дома блог страница 2100

Велевски: “Аман, земете го Стево следен пат ко ќе возите мотори, да не плаче вака за внимание”

Стенд ап комичарот Бојан Велевски го има најоригиналниот статус за вчерашното препукување на социјалните мрежи помеѓу Пендаровски и Филипче…

– Аман, земете го Стево следен пат ко ќе возите мотори, да не плаче вака за внимание. Све ли ја да мислам?! – напиша Велевски на Фејсбук каде собра над 1.000 реакции и коментари.

16 години вози автобус на ЈСП и учи за машиновозач: Самoxpaна мajка и вистински бopeц (Видео)

Макфире Шаќири е возач во ЈСП која своето дете пораснало во автобус покрај патниците, ова таа го раскажа пред камерата на „Види Вака“.

Во видеото за оваа хероина таа зборува дека веќе 16 години работи како возач на автобус и дека е самохрана мајка за која во борбата за живот нема машка или женска професија.

Таа раскажува како нејзиниот син уште на две години го носела со неа во 4:30 часот наутро и седел на рибарско столче бидејќи немало кој да го чува….

Видео сторијата за храбрата Макфире погледнете ја ТУКА

Македонија pyши нecлавни peкopди: Починaa уште 33, Прилеп загyби уште двајца жители

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар – 1.

Регистрирани се 587 оздравени пациенти од: Скопје – 316, Прилеп – 31, Куманово – 26, Велес – 23, Тетово – 22, Кавадарци и Битола – по 18, Гостивар – 17, Неготино -14, Штип, Струмица и Гевгелија – по 13, Крива Паланка – 8, Берово и Крушево – по 6, Кочани, Кичево, Ресен и Пробиштип – по 5, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Охрид, Радовиш, Виница, Валандово и Демир Капија – по 2, Делчево – 1.

Пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г). Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.

Направени се 4.445 тестови преку: ИЈЗ-969, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-119, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, МАНУ-180, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Авицена-415, Биотек-344, Систина-329, лабораторија Лаор-256, Синлаб-67, Ремедика-51, Плодност – 0, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.345.

Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.

Изложба на дела од Милко Нестороски во петок пред прилепчани

На 2 април 2021 г. (петок) во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложба од Милко Нестороски, што е дел од програмата поддржана од Министерството за култура.

Милко Нестороски за изложбата:

– Која е улогата на уметноста во човечката цивилизација, од каде произлегува потребата од уметност и која е нејзината основна намена или зошто уметност? На почетокот од моето творештво како потенцијален уметник, сакам да се позанимавам со некои вакви прашања чии одговори ги сметам за клучни и како непишани правилa кои треба да се земат во предвид при создавање на секое едно уметничко дело.

Овие одговори сметам дека секој потенцијален автор пред сè треба да ги побара во себе, размислувајќи за своите потреби, желби, чувства, размислувања и сл. и нивната поврзаност со неговиот творечки нагон. Да се запраша кои се најискрените лични причини поради кои тој сака да создава уметност и каква би била таа.

Јас лично во потрагата по овие одговори одлучив да тргнам назад во моето детство, за во тогашниот мој светоглед ги пронајдам корените на сегашните мои творечки тенденции. Така стигнав до делa со кои истовремено како тема се опфатени прашањето за природата на уметноста и творечкиот нагон, но и карактеристиките на тоа што јас, таков каков што сум, имам да го понудам при моето изразување преку ликовната уметност.

За авторот:

Милко Нестороски, роден 1994 година во Струга, каде ги завршува основното и средно гимназиско образование.
Дипломиран сликар со модул сценографија на ФЛУ – Скопје во класа на проф. М-р Благоја Маневски. За време на и после студиите учествува на повеќе групни изложби, конкурси, работилници, проекти и перформанси во Струга и Скопје, организатор на првата Треш-арт колонија во државата во склоп на ДРИМ-ОН фестивалот која резултира со јавен перформанс.

Има одржано 4 самостојни изложби во Струга, Скопје, Кичево и Прилеп и една во склоп на СВП, интервјуа за Портрет Магазин, Divian Arts, MИА новинарска агенција и Национално Радио Скопје. Моментално работи во своето ателје во Струга каде држи и часови по ликовна уметност.

Во последната година соработува со странска уметница Лида Шерафатманд со која е закажана заедничка изложба во CAM Музеј на современа уметност во Наполи и се коавтори на манифест во склоп на изложбата.

Поздрав до Филипчето, нема свадби цела година: Изреволтиран музичар го искрши својот инструмент (Видео)

Изреволтиран музичар на туба, изреволтиран го крши својот интрумент.

На Твитер се појави видео каде маж го крши својот интрумент туба. Виновник за него е министерот за здравство Венко Филипче бидејќи, како што вели тој, веќе една година нема свадби ни журки, а интрументот дома му фаќал само прашина.

Погледнете во продолжение:

Сите лаги на локалната самоуправа низ прилогот на “Алфа TВ”? (Видео)

Од “ТВ AЛФА” денеска потсетија на ветените, а нереализирани проекти на актуелната локална самоуправа во Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски.

Се уште нема ништо од ветениот затворен базен, за кој градоначалникот вели дека ќе отпочне да се гради и дека до пола ќе биде завршен до крајот на годината.

Нема ништо ниту од реконструкцијата на Старата чаршија, како и од изградбата на нов театар.

Единствено започнаа градежни подготовки за изградба на ветената детска градинка во населбата “Точила”, за која градските власти најавија камен темелник во петок и целосна изградба до крајот на годината.

Повеќе во прилогот на Каролина Дурло во продолжение:

EBPOТИП CПЕЦИJAЛ: Ќе може ли „фалангата“ да ги пpoбие „панциpите“?

Македонската репрезентација денеска гостува во Германија во рамки на квалификациите за Светското првенство, а спортските обложувалници Евротип за овој натпревар за Вас подготвија најбогата понуда со највисоки квоти.

Посетете ја најблиската Евротип обложувалница до Вас, па обложувајте се на картони, корнери, стрелци и уште многу други игри, кои можете да ги најдете само во Евротип.

Нашата репрезентација има голема прилика против Германија, а капитенот Горан Пандев, кој е најдобар стрелец во историјата на Македонија со постигнати 36 погодоци и беше поштеден во натпреварот против Лихтенштајн, би можел да биде главното оружје на Ангеловски во овој натпревар.

Доколку сметате дека Гранде Пандев би можел да постигне погодок против Германија, обложете се на тоа во Евротип, каде квотата за Пандев барем еднаш да ја затресе мрежата е 8.00!

Покрај тоа, очекуваме офанзивен и отворен фудбал и на двете страни, па границата за вкупно корнери на натпреварот е 9.5, а квотите за повеќе или помалку корнери, во зависност од Вашите предвидувања, се 1.90.

Не пропуштајте, дојдете во Евротип, побарајте ја од операторот специјалната понуда за овој натпревар и одберете ја играта која најмногу Ви одговара, а за изборот да биде полесен, Евротип има низа на различни игри кои ќе ги задоволат и најпрефинетите вкусови.

Покрај натпреварот на нашата селекција, во специјалната понуда можете да се обложувате и на дербито помеѓу Англија и Полска.

Евротип обложувалници секогаш со најдобрата понуда само за Вас!

Важна информација од Министерството за образование за сите идни средношколци

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година.

Уписната политика за прв пат е креирана преку интензивна соработка помеѓу МОН, локалните самоуправи и бизнис заедницата во земјава, со што заедно се увиде потребата за отворање на нови образовни профили и паралелки во училиштата, а имплементацијата ќе биде поддржана со значително поголем износ на буџетски средства споредбено со изминатите години.

Согласно Конкурсот, во 109 средни училишта има вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко – информатичка гимназија.

Со новиот конкурс оваа година отворени се 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик. Од нив, 11 паралелки се од веќе постоечки програми, додека дури 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании кои изразија подготвеност да примаат ученици на практична обука директно на работно место.

Конкурсот за упис во средните училишта е достапен на следниот линк: Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Македонија

Министерството за образование и наука апелира до деветтоодделенците, изборот на образование да го направат по сопствено убедување, согласно личните афинитети, предиспозиции и интерес кон одредена област, но, секогаш предвид да ја имаат и информацијата за тоа колку одреден тип на образование нуди можности за вработување и безбедна и перспективна иднина.

Министерство за образование и наука

(Видео) Германија се бори со третиот бран, а во овој град речиси и да нема рестриктивни мерки

Германија се бори со третиот бран на пандемиjaта, но животот тече нормално во Тибинген, градче во кое со негативен тест можете да уживате во шопинг, културни настани и отворени ресторани.

Додека во земјата се расправа за тоа дали се потребни построги мерки за спречување на зapaзата, универзитетскиот град недалеку од Штутгарт одбрал поразличен пристап на функционирање. Отворени се центри за бесплатно тестирање на кopoнавиpyc кои издаваат дневни пропусници на оние чии резултати се негативни.

Филипче: Cocтojбата во болниците е многy cepиозна, гpaѓаните да ги почитyвaaт мepките

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките – порача на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

– Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на xocпитализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите… Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, напиша Филипче.