Победата на Македонија на гостински терен против Германија силно одекна во светот, а сега си доби и цртан филм на популарниот портал “Just Cartoons”
Oригинално видео кое ќе го премотате неколку пати:
Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ изјави дека досега 3 или 4 пати за службени потреби користел хеликоптер на МВР.
„Тоа е службено средство на министерството за внатрешни работи на Владата на Република Македонија. И тек како пилотите и леталата треба да летаат, треба да бидеме рационални, никој не ме прашува сакам или нејќам, некојпат морам. Можеби сум против или имам страв од летање од хеликоптерот, сум должен да ја исполнам мојата агенда. Да бидме прагматични, граѓаните заслужуваат одогвори, одговорите ги дадовме веднаш. Не ми е прв пат, веројатно трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени агенди“, појасни Заев.
– На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше м’к (молк), додаде Заев, а веднаш потоа со коментар се јави и екс премиерот.
– Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер, напиша Груевски на Фејсбук.
Поевтино беше да одиме со хеликоптер отколку да патувам со автомобил при што треба да ме следат уште два други автомобила, рече во синоќешното гостување во емисијата “Само интервју” на Канал 5 TB премиерот Зоран Заев, кој вчера со министерот за здравство Венко Филипче леташе од Скопје до Прилеп.
– Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери. Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби – истакна Заев.
Власта сама си го минираше денешното, долгоочекувоно пуштање во употреба на модулаларната болница во Прилеп.. Премиерот Заев и министерот Филипче, наместо со владиниот мерцедес, од Скопје, пристигнаа во Прилеп – со хеликоптер.
Леталото на МВР, се приземји на прилепскиот Градски стадион, а премиерот Заев, расположено кажа, кој се му правел друштво за време на летот до Прилеп, но не одговори – што беше толку итно, за да мора патот од 140 километри, да го помине воздушно.
Овој чин, дополнително ги разгневи и онака очајните прилепчани, според кои доаѓањето со хеликоптер среде ваква пандемија и беспарица, кога народот издвојува илјадници евра за лекување, е луксузирање без преседан.
„Претерано веќе си зедоа за право…на времето кажаа тие – ќе јадеме живи луѓе..зошто со хеликоптер, и зошто да дојде ?! Не му е срам ?! А го забрануваат народот да ги пречека, затоа што знај што ќе се случи и какви реакции ќе има кон него“, – вели еден револтиран прилепчанец.
„Сметам дека тие средства требаше да се искористат во однос на лечењето на болните пациенти, дека можеа да пристигнат и со автомобил и слично, дека немаше потреба за сите тие трошоци….“, коментира помлада прилепчанка.
„Ова идењево, патувањево е луксуз. Јас сметам дека немаше потреба од тоа трошење олку, па ќе речат после нема пари, ваму-таму, а ете каде одат парите…- посочува друг прилепчанец.
Пристигнувањето со хеликоптер на Заев и на Филипче во Прилеп, од МВР го оправдаа со тоа дека летовите со хеликоптер на МВР биле во рамките на обврските за задолжително исполнување рaботни месечни часови кои согласно стaндардите важеле и за пилотите и за леталата. „Причината за користење е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски“, стои во одговорот од МВР, а во кој нема ниту збор за чинењето на еден ваков лет, иако и тоа беше уредно прашано.
Во меѓувреме, дел од медиумите веќе објавија дека Заев, Филипче и Шахпаска, во Прилеп долетале со полициски хеликоптер од марката „МИ- 17/171“ и дека еден час летање со ова летало чини 4.000 евра. За споредба, доколку ги користеа службените возила, трошокот за сите тројца владини претставници, ќе беше помал од 50 евра..
Премиерот Заев и министерот Филипче, денеска присуствуваа на отворањето на прилепската Модуларна болница, со само триесетина легла во градот, во кој за цело време од почетокот на пандемијата, нема ден, а да нема по минимум двајца починати, со што вкупната бројка на починати прилепчани достигна дури до 333 граѓани. Патем, Модуларната болница требаше да биде готова уште во декември.
Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”
Новиот натпревар на Sport Life –„Двојна шанса за Peugeot 3008”, на типувачите ќе им донесе две главни премии. Кои ќе бидат играчите коишто ќе ги возат двете СУВ возила од марката Пежо 3008, ќе видиме на крајот од натпреварот кој ќе се одвива од 26-ти март до 29-ти мај.
Главните премии се наменети за двајцата најдобри типувачи. Едното возило ќе го освои играчот со погоден најголем вкупен коефициент на тикет со натпревари од посебната акциска понуда, а другото возило е за играчот кој исто така ќе има најголем погоден вкупен коефициент, но од тикетите со еден промашен пар.
Оттука, играчите на Sport Life сега имаат двојна шанса за освојување на главната премија. Со погоден или со „промашен“ тикет можат да се натпреваруваат и да освојат нов СУВ – Пежо 3008.
Сè што е потребно е да се зачленети во СЛ клубот и да одиграат најмалку 4 натпревари од акциската понуда која ќе биде посебно означена под „Двојна шанса“ во билтенот и на вебсајтот на Sport Life . Минималната уплата на тикет е 20 денари, а максималната исплата на тикет е 10.000.000 денари. Притоа, важат само несистемските тикети, односно тикетите со една комбинација. Со тикетите од овој натпревар (со натпреварите од посебната акциска понуда) се добиваат и поени за Типстер купот и право на другите програми на СЛ клубот, како Втора кеш шанса, Поени за СЛ Маркет и Поени за лојалност.
За сите подетални информации за натпреварот може да се информирате на следниот ЛИНК и на вебсајтот на Sport Life, каде што ќе биде истакната редовно ранг-листата на најдобрите натпреварувачи.
Овој ден е црн за цела Македонија. Според официјалниот извештај од Министерството за здравство, во изминативе 24 часа пријавени се вкупно 50 починати лица:
19 од Скопје (95г,92г,86г,84г,81г,80г,80г,78г,76г,75г,73г,73г,70г,70г,68г,62г,61г,60г,58г), 4 од Кичево (63г,62г,56г,53г), по 3 пациенти од Куманово (74г,74г,56г), Битола (73г,69г,55г), и Штип (82г,67г,53г), по 2 од Прилеп (82г,53г), Велес (77г,70г), Струмица (84г,74г) , Кочани (66г,63г) и Крива Паланка (77г,53г), а по еден пациент е пријавен од Тетово (46г), Гостивар (65г), Кавадарци (65г), Охрид (58г), Струга (72г), Неготино (62г) и Ресен (76г). 46 пациенти се починати во болнички услови, додека 4 пациенти се починати во домашни услови.
Во последните 24 часа се направени 4.174 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 580, Битола – 113, Куманово – 75, Прилеп – 59, Велес – 50, Охрид – 43, Кавадарци – 41, Тетово – 38, Гостивар – 36, Струмица – 32, Штип – 31, Кочани – 30, Гевгелија – 27, Ресен – 24, Кичево – 22, Радовиш – 14, Струга – 13, Берово – 12, Неготино – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Виница – 8, Богданци – 7, Делчево – 6, Свети Николе и Македонски Брод – по 5, Дебар, Пробиштип, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево – 3, Кратово и Пехчево – по 1, информираат од Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Регистрирани се 457 оздравен пациент од: Скопје – 133, Прилеп – 46, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Велес – 22, Гостивар – 20, Штип – 19, Тетово и Неготино – по 18, Битола, Гевгелија и Струмица – по 15, Кочани – 12, Кичево – 8, Свети Николе – 7, Берово – 6, Радовиш и Пробиштип – по 5, Ресен, Делчево и Виница – по 4, Валандово – 3, Крива Паланка, Демир Капија и Македонски Брод – по 2, Охрид, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 633.407 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.
Во Прилеп во моментов активни се 1106 случаи, а како последица на кopoнавиpycoт починaa 333 лица.
Денес црн петок, Македонија е во црно. 50 починати поради ковид. Тажен ден, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
-Станавме земја во која министри шетаат на одмори, се бара провизија за вакцини, преку викенд возат мотори, а кога не го прават тоа летаат со хеликоптери, и сето ова додека народот умира.
50 починати е цела една зграда, цел еден блок, една градска улица со куќи кои се зацрнуваат. Задоцнија од власта со реакцијата, немаат систем, ниту план.
Народот е препуштен сам на себе. Оваа влада треба да падне, тоа е единствената шанса за да работите тргнат кон подобро, додава Мицкоски.
Во областа на крајниот север на Русија забележана е крајно необична глетка – крдо елени кои се движат во круг.
Оваа ретка појава во селото Ловозерово во Мурманската област ја сними новинарот Лав Федосеев со помош на дрон.
Зоолозите објаснуваат дека елените се постројуваат во круг во случај на опасност. Крдото се движи на овој начин за да го збуни предаторот.
Во Германија стапуваат на сила нови закони и правила поврза ни со вakцинациjaта, возачите, платите, привремената работа и други области.
– Од први април сметките за купените продукти ќе бидат подолги. Имено, Германците сметаа дека им се потребни повеќе податоци за да се избегнат даночните измами.
– Привремената и агенциската работа во месната индустрија ќе биде забранета. Ова нема да се однесува на месарскиот занает, а со тоа и на компаниите со помалку од 50 вработени. Освен тоа, почетокот и крајот на работата мора да се евидентираат по електронски пат.
– Од 2 април 2021 година ќе се применува нов правилник со кој построго ќе се регулираат одредени намирници. Храната ќе може да содржи најмногу два грама индустриски произведени трансмасти на 100 грама – Храната која содржи трансмасни киселини, вклучувајќи ги пржените производи како чипсот, крофните и кроасаните или маргаринот. Ова правило не се однесува на животинските производи како млекото и месото, кои содржат трансмасти. Трнсмастите се незаситени масни киселини кои се произведуваат во индустријата кога растителните масла делумно ќе се стврднат.
– По Велигден, домашните лекари ќе можат да ги вakцинираат жителите против кopoнавиpycoт, но количината на вakцини ќе биде ограничена.
– Од 1 април се зголемува минималната плата на медицинските сестри. Во западна Германија медицинските сестри ќе добиваат по 12.50 евра на час, а на истокот по 12.20 евра.
Џорџ Гарди е застапник на Елиф Елмас во Италија, тој за медиумите од оваа земја изјави дека вредноста на македонскиот репрезентативец скокнала и сега тој на трансфер пазарот вреди 40 милиони евра.
-Кога имате стандарден репрезентативец, кој постигнува голови, ја креира играта на националниот тим, нормално е цената да се зголеми, Наполи има фудбалски бисер во тимот, сега тој вреди 40 милиони евра, изјави Џорџ Гарди.
Наполи досега потврди дека нема намера да го продава Елиф Елмас, тој е важен играч во славниот клуб од Италија кој има намера да го направи стандарден првотимец на клубот.