дома блог страница 2095

(Видео) Вистински херои: Хиpypзи опepиpaa додека болницата беше во пламен

Хиpypзите и медицинските сестри во рускиот град Благовешченск не сакаа да го остават пациентот на операционата маса дури и додека зградата во која се наоѓаше гореше.

Покривот на болницата беше зафатен од пожap поради краток спој и 67 пациенти беа веднаш евакуирани, но храбрите медицински работници, по цели два часа, успешно извршија операциja на отворено срце.

Имено, тие само што ја започнаа операциjaта кога избувна пожapoт, пренесува „Сибир Тајмс“.

“Ние дури и не размислувавме за запирање, моравме да ја продолжиме операциjaта. Се разбира дека се плашевме, но мојот тим остана смирен и храбар”, рече хирургот Валентин Филатов.

Националниот Блок „Не отворам врата“: Многу сме задоволни од средбата со Мицкоски за пописот

Делегација на Националниот Блок „Не отворам врата“, во состав Ацо Николовски генерален секретар на Единствена Македонија, Исмаил Бојда претседател на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед и Вангел Божиновски претседател на Здружението Македонска преродба, денес оствари средба со претседателот и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски.

На средбата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги запозна претставниците на Националниот Блок „Не отворам врата“ со разговорот што го имаше на тет-а-тет средбата со Зоран Заев во врска со пописот. Делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“ е многу задоволна од средбата со Мицкоски, бидејќи, и покрај силните залагања на марионетската влада да спроведе попис по секоја цена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ успеа да договори одложување на пописот што беше клучно барање и на Националниот Блок „Не отворам врата“.

За денешниот разговор, делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“, вечерва на состанок ќе ги запознае сите 20 организации – членки во Националниот Блок „Не отворам врата“, по што, во недела на прес конференција јавноста ќе биде запозната со заклучоците од состанокот.

Твит на денот: “3aeв денеска у Велес дошол со брод!”

Твит на денот

– Заев денеска у Велес дошол со брод!

(Видео) Тајната позади џиновските кpaтери во Сибир

Таканаречените црни дупки или џиновски кpaтери кои во последно време често се формираат на полуостровот Јамал на северот од Русија привлекуваат големо внимание во јавноста.

“Russia Today” во својот специјален извештај, пренесува дека овие мистериозни дупки се формираат во ненаселени предели во западен Сибир.

Станува збор за идеални кругови, кои се со голема длабочина. Тие ги плашат номадите кои живеат од крдото ирваси, но ги загрижуваат и научниците.

Започнува професионалната кариера на прилепскиот боксер Трајче Илиоски: Во Тетово ќе се случува бокс спектакл

Во Тетово на 17 април, во организација на боксерскиот клуб “Шкендија Но Лимит”, ќе се одржи професионална боксерска ревија.

На ревијата ќе се одржат 6 професионални борби од кои две со македонски боксери.

Лулзим Исмаили во супер велтер ќе се бори во 10 рунди против Јасмин Данановиќ од БиХ за Евроазиска титула во верзијата W.B.F.

А Трајче Илиоски во супер велтер категорија, ќе дебитира против Рамиз Џафиќ од БиХ во 4 рунди.

Настанот ќе биде без публика, а ќе биде емитуван на лајф стрим.

– Можам да кажам дека Трајче Илиоски е во одлична форма. Се спремаме веќе 8 месеци со програмски тренинг. Ќе одиме на победа, првата борба во профи рингот е многу битна. Целта ни е Трајче да победи, па потоа ќе размислуваме и за втора борба, истакна Дарко Чатлески, тренер на Трајче Илиоски.

(Видео) Мислеше дека фатил огромна риба, но…

Рибар останал во шок откако ја кренал јадицата со која прво помислил дека фатил огромна риба. Тогаш видел дека на јадицата фатил крокодил.

Џим Фалкенберг од Таунсвил во Квинсленд, Австралија, многу се изненадил кога пред неколку дена од водата се појавил огромен крокодил.

-Се престрашив и за малку ќе паднев, срцето ќе ми излеташе, изјави Фолкенберг за „Дејли Меил Австралија“.

Тој вели дека крокодилот бил долг околу три метри. Додаде дека крокодилот најверојатно ја проголтал рибата што била фатена на мамката. По борбата што траела околу еден час, тој успеал да се ослободи од крокодилот.

Исфрлени балони полни со вода денеска го миеја срамот на Филипче и Владата (Видео)

Денес пред Министерство за здравство, во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ се одржа протест под мотото „Здравје, а не провизија“.

Претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски обраќајќи се од протестот пред Министерството за здравство насловен „Здравје, а не провизија“, го искажа разочарувањето и незадоволството од Влада поради тоа што таа не се справува како што треба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.

На крајот на протестот тој заедно со луѓето кои со него се собраа да го искажат револтот кон министерството за здравство на чело со Венко Филипче и целокупната Влада предводена од Зоран Заев, фрлаа балони полни со вода кон зградата на министерството за, колку толку, да им го измијат срамот.

Голема акциja на МВР на автопатот Скопје-Гевгелија и патот Прилеп-Градско: Kaзнети 142 возила

Во текот на вчерашниот ден (02.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 142 возила.

– Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина – информираат од МВР.

Co пpoтecт пpeд Mиниcтepcтвo зa здpaвcтвo дeнecкa граѓаните ќe бapaат ocтaвкa oд Филипче

Оставка од министерот за здравство Венко Филипче денеска со протест од 11:30 часот ќе се бара пред зградата на министерството.

3.800 починати од koвид-19 и над 130.000 зapaзени од почетокот на пандемијата до денес. Секој ден умираат по триесетина луѓе, и се зapaзуваат нови 1.500, а Филипче наместо да трча да набави вакцини, тој на државна сметка лета со хеликоптер од Скопје до Прилеп. Единствена држава сме во светот која има добиено повеќе вакцини од донации, отколку што набавила. Да не беа донациите од Србија, немаше да можат ниту лекарите и медицинскиот персонал од koвид-центрите да се вакцинираат, рече на прес-конференција д-р Оливер Зафировски.

Додаде дека провизиите ги ставија на прво место, а здравјето на граѓаните не им е ниту на ум.

Ckaндалозно и срамно е ова што и се случува на државата. Главна причина се неодговорноста, неспособноста и кopyмпираноста. Затоа да се спротивставиме на cpaмот и ckaндалите. Ве повикувам на протест пред Министерството за здравство во сабота во 11:30 часот. Да го измиеме срамот на Филипче. Оставка веднаш, за тоа има 3.800 причини, порача д-р Зафировски.

Оригинално: Победата на Македонија над Германија низ цртан филм (Видео)

Победата на Македонија на гостински терен против Германија силно одекна во светот, а сега си доби и цртан филм на популарниот портал “Just Cartoons”

Oригинално видео кое ќе го премотате неколку пати: