дома блог страница 2098

Филипче: “Успеавме добро да изменаџираме да не се пapaлизиpa здpaвcтвениот систем”

Целта на рестриктивните мерки беше да се ограничи движењето и комуникацијата на една критична категорија граѓани, кои како трансмитери беа идентификувани во делот на епидемиолошката слика, анкетите, а тоа беа помладите кои се собираа на јавни површини, паркови после завршувањето на работата на угостителските објекти и скоро секогаш без почитување на превентивните мерки, носењето маски, одржувањето дистанца итн.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека и во овој балансиран пристап во кој има една умерена рестрикција и понатаму комбинирана со индивидуалната одговорност резултатот дошол во смисла на тоа да немаше експоненцијален раст на бројот на ново дијагностицирани од вкупниот број направени тестови и немало така нагол прилив кон болниците за да се парализира здравствениот систем.

-Значи ние успеавме тоа да го изменаџираме и сега добро го менаџираме, има сосем доволен број на кревети. Кога споредуваме со пикот во месец ноември оние кревети кои се на располагање во Скопје, болнички се точно двојно повеќе, близу 400 од кои 130, 140 се веќе ангажирани, само тука во Клиничкиот центар. Други земји имаа многу порестриктивни мерки и се соочија со многу посилен бран од нашиот како едно сценарио и друго сценарио – после таквиот раст воведување некаква форма на карантин и дополнителна рестрикција на движење во однос на тоа што го имаме кај нас не даде резултат, туку бројките почнаа да растат, додаде Филипче.

Ќе има за кило мелено плyc во мeceцот: Mинималната плата покачена за цели 260 денapи

Висината на минималната плата ќе се покачи за 1,7 проценти и од април 2021 година ќе изнесува 22,146 денари во бруто износ, или 15,194 денари во нето износ.

Претходно минималецот изнесуваше 14.934 денари, па ова зголемување во бројка е 260 денари.

Усогласувањето на платата се врши врз основа на законски предвидените параметри:

– една третина од порастот на просечно исплатената плата во Македонија,

– една третина од порастот на индексот на трошоците на живот, како и

– една третина од реалниот пораст на БДП.

Гувернерката Бежовска: Се очекува одреден степен на инфлација во Македонија

Во Македонија се очекува одреден степен на инфлација, но според очекувањата на гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежовска, таа нема да биде изразена во голем процент. Таа ова го истакна во емисијата „Економски магазин“ на “Алсат M” телевизија.

– Тука би се воздржала од поконкретни квантификации, бидејќи само што започна целиот циклус на макроекономски проекции.

Треба да се финализира до крај на април и на почетокот на мај да излеземе со нови бројки. Сега засега сите бројки упатуваат на нагорно поместување, но не е тоа некое исклучително повисоко ниво на инфлација, рече гувернерката Бежовска.

Bиpycoт неконтpoлиpaно се шиpи: Освен Скопје, денеска огpoмни бројки во Битола, Куманово, Велес, Прилеп

Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци – 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино – 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Регистрирани се 761 оздравен пациент од: Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.

Пријавени се вкупно 29 починати лица: 10 од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.978 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–82, МАНУ-177, Жан Митрев (Филип Втори)-197, Авицена-334, Биотек-285, Систина-246, лабораторија Лаор-165, Синлаб – 63, Ремедика-46, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.331.

Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.

Во Прилеп во моментов се активни 1095 случаи.

Твит на денот: “Србија е прва во Европа по бројот на вакциниpaни Македонци”

Tвит на денот

– Србија е прва во Европа по бројот на вакциниpaни Македонци.

Од Џенова не штедеа пофалби за нашиот капитен: Вечниот Гоги, гол и ѕвездена прашина

Од италијанскиот калчолигаш Џенова, каде настапува нашиот капитен Горан Пандев, одново не штедеа пофалби за огромниот успех на нашите момци и победата над Германија.

Еве што напишаа на официјалниот сајт на Џенова:

– Бесконечно, нели Џино Паоли? Но, кој е тој фудбалски гуру, шампион на техниката и хуманоста? О да. Тоа е тој со убаво лица кој од низ Европа, магионичар, кој постигнува голови, достигнувања, квалификации?

Жител на светот. Симбол на Македонија. Амбасадор на Џенова (клубот) и Џенова (градот).

Вечниот Гоги. Горан Пандев. “Ако застане, ќе го натепам” – зборови и музика на ‘Зио Бала’.

Го постигна првиот од двата гола (37 вкупно на 117 натпревари за националниот тим, рекордер во настапи), прекрасна лева нога, со која Македонија ги нокаутира германските панцири во нивниот ринг во Дуисбург (2-1).

Предизвик за пласман на Светското првенство, a не семки од сончоглед.

Гоги веќе го има во џебот пасошот за Европскиот шампионат (98 погодоци во Сериа). На 37 години кои му ѕвонат, благодарение на звукот на неговите голови. И сега повторно Џенова е Џенова. Зрак на фенер кој гледа во светот и оди во светот.

(Видео) Утката на Bepнep му донece македонcко дpжaвjaнcтво по бpза пocтапка

Кога се сака се се може. Само неколку часа траеше процедурата Тимо Вернер да „добие“ македонско државјанство, односно македонска лична карта.

После победата на Македонија над четирикратниот светски шампион Германија, вријат социјалните мрежи со досетливи шеги на сметка на Германците.

Една таква и оваа каде твитерџиите експресно му извадија македонска лична карта на напаѓачот на Челси, Тимо Вернер, кој промаши цел гол од неколку метри во нашиот шестнаесетник.

За потсетување, Вернер минатата година за 53 милиони евра премина од Лајпциг во Челси, а на трансфермаркетот неговата цена изнесува над 60 милиони евра.

Гpyби се пофали: “Откако е Д У И на влacт 13.000 Албанци добиja македонcко дpжавjaнcтво”

Заменик претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својот Фејсбук профил објави дека во времето додека ДУИ се на власт, со македонско државјанство се стекнале 13 илјади Албанци.

– Досега, над 13.000 Албанци граѓани на Северна Македонија добија државјанство, додека вкупно се во постапка само 2.674 апликации, вклучително и сите други заедници – објави Груби како одговор на предложениот закон за државјанство од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Тој додадек дека дури и ако има само едно единствено лице без државјанство кое ги исполнува условите, ќе добие државјанство.

Админот на “Моцарт” заслужи бонус на платата за ова (Фото)

Македонија синоќа го совлада четирикратниот светски шампион во фудбал, и тоа на гости, и тоа во игра во која Германците имаа поддршка од судиите.

Откако заврши натпреварот социјалните мрежи вријат со досетливи шеги на сметка на Германците, а на врв од задачата беше и админот на “Моцарт бет”.

A бонус на платата дефинитивно заслужи со ова:

УXMP co нова нajaва: Bикендов cледyва нова дpacтична пpoмена на вpeмето

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени Целзиусови.

Утре и во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 литри на квадратен метар, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.