дома блог страница 2090

Taжна слика од вештачкото езеро кај Прилеп: Дpвокpaдците yдpиja и по бopoвата шyма (Фото галерија)

Се yништyва боровата шyма околу прилепското вештачко езеро

Најголемото богатство на Прилеп – боровата шума околу вештачкото езеро, секојдневно се уништува и сече.

За ова сведочат граѓани на социјалните мрежи, кои бараат надлежните да поводат сметка за зачувување на шумата и сузбивање на дрвокрадците.

Дрвокрадците веќе со години ја пустошат дабовата и букова шума во пределот на планината Бабуна, а сега полека ги снемува и боровите дрва кои ги саделе младите во минатото.

Овој проблем никако да престане, иако актуелните локални власти ветуваа возобновување на излетничкото место околу езерото и започнаа со изградба на патеки и осветлување.

Џабе ќе бидат потрошени илјадници евра за оваа намена, ако и понатаму се дозволува вакво пустошење на зеленилото.

ФОТО/ Петкоски Љупчо

Попладнево понeceте чадop: Се очекyвaaт нови вpнежи од дожд и cнег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег.

Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места.

Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени.

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

Денecка е Благовец: Бакнете ги и пpeгpнете ги мajките – ова се сите обичаи поврзани со пpaзникот

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро- бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Taжна cлика од Kpивогаштани: Дypи се возите со xeликоптepи лyѓе немaaт пapи за да си купат основни работи (Фото)

Жално кога цело лето, цела една фамилија станувала во 3 часот после полноќ за да се набере ова жолто злато за на крај да заврши на депонија и никој да не се запраша како таа фамилија ќе ја преживее оваа година, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кривогаштани.

-Дури се возите со хеликоптерите луѓе немаат пари за да си купат основни работи за да го преживеат денот. Срамота за една Држава е оваа глетка… Ќе ве стигне казната од народот многу порано отколку што мислите, пишуваат од Општинскиот комитет на Фејсбук.

Beлигден може да се падне на 35 paзлични датyми, а еве зошто секогаш е во недела и зошто на полноќ

Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Што значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Најконкретно со Велигден, празниците се поврзани 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Духовден (Педесетница). А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн.

Велигден е првиот празник на христијаните. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века.

Христијаните на Исток, во Азија го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха.

Христијаните, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.

Зошто во недела?

Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. На првиот вселенски собор, во 325 година, била донесена одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сончев знак – пролетна рамноденица; месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамноденица; спореден празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа.

Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден на почетокот од денот недела.

Христијаните на Исток, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш штом влегува во недела. Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час.

Зошто на полноќ, а не преку ден?

Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Евангелијата ја премолчиле оваа точност.

За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: “Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.” Настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ.

Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскреснал. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата.

Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот.

Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос Воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе!

Teкстилците на принуден одмор

Над 6.000 текстилни работници во земјава од вчера се на колективен одмор, бидејќи компаниите каде работат не можат да функционираат без субвенции од државата.

Тие го чекаат петтиот антикризен пакет кој е блокиран во Собранието.

„Работниците се пуштени на одмор, користат две недели од годишниот одмор за 2021 година“, вели претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров.

Поради карантините во повеќе европски држави, посебно Германија, во моментов конфекциите кај нас немаат нарачки за облека.

Извор: “Експрес.мк”

Македонија секој ден изyмиpa: Hoви 45 жpтви oд кopoнавиpycoт

Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 562, Битола – 97, Куманово – 83, Велес -51, Струмица – 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 751 оздравени пациенти од:

Скопје – 213, Охрид – 82, Прилеп -57, Тетово – 40, Велес – 38, Битола – 36, Куманово – 33, Кавадарци – 31, Струмица – 27, Гостивар -23 , Кочани -22, Штип и Неготино – по 20, Гевгелија – 14 , Дебер и Демир Капија – по 12, Радовиш – 11, Свети Николе и Виница – по 8 ,Кичево, Берово и Пробиштип – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Крива Паланка – 4, Македонски Брод – 2, Крушево, Богданци, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 45 починати лица: 20 од Скопје (89г , 85г , 84г , 83г ,81г ,81г, 77г , 76г , 76г , 76г ,73,71г, 69г, 68г 67г, 66г,62г,61г, 59г, 32г ), 4 од Битола ( 81г, 62г, 61г, 60г ), по 2 од Велес ( 69 г и 56 г ), Гостивар ( 77 г, и 63 г) , Охрид (84 г и 70г), Струмица (73г и 67г) , Кочани (86г и 74г) и Гевгелија (74г и 64г) , по 1 починат од Куманово (78г) , Кавадарци ( 61г), Штип (61г) ,Кичево (73 г) ,Свети Николе (71г), Ресен (77г), Дебар (75г) ,Пробиштип ( 74г ), и Виница (69г ). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 4.555 тестови преку: ИЈЗ-575, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-109, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-6, Судска медицина-22, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-141, Жан Митрев (Филип Втори)-225, Авицена-288, Биотек-431, Систина-318, лабораторија Лаор-347, Синлаб – 98, Ремедика-60, Плодност – 64, Генеа – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.761.

Досега во земјата се направени вкупно 647.559 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 61033, активни 10647; Прилеп 7344, активни 1082; Куманово 7264, активни 1096; Тетово 6520, активни 649; Битола 4911, активни 1053; Велес 4779, активни 799; Гостивар 4714, активни 514; Кавадарци 4665, активни 724; Штип 4424, активни 465; Охрид 4330, активни 752; Струмица 3441, активни 432; Струга 2741, активни 250; Кочани 2353, активни 262; Кичево 2123, активни 241; Неготино 1997, активни 356; Гевгелија 1943, активни 393; Свети Николе 1323, активни 125; Крива Паланка 1112, активни 109;Ресен 1079, активни 205; Радовиш 960, активни 140;Берово 895, активни 124;Дебар 869, активни 44; Делчево 872, активни 102;Пробиштип 717, активни 80;Виница 655, активни 94; Валандово 559, активни 96; Крушево 443, активни 123; Богданци 429, активни 72;Демир Капија 373, активни 63; Кратово 338, активни 26; Демир Хисар 333, активни 43; Македонски Брод 318, активни 45; Пехчево 239, активни 28; Македонска Каменица 212, активни 16; Дојран 118, активни 15.

Фудбалот некогаш и денеска: Две фотографии кои фановите на Реал Мадрид најдобро ќе ги разберат

Дел од составот на Реал Мадрид некогаш и сега…

На горната фотографија легендите: Зинедин Зидан, Луис Фиго, РОНАЛДО и Роберто Карлос. Сите заедно Реал го чинеле 188 милиони евра.

Овие вториве се целосно непознати за просечен познавач на фудбалот, но ги чинеа “кралевите” дури 206 милиони евра.

Епа направете разлика…

BMPO-ДПMHE: За ќефот на 3aeв имаше xeликоптep, за овчapoт кој почина не! Toa е животот во Maкедониja!

За ќефот на Заев имаше хеликоптер, за овчарот кој почина не! Тоа е животот во Македонија! По една седмица во кома, денеска почина 63 годишниот овчар, кој откако преживеал мозочен удар наместо да добие адекватна лекарска помош, тој бил носен со часови од лекарот на итна помош низ планински терен, затоа што немало возило кое ќе го превезе, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Животот на овчарот од Кратово можеби ќе беше спасен доколку навреме беше транспортиран во болница. Хеликоптерот со кој леташе Заев можеше да се употреби и за спас на овој човечки живот, но наместо за спас на човечки животи хеликоптерите на државата се користат за ќефот на Заев и врвот на власта, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека и овој како илјадници животи кои се загубија во оваа пандемија, е загубен пред се заради лошата организираност на власта и нивната неспособност.

Cпacoвcки: Co закон ќе забpaниме полицajците да членyвaaт во пapтии

Ветингот е целосно спроведен во Агенцијата за национална безбедност, а процесот продолжува во Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју во емисијата „Стадион“ на радио „Канал 77“.

Спасовски, истовремено, најави и дека припадниците на МВР наскоро нема да можат да членуваат во партии.

– Имаме направено низа на законски измени кои ќе бидат во владина и собраниска процедура, пред сѐ деполитизација на полицијата; припадниците нема да можат да членуваат во партии и нема да бидат во раководните тела на партиите, рече Спасовски.