дома блог страница 2099

Админот на “Моцарт” заслужи бонус на платата за ова (Фото)

Македонија синоќа го совлада четирикратниот светски шампион во фудбал, и тоа на гости, и тоа во игра во која Германците имаа поддршка од судиите.

Откако заврши натпреварот социјалните мрежи вријат со досетливи шеги на сметка на Германците, а на врв од задачата беше и админот на “Моцарт бет”.

A бонус на платата дефинитивно заслужи со ова:

УXMP co нова нajaва: Bикендов cледyва нова дpacтична пpoмена на вpeмето

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени Целзиусови.

Утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 литри на квадратен метар, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.

Германските спортски новинари не можат да пpeболат: Ова се нивните пишувања после натпреварот

Поразот (1:2) на Германците синоќа од македонските фудбалери силно одекна во тамошните медиуми кои не штедеа зборови да ги критикуваат „панцерите“.

– Германија се посрамоти во квалификациите за СП против аутсајдерот Македонија и загуби со 1: 2. Некои играчи не го достигнуваат своето вообичаено основно ниво.

– Тимот го имаше едно од најлошите изданија против 65-та рангирана Македонија во Дуизбург.

– Предводени од квартетот на Баерн Минхен, Лерој Сане, Леон Горецка, Серж Гнабри и Џошуа Кимих, го имавме еден од најлошите настапи во последниот период.

– Тоа беше крајно грозоморно. Не можам дури ни да ги напишам зборовите што сакам да ги напишам сега за точно да опишам колку беше ужасен овој натпревар. Баварските фудбалски дела имаат писатели кои со сигурност можам да кажам дека ќе направат подобра тренерска работа од Лев во моментов.

– Фала му на Господ, Лев го имаше својот последен квалификациски натпревар за Светското првенство, поради неговото пензионирање по ЕУРО 2020. Да се ​​надеваме дека следниот селектор ќе биде покомпетентен отколку што беше Лев во последните 2+ години.

– Гундоган не само што не е ни алтернативен капитен за неговиот клуб, Манчестер сити, а Лев го стави капитен на репрезентацијата. Ај што Марко Ројс не е во составот, а Мануел Нојер е на клупата, но Гундоган да е во првиот состав.

– Комбинацијата на Антонио Рудигер и Емре Чан, ништо помалку од ужасна која дозволи неверојатно лесен гол на Македонија за крај на првото полувреме. Одбраната синоќа потсетуваше на тимовите од Бундеслигата 2. Ова не е навреда за тимовите од Бундеслигата 2.

– Патетично. Северна Македонија го заврши мечот со 4 удари (3 кон противничкиот гол) наспроти 11 удари на Германија (2 кон противничкиот гол).

Ова се дел од написите на германските новинари кои не можат да го преболат синоќешниот пораз, прв за Германија по 20 години во квалификациите за СП.

Излези момче “грми” во Дуисбург од грлата јуначко-македонски (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари историска победа вечерва, совладувајќи ја Германија со 1:2 и тоа на гостински терен во Дуисбург.

Eдна прекрасна најава пред стартот на Европското првенство летово, каде итоа како ќе бидеме тежок ривал.

Наредниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар во групата Ј, Македонија го игра во септември против Ерменија, која квалификациите ги стартуваше со максимални три победи.

“Прва победа над Германија откако сме членка на НАТО”

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вечерва веројатно сакајќи да ја пофали победата на македонската фудбалска репрезентација над Германија, напиша само едно “Браво” на Фејсбук.

Ова предизвика бура реакции од граѓаните кои на министерката и оставија разни коментари…

Еве дел од нив:

 

 

 

Радувај се народе! Македонија ја клекна на колена големата Германија! Победија cpцето и огромната желба!

Големата Германија на колена пред разиграните Македонци!

Македонија направи сензација и ја победи Германија на гостувањето во Дујсбург. Нашите момци во една рамноправна игра во сите 90 минути, ги изненадија Германците кои очигледно дека го потценија нашиот квалитет.

Стрелци на головите за Македонија беа Горан Пандев во 45-та и Елиф Елмас во 85-та минута. За Германија прецизен од пенал беше Гундоган во 63-та.

Македонија исто така беше оштетена за пенал при игра со рака на Емре Џан, но судијата не го виде тоа, па дури и му покажа жолт картон на Пандев поради несогласување.

Ова е втора победа за Македонија во квалификациите за Светското првенство во Катар, па сега сме на второто место во групата Ј со шест бода, исто колку и Германија.

ШOK во Дујсбург! Гранде Пандев ги поздрави Германците!

Фудбалската репрезентација на Македонија дојде до предност во дуелот со Германија (0-1) пред самиот крај на првото полувреме со погодокот на Горан Пандев.

Македонија одигра солидно и рамноправно прво полувреме. Германците повеќе ја имаа топката во посед, но не беа надмоќни над нашите момци.

За Пандев ова беше 37. погодок во дресот на македонската фудбалска репрезентација.

Што значи националниот дрес: Погледнете ја реакцијата на овој турски фудбалер кога дозна дека е повикан во репрезентација (Видео)

Алпаслан Озтурк e соиграч на Адис јаховиќ во турскиот прволигаш Гезтепе, има 28 години и за прв пат добива повик за првиот тим на Турција.

Неговата реакција кога ќе дознае дека е повикан е бесценета.

Погледнете во продолжение:

Велевски: “Аман, земете го Стево следен пат ко ќе возите мотори, да не плаче вака за внимание”

Стенд ап комичарот Бојан Велевски го има најоригиналниот статус за вчерашното препукување на социјалните мрежи помеѓу Пендаровски и Филипче…

– Аман, земете го Стево следен пат ко ќе возите мотори, да не плаче вака за внимание. Све ли ја да мислам?! – напиша Велевски на Фејсбук каде собра над 1.000 реакции и коментари.

16 години вози автобус на ЈСП и учи за машиновозач: Самoxpaна мajка и вистински бopeц (Видео)

Макфире Шаќири е возач во ЈСП која своето дете пораснало во автобус покрај патниците, ова таа го раскажа пред камерата на „Види Вака“.

Во видеото за оваа хероина таа зборува дека веќе 16 години работи како возач на автобус и дека е самохрана мајка за која во борбата за живот нема машка или женска професија.

Таа раскажува како нејзиниот син уште на две години го носела со неа во 4:30 часот наутро и седел на рибарско столче бидејќи немало кој да го чува….

Видео сторијата за храбрата Макфире погледнете ја ТУКА