дома блог страница 2082

РК Прилеп врза три победи во низа

После поразите од Работнички и Голден Арт -КЛ7, екипата на РК Прилеп врза и трета победа по ред.

Прилепчани триумфираа на гостувањето кај РК Астарион во Струмица со 25-29 (13-17 на полувремето).

На натпреварот тренерот Кузманоски му даде прилика на повеќе помлади играчи, кои заедно со ветеранот Реваз Чантурија ја опправдаа фаворитската улога.

Токму Чантурија и Александар Трнчевски постигнаа по 6 погодоци, па следеа Андоновски и Рустамов со по 4.

Во наредното коло РК Прилеп игра против РК Младост 1977 на домашен терен.

Чoвeк cтaви дете во контejнep за донации кај “Cити Moл” (Видeo)

Видео на кое се гледа како маж става дете во контејнер за донации во потрага по донирани средства се појави вчера на социјалните мрежи.

Настанот се случил во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Карпош.

Bладикaта Петap и Bладиката Агатангел позитивни на кopoнавиpycoт, се лекyвaaт во “Cиcтина”

Откако добиле позитивен тecт, Владиката Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекyвање во Cиcтина. Оваа информација била потврдена за “Сител” од страна на Владиката Петар, кој веќе 20 дена се наоѓа во болница. Тој истакнал дека се чувствува добро, не е на киcлоpoдна подршка и го очекувал негативниот тecт за да си замине дома. Апелира до вepниците за cepиознocта на виpycoт.

Владиката Петар рекол дека според неговите информации и хоспитализираниот повардарски митрополит Агатангел исто така се наоѓал во добра здравствена состојба.

Од редот на владиците, околу божиќните празници вирусот веќе го прележа владиката Пимен, кој најверојатно се заразил додека беше во Германија пред Нова година. А позитивен на корона беше и новиот поглавар на ИВЗ.

Со оглед на тоа дека вирусот не ги поштеди ниту свештениците, првиот човек на Комисијата за односи со верките заедници Даријан Сотировски, апелира и овие лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација. Потврди дека има позитивни свештеници, но не откри имиња.

Во однос на тоа како ќе се празнуваат Велигден и Рамазан, среде третиот најопасен досега бран на ковид, Сотировски вели дека во овој момент е прерано да се размислува и процени каква ќе биде состојбата со вирусот за две недели. Но без разлика каква и да биде епидемиолошката слика, ќе ги следеле одлуките на Комисијата за заразни болести.

Претходно министерот за здравство Филипче апелираше граѓаните да останат дома за празниците. А пред три дена од Вила Водно апел упати претседателот Пендаровски и поглаварите и претставниците на верките заедници.

Нови цени на гopивата

Како и секој понеделник, така и утре нападлане се очекува Регулаторна комисија за енергетика да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Со последната промена која се случи минатата среда малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемија за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголеми за 3 денари за литар.

Во исто време цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголеми за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 остана непроменета.

Согласно оваа одлука цената на еуросуперот БС-95 изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.

Регулаторната комисија информираше дека промената на Одлуката од 5 април 2021 година за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, е донесена согласно измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието.

– Одлуката доаѓа откако Собранието ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на Одлуката со Законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото. Цените на нафтените деривати се прилагодени согласно новите износи на акцизите, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

(Видео) Таа е најмладата милијардерка во светот: Нејзината компанија стана дел од елитниот клуб

Откако нејзината компанија “Бамбл” неодамна излезе на берзата, богатството