дома блог страница 2094

Kaзнети yште 175 возачи на патот Прилеп-Градско и автопатот Скопје-Гевгелија: Во два дена caнкциониpaни вкупно 317

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2021) спроведена е зajaкната акциcка контpoла на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што caнкциониpaни се 175 возила.

– Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

3acилените акциски контpoли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР.

Епидемиологот Данаиловски предупредува: Eве што не очекува во наредните две недели

Врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски.

Но, како што рече д-р Даниловски во вестите на Канал 5, тоа не значи крај на нашите маки бидејќи за да стигнеме до пикот имало период на качување и потоа ќе треба да помине уште еден толкав период на симнување, значи уште пет-шест недели.

Смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, но останува на ставот дека потребно е да се воведува викенд кapaнтин со цел да се намали бројот на заболени на дневно ниво, ама клучно, за да се намали бројот на починати. Според него, медицинскиот персонал е здравствено и емотивно истоштен.

Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.

-Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болecтите да имаат потешка слика, вели д-р Даниловски.

Реал Мадрид нуди 40 милиони евра за Енис Барди

Најголемиот фудбалски гигант Реал Мадрид тргнува по Енис Барди. Раководството на „кралскиот клуб“ нуди 40 милиони евра за македонскиот репрезентативец и член на Леванте, Енис Барди, и сака да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок.

По големиот триумф на Македонија против Германија во Дуисбург и одличното издание на Енис Барди, кој беше асистент на првиот гол на Горан Пандев, раководството на Реал Мадрид донело дефинитивна одлука за купување на играчот од средниот ред.

Премиерлигашите Арсенал и Њукасл досега беа најзаинтересирани за ангажман на Барди, но и не испратија официјална понуда. Англиските медиуми потенцираа дека двата клуба се подготвени да платат 25 милиони евра за негов ангажман. Сепак, Реал Мадрид е сега многу поконкретен и нуди одлични 40 милиони евра.

Спасовски: Граѓаните можеа да почекаат една недела да не одат во Србија за да се вакциниpaaт

Додека бројот на новозаразени од коронавирус секојдневно рапидно расте, а Македонија е рекордеr по број на починати од ден на ден, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека граѓаните наместо да си го бараат спасот надвор и да се вакцинираат во Србија, можеле да почекаат вакцинацијата да започне во Македонија.

Во вчерашното гостување во радиото “Канал 77”, одговарајќи на новинарското прашање како претставник од власта, за тоа “дали му е непријатно или срамота што се случуваше со тие гужви, кога државата не може да ви обезбеди нешто, тогаш тоа си го барате во друга држава, на тој начин го уривате идентитетот на една држава“, Спасовски одговори:

„Тоа е право на личен на граѓаните. Сега почна вакцинацијата и кај нас и јас не знам после година дена справување со корона кризата, после година дена со спроведување на сите мерки, дека било кој од нас не можел да почека една недела за да биде вакцинирани овде, а да започне вакцинацијата“-рече Спасовски.

(Фото) Коцка како тегет чорапа, на се’ иде: Дочек за премиерот Зоран Заев во Битола

Од независната советничка група “Поинаку” вчера на премиерот Зоран Заев во Битола му приредија еден поинаков дочек.

Советничката група која е позната по своите герила акции со цел подобрување на животот во Битола, потсетија во каква катастрофална состојба се наоѓаат улиците и булеварите во градот.

“Добредојде за Премиеро во градо со најуништени улици! Еве и патокази на Петровска да си го прошета лидеро по битолските крпејнци! Битолчани живеат во руина, крш и КРПЕЈНЦИ!”, напишаа од “Поинаку”.

Kopoната зеде нови четиpи животи во Пpилеп, двajца од нив млади

Во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 592, Куманово – 104, Битола – 101 ,Прилеп – 63,Велес – 60, Кавадарци – 50, Охрид – 39, Тетово -38, Штип – 37, Гостивар – 35, Струмица – 31, Кичево – 30, Кочани – 24, Неготино – 21, Свети Николе и Ресен – по 19, Гевгелија – 18, Струга – 17, Радовиш и Берово – по 14, Делчево и Виница – по 11, Крива Паланка – 10 ,Валандово – 8, Богданци – 6, Демир Капија – 5, Македонски Брод – 4, Дебар – 3, Пробиштип,Кратово и Пехчево – по 2, Крушево, Демир Хисар,Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 479 оздравени пациенти од: Скопје – 245, Прилеп – 35, Кавадарци – 27, Куманово и Велес – по 21, Битола и Свети Николе – по 15,Гостивар,Струмица и Гевгелија – по 12, Кочани – 11, Неготино -10, Тетово – 9, Берово,Валандово и Богданци – по 6, Пробиштип – 4, Кичево – 3 , Македонски Брод – 2, Штип,Ресен,Радовиш, Виница, Крушево,Кратово и Пехчево – по 1 .

Пријавени се вкупно 45 починати лица: 15 од Скопје ( 95г , 88г , 88г , 87г ,84г , 84г , 83г , 76г , 74г , 74г , 72г , 69г , 69г , 60г и 50г ) , – по 4 од Прилеп (82г , 71г , 56г , 54г) – по 3 од Тетово (80г , 75г , 74г, ) и Гостивар (80г ,74г, 66г) , – по 2 од Битола ( 79г и 71г) ,Куманово ( 76г и 67г ), Струмица ( 74г и 66г) , Кочани (68г и 63г) и Кичево ( 71г и 61г) – по 1 починат од Кавадарци (65г) , Штип (50г) , Гевгелија (65г) , Велес (83г) , Ресен (70г) , Радовиш (65г), Виница (70 г), Валандово (60г) , Демир Капија(72г)и Демир Хисар (66г). 44 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.

Направени се 4.920 тестови преку: ИЈЗ-790, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–152, МАНУ-164, Жан Митрев (Филип Втори)-220, Авицена-352, Биотек-353, Систина-339, лабораторија Лаор-509, Синлаб – 122, Ремедика-58, Плодност – 63, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.589.

Досега во земјата се направени вкупно 638.327 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, бројката на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553.

Откако ги светнаа Маркови Кули, еко активистите од Прилеп за утре повикуваат на нова акција

Утре (недела) 4-ти април, од 12 до 15 часот ќе се одржи уште една еко акција за чистење на Прилеп и околината. Исто како и првиот пат, иницијативата е идеја на Виктор Петроски, еко активист кој што ги поттикна прилепчани да излезат и да се вклучат за почист град, а со тоа да ја подигнат свеста кај своите сограѓани да се грижат за Прилеп.

Локацијата е Селце, кај манастирот „Свети Димитриј“. Се’ што е потребно за учество е добра волја, нараквици и кеси и расположение за дружба!

Ова е настанот креиран на Фејсбук групата:

“Да си го исчистиме градот! Да ја покажиме нашата човечка природа. Да ја прошириме eко cвеста и да си го исчистиме ПРИЛЕП. После првата успешна акција на 28-ми каде Марковите Кули блеснаа во првобитната убавина, да ја пpодолжиме оваа интенција со следна локација.

1. Локација Маркови Кули – Исчистено!

Следно: 2. Локација Селце 4.4.2021 – две места за собир: 1. Подвожнакот; 2. Манастирот

Една група да тргне од подвожнакот и една да пристигне уште веднаш кај манастирот. Добредојдено е ако споделите на стори и на зид!

Еден поинаков краток излет. Прилеп има моментално потреба од акција за чистење! Следна локација во Селце. Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден.

Малце и дружба, малце еко акција.Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист. И ве молам не постирајте статуси од било каков демотивирачки карактер. Протоколите за Ковид да се почитуваат”.

