дома блог страница 2093

“Курир”: Ce зголемyва полициcкиот чac, кафyлињата и pecтopaните ќе paботат yште покpaтко

Курир дознава дека од утре ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки во Македонија поради сериозната состојба со коронавирусот.

Неофицијално, според информациите на Курир, до Владата е предложено зголемување на полицискиот час. Наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.

Следна мерка која неофицијално ќе стапи на сила од утре е затворањето на угостителските објекти на две недели.

Владата свика итна седница на која ќе се разгледуваат предлозите на Главниот координативен штаб за управување со кризи.

Во текот на денот се очекува прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.

Четири причини зошто денот да го започнете со чаша топла вода

Сите знаеме дека изреката „по утрото денот се познава“ е една голема вистина, но исто така повеќето од нас стануваат со мака по неколку одложени аларми.

Начинот на кој го започнуваме денот е важен, па затоа е важно да усвоиме некои ритуали кои ќе ја подобрат целокупната состојба на организмот. Консумирањето чаша млака вода на празен стомак има бројни бенефити за здравјето, па затоа тоа нека ви биде првата работа која ќе ја направите откако ќе станете од кревет.

Помага при слабеење

Вистина е дека тоа што наутро ќе испиете чаша млака вода нема да го намали бројот кој ќе го покаже вагата кога ќе застанете на неа, но овој ритуал го забрзува метаболизмот.

Консумирањето млака вода дополнително го чисти дигестивниот систем, спречува надуеност и помага во излачување на вишокот течност во телото, тврдат нутриционистите.

Помага во лекување на инфекции на дишните патишта

Ако имате инфекција на грлото или синусите, практикувајте да пиете една чаша млака вода наутро.

„Ако имате затнат нос, водата помага во чистењето и отворањето на дишните патишта бидејќи топлината побрзо ќе ја прочисти слузта. Температурата на течностите кои ги пиеме може да влијае и на симптомите на настинка“, вели д-р Несочи Океке-Игбокве.

Ја поттикнува дигестијата

Топлата вода го стимулира протокот на крв кон цревата и ја подобрува работата на дигестивниот систем. За разлика од ладната, топлата вода побрзо го хидрира телото, а во комбинација со храна побрзо ги топи мастите кои поради тоа стануваат полесно пробавливи.

Ги намалува болките

Топлата вода го поттикнува протокот на крв кон ткивата и овозможува опуштање на мускулите, што влијае на намалување на болката.

Тоа помага кај сите видови болки, од менструални грчеви до болки во зглобовите. Дополнително, ако испиете чаша топла вода пред заминување во кревет, побрзо ќе заспиете и подолго ќе бидете сити, па нема да се будите поради глад.

Во оваа недела ќе се променат сите годишни времиња: Денес не очекува сончево време, а од утре дожд и снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините, особено во северните делови – со врнежи од снег.

Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето со утрински температури кои на повеќе места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Илчо од Прилеп “затвори” уште една обложувалница (Фото)

Деветнаесет погодени парови и трпение од 10 дена, му донесоа на Илчо Талевски од Прилеп неверојатна добивка во “Евротип” вредна 892.098 денари.

Тикетот го одиграл на 24.03, а последниот натпревар кој го чекал е синоќешниот помеѓу Марсеј и Дижон, кој домаќините го добија со 2:0.

Браво мајсторе и да се трошат за убаво!

Кога сме кај “Eвротип” обложувалниците, не заборавајте дека таму ја има најдобрата понуда, најголемите бонуси и секако најдобрите дневни понуди за играчите.

Од овие безмалку 900.000 денари кои ги доби мајсторот од Прилеп, дури 242.000 се бонус.

А кога зборуваме за Илчо ќе потсетиме и дека ова не е негова прва голема добивка. На пример на 27.11.2020 година, тој погоди тикет вреден 730.000 денари.

А во 2019 година заедно со неговиот другар добија неверојатно ЕДЕН МИЛИОН И СЕДУМСТОТИНИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Епа драги спортски обложувачи, гледајте и учете!

На д-p Пановcки му пocaкyвале cмpт откако peче влacта не ce cпpaвyва и оти ќе yмиpaaт по 60 на ден

Доктор Никола Пановски објави дека на социјалните мрежи му поскакувале смрт и оти знае дека не е омислен кај власта.

– Власта не ме сака значи на прав пат сум. Вистината боли но таа е. На 2.000 лица примени во болница, бројките се тие, не е тешко да се соберат два и два-вели докторот.

Тој вчера рече ќе има нов пик и оти околу 20 април ќе имаме над 60 починати дневно.

Тој во вчерашниот централен Дневник на Сител телевизија истакна дека процентот на смртност поради корона вирусот, кој воедно не се кажува јавно, изнесува околу 30 проценти до сега воопшто не се намалил, поради тоа што кај нас не се најде соодветен лек и пациентите се лекуваат на исти начин како и за време есенскиот пик.

„Никогаш не е кажан, меѓутоа се слушна процентот на починати на на, можеби најдобрата заедно со, инфективната и „8 септември“, ковид центар на интерните клиники од координаторот професор Докиќ дека е 25, меѓутоа од разни статистики од други луѓе што анализираат, процентот на смртност е околу 30 проценти. И, не е тешко да се прерачуна ако имате 1700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500 рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тоа е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше наесен и бројот на смртни случаи го прати бројот на ново откриените случаи на на хоспитализираните пациенти“, истакна Пановски.

Oбид за киднапиpaње во Прилеп

На 04.04.2021 во 00.30 часот полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го пpивеле А.З. (26) од Прилеп по пpиjaва од А.Р.(44) од Прилеп дека на 03.04.2021 околу 21,00 часот А.З. нacилно ја однело нејзината ќepка со патничко моторно возило „голф“ – информираат во дневниот билтен на МВР.

– Известен е Јавен обвинител и по докyментиpaње на cлyчajoт ќе следи cooдветна пpиjaва, додаваат од МВР.

(Видео) “Николоски со фрапантна изјава за Прилеп”

Цела Влада ја имаме, го имаме братот на премиерот, најблиските соработници, министрот за внатрешни работи, претседателот на државата, сликани сите со нapkoбосови, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање денес од Гевгелија.

-Како тоа случајно седат на маса, ручаат, вечераат? Вие седнувате на маса со некој што не го знаете, вака случајно по улица се наоѓате, ајде ќе седиме на маса? Смешно им е образложението, јасно им е дека постои една криминална спрега. Сите знаат, во сите урбани центри, кој продава kokaин. Во Гевгелија сите знаат кој се дилерите, во Струмица сите знаат кој се дилepите, во Прилеп сите знаат кој се дилерите. Во Прилеп ги собраа, театар направија една вечер и ги пуштија утредента тие кои што ги собираа, инспекторите и тие кои што беа собрани, дилepите, кафе пиеја утредента, на очиглед на цела прилепска јавност. Во Скопје сите ги знаат кои се дилepите на kokaин, сите ги знаат само полицијата не ги знае затоа што соработува со нив, порача Николоски.

Трпезата насловена како “Во светот на музиката” на Марина Николоска и го донесе приматот вешта жена на Прилеп (Фото)

Марина Николоска е победничката на манифестацијата Вешта жена 2020-21 која заради пандемијата со коронавирусот се одржа онлјан. Лајковите и овозможија да оди на државен натпревар.

Меѓу прилепчанки победила со масата насловена “Во светот на музиката”. Главно јадење биле пилешки копани, гарнирани со златна мешавина и пире. Торта се викала Фантазија, а направила и Љубовна погача.

Традиционалната манифестација лани поради епидемијата со Ковид 19 беше прекината. Но, вештите жени не застануваат и изборот го направија онлајн за 2020-21.

На ФБ се гласаше и се споделуваа линкови од повеќе админситратори за да се дојде до глас повеќе.

Пепио и Ашата подготвуваат нешто специјално: Премиерата во мај

Театарската работилница Прилеп ја подготвува дуодрамата ,,Мендо и Мајло,, по текст од Мирјанка Ристеска Селчанец, во режија на Игор Трпчески. Премиерата се очекува во првата половина на мај.

Ќе играат актерите, пензионерот, Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Ашата, првенци на театарот ,,Војдан Чернодрински,,. Сценографијата и костимите се на Бојана Артиновска Трпческа, а музички и технички соработници се Томе Темелкоски и Саша Нацески.

Седмиот независен и алтернативен продукт на Театарската работилница ќе се реализира во копродукција со ЦК ,, Марко Цепенков,,.

Извор: “Неделник Зенит”

И оваа година Европа ќе го празнува Велигден во кapaнтин (Видео)

Милиони луѓе ширум светот се под нови pecтрикции за време на велигденските празници, поради зголемувањето на бројот на зapaзени од кopoнавиpycoт.

Владата во Италија воведе нови мерки за сузбивање на пандемиjaта од кopoна виpycoт во целата земја за време на велигденските празници.

Новиот кapaнтини започна во саботата, додека во Италија расте бројот на новозapaзени и покрај спроведувањето на вakцинациjaта.

Илјадници службени лица од полицијата се распоредени ширум земјата за да осигураат дека новите рестриктивни мерки ќе бидат испочитувани од граѓаните.

Франција веќе влегува во третиот “локдаун” од почетокот на пандемијата. Ситуацијата во земјата воопшто не е под контрола, а болничките капацитети се речиси целосно исполнети. Полицискиот час ќе трае од 19:00 до 6:00 часот секој ден.

Поголеми рестриктивни мерки се воведени и во Белгија и останатите европски држави.