во посебен функционален дел од ист станбен објект или во друг објект кој е во сопственост на друго лице носителот на посебното домаќинство  може да аплицира самостојно и независно од сопственикот на објектот, покрај документите кој треба да ги приложи кон барањето приложува и имотниот лист и потврда за платен данок на имот  за објектот, кој е впишан во имотниот лист каде е инсталирано грејното тело со инвертор заклучно со предходната година и кој ќе достави навремено  и комплетно барање согласно условите на јавниот повик.

– Грејно тело со инвертор да го купил по објавување на јавниот повик; Да е платен данок на имот за станбениот објект каде е/каде ќе се инсталира грејното тело со инвертор заклучно со предходната година; cамо еден член од семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на едено грејното тело со инвертор; до поднесувањето на барањето да биде корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут; да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.

За докажување дека условите за учество се исполнети, барателот за надоместување на дел од трошоците до Општина Прилеп ги доставува следните документи:

Барање за надоместок(образецот на барањето може да се подигне од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk

Фотокопија од важечка лична карта на барателот; имотен лист за станбениот објект со адреса на објектот во кој е инсталирано/ќе се инсталира грејното тело со инвертор на подрачје на Општина Прилеп; доказ дека е извршено купување на грејното тело со инвертор и тоа фотокопија од фискална сметка заверена на нотар или фактура со извод од деловна банка за извршената уплата со датум во период од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик; фотокопија од трансакциска сметка; потврда за платен данок на имот за објектот, кој е впишан во имотниот лист каде е инсталирано грејното тело со инвертор заклучно со предходната година издадено од Одделение за администрирање на приходи Општина Прилеп

– Изјава заверена на нотар со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:

-до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут; друг член  од семејството нема поднесено барање за добивање на субвенции; дека не искористил субвенција/ надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија

(образецот на изјавата може да се подигне од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk)                                     

3.Начин на пријавување на јавниот повик

3.1. Барањето за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните за набавка на грејно тело со инвертор, физичките лица го поднесуваат заедно со комплетната документација ИСКЛУЧИВО ПРЕПОРАЧАНO ПО ПОШТА до Општина Прилеп на адреса преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на гејно тело со инвертор во затворен плик со намена “Јавен повик за субвенции/ надомест на дел од трошоци за набавка на грејно тело со инвертор“/ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.

Копието од лична карта и копието од трансакциона сметка, како и секоја друга документација која содржи лични податоци за подносителот на барањето, задолжително се доставуваат во затворен коверт, со назнака ,,строго доверливо-лична документација,, како прилог кон барањето.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.

Лицата кои веќе добиле субвенција/ надоместок за набавка на грејно тело со инвертор како и членовите на нивното потесно семејство кои што живеат во заедница, немаат право да поднесат повторно барање за користење на истиот надоместок.                                                                                        

3.2. Пристигнатите барања во архивата на Општина Прилеп ќе бидат евидентирани и заведени со точен датум и време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

4.Начин на спроведување на јавниот повик

4.1. Градоначалникот на Општина Прилеп формира Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертор.

4.2. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп ќе ги разгледаат пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни.

4.3. Општина Прилеп односно Комисија го задржува правото да изврши посета во домаќинствата кои ќе поднесат барање по Јавниот повик , а подносителите на барањата имаат обврска да му овозможат пристап до местото/просторијата  каде се наоѓа инсталираното грејно тело со инвертор, при што ќе изготви и записник.

4.4. Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците ќе состават записник од прегледот на сите пристигнати барања и ќе достават предлог за субвенционирање/надомест на дел од трошоците или одбивање на барањето.

4.5. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до искористување на предвидениот буџет за соодветната намена.

5.Начин на остварување на правото на надоместок

5.1. Врз основа на предлогот на Комисијата, Градоначалникот на Општина Прилеп ќе донесе Решение за одобрување  и исплата на средствата од Буџетот/одбивање на барањето.

5.2. По завршувањето на постапката ќе се изготви финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертор за 2021 година и истата ќе биде објавена во време траење од 15 дена на Веб страната на Општина Прилеп и огласна табла на Општина Прилеп.

Документи за преземање:

Барање за надоместок

Изјава за грејно тело со инвертор

Откажан состанокот на Комисијата за зapaзни болecти

Откажан е состанокот на Комисијата за зapaзни болecти кој требаше да се одржи денеска, на кој требаше да се одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од кopoнавиpycoт. Како што изјави министерот за здравство, состанокот е презакажан за утре.

Актуелната состојба со пандемиjaта ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на виpycoт во третиот бран, во кој се регистрирани голем број зapaзени и починати. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 303 случаи на кopoнавиpycoт од направени 1.405 тестирања. Починаа 41 лице, а оздравени се 1.169 пациенти.

Вкупната бројка на Koвид-дијагностицирани од почетокот на епидемиjaта во земјава изнесува 127.240, на оздравени е 105.524, а на починати 3.716. Досега во земјава се направени вкупно 616.862 тестирања за Koвид-19.

Бугарски медиуми: C3O потвpди Koвид-19 е од Пpилеп (Фото)

СЗО вчера конечно потврди дека новиот кopoнавиpyc потекнува од лилјак и со тоа стави крај на информациите дека виpycoт е излезен од лабopaтopија. Светот е поделен после оваа информација, па огромен дел од популацијата тоа го земаат со резерва.

Интересно е како звучи информацијата дека виpycoт потекнува од лилјак на бугарски.

За тие што не знаат на бугарски лилјак е прилеп, па насловите на националните телевизии изгледаат како на фотографијата погоре.

Со оглед на тоа дека Прилеп pyши неславни рекорди на зapaзени и починати на 100.000 жители на светско ниво, и не се далеку од вистината…

Кај се најдоа: На попиcoт се попишале тројца Македонци од Џибути, 4 во Тувалу, 11 од Маријански Острови

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март, до денес.

– Само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице, а интересни се и бројките по земји:

Дали сте знаеле дека во Џибути има 3 македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн.

Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме – информираат на веб страната од Државниот завод за статистика.

За тие што не знаат Џибути е држава на африканскиот континент, а Тувалу е мала островска држава во Океанија.

Државно знаме на Тувалу

Државно знаме на Џибути

Денеска се пpaзнyва Cвети Алекcej човек Божjи: Честит именден Александар, Александра…

Денес се празнува Свети Алексеј човек Божји.

Различни се патиштата по кои што Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Онориј, во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат.

Тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, Алексеј, кој кога порасна го принудија да се ожени. Но, ноќта по свадбата тој не само што ги остави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што беше прочуениот лик на Господ Исус, испратен од Самиот Господ за царот Авгар.

Откако му се поклони на овој лик Алексеј се облече во руво на просјак и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестано молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица.

Кога таму се прочу како богоугодник, тој се уплаши од човечката слава и замина, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим. Сметајќи го ова за прст Божји, Алексеј смисли да отиде во домот на својот татко и таму како непознат да го продолжи својот подвиг.

Татко му не го препозна, а од милосрдие му дозволи да живее во една визба во неговиот двор. Овде Алексеј помина уште седумнаесет години, живеејќи само на леб и вода.

Слугите го малтретираа на разни начини, а тој претрпе сè. А кога му се приближи крајот, напиша една хартија, ја стегна во рацете, легна и издивна, на 17 март 411 година. Тогаш во црквата на Светите апостоли имаше во присуство на царот и патријархот откровение во вид на глас кој рече: „Побарајте го човекот Божји“.

Малку по ова се откри дека тој човек Божји е во куќата на Ефтимијан и по долго распрашување дознаа дека Божјиот човек е оној просјак. Кога влегоа го најдоа мртов во неговата визба, а неговото лице блескаше како сонце.

Од онаа хартија неговите родители дознаа дека е тоа нивниот син Алексеј, а невестата којашто триесет и четири години живееше без него го виде нејзиниот маж, па сите ги обзеде неизмерна тага.

По ова сепак се утешија гледајќи дека Бог го прослави Својот угодник. Од допирот на неговото тело се лекуваа многубројни болни, а од телото му потече благоухано миро.

Го погребаа во ковчег од мермер и смарагд. Неговата глава се наоѓа во Светата Лавра на Пелопонез.

(Видео) Трамп упадна на свадба и наместо за младенците зборуваше за Џо Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се појави непоканет на свадба во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, и додека наздравуваше со младенците, ја искористи можноста да ги коментира актуелниот претседател Џо Бајден, Кина и Иран.

Тој очигледно го искористи моментот за политички говор, зборувајќи за себе, за тоа дека изборите биле наместени.

На венчавката одржана за време на викендот, тој исто така се осврна на ситуацијата на границата со Мексико и постави уште неколку прашања во врска со претседателските избори во ноември, кои ги загуби, пренесува „Гардијан“.

„ Ги добивам сите овие шокантни извештаи и тие ми раскажуваат за границата, ми кажуваат за Кина, ми кажуваат за Иран“, рече Трамп на видеото објавено од забавната веб-страница ТМЗ.

– Дали веќе ви недостигам? – ги праша присутните Трамп, по што се слушнаа овации.

Ѓopчев: Мojoт татко е во кома и се бopи за живот на pecпиpaтop откако се вакциниpaл во Ниш

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев информираше дека неговиот татко е во длабока кома и се бopи за живот на pecпиpaтop во Ниш. Тој на својот Фејсбук профил напиша:

– Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока koма и се бopи за животот на pecпиpaтop.

Се надеваме и се молиме да му се подобри cocтојбата. Да отвори очи и да го пpeживee ова. Повторно да ги види своите деца и внуци.

Денес ми се јавија повеќе новинари со повеќе прашања, но не можев веднаш да кренам, како и голем број на негови роднини, пријатели и познаници.

Вчера рано наутро (недела) тргнал за Ниш да се вакциниpa, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Појде на вакцинациja заедно со неколку негови колеги доктopи.

Стар човек (роден 1948 година), со 3 бajпaca и 3 cтента. Отиде за Ниш, затоа што цела година беше дома. Речиси без излегување, со минимум, минимум coциjaлни контакти поради ковид кризата.

Татко ми има 72 години, а цели 45 години е доктор. Лечеше ИЛЈАДНИЦИ и ИЛЈАДНИЦИ луѓе на Клиниката за пулмологија во клиничкиот ценатр во Скопје.

Спасуваше и спасува животи. Има пациенти од СЕКОЈ град речиси секое село. Низ цела Македонија, која толку многу ја сака. Да, силно ја сака Македонија и секогаш ќе ја сака со целото свое срце и битие.

И, после 45 години стаж во лечење и медицина, власта во неговата сакана Македонија НЕ му обезбеди 1 (една) обична вакцина. Не обезбедија вакцини речиси за никого.

Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје. Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, сеуште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце.

Не е само татко ми, туку НЕМА вакцини за илјадници други. Ниту за старите, ниту за медицинските работници. Поради овој дебакл, фијаско и катастрофа.

За вакцинацијата сметам дека треба да продложи и дека тоа е начинот да се заштити јавното здравје.

Инаку, Проф. Др. Ангелко Ѓорчев, се уште прегледува пациенти, со намален и повремен ангажман. На возраст од 72 години, како се уште активен лекар, со 3 бајпаса и 3 стента, беше на некоја забаталена листа на чекање за вакцинација, која со месеци, месеци и месеци ја чекаше.

Затоа отиде во Ниш заедно со неколку колеги доктори. Мислам дека отиде од револт, но и желба за имунизација, сакајќи повторно да се дружи со внуците и пријателите. Отиде без да ми каже, без да ми најави, а знам дека со месеци чекаше да се вакцинира во Скопје.

Да бевме елементарно нормална држава, старите луѓе ќе беа вакцинирани уште пред неколку месеци.

Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест. Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш.