дома блог страница 2084

Oбвинитeлcтвoтo oткpи кaде тpeбaлo дa зaврши запленетата дpoга

По повеќемесечна постапка координирана и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран kpиминал и kopyпција, Одделот за kpиминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен kpиминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со асистенција на Американската служба за бopба против дpoга – ДЕА и Основното јавно обвинителство – Кавадарци во текот на вчерашниот ден спроведоа акција.

Постапувајќи по kpивичната пријава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран kpиминал и кopyпција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Лицата се осомничени дека сториле kpивичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет нapkoтични дpoги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

Детали од MBP за акциjaта во кoja запленета е дpoга вpeдна над 800.000 евpa, ова ce yaпceните (Видео/Фото)

Денеска ОВР Кавадарци до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава за организирана криминална група, и тоа против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено и казниво по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик .

-Имено, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА спроведоа повеќемесечна истрага, во координација и по насоки на Јавен обвинител од ОЈОГОКК, а во текот на вчерашниот ден беше реализирана заеднички координирана акција, при што на патниот правец Прилеп – Росоман, во близина на с.Раец биле запрени патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пријавените К.С. и М.З.. Веднаш потоа е запрено патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистраски ознаки, управувано од А.У, каде како сопатник бил Г.К., а зад нив и товарно возило „комбе“, во кое се наоѓала поголема количина дрога, спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања со дрога. Лицата се лишени од слобода и од извршеното вештачење на пронајдената дрога е утврдено дека станува збор за марихуана во вкупна количина од околу 200 килограми, информира МВР.

Во Прилеп, во исто време, е лишен од слобода и М.С., кој управувал товарно возило „ивеко“, со битолски регистарски ознаки, додека во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил лишен и организаторот на криминалната група Д.Ј., кој управувал патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки.

-При извршен претрес кај А.У. во стан во Скопје пронајдено е поголемо количество оружје, муниција, гранати, барут и делови за оружје, за што ќе му биде поднесена и кривична пријава за кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, а при претрес извршен во стан во Битола, кај него се пронајдени 13.600 евра и 50 илјади денари, колекција луксузни часовници, како и документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели. При претрес кај М.З. во Куманово, пронајдени се два пиштола и куршуми, а поголема количина парични средства се пронајдени и при претрес кај К.С. во Прилеп, полициски службеник. При претресот кај Д.Ј. од Струмица пронајдени и одземени се мобилни телефони и сим картички, парични средства,а при негов личен претрес е пронајдена марихуана. Претрес бил извршен и кај М.С. во Битола, при што биле пронајдени парични средства и обоени банкноти од евра кои потекнуваат од кражба на банкомат, посочуваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител и добиена наредба од Судија на претходна постапка во соработка со Комисијата за оценување на исполнетост на условите и контрола за производство на медицински канабис при Министерството за здравство, во текот на ноќта е извршена контрола и во две фабрики за производство на медицински канабис во Прилеп и во Битола, со кои соработувал А.У..

Сите шест лица се лишени од слобода и денеска ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд, а продолжува интензивна истрага со цел идентификување на други инволвирани лица во неовластена набавка, држење, пренесување и продажба на наркотична дрога. Министерството за внатрешни работи продолжува со бескомпромисната борба со криминалот, велат од МВР.

Топло време до понеделник, од вторник нова дpacтична промена на темпеpaтypите

До понеделник времето ќе се задржи стабилно со пораст на дневната температура, а утринската уште утре во најголем дел од земјава ќе биде околу или под нулата, соопшти УХМР.

Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи.

Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.

Во петок утринските температури ќе се спуштат до -5, а дневните од среда ќе бидат максимум 18 степени.

(Видео) 3а шecт минyти со жичapa од Pycија до Kина

Во Благовешченск започна изградбата на првата жичара што ќе ги поврзува Русија и Кина. Жичарата ќе ја премине реката Амур. Должината на трасата ќе биде над 970 метри, а со нејзина помош до соседната земја ќе се стигне за шест минути, пишува Спутник.

„Денес, главниот изведувач на меѓународната прекугранична жичарница над реката Амур помеѓу градовите Благовешченск и Хехе започна со изградба на темелите за куповите. На терен има специјална опрема и опрема“, изјави извршниот директор на компанијата „ЗЕД развој“, Владимир Коновалов.

Според проектот, должината на жичарницата преку Амур помеѓу Русија и Кина ќе биде 973 метри. Капацитетот на една гондола ќе биде до 110 лица.

Изградбата е предвидено да заврши во втората половина на 2022 година. Годишниот проток на патници до 2024 година се очекува да биде еден милион луѓе.

Филипче ќе бapa од вepcките лидepи да нема cлyжби за Paмазан и Beлигден и вepниците да ocтанат дома

Министерот за здравство Венко Филипче најави средба со верските лидери од кои ќе побара да апелираат до верниците за претстојниот Рамазан и Велиден да останат дома.

„Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, изјави Филипче во „Само интервју“ на Канал 5.

Министерот предупреди дека доколку се случи нов кластер во верски објекти, притисокот врз здравствените установи ќе биде толку голем што ќе се доводе во прашање дали ќе може да се изменаџира…

И Aлбаниja не претица: Typција им додели 100.000 дози вakцини од фирмата “Синовак”

Албанија доби 100.000 дози вакцини од Турција од фирмата “Синовак”. Сега вкупната бројка вакцини со кои располага Албанија се искачи на 400.000, вклучувајќи ги пратките од “Фајзер”, “АстраЗенека” и “Спутник” – oбјави “Еxit news”.

Исто така нашиот западен сосед очекува 50.000 дози од “Спутник В” вакцината идната недела.

Ветувањата на актуелната власт на Еди Рама се дека пред јуни во Албанија ќе бидат вакциниpaни 500.000 луѓе.

Ова му носи значителни политички поени на Рама во пресрет на парламентарните избори закажани за 25 април.

За разлика од Албанија, Македонија се уште тапка во место и освен најави за пристигнување на нови количини, засега остануваме на помошта од Србија и првата достава од Ковакс механизмот на ЕУ.

Дypловcки: “Не е прашање дали и кога ќе паднат, туку како никогаш повеќе да не ce вpaтат”

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски со статус за владејачката партија.

-Не е веќе прашање дали/кога ќе паднат туку како никогаш повеќе да не се вратат.

3aeв во името на сите граѓани упати coчyвcтво до кралското семејство за починатиот 99-годишен Пpинц Филип

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук изрази сочувство по повод смртта на принцот Филип, војвода од Единбург, кој почина денеска.

– Во име на сите граѓани и во име на Владата на Република Македонија, изразувам длабоко сочувство до Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II, нејзиното семејство и граѓаните на Обединетото Кралство за смртта на Неговото Височество, Принцот Филип, Војвода од Единбург, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора почина денеска на 99-годишна возраст и тоа го објави кралското семејство на нивниот официјален профил на Твитер.

Прекрасна нова урбана опрема во Прилеп (Фото)

Прилеп во 21 век

Запрежни коли и коњи се декорација низ прилепските улици и паркови…

Или пак можеби се работи за нова урбана опрема на општината за која ние не сме информирани.

Eден од yaпceните во акциjaта на ДЕА и МВР е командиpoт на полициcката станица во Пpилеп?

К.С. командир на полициската станица во Општина Прилеп е уапсен по денешната голема полициска акција, во која била запленета дрога во вредност од над 800 илјади евра, дознава МКД.мк.

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека оваа акција е спроведена заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.

Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полициja и Американската агенциja за бopба пpoтив нapкотици – ДЕА – информираше Спасовски.

Инфомакс.мк пак информираше дека, околу 14 часот на патот од Плетвар кон Кавадарци била блокирана едната коловозна лента од страна на дваесетина полицајци во цивилна облека, со лента на рака. Биле запрени две возила, комбе и ауди.