дома блог страница 2087

Бојко Борисов се откажа од пратеничкиот мандат

Бугарскиот премиер во заминување Бојко Борисов преку видео-стрим на својот Фејсбук профил објави дека поднел изјава до Централната изборна комисија, со која се изнаснува дека одбива да биде пратеник во новиот состав на бугарскиот Парламент во Софија.

Оваа изјава стана вирална по посетата на Борисов на манастирот Рила, каде разговараше со неговиот игумен Евлогиј и изврши инспекција на градежните поправки на патот кон Рилскиот манастир, што беше затворен поради лизгање на земјиштето.

Според Борисов, иако тој ги добил лидерските битки во двата повемандатни региони во кои е избран (Софија и Пловдив), тој нема потреба да ужива пратенички имунитет.

-ГЕРБ победи на изборите во 24 од 31 региона, а моите политички противници во 3, 2 и 1. Изборите се одржуваат со цел да се формира влада и да се има стабилна влада, за да може да се спроведе тоа што го велат политичарите. Ајде почитувајте се едни со други – зад секој политичар стојат гласовите на многу луѓе, повика Борисов.

Во утринскиот блок на БНТ, познат пратеник од ГЕРБ, Тома Биков, соопшти дека нивната партија е подготвена да предложи пет кандидати за премиерското место. Според Биков, ГЕРБ сега почнува да го одредува составот на својот преговарачки тим за консултации во новоизбраниот бугарски Парламент.

“Тасевски”: Еј на ваков ckaндал, само едно прашање од новинарите, наместо да спијат пред врата кај Заев!

Како може никој ништо да не прашува кога пред нив стои ваков ckaндал, вели Сашо Тасевски по вчерашната прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДППМНЕ Александар Николоски.

Во продолжение можете да го прочитате статусот на актерот Тасевски:

Вечниот Кирил Лазаров: После ова вечерва тешко дека некој ќе го стигне

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров влезе во историјата на Лигата на шампионите како рекордер со 250 настапи, откако заигра за Нант и во вечерашниот реванш од осминафиналето со Кјељце.

На тој начин селекторот и репрезентативец на Македонија му побегна на Арпад Штербик за еден натпревар, а трет е Тиери Омејер со 240. Следуваат Никола Карабатиќ со 237, Јонас Калман со 225, Тимур Дибиров со 217, Виран Морос со 215, Виктор Томас со 214 итн.

Лазаров придонесе со 4 гола за триумфот на Нант од 34:31 во Полска, со кој Французите се пласираа во четвртфиналето, овозможувајќи му на 40-годишниот леворак бомбардер уште најмалку два настапа во ЛШ, речиси сигурно против Веспрем.

На вонсериските постигнувања на македонскиот десен бек ЕХФ му посвети твит со пригодно видео:

Претседател на ФК Победа ќе биде директор на јавно прилепско претпријатие?

Подолг период не престанува агонијата на поранешниот македонски фудбалски гигант ФК “Победа”. Од најавите дека ќе биде европски клуб, прилепчани стасаа да се радуваат на опстанок во Втората лига, и секој викенд да се молат ФК “Росоман” да не случајно победи…

Екипите од Пехчево, Кочани веќе се величини за најфудбалскиот град во Македонија. Многу трибини, многу слики со пратеници, министри и Градоначалникот како играат “шева”, не беа доволни да се израдуваме на некој успех.

Капак на сето ова, по се изгледа ќе биде новото политичко раководство, кое за Претседател токми еден актуелен директор на јавно претпријатие.

“Мајмуни” се најдобра навивачка група во Македонија, но не треба сите да не прават “мајмуни”, прилепски кажано, со нивните политикантства…

Прилеп се сеќава на ѕвездените моменти: На денешен ден пред 19 години РК Тут-Ком Бренд ја освои единствената титула (Фото)

На денешен ден пред точно 19 години, тогашната ракометна екипа на Тутунски Комбинат – Бренд, ја освои првата и единствена титула во Купот на Македонија.

На патот до оваа титула тогашниот ракометен гигант, кој располагаше со огромен играчки квалитет, го совлада Вардар во полуфиналето и Пелистер во финалето.

Тутунски Комбинат – Бренд во своите редови ги имаше Боро Шокоски, Кристијан и Орде Илиоски, екс селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац, Горан Кузманоски – Таста (сегашен тренер на РК Прилеп), Марјан Колев, Славиша Стојковиќ, Страшо Илиески, Менде Петкоски…

ФОТО/Oldprilep.com

На Светскиот ден на здравјето, кopoната зеде 51 жpтва во Македонија: Во Прилеп починaa уште 5 лица

Во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 523, Битола – 119, Куманово – 87, Прилеп – 55, Охрид – 54, Тетово – 51, Велес – 47, Гостивар – 38, Штип- 34, Кочани – 31, Кавадарци – 30, Берово – 27, Струмица и Кичево по – 25, Гевгелија – 24, Струга – 22, Неготино – 17, Ресен -14, Дебар – 11, Свети Николе и Радовиш по -10, Пробиштип – 8, Крива Паланка и Валандово по – 7, Делчево и Виница по – 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Крушево, Богданци, Демир Капија и Дојран по – 2, Кратово – 1, информираат од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се 626 оздравени пациенти од: Скопје – 312, Прилеп – 77, Велес – 33, Куманово – 31, Гостивар – 26, Битола – 22, Кавадарци – 19, Тетово – 18, Штип – 15, Неготино и Гевгелија по – 12, Кочани – 9, Струмиица – 7, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Демир Капија по – 4, Богданци – 3, Кичево, Свети Николе, Берово, Крушево и Демир Хисар по – 2, Делчево, Ресен, Виница и Кратово по – 1.

Пријавени се вкупно 51 починати лица: 20 од Скопје (87г , 81г , 80г , 80г , 79г ,79г, 76г , 73г , 71г , 69г, 68г, 68г, 62г, 62г 60г, 56г, 55г, 53г, 51г, 47г ), по 5 починати пациенти од Прилеп (84г, 82г, 77г, 72г, 72г) и Струмица (84г, 81г, 77г, 76г, 70), по 3 починати пациенти од Куманово (52г, 52г, 32г) и Кочани (63г, 61г, 46г), по 2 починати пациенти од Тетово (69г и 55г), Гостивар (83г, 57г), Кавадарци (77г и 74г) и Охрид (77г и 66г), и по 1 починат пациент од Битола (73г), Неготино (68г), Гевгелија (76г), Радовиш (77г), Делчево (79г), Виница (74г) и Валандово (58г). Пеесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат дома.

Направени се 4.438 тестови преку: ИЈЗ-714, ЦЈЗ Скопје-95, ЦЈЗ Битола-108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–13, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–75, МАНУ-175, Жан Митрев (Филип Втори)-174, Авицена-386, Биотек-340, Систина-312, лабораторија Лаор-402, Синлаб – 94, Ремедика-51, Плодност – 112, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.379.

Досега во земјата се направени вкупно 651.997 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 137.728, бројката на оздравени пациенти е 111.765, на починати е 4.072, а бројот на активни случаи изнесува 21.891.

Крило од фрижидер и двосед во македонска река: Европо чекај не’ ! (Фото галерија)

Прилепската Градска река е лика и прилика како не треба да изгледа едно речно корито, во град кој се стреми да има европски лик.

Тони пластични шишиња, најразличен отпад, па и двосед и крило од фрижидер… е сликата која денеска можеше да се забележи во речното корито.

Локалните власти никако да го решат овој проблем. Повеќе пати имаше ветување за покривање на коритото на Дабничка река, која е притока на Градска река, а кога стана очигледно дека тоа ветување нема да се реализира, граѓаните дадоа идеја на некои места да се постават мрежи.

Второ пocкапyвање во три дена: Од вечерва гopивата со нови цени

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Во исто време цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемува за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 опстанува непроменета.

Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.

Регулаторната комисија информира дека денешната промена на Одлуката од 5 април 2021 година за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, е донесена согласно измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието.

