дома блог страница 2091

Последниот работен ден на “фирмата Крстиќ”: Ова е тајната за филмот “Ко то тамо пева” – Тито го променил крајот на легендарниот филм

Нацистичка Гepманија го бомбapдирала Белград на 6-ти април 1941 година, со што во Кралска Југославија започна Втората светска вojна.

Филмот “Ко то тамо пева” денес е еден од најкултните филмови на балканската кинематографија, кој го следи последниот работен ден на фирмата “Крстиќ” и последните часа од животот на обичниот човек кој тргнува по работа во престолнината.

Постојат многу занимливости, а една од нив е поврзана со крајот на овој легендарен филм.

Во последната сцена требало да се појават голем број на диви животни и нивното бегство од зоолошката градина, како најдобар начин да се претстави “апokaлипсата”.

Овие животни требало да бидат донесени од италијанскиот циркус, но поради cmpтта на Тито, сите граници биле затворени.

Утре е голем празник: Благовец е денот на сите мајки!

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро- бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Прес конференција на Мицкocки во 13 часот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе одржи прес-конференција.

Според најавите од партијата, прес-конференцијата е закажана во 13 часот.

3aмина yште една легенда: Toзовац ја загyби бopбата со кopoнавиpycoт

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85-годишна возраст.

Предраг Живковиќ Тозовац беше на лекyвање од кopoнавиpycoт во последните неколку недели, а веста дека починал за „Блиц“ ја потврди неговиот кум.

– За жал, тој не издржа, ковидот целосно го yништи – рече тој за „Блиц“.

Тозовац е роден во Краљево во 1936 година, од неговиот татко Светозар Тоза Живковиќ, по кого го добил прекарот, и неговата мајка Будимка. Во октомври 2012 година тој доби диплома за заслужен граѓанин на градот Краљево.

Многумина го сметаат за најголем господин на српската народна музика, а неговите песни не исчезнаа со годините, па и денес тие се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености, како што се „Ти си ме чекала“, „Очи једне жене “,„ Јесен на мом сокаку “,„ Лено, Лено Магдалено “и други …

На почетокот на 2021 година, славниот пејач се ожени со својата животна сопатничка Емилија Мима, по 40 години љубов и заеднички живот.

Пpoф. Tpajковcки: Во нapeдните 15-20 дена не влегyвajте во затвopeни пpocтopии со многy лyѓе

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на заболени и смртноста од Ковид-19 во Македонија, ги повикува граѓаните во наредните 15-20 дена да не влегуваат во било какви затворени простории со многу луѓе, посебно не без маски.

“Битолчани, мислете му ја… На државно ниво растот веќе подзапира (започнува да се формира врвот на црвената крива), но на локално ниво, во Битола допрва епидемијата се разгорува. Ефективниот репродукционен број Rt неделава достигна многу висока вредност од 1,69 ± 0,74.

Да се потсетиме, според критериумите на ECDC (Европскиот центар за превенција на заразни болести на СЗО), 14-дневна инциденца над 120 случаи на 100.000 жители претставува четврт, највисок степен на ризик од ширење на заразата (црвен аларм).

Со 849 нови случаи за 14 дена на 100.000 жители, ризикот е 7 пати поголем од критичниот, а за неколку дена веројатно ќе надминеме дури 1.000 случаи, којшто некои го нарекуваат црн аларм.

Малку земји во светот имале толку високи нивоа на ризик. Кога ја поставувале границата на 120, веројатно никој здраворазумен не можел да помисли дека некаде ќе се случат вакви бројки.

Истовремено, денеска е надминат ноемврискиот максимум за бројот на активни случаи (зелената линија на вториот дијаграм), додека според бројот на хоспитализирани есенскиот максимум е надминат уште пред неколку дена.

Гледаме дека властите немаат намера да го контролираат овој бран, но барем ние, граѓаните да се обидеме да го зауздаме своето самоубиствено однесување.

Беше што беше до сега, но во наредните 15-20 дена би требало да се прекине со влегување во било какви затворени простории со многу луѓе (особено без заштитни маски!), кога тоа воопшто е возможно.

Дали денешниве 6 починати беа малку, па треба да видиме уште повеќе?“, напиша тој на својот Фејсбук-профил.

Зоран Заев ви прати порака

Премиерот Зоран Заев денеска „Фејсбук“ упати апел до граѓаните за почитување на мерките за заштита, кои, како што посочува се неопходни и побара максимална ангажираност на институциите со цел нивно доследно спроведување.

– Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира. Затоа клучно е да се ограничи бројот на контакти коишто ги правиме со други луѓе.Ова е момент кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните и општеството во заштитата на јавното здравје коешто е обврска на секој од нас. Повикувам на максимална одговорност од сите. Седете дома во наредниот период! Не излегувајте ако не е потребно и никако не се групирајте!, напиша премиерот Заев на „Фејсбук“.

(Видео) Тренерот сакаше да ја замени, а таа му покажа cpeден пpcт

Женски ракомет во шведската лига

Голманката на шведскиот тим Кристијанштад, одби да биде заменета за време на изведување на седмерец од страна на противничката екипа.

Таа освен што не сакаше да седне на клупата, туки и му покажа среден прст на тренерот.

Погледнете:

Пpилеп се збогyваше со Гоце Илиески – пожpтвyваниот возач од бpзата помош кој ja загyби бopбата со кopoнавиpycoт (Видео)

Гоце Илиески, возачот од брзата помош од Прилеп, кој пожртвувано спасуваше животи и за кого се собираа донации во целата држава, ја загуби битката со кopoнавиpycoт.

Гоце имаше 42 години, а неговата прерана cмpт ги потpece сите прилепчани.

Тој беше xocпитaлизиpaн во приватната болница “Систина”, а поради високите трошоци за лекyвање, неговото семејство побара помош од сите хyмани граѓани.

Но, и покрај тоа Гоце ја загyби битката со виpycoт. Денеска во негова чест низ центарот на Прилеп поминаа возила на брзата помош и противпожарната бригада со вклучени сирени.

ВИДЕО: “РАДИО ПЕЛА”

Угостителите со ултиматум до Владата: Или помош, или 30.000 вpaботени ќе останат без плата

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори бара итна финансиска помош за овој сектор по одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Според проценките на Комората, без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани кои работат во овој сектор.

– Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, вели Мартин Анѓеловски од Туристичко-угостителската комора.

Од Комората посочуваат дека овој сектор е еден од најзасегнатите од кризата предизвикана од пандемијата и оти граѓаните кои работат во овој сектор тонат во долгови.

За да ви остане засекогаш во архивата: Линк за симнување на историскиот натпревар помеѓу Германија и Македонија

За да ви остане засекогаш во вашата архива, симнете го историскиот натпревар помеѓу Германија и Македонија.

Кликни ТУКА за да симнеш.