Вработени во ЕВН доживеале вистинска драма во прилепско

На 19.04.2021 во 15.05 часот во Полициското одделение Ропотово, И.Р.(38) од Македонски Брод, вработен во ЕВН, пријавил дека околу 15.00 часот, додека со неговиот колега П.Ѓ. се движеле со службено возило од с.Житоше кон с.Локвени, биле попречени од патничко возило „пежо“ во кое имало едно лице.

Според пријавеното, кога застанале, И.Р. излегол од возилото, а лицето почнало да се однесува агресивно и се обидело да го удри, по што тој се вратил во возилото и со врата го удрил лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.