– Одлуката доаѓа откако Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на Одлуката со Законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото. Цените на нафтените деривати се прилагодени согласно новите износи на акцизите, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

“Блумберг”: Македонија ќе ја порази пандемиjaта за 10 години

Со досегашното темпо на имунизација, на Македонија ќе ѝ бидат потребни над 10 години за да го победи кopoнавиpycoт, е заклучокот од истражувањето на „Блумберг“, кое го пренесува српскиот весник „Курир“.

Проценката е направена врз основа на само 0,3 проценти вakцинирано население до 6 април, односно 14.000 аплицирани дози.

Србија е неприкосновен лидер по вakцинација за Koвид-19 во регионот, но и во самиот европски и светски врв, па за неа се проценува дека ќе ја победи болecта за пет месеци.

Словенија тоа ќе го стори за 10 месеци, Грција за 13, Романија и Црна Гора за 15, Хрватска за 16 итн.

Д-р Дејан Трајковски: “Откако yмpea толку многу луѓе, мepките ви се по свадба тапани”

Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски од Битола, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот, објави нова анализа на својот Фејсбук профил во која смета дека рестриктивните мерки се презадоцнети.

“Рестриктивните мерки, откако практично стигнавме на врвот на заразувањето и откако умреа толку многу луѓе, се типичен пример на презадоцнета, „по свадба тапани“ реакција. Всушност, со ова се признава крахот на здравствениот ковид-систем, односно неможноста за справување со сегашниот број на болни. Инаку, да имаа барем малку шанси да истуркаат уште малку понатаму, сигурно немаше да се одлучат на ваков чекор. Доволно е да се потсетиме на изјавата на ЖК дека затворање нема да има се до конечниот распад на здравствениот систем. Е па, еве го, дошол и тој час.

Додуша, врвот на активните случаи и на активно хоспитализираните се уште не е достигнат, но за 7-10 дена ќе го видиме и него, а што е најважно, пикот на бројот на активни случаи нема да биде многу повисок од сегашните вредности, поради заоблувањето на кривата коешто наскоро ќе го видиме. Но, очигледно дошол ножот до коска, па не може ни тој момент да се дочека.

Се покажува она што цело време го зборуваме, дека сметката на незнаењето и доцнењето мора да биде платена (кафеаните мораа да бидат затворени), но грешката во тајмингот има превисока цена во човечки животи. Доколку ги затвореа кафеаните пред 2 месеци, бројките немаше да искачат толку брзо и толку високо, а бројот на починати ќе беше далеку помал од сегашниот. Вака ем кафеаните се затворени, ем фајде веќе нема – луѓето умреа непотребно.

Тоа е данокот на незнаењето и непрофесионалноста. Уште еден доказ дека тоа што некој се нашол по некоја случајност на власт не значи и дека е најспособен или дека секогаш е во право. Но, во овој случај грешките се платени со 4.000 официјално и барем 4000 неофицијално починати, коишто ќе ги видиме во јулскиот извештај на ДЗС.

Паметните луѓе однапред пресметуваат и планираат, а оние другите отпосле се туфкаат и велат дека не знаеле што ќе биде.

„Ние сметаме дека нема потреба од понатамошни рестриктивни мерки, сегашните ќе дадат резултати. Располагаме со доволно болнички капацитети…“

Е па каде им се резултатите и капацитетите? Кој ќе одговара за оваа неодговорна авантура во која ги втурнаа граѓаните и од која многумина не извлекоа жива глава?

Новинарите би требало сериозно да проанализираат (од Антикорупциска комисија секако нема корист) дали луѓе од извршната власт (или нивните семејства) имаат кафеански или обложувачки бизниси, затоа што е очигледно дека ваквото упорно заштитување на тие погубни дејности ги надминува границите на обично помагање и се повеќе наликува на најсебично штитење на личните интереси.

Инаку ако утре, во среда, има помалку од 1.400 новодијагностицирани, тоа би било потврда дека врвот на заразувањето е веќе достигнат”.