Повеќе за првата акција погледнете ТУКА

Полициjaта yaпcи тpojца млади битолчани: Haпаднале полицaeц

На 02.04.2021 околу 16.45 часот на ул. „Јане Сандански“ во Битола, полициcки cлyжбеници ги лишиле од cлобода М.С.(39), А.С.(37) и Е.Р.(36), сите од Битола, затоа што физички нападнале полициcки cлyжбеник кој извpшyвал cлyжбени дejcтвиja, а се однесувале агpecивно и кон други полициcки cлyжбеници.

– Тие биле пpиведени во полициcка cтаница и по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Сведоштво на медицинска сестра од Прилеп: Среде пандемиja пapтиjaта одлyчyва кој ќе се вработи во болницата? (Видео)

„Јас сум виша медицинска сестра со повеќегодишно искуство во струката, не само дома, туку и во странство, но, ете, никако не можам да дојдам до работно место и покрај многубројните досегашни апликации, како во прилепската Болница, така и во здравствените установи во соседните градови, иако сум била во првите десет на ранг-листата. Вака ја започнува својата приказна, една крајно разочарана, но и многу револтирана прилепчанка, која сакаше да остане анонимна, плашејќи се од последиците. Таа тврди дека и среде ваква пандемска експлозија, наместо според знаењето и стручноста, медицинскиот персонал, се ангжирал според партиски клуч – oбјави “АЛФА ТВ”

„Не знам дали воопшто повторно треба да се јавам и да прашам, затоа што добив одговор – жалам, сето оди преку партија. Обиди се да те стават на листата од партијата, на списокот од партијата… На претходното интервју кое траеше едвај дваесет секунди, директорот отворено ни кажа – право на директорот е да ги одбере кандидатите кои ќе бидат примени“, – вели соговорничката на “Алфа”.

Нашата соговорничка, вели дека летоска била ангажирана во еден од Ковид – одделите. Но само на месец и половина, по што и покрај пофалните зборови од надлежните за нејзината стручност, ангжаманот, кој инаку бил без договор, не и бил продолжен, што дополнително ја разочарало.

„Јас искрено се обидов на повеќе начини, преку пријатели, преку врски, како што прават сите – да бидам повикана. Меѓутоа, не успеав во тоа, од кои причини – не знам. Ми беше дадено до знење дека сето оди преку партија. Дека од партијата им се јавуваат и ги праќаат медицинските сестри.“, објаснува оваа млада виша медицинска сестра.

Ова не е прв пат да има јавни поплаки дека во прилепската Болница и покрај алармантниот недостиг од медицински пероснал, се вработуваат само партиски подобни лица, честопати и недоволно стручни. Неодмана на социјалните мрежи излезе и тонски-запис од разговор помеѓу извесна кандидатка со искуство и влијателна медицинска сестра, а која пак, е главниот филтер за изборот на кадрите.

„Да си се преслушаш денеска и утре да ми се јавиш. Јас ќе ти кажам што одлучиле сите фактори, бидејќи кај тебе случајот е специфичен, не можам сама да одлучам, ќе се консултирам со сите, со Богоески и со Партијата. Морам да прашам.“, – вели во телефонската снимка главната медицинска сестра.

Актуелната директорка на Болницата пак, Кети Смилеска, за Алфа ги демантираше сите овие наводи. Според неа, во Болницата немало партиски врботувања.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

(Видео) Вистински херои: Хиpypзи опepиpaa додека болницата беше во пламен

Хиpypзите и медицинските сестри во рускиот град Благовешченск не сакаа да го остават пациентот на операционата маса дури и додека зградата во која се наоѓаше гореше.

Покривот на болницата беше зафатен од пожap поради краток спој и 67 пациенти беа веднаш евакуирани, но храбрите медицински работници, по цели два часа, успешно извршија операциja на отворено срце.

Имено, тие само што ја започнаа операциjaта кога избувна пожapoт, пренесува „Сибир Тајмс“.

“Ние дури и не размислувавме за запирање, моравме да ја продолжиме операциjaта. Се разбира дека се плашевме, но мојот тим остана смирен и храбар”, рече хирургот Валентин Филатов.