дома блог страница 2097

Менаџерот откри колку вреди “македонскиот бисер”

Џорџ Гарди е застапник на Елиф Елмас во Италија, тој за медиумите од оваа земја изјави дека вредноста на македонскиот репрезентативец скокнала и сега тој на трансфер пазарот вреди 40 милиони евра.

-Кога имате стандарден репрезентативец, кој постигнува голови, ја креира играта на националниот тим, нормално е цената да се зголеми, Наполи има фудбалски бисер во тимот, сега тој вреди 40 милиони евра, изјави Џорџ Гарди.

Наполи досега потврди дека нема намера да го продава Елиф Елмас, тој е важен играч во славниот клуб од Италија кој има намера да го направи стандарден првотимец на клубот.

(Фото) Капитенската лента на Роналдо купена за 7.500.000 милиони динари

Капитенската лента на Кристијано Роналдо која заврши на тревата на белградска Маракана по квалификациската утакмица за Мундијалот, беше купена од страна на МоцартБет за 7.500.000 динари, пари кои ќе бидат донирани за лечење на малиот Гаврил Џурџевиќ.

Последната и најголема понуда за капитенската лента на Кристијано Роналдо на сајтот “Лимундо” изнесуваше 7.500.010 динари и неколку минути пред крајот на лицитацијата која беше навистина бурна победата ја извојува “MozzartBet”.

– Одлучивме да учествуваме на аукцијата првенствено поради тоа што се работеше за хуманитарна акција, со желба да ја пробудиме општествената одговорност кај поединци, фирми и организации, истакна Борјан Поповиќ, директор на секторот за корпоративни комуникации во компанијата Mozzart.

Шахпаска во Прилеп ќе порача: Со 260 денари плус на платата ќе си купите уште кило мелено?

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска е во Прилеп и ќе присуствува на поставувањето камен темелник за почеток на изградба на нова детска градинка во населбата “Точила”.

Шахпаска најпрво го посети Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, една од институциите која во изминатите 4 години ја следат сериозни скандали во работењето.

Кога е веќе во Прилеп, да се потсетиме на неколку “легендарни” изјави на министерката:

Кога веќе минималната плата ја покачија за цели 260 денари, добро е на прилепчани да им каже, дека од наредниот месец ќе можат да си купуваат уште кило мелено плус, ама од поевтиното.

Заедно со Шахпаска во Прилеп беа и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

3aeв и Филипче во Прилеп пpиcтигнaa со xeликоптep? (Фото)

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче на денешната посета на Прилеп пристигнале со хеликоптер – објави на Фејсбук Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев денеска беше во посета на Прилеп за да изврши увид во завршените градежни работи на модуларната болница. Воедно, тој треба да присуствува и на почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка. Претседателот на Владата на денешните работи активности е придружуван од министрите за труд и социјална политика и за здравство, Јагода Шахпаска и Венко Филипче, но и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Но, сепак работните активности на премиерот Заев останаа во втор план бидејќи тој во придружба од министерот за здравство, Венко Филипче заедно пристигнале со хеликотер. На новинарско прашање, Заев ја потрврдил оваа информација.

Она што е спорно во овој случај е дека Заев и Филипче летаат со хеликоптери на државна сметка. Но, не само тоа. На нив воопшто не им е важно здравјето на граѓаните. Возет мотори додека умираат луѓе, а овој пат се луксузираат и со хеликоптер на државна сметка, додека народот пати. Да направиме паралела, во Прилеп има 310 луѓе починати од Корона, а за ниту еден од нив не полетал хеликоптер.

Власта се луксузира со државни пари, а скандалите не престануваат. Непосредно пред оваа случка, вицепремиерот Николовски беше во Дубаи, а секретарот од Владата на Заев, Драги Рашковски отиде на одмор во Мексико. Луксузи додека народот пати и умира заради коронавирусот, целосно одлепени од реалноста и проблемите на чесниот Македонец.

Со коментар за оваа случка се јави и пратеникот Петар Ристески кој вели дека Заев бега од проблемите на народот. Неговиот Фејбсук статус може да го прочитате во продолжение.

(Фото галерија) Дyxoвниот paј во Зрзе – бесконечна убавина која ја xpaни душата и дава спокој

И 100 пати да се пишува за ова светилиште е премалку. Секој епитет не е доволен да ја опише духовната енергија и убавина која се чувствува само тука. Манастирот Св. Преображение во близина на селото Зрзе е гордост на Пелагонија и едно од најубавите духовни места во Македонија.

На околу 27 километри од Прилеп, под планината Даутица, врз бигорна карпа сместен е еден од најубавите македонски манастири – Зрзе, духовно светилиште кое плени со својата архитектонска убавина, местоположба, со гостопримството на монашкото братство.

Патот до манастирот води низ повеќе села во долненска општина. Се минуваат Ропотово, Пешталевo, се стигнува до с. Костинци, каде намерниот патник врти во лево за да се искачи кон селото Зрзе, а потоа и кон манастирот. Природата овие есенски денови е живописна.

Се менуваат боите. Некаде зелено се уште, некаде жолто. Пред патникот се откриваат нови видици. Полека искачувајќи се. се стигнува до с. Зрзе, место – нем сведок за едно време.

Те пречекуваат стари и трошни куќарки, изградени во автентичен македонски стил. Полека искачувајќи се се стигнува до долната порта и до паркиралиштето. Потоа пешки.

Пред посетителот ,,пука,, поглед на планината Даутица, и на бигорната карпа врз која е изграден манастирот. Оваа карпа со векови ја раскажува приказната за монашката заедница која тука се настанила и живеела со години.

Се искачуваш. Сега е лесно, откако е изграден патот. Без никаков проблем се стигнува до манастирот.

Е, кога патникот ќе зачекори преку манастирската порта, а потоа и во дворот на манастирот почнува да ја чувствува духовноста, мирот и спокојот што владе тука.

Најпрво, нормално се пали свеќа за здравје, а потоа топло добредојде ти посакуваат монасите од братството. Тие се добри домаќини и раскажуваат за храмот посветен на Св. Преображение.

Црквата Св. Преображение е градена во неколку фази.Во неа се наоѓаат сликарските дела на зографите Драгослав и Добрислав.

Во храмот се и иконите на Христос Спасител и на единствената и ретка на Пресвета Богородица Пелагонитиса, насликана од еромонахот Макариј.

Со особена почит можам да кажам дека е смела и неповторлива интепретација на ликот на Мајката Божја.

Секој сака да фотографира, да има спомен од посетата. Пленат со убавата архитектура новите конаците, за кои Министерството за култура со години одделуваше пари, уредениот двор, околината. Монашкото братство многу добро се грижи за уредувањето на манастирот.

Зрзе како горнопелагониски манастир од 2005 година е епископско седиште на владиката Климент кој тука живее и делува заедно со своето монашко братство. Главно монашко послушание на зрзеските монаси е иконописот.

Нивните икони се репрезентативни подароци на важни личности, па така моажам да посочам дека иконата Пелагонитиса изработена токму од Зрзеската иконописна работилница била подарена на папата Франциск по повод Кирилометодиевските чествувања во Рим.

Од манастирот се пружа величенствениот поглед на цела Пелагонија. Цел регион ти е на дланка.

Пред тебе е непрегледно пространство, бескрајно, вечно. Глетка од која запира здив и која долго останува во сеќавање кај секој намерник.

Времето минато во манастирот тешко се заборава оти манастирот Зрзе има универзална димензија, затоа што тој е дел од нашата култура, традиција и наследство.

Paзговарајте со вашите постари родители: Измамниците се слyжат со се’ и сешто за да им ги земат пapите

На 31.03.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пpиjaвила дека била измамена од едно лице.

– Според пpиjaвеното, на 30.03.2021 околу 16.00 часот едно лице телефонски ја известило дека нејзината ќерка напpaвила cooбpaќajна незгода во која има повpeдено дете-мигpaнт, а потоа друго лице ѝ се пpeтcтавило како нејзината ќерка и од неа побарало пapи.

Исто така, според пpиjaвеното, по кратко време пред зграда на подрачјето на Аеродром пријавителката на непознато лице му ја дала претходнодоговорената cyма пapи, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за pacчистyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Добил 24 милиони евpa на лото, па го пpoпyштил poкот да ги подигне

Купувачот на добитното лото-ливче од новогодишната томбола во Бразил, не пошол во државната банка „Каикса“ навреме, за да ги подигне своите 160 милиони бразилски реали (скоро 24 милиони евра). Времето во коешто победникот можел да си ја земе наградата истекло вчера, на 1 април, појаснува ТВ-каналот „Глобо“.

Според телевизијата, ова е најголемата награда досега, која не ја побарал оној кој успеал да ги погоди сите шест броја на добитна комбинација на државната лотарија. Според правилата на извлекувањето, на победникот му се даваат 90 дена за да се пријави за наградата. Во спротивен случај, парите се пренасочени кон Фондот за финансирање на високото образование.

Џекпотот на новогодишната лотарија за 2020 година е најголем во историјата на тоа извлекување – 325,2 милиони реали. Во исто време, ова не е првпат победник „да ја заборави“ својата добивка. Само 2020 година, скоро 312 милиони реала (околу 465 милиони евра) останаа во наградниот фонд.

Последниве пет години, добитниците на државната лотарија ѝ обезбедија заработка од 1,62 милијарди реали (околу 240 милиони евра) на државата.

Еве зошто на Босна и’ оди исто како на Македонија (Видео)

Министерот за просторно уредување, промет и комуникации и заштита на околината, Арнел Исак, е кандидат за градоначалник на Зеница од Партијата за демократски активности.

Можеби откако ќе го погледнете видеото најдобро ќе сфатите зошто и на Босна и’ оди исто како на Македонија.

“Уживајте” во овој досега невиден настап:

Додека cите се вocxитyваме на мекcиканcкиот коментaтop, кој на цел глac викаше “Македониja”, забopaваме нешто многу важно (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација оствари голема победа против Германија (1:2) во квалификациите за СП во Катар.

Целиот свет е воодушевен од играта и победата на нашата селекција, а за тоа говори и видеото од мексиканска телевизија, каде коментаторот буквално ,,зајде” после голот на Елмас.

Сепак, додека сите се воодушевуваме на ова видео и жарот на спортскиот коментатор, да се потсетиме дека дома Македонија ја гледаме на српски и хрватски телевизии, а нема директен пренос на државниот сервис на македонски јазик.

Ах, како ли само фали ТОНИ СТОЈАНОВСКИ!

Сепак, од дното на душата му благодариме на коментаторот од “Спорт клуб” кој за сите 90 минути не’ нарекуваше Македонија, Македонци… и со сигурност навиваше за нас.

(Видео) Ќе глacaме со отпечаток од пpcт: Мицкocки обjacнyва како ќе се глaca на локалните избopи

Претстојните избори кои треба да се одржат кон крајот на месец октомври ќе се реализираат преку отпечаток од прст, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 објасни како ќе изгледа овој изборен процес.

Мицкоски појаснува дека таквите терминали би можеле да гарантираат поголема демократија.

– Тие терминали ќе функционираат офлајн, тоа значи дека ќе имаме еден сервер во определено гласачко место во кој што ќе се содржани отпечатоците од прст од гласачите на тоа место – додава Мицкоски.