дома блог страница 2083

(Видео) Маск го претстави архитектонското чудо: Отворен тунелот во кој ќе се вози со 250 км на час

Компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, “Боринг” конечно го претстави долгонајавуваниот подземен тунел во Лас Вегас во кој автомобилите би требал ода возат со неверојатни 250 километри на час.

Кога Макс го најавуваше тунелот, јавноста семташе дека тој опишува некаков научнофантастичен филм. Имено, се работи за тунел кој се наоѓа под центарот на Лас Вегас, а во кој ќе се возат електричните Тесла автомобили.

Системот е дизајниран така што во еден час може да се транспортираат над 4.000 луѓе.

Сугарески и Николовски најавија дека жестоко ќе се бopaт против кopyпцијата

Градиме систем кој води ефикасна, севкупна бopба против кopyпцијата, на сите нивоа, во сите сфери, се додека корупцијата не се доведе до степен на неисплатливост, вели Љупчо Николовски.

– Тоа ќе се спроведе преку зајакнување на системот, соодветни кривични постапки, постапки за испитување имотна состојба и конфискација на имотна корист стекната преку кривични дела. Преку контроли и систем на следење до нулта толеранција за секој кој ќе посегне да го наруши правниот систем!

Недопирливи нема! Создаваме држава во која секој виновен се казнува, а праведен напредува! Трпеливо и истрјано до општество без кopyпција, завршува Николовски.

Патем, само да потсетиме дека овие големи бopци се родени и живеат во истата држава во која пред неколку дена ДЕА апсеше полициски службеници и во државата во која се издадени над 200 пасоши на светски нapко-босови.

(Видео) Ова е жената со најдолги нокти на светот: Ги чувала 30 години

Ајана Вилијамс за прв пат по 30 години ги скрати своите нокти.

Вилијамс во 2017 година постави Гинисов рекорд за најголги нокти на двете раце, вкупната должина изнесуваше речиси 5.5 метри.

Не прастанала да ги расте и во наредните години се додека должината не стигнала 7,3 метри. Oткако го срушила својот личен рекорд, одлучила да ги скрати.

Денес се празнува Св. Марко Исповедник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 март.

Денеска е Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија.

Преподобен Марко живеел во времето на царот Константин. Во тоа време, тој разурнал некој незнабожечки храм и многумина превел во христијанството. Но, кога на царскиот престол дошол Јулијан Отстапникот, кој го подржувал старото паганство, граѓаните на Аретусија му се спротивставиле на преподобен Марко, барајќи од него повторно да го изгради храмот или да плати голема оштета. Но, откако веќе стариот светител го откажа и едното и другото, беше ставен на маки и кога храбро ги издржа своите измачувања повторно беше пуштен на слобода. Неговото исповедништво допре до многу аретусиски граѓани кои откако примија поука од старецот, повторно се вратија во христовата вера.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Станислав.

Бил роден во Полска, во 1030 година. Теолошки студии завршил во Париз. Кога станал свештеник во 1071 година го наследил краковскиот бискуп, Ламберто. Како бискуп ја предводел црквата и им помагал на сиромашните. Секој ден соромашните барале помош од него, бидејќи знаеле дека ќе им даде милост. Во 1097 година, кралот Болеслав го ybил свети Станислав поради тоа што му кажувал да го остави грешниот живот и да живее според Божјите заповеди.

(Фото) Момироски: “Не можев да поверувам, па појдов лично да се уверам. Премиерот ужива во хотел во Јанче”

Откако вчера во јавноста се појави шпекулацијата дека Зоран Заев е на мото турнеја и е во хотел во Јанче, новинарот Горан Момироски лично отишол да се увери дали навистина оваа информација е точна. Тој вели дека информацијата е точна и дека заев навистина е во прекрасен хотел во Јанче.

Новинарот Момироски вели дека додека луѓето се борат за воздух, Заев и Филипче пијат вино покрај Радика.

Целост статус може да го погледнете во продолжение:

– Не можев да поверувам и отидов лично да се уверам. По 22 часот со уредна дозвола за движење во полициски час лично се уверив дека премиерот Заев ноќва е во прекрасен хотел во Јанче.

Не ги објавувам снимките затоа што се од неговата соба во хотелот и затоа што имам достоинство.

А како може да вози мотори и да оди по хотели додека народот му ymира и се мачи да добие за легло во Koвид центрите тоа нека си го одговори пред Бога ако утре појде во Св. Јован Бигорски да запали свеќа за здравје.

Посебна приказна е колку е лежерен да седи без завеси во собата додека низ светов шетаат 215 kpиминалци што неговата влада наводно ги пријавила во Интерпол а ДЕА му апси шефови на полиција и возачи на негови најблиски роднини и бизнис партнери.

Жалам ако им го расипав прекрасниот викенд на премиерот и неговиот министер за здравство кои вечерва додека стотици луѓе се борат за воздух пијат убаво вино покрај Радика.

Не е само Радика таа што нема да им заборави…, пишува Момироски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнетe ТУКА.

He ce 8 чaca: Еве колкy тpeба да cпиете за да бидете cpeќни пpeкy цел ден

Добриот сон прави вистински чуда- ни помага да се одмориме, да го организираме умот, да ги подобриме фокусот и концентрацијата, но и ни дава подобро расположение и енергија. Освен тоа, тој има и големо влијание на освежувањето и смирувањето на кожата.

Но, колку навистина сон ни е потребно во текот на ноќта?

Истражување вели дека не ни се потребни 8 часа сон како што мислат многумина, туку точно 7 часа и 6 минути.

Во истражувањете учествувале околу 2000 испитаници, а целта на истражувачите била да се утврди колку време ни е потребно за да имаме добри ефекти од спиењето.

Според резултатите, луѓето кои спиеле 7 часа и 6 минути биле најсреќни меѓу сите. Дополнително, истражувањето покажува дека луѓето кои спиеле помалку од 6 часа и 48 минути, истакнале дека се нерасположени и многу нервозни.

Сепак, треба да знаеме дека квалитетот на сон е еднакво важен како и должината на спиење. Истражувањето покажало дека е многу важно и која храна се конзумира пред спиење, а дополнителен бенефит е медитацијата или туширањето непосредно пред спиењето.

Победа играше со Слога Виница во Битола и пак не победи

Попладнево на Стадионот под Тумбе кафе во Битола, во натпревар од 22-то коло на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа одиграа нерешено без голови 0-0 со Слога од Виница.

Тоа беше шести нерешен меч, од вкупно досега одиграните 11 дуели за бодови на свој терен. Мечот се играше во Битола со надеж дека црвено-белите ќе го искористат подобриот терен (од оној на Могилата), за да стигнат до толку посакуваните 3 бода.

И навистина избраниците на Крстески одиграа далеку поквалитетно од изданијата во претходните кола, и беа многу подобар тим од гостите од Виница.

Ова особено се однесува во првите 45 минути, кога имаа и неколку изгледни шанси (Најдов, Митрески, Дунимаглоски и Неделков во вториот дел).

Во глобала Победа ја имаше теренската иницијатива и многу повеќе топката во свој посед, но и денес до израз дојде неефикасноста во самата завршница и отстуството на тој толку посакуван точен завршен пас, по кој би се креирала опасност и би се загрозил противничкиот гол.

Победа: Котевски, Бошески, Петроски, Стомнароски, Дамевски, Митрески (од 58 мин Кисески-Илијоски), Дунимаглоски, Јошески (од 62 мин Неделков), Ангелески, Најдов (од 78 мин Димитријески) и Грозданоски.

Резултати од 22-ро коло: Победа-Слога Виница 0-0, Плачковица-Брегалница 0-2, Осогово-Кит Го 0-1, Кожуф- Саса 1-0 и Росоман-Тиквеш 1-1.

Табела: Брегалница 58, Тиквеш 49, Кит-Го 38, Кожуф 35, Осогово 29, Саса 28, Слога по 23, Победа 17 Плачковица 11 и Росоман 9 бода.

Во наредното 23-то коло во сабота на 17-тти април ќе играат: Саса-Победа, Слога-Плачковица, Брегалница-Росоман, Тиквеш-Осогово и Кит-Го –Кожуф.

Честитка за европска Тризла од ЈКП Комуналец (Фото)

Од рубриката “Прилепски срам”… ако продолжат вака локалните власти, ќе снемаме меморија.

Не ретка слика од прилепските урбани населби, ако воопшто со ваков изглед можат да се наречат урбани.

Фотографиите ни ги испратија жители од Тризла, а вакви мини депонии има насекаде во градот.

Оваа европска држава ќе им дава по 200 евра на туристите што ќе ја посетат

Со цел да го оживее туризмот, Малта планира да им понуди на странските туристи и по 200 евра за секоја посета.

Тоа, секако, под услов- да останат најмалку три дена на медитеранскиот остров ова лето, изјави министерот за туризам Клејтон Бартоло.

Како што вели тој, која антипандемиските мерки ќе бидат укинати на 1 јуни, туристите ќе можат да го резервираат летниот одмор директно преку хотелите и ќе ги добија ветените пари.

Министерот додадава дека туристите кои ќе резервиаат сместување во хотел со 5 ѕвезди ќе добијат 100 евра од туристичката управа на Малта, а хотелот ќе добие уште 100.

Pиcтecки pacпали по нapко-мафиjaта во дpyштво на гpaдоначалникот, пpaтеникот од Пpилеп, миниcтepoт…(Видео)

Јавна тајна е дека командирот на полициската станица Прилеп, Кире Спиркоски кој е уапсен за трговија на дрога е еден од најблиските соработници на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и е еден од најистурените кадри на СДСМ во Прилеп. Криминалот раѓа криминал, истакна пратеникот Петар Ристески, во Кометар на денот.

-Началникот на полицијата Спиркоски, а сега осомничен за трговија со дрога беше незаконски поставен на таа позиција затоа што имаше несоодветно образование. Спасовски тогаш го постави партискиот над државниот интерес. Токму командирот Спиркоски може да се забележи во друштво на министерот Оливер Спасовски, градоначалникот на Прилеп од СДСМ Илија Јованоски, пратеникот и претседател на општинската организација Миле Талески, како и поранешниот министер за транспорт и врски, а сега директор на царина Горан Сугарески. Значи министеров за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Прилеп Јованоски се први соработници со командирот осомничен за трговија со дрога, рече Ристески и додаде:

„Неговата сила доаѓаше од СДСМ. Токму оваа бандитска структура е таа која полни кутии во Прилеп, се заканува и сее страв низ прилепските улици. И оваа акција немаше да се случи доколку партнерите од американските служби за борба против трговија на дрога не соработуваа за професионално извршената акција.

Спасовски треба да си поднесе оставка за тоа што негов командир на полиција и близок соработник тргувал со дрога. Очекуваме и оставка од градоначалникот Јованоски кој патем треба да се извини на прилепчани што криминалот стана име и презиме за СДСМ во Прилеп“.