За да ви остане засекогаш во вашата архива, симнете го историскиот натпревар помеѓу Германија и Македонија.
Кликни ТУКА за да симнеш.
За да ви остане засекогаш во вашата архива, симнете го историскиот натпревар помеѓу Германија и Македонија.
Кликни ТУКА за да симнеш.
При обработени 92,95% од гласовите ова е ситуацијата со освоени гладсови во Бугарија по оджаните парламентарни избори.
Во водство со 26,02 % е партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, партијата „Има таков народ“ е втора со 17,90 проценти од гласовите, трета е БСП за Бугарија со 14,99% од гласовите. Потоа следуваат „Демократска Бугарија“ со 9,69% од гласовите.
ВМРО на Красимир Каракачанов се уште го нема поминато цензусот од 4% за влез во Собранието. Неговата партија засега има освоено 3,65% од гласовите.
Ако сега се одржат предвремени парламентарни избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го покажува теренската анкета чиј нарачател е ВМРО-ДПМНЕ, а која е спроведена во периодот од 17 до 30 март на 1.009 испитаници.
Анкетата покажала дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 15 отсто. По неа следи СДСМ со рејтинг од 10,9 отсто. Изненадувачки е рејтингот на Алијанса за Албанците на Зијадин Села која првпат е пред партијата на Али Ахмети. Алијанса има рејтинг од 5,3 отсто, Левица ѝ дише во врат со 5,2 отсто, а исто толку 5,2 отсто има и ДУИ на Али Ахмети.
Од анкетираните за неопределени се изјасниле 17,5 отсто, а одбиваат да гласаат 13,8 отсто. Дури 13,2 отсто не би гласале во никој случај.
Извор: “Курир”
Во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 174,Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе ,Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија –по 1.
Регистрирани се 1.091 оздравени пациенти од:
Скопје – 429, Охрид – 107, Прилеп -74, Велес -42, Куманово 40, Штип и Струга – по 37, Битола – 36, Кавадарци – 34, Гостивар – 29, Гевгелија -26 , Крива Паланка -24, Тетово -23, Струмица – 17 , Неготино – 13, Кочани и Делчево – по 12, Берово, Пробиштип и Богданци – по 11 ,Валандаво – 10, Радовиш – 8, Дебар и Крушево – по 7, Кичево – 6, Свети Николе и Демир Капија – по 5, Ресен – 4, Виница, Кратово и Пехчево – по 3, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и Македонска Каменица 1.
Пријавени се вкупно 37 починати лица: 9 од Скопје ( 74г , 81г , 47г , 60г ,69г , 76г , 79г , 77г , 61г , ) , 6 од Прилеп ( 42г, 58г, 72г, 74г, 75г и 56г) , по 3 од Тетово ( 65 г, 59 г и 57 г,) и Гевгелија (73 г, 65 г, и 56 г) , – по 2 од Куманово (90г и 67г) , Кавадарци (85г и 57г) , Струмица (73г и 62г) и Виница (79г и 62г) и – по 1 починат од Битола (59г) , Охрид (82г) , Кичево (37г) , Неготино (64 г) ,Свети Николе (79г),Крива Паланка (73 г) и Дебар ( 43г). 36 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.
Направени се 1.431 тестови преку: ИЈЗ-183, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-186, Авицена-0, Биотек-275, Систина-330, лабораторија Лаор-0, Синлаб – 0, Ремедика-0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 346.
Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.
Во Прилеп во моментов активни се 1099 случаи.
Град Скопје денеска почнува со уривање на галијата кај хотелот „Холидеј ин“.
Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“ со асистенција на полицијата.
Шилегов уште кон крајот на јуни најави дека е раскинат договорот со сопственикот на бродот бидејќи не платил кирија за 4 месеци.
Со тоа се прекршени одредбите од договорот и може да се отстрани без Градот да биде тужен и да плаќа пенали.
Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.
Македонските тутунопроизводителите повторно извисени. Пролонгираниот рок за откуп на вишокот тутун од ланската реколта кој заврши на 31-ви март, не им ги реши целосно проблемите. Според нивните проценки, и покрај бројните ветувања, во тутунските амбари, останати се уште најмалку 700 тони тутун, но стравуваат дека тие количини се и поголеми – објави “AЛФА ТВ”.
„Заврши една тешка и понижувачка реколта за тутунарите, со просечна цена од 159 денари според ИСАП-ситемот, но на терен останаа количини околу 500 до 700 тони, но не е проблем, тие количини да достигнат до еден милион килограми….Тој тутун, точно е, ќе остане за наредна реколта, меѓутоа ќе изгуби на квалитет. Но, што е, тоа е, каква ни е државата и такви ни се условите оваа година за проценката и продажбата на тутунот“, – вели Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.
Исправени пред предизвикот за новата сеидбена реколта, а која веќе е во ек и соочени со беспарицата, тие денеска испратија, којзнае кое по ред, ново писмено барање до премиерот за итна исплата на средствата од петтиот пакет ковид- мерки, во вкупна вредност од пет милиони евра.
„Тука го потсетивме премиерот дека ни ветуваше просечна откупна цена од 180 до 185 денари. Ако се знае податокот дека просечната откупна цена достигна 159 денари, бараме таа разлика од 26 денари да ни се исплати линеарно на секој тутунопроизводител. Исто тука, му напоменавме и за петтиот ковид-пакет, во кој ние како тутунари бевме внесени во тој пакет, меѓутоа до ден – денс нема изгласано одлука во Собранието. Апелираме што побрзо да се донесе таа одлука и тие средства, какви-такви, колкави и да се, да се распределат веднаш до тутунарите“, – објаснува Мирчески.
Инаку, годинашаната реколта ќе тежи 21 милиони килограми, или 2 милиони килограми помалку од лани. Следственона ова, тутунарите велат дека престојната реколта ќе била многу потешка и попонижувачка, бидејќи ќе морале да бараат алтернативни култури за да можат да преживеат, оти во спротивно,ќе станеле социјални случаи.
Каролина Дурло за “AЛФА ТВ”
Владата денеска преку прес-конференција одлучи да воведе нови мерки во пресрет на затоплувањето како и големите верски празници.
Официјално денеска е донесена одлука за забрана за движење на сите граѓани од 20 часот па се до 05 часот наутро.
Мерката ќе започне утре и ќе трае до 20 април.
Следната мерка е затворање на кафетериите, кафеаните и угостителските објекти од 7 април до 20 април.
Целосна забрана за работење на фитнес клубовите, обложувалниците, како и забрана за одржување на конференции и обуки.
Милениците ќе може да се изнесат во траење од еден час.
Останува и забраната за групирање на повеќе од четири луѓе.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за еден денар од полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 67,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 69,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 44,50 ден/лит.
На 02/03/04.04.2021 на подрачјето на СВР Битола биле извршени зacилени контpoлни активнocти на патниот cooбpaќај.
Притоа, биле откриени и caнкциониpaни 218 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 26 возачи кои не поседувале возачка дозвола, четири возила со истечена регистрација, 14 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, седум кои не користеле сигурносен појас, седум кои извршиле неправилно престигнување, а шест возачи управувале возило под дејство на алкoxoл и тие биле отстранети од cooбpaќaj.
За сите пpeкршоци биле издадени соодветни налози – информираат од МВР.
Курир дознава дека од утре ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки во Македонија поради сериозната состојба со коронавирусот.
Неофицијално, според информациите на Курир, до Владата е предложено зголемување на полицискиот час. Наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.
Следна мерка која неофицијално ќе стапи на сила од утре е затворањето на угостителските објекти на две недели.
Владата свика итна седница на која ќе се разгледуваат предлозите на Главниот координативен штаб за управување со кризи.
Во текот на денот се очекува прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.