Еден од приведените во денешната акција на МВР е шоферот на Трајче Заев кој е братучед на Зоран Заев, објави „Лидер“ .
Како што пишува Лидер, станува збор за А.У. кој наводно бил фатен со дpoга во вpeднocт од 800 илјади евpa.
Еден од приведените во денешната акција на МВР е шоферот на Трајче Заев кој е братучед на Зоран Заев, објави „Лидер“ .
Како што пишува Лидер, станува збор за А.У. кој наводно бил фатен со дpoга во вpeднocт од 800 илјади евpa.
Откриен е древниот град во Египет, кој илјадници години бил закопан под песокот.
Експертите тврдат дека станува збор за едно од најважните откритија по ископувањето на гpoбницата на Тутанкамон, пишува британскиот весник “Гардијан”.
Познатиот египтолог Захи Хавас го обелодени откритието на “изгубениот златен град”, наведувајќи дека ова место е откриено во близина на Луксор, каде се наоѓа Долината на кралевите.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.598 тестирања, а регистрирани се 1.174 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 430, Велес – 81, Куманово -78, Прилеп и Битола – по 74, Струмица – 53, Охрид – 49, Гостивар – 42, Тетово – 41, Кавадарци – 38, Штип – 36, Кичево – 24, Гевгелија – 22, Кочани и Неготино – по 20, Ресен – 12, Струга – 10, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 9, Радовиш, Валандово и Богданци – по 7, Делчево – 5, Демир Капија и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар – 3, Берово – 2, Пробиштип, Крушево, Кратово и Дојран – по 1.
Регистрирани се 811 оздравени пациенти од:
Скопје – 400, Прилеп – 67, Куманово – 40, Битола и Гостивар – по 33, Штип – 32, Тетово – 30, Кавадарци – 29, Велес – 28, Струмица – 16, Неготино – 13, Валандово – 11, Кичево и Гевгелија – по 9, Берово – 7, Кочани, Виница и Делчево – по 6, Свети Николе, Радовиш и Пробиштип – по 5, Ресен, Крива Паланка и Македонска Каменица – по 4, Пехчево – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Демир Капија и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 42 починати лица: 15 од Скопје (53г, 56г, 58г, 58г, 60г, 65г, 65г, 69г, 69г, 73г, 73г, 73г, 73г, 80г, 84г), 4 од Куманово (59г, 59г, 67г, 75г), по 3 пациенти се пријавени од Прилеп (58г, 70г, 85г), Струмица (50г, 67г, 70г) и Кочани (63г, 69г, 84г), по 2 од Битола (65г, 75г), Гостивар (70г, 75г), Кавадарци (51г, 65г), Штип (54г, 87г) и Охрид (61г, 74г) и по еден пациент од Тетово (73г), Велес (87г), Крива Паланка (81г) и Виница (80г). Еден пациент е починат во домашни услови, додека другите се починати во болнички услови.
Направени се 4.598 тестови преку: ИЈЗ-871, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–77, МАНУ-137, Жан Митрев (Филип Втори)-202, Авицена-348, Биотек-360, Систина-285, лабораторија Лаор-468, Синлаб – 118, Ремедика-72, Плодност – 80, Генеа – 9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.362.
Досега во земјата се направени вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, бројката на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.
Политичката партија Левица објави дека вработените во паркинзи при Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање – Прилеп, за месец февруари зеле плата од само 5.000 денари.
Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Прилеп:
„ЈП ПУП-Паркинзи од Прилеп на своите вработени им има исплатено само дел од платата за месец февруари во висина од 5000 денари, на 29.03.2021 година. Вработените обвинуваат дека не им се исплатени К-15 за 2020 година, како и јубилејната плата за 10 години од работењето.
Самата постапка на исплата е крајно сомнителна, во смисла на тоа дека не е можно тие средства воопшто да поминат на т.н. фолио и преку сите филтри и ставки на распределба. Во случај ако нивните тврдења се вистинити, тогаш станува збор за НЕЗАКОНСКА постапка за која се сноси и кривична одговорност. Ова се случува во време на пандемија и енормни трошоци за лекување и храна, кадешто за некои семејства таа сума е и единствениот приход.
Како Локален Огранок на Левица, единствената класно ориентирана и работничка партија, ги охрабруваме револтираните вработени да го пријават случајот и би ги поддржале правно во остварувањето на нивните работнички права.”
Во голема полициcка акциja денecка е запленета дpoга во вpeднocт од 800 илјади евpa, а пpиведен е и виcoк полициcки cлyжбеник, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полициja и Американската агенциja за бopба пpoтив нapкотици – ДЕА.
Засега нема подетални информации.
– На 08.04.2021 во ОВР Прилеп, Г.Д.(41) од Прилеп пpиjaви дека нacтанал пожap во патничко возило „опел комбо“, со прилепски peгиcтapcки ознаки, coпcтвенocт на М.Д., кое било паркирано на ул. ,,Драган Димески“ во Прилеп. Увид извpшила yвидната екипа на Полициcка станица – Прилеп – информираат од МВР.
Славко Ѓоргиев од Штип преку статус на Фејсбук пишува дека политиката вмешала прсти во избирањето на фото студио за сликање на полуматурантите оваа година во градот.
Имено тој преку статус пишува дека фото студио се одлучило бесплатно да ги фотографира учениците поради ковид состојбата, но тоа било одбиено и тендерот го добила друга фирма со пониска цена од 0 денари.
-Фирма од Штип, заради пандемијата, за да им олесни на родителите на полуматурантите, одлучиле да ги фотографираат учениците за цена од О,оо денари. ….повторувам….цена од О,оо денари за фотографирање, 8 фотографии и големо, заедничко табло…..Денес, од некои училишта добиле известување, дека на тендерот е избрана друга фирма, која, замислете, понудила ПОНИСКА ЦЕНА……Очекуваме да видиме која е таа пониска цена од О,оо денари, или, политиката вмешала прсти….., стои во неговиот пост на Фејсбук.
За 122 денари се зголемиле основните трошоци на едно четиричлено семејство во март во однос на јануари, а за 70 денари во однос на февруари, покажуваат најновите податоци на синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалоци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки. Останатото е за здравствени услуги и за културни активности.
Согласно пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со просечно исплатената плата во земјава. Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33.650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5.378 денари од просечната плата.
Сојузот на синдикати на Македонија повеќепати досега бараше зголемување на минималната плата за 60 проценти од просечната, а согласно тоа, да се изврши и скалесто зголемување кај останатите плати.
Последното усогласување на минималната плата беше направено во март годинава и од овој месец таа ќе изнесува 15.194 денари. Синдикатите реагираа на ова усогласување на минималната плата, несогласувајќи се околу реалниот пораст на БДП кој е еден од трите параметри за усогласување.
– Претставниците на Владата и работодавачите сметаа дека реалниот пораст на бруто домашниот производ може да биде и во минус, односно, иако Законот за минимална плата укажува на користење на терминот пораст, за претставниците од МТСП, Министерството за економија, Министерство за финансии и работодавачите истиот како таков во минус мора да се земе во пресметката – иако тоа никаде не е напишано во Законот за минималната плата и со тоа на таков начин усогласувањето на минималната плата по нивните пресметки ќе биде пониско за 211,00 денари и истата ќе изнесува околу 15.190,00 денари, информираа тогаш од ССМ.
Од Владата, пак, оценија дека се работи за позитивно решение донесено во услови на криза. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи неодамна изјави дека направен е исчекор во време на криза и зголемена е минималната плата за 1,7 проценти.
– Не можеме само заради политички поени да ги занемариме критериумите, кога истите се пропишани со Закон. Имавме различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата, каде стои дека минималната плата се усогласува според процентот на зголемен пораст на бруто домашниот производ. Синдикатите ценат дека БДП може да биде само позитивен, а ние тврдиме дека реалниот раст на БДП којшто ДЗС го дава како податок, може да биде и позитивен и негативен. Ние имавме негативна стапка на раст минатата година, за жал, од минус 4,5 проценти и тука беше разликата на толкувањето. Синдикатите велеа дека треба да земеме 0 како единица за реалниот раст на БДП, но факт е дека имаме официјален податок за БДП од Државниот завод за статистика, изјави неодамна Битиќи.
Денеска се празнува Света Лидија Македонска, а именден слават сите кои го носат нејзиното име.
Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. Лидија се сметала за богобојазлива, и била продавачка на пурпурни ткаенини и бои.
Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за кои што зборува свети Јован во Откровението. Единаесет години по заминувањето од Филипи, пред крајот на првото заточеништво во Рим (63-64 година) апостол Павле пишува послание до Филипјаните, со многу љубов и лични спомени:„ Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа и така,браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стоите тврдо во Господа, возљубени“.
Значење на името Лидија е прекрасна, добра и благородна. Според друго толкување означува жена од пределот Лидија, Мала Азија.