Фантастичен скор на Младост 96, 18 победи од 18 натпревари: Стартува разигрувањето за титула

Она што се очекуваше, тоа и се оствари во регуларниот дел на првенството од Супер лигата во пингпонг.

Двете прилепски екипи го завршија регуларниот дел од првенството на првите две позиции.

Екипата на Младост96 оствари фантастичен скор од 18 победи без ниеден пораз, и заслужено е најсериозен кандидат пред стартот во плeј оф натпреварувањето за освојување на шампионската титула.

Костадиновиќ, Станојковски, Рикалоски, Костовски, Лашкоски, ќе се обидат и во плeј офот да го оправдаат епитeтот најдобри, и да ја донесат титулата за прв пат во витрините на клубот.

Другиот прилепски клуб Младост го зазеде високото второ место и успешно го заврши регуларниот дел на првенството.

Во плеј офф се пласираа и третопласираната Шампиони ФА од Штип и четвртопласираната екипа на Телеком Нец 2 од Скопје.

Од лигата испаѓаат екипите на Работнички Телеком НЕЦ и Струга.

Екипата на Радовиш шансата за опстанок ќе ја бара во бараж натпреварот со екипата на Рисови, кои беа второпласирани во Првата лига.

Полуфиналните плеј оф парови ги сочиниваат: Младост 96 – Телеком Нец 2, и Младост – Шампион ФА. Екипите на Младост 96 и Младост стартуваат со предност од 1:0, бидејќи имаат по две победи над своите ривали во регуларниот дел од првенството.

Полуфиналните средби ќе се одржат наредниот викенд во СЦ “Борис Трајковски” – Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.