Еве што според народните веpyвања треба да правите денеска на Светол понеделник, за да ви биде успешна целата година

Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.

Со оглед на тоа дека велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови.

Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба.

Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.