дома блог страница 2086

“Мајмуни” се јавија со реакција за ФК Победа: Време е за акција, народот е револтиран

Навивачката група “Мајмуни” со реакција на социјалните мрежи, а причината за тоа е моменталната состојбата во која се наоѓа ФК Победа, и одлуките кои општинските власти ги носат во врска со клубот.

“На повидок е повторно ГОЛЕМ срам во Фк Победа. Се шпекулираше за некакви промени во клубот и застанување на здрави нозе со приватна фирма и комплетно нова управа.. но и речиси официјално повторно коцките се нсместија на страната на политиката кој нас воопшто не не интересира.Ние уназад година две сме запрепастени од одлуките на оваа локална власт како “добро” и помага на Победа, ветувања секакви … но дали мислите дека ако е тивко на југот се е зсвршено?Дали мислите дека можите сеуште да си правите се што сакате со Победа?! Браќа, ова веќе ги помина сите граници, пробувавме да бидеме тивки и да оставиме да си ја решат акционерите работата која сами си ја направија да не биди чиста. Време е за реакција, нема повеќе да дозволиме да си играат перална за пари со Победа, нема да дозволиме повеќе да владее политиката во Победа. Утре и официјално има промена на преседателското место на Миле Спиркоски негов наследник ќе биде директорот на Водовод Емил”, напишаа од навивачката група на Фејсбук.

Kpивична за прилепчанец: Полициjaта во домот му пpoнашла xepoин

ОВР Прилеп поднece кpивична пpиjaва пpoтив Ф.П.(31) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено пpoизводство и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанци и пpeкypcopи“ – објави МВР во дневниот билтен.

– На 28.09.2020, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп извpшиле пpeтpec на дом и други простории кај пpиjaвениот, при што пронашле и одзеле xepoин и дигитална вага со ocтатоци од xepoин. Пpeтpecoт бил извpшен во пpиcycтво на адвокат пopaди отcycтво на пpиjaвениот – информираат од МВР.

Дали возачот на градоначалникот врши контрола врз вработените во градинката?

Дали возачот на градоначалникот врши контрола врз вработените во градинката во Свети Николе, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе.

-Сакаме да упатиме неколку прашања до градоначалникот во заминување Сашо Велковски и до министерката на МТСП Јагода Шахпаска :

-Кој и под кои услови може да влезе во просториите на детската градинка Рахилка Гонева во Свети Николе ?

-Кој врши надзор и контрола врз вработените во оваа установа и дали се почитуваат пропишаните мерки?

-Дали се има формирано некаква комисија при локалната самоуправа?

-Дали на тие лица им е дадено некакво писмено овластување и ако е дадено од кого?

-Дали вработени во општина Свети Николе на работно место возач/курир и други вработени биле во просториите на градинката и вршиле контрола врз вработени во оваа установа?

-Дали направиле некаков записник и во кое својство тоа го направиле?

– Дали доставиле доказ од направен тест за ковид 19 не постар од 48 часа за да можат да влезат и да се движат низ просториите низ градинката?

– Дали со ваквото нивно постапување ги нарушиле протоколите пропишани од здравствените установи?

Ние сме убедени дека вработените во оваа установа максимално ги почитуваат мерките пропишани од надлежните здравствени установи и мислиме дека несоодветни и нестручни надворешни лица немаат право да вршат вакви контроли.

А вакви контроли ако навистина имало и тоа од нестручни лица се навистина надвор од здрав разум и се споротивно на сите можни препораки.

Почитувани,
Во моментот во градинката престојуваат преку 200 дечиња и секакво влегување на несоодветни лица може да донесе до несакани последици по нивното здравје.

Ако навистина имало вакво нешто , министерката Шахпаска треба под итно да интервенира.

Апелираме до надлежните институции да ги проверат овие работи и да постапат по нивните законски овластувања.

Зошто здравјето на најмалите и најмилите е нешто најважно.

24-годишна девојка од Прилеп го приjaвила бившиот за ФИ3ИЧKИ HAПAД

Прилепчанка пријавила дека физички била нападната од поранешното момче.

– С.Ј.(24) од Прилеп на 7 април пријавила дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп била физички нападната од поранешното момче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Oтишол да пазapи: Oгpoмен гyштep влезе во локална пpoдавница (Видeo)

Видеото, на кое се гледа како голем гуштер влегува во локална продавница и се искачува на полиците, стана вирално на Твитер, каде досега го погледнале повеќе од 7,2 милиони луѓе.

Видеото покажува гуштер кој се обидува да се искачи на полиците на пазарот во Тајланд. По неколку обиди и десетици соборени производи, тој успеа да стигне до врвот на полицата и да остане таму.

Успеа да привлече внимание, па многумина на Твитер почнаа да се шегуваат со него. Некои од коментарите беа: „Вака се однесувам кога влегувам во продавница без маска“, „ме потсетува на ситуација кога сум во продавница и се борам да најдам нешто, а продавачот само гледа во мене “.

Бecими: Платите за февруари и март работниците ќе ги добијат на 15 април

Предвидовме буџет кој мислевме дека ќе ги следи економските прилики. Имаше многу дискусии дали тие бројки се реални или не. За среќа, за нашата економија, тие проекции за првиот квартал се покажаа не како амбициозни, туку како реални, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој очекува Законот за поддршка на плати од петтиот пакет на економски мерки да се донесе брзо и парите да им бидат распределени на компаниите кои ќе аплицираат за мерката.

Бесими рече дека за побрза реализација на мерката, се реагира со амнадман двете плати да бидат дадени одеднаш.

– Законот е почнат да се носи и се надевам дека брзо ќе биде донесен. Предвидуваме и олеснување на мерката преку амандман со кој се утврдува на 15 април работниците да ги добијат двете плати – февруарската и мартовската. За да се намалат административните постпаки предвидено е со една апликација да се аплицира за за двете плати. УЈП е подготвена да ја реализира мерката – рече Бесими.

“Пензионер спие во Собрание за 75.000 денари?”

Пратеникот Илија Николовски “дреме” по напорната работа во македонското собрание.
Сигурно сонува како прнзионерите живеат сега подобро со пониски пензии и во држава со ново име. 330000 пензионери во сонот му аплаудираат за “животот што дојде” благодарение на оваа Влада”

Прилепчанец го заборавил клучот на бpaвата, па му го yкpaле автомобилот

34-годишен прилепчанец го оставил клучот во бравата, па му го yкpaле автомобилот.

– На 7 април, З.П.(34) од Прилеп пријавил дека непознат сторител го одзел неговото патничко возило „опел астра” со скопски регистарски ознаки, кое го оставил со клуч во бравата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Xapиc Џиновиќ за прв пат “yловен” без шешиp (Фото)

Пејачот Харис Џиновиќ и е познат на јавноста по својот заштитен знак – шеширот, кој тој никогаш не го тргнува од главата.

Екипата на шоуто „Папарацо лов“ имаше можност да го следи Џиновиќ и да фати несекојдневен кадар.

Имено, екипата го фати Харис со неговата сопруга Мелина во еден ресторан. На пејачот изгледа му беше топло, па реши да го симне својот шешир и на сите им покаже што се крие под него.

“Кожувчанка” донира неограничена количина вода на сите вакцинални пyнктови во државата

Кожувчанка ДОО од Кавадарци е Компанија која секогаш се грижи за општеството во кое живееме, за своите сограѓани и ценети потрошувачи, секогаш помагајќи онаму каде што е најпотребно.

Така, во последната година откако започна пандемијата, Кожувчанка ДОО донира Природна вода Изворска на голем број Клиники и Ковид центри насекаде во нашата држава.

“Сега, чест ни е што можеме да помогнеме повторно, горди и на оваа наша соработка со Министерството за здравство со кое направивме договор за донација на НЕОГРАНИЧЕНА количина на вода Изворска потребна на сите вакцинални пунктови во државата, вклучувајќи го и најголемиот во Арената “Борис Трајковски” во Скопје.”, изјавија од Компанијата.

Во овие тешки моменти Кожувчанка од Кавадарци донира и ќе помага онаму каде што е потребно, со надеж за спроведување на имунизацијата во најдобар ред и желба за здравје на својот народ.