Д-р Таше Трпчевски најави прес конференција: Битолската градоначалничка спречувала инвестиција вредна 3 милиони евра?

Со наслов „Болницата „ПЛОДНОСТ не е КОПАНКИ“ прим. д-р Таше Трпчевски одлучи да го крени неговиот глас, како што вели за опструкциите кои ги има од страна на Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, која што спречува да се инвестира во проект за болницата вреден 3 милиони евра, за кој веќе е подигнат банкарски кредит.

3атоа во понеделник, на 26 04.2021 г. во 10 ч. јавно повикува на прес конференција за заинтересирани медиуми и новинари пред Болницата Плодност.

За што точно станува збор ќе видиме во понеделник.

На објавата на ФБ, болницата и прим. д-р Таше добија стотици коментари со поддршка, ова се дел од нив:

– Докторе,вие и вашата институција им го осветливте и олеснивте патот на многу семејства и ја заслужувате целата наша поддршка. За жал, политиката е грозна работа,знаеме дека за вас ова не е прв пат да ви се застане на патот заради политички причини.Но знаеме и дека вие и вашиот тим сте големи борци и и овој пат ќе ја достигнете целта и понатаму ќе ни пружате соодветна грижа за нашето здравје.

– Дотичната, мислам дека нема област кај што не згреши, ова ке и ја запечати и онака неуспешната и кратка политичка кариера. Да не заборавиме што е и од колкаво значење е болницата Плодност за нашиот град Битола и регионот.
Секоја генерација има своја борба, ние изгубивме многу, да не дозволиме да изгубиме ‘се !!!

– Поддршка за Плодност! Вие сте единствената здравствена институција во нашиов град што вреди. Не постои човек во Битола и пошироко кој не ги почувствувал бенефитите од Плодност!

– Тетка Биберче да почни да си држи часови за тоа шо ја бива: математика. Очигледно не е спремна за нејзината функција за жал, ама не се трпи поќе ова што се случува во градот… #оставка #поддршказаплодност

– Ја имате подршката од граѓаните. Само сплотени можеме да покажеме колку сте потребни на луѓето. А таа нека направи барем малку од вашето, може некој и ќе застане позади неа. Ние стоиме позади Вас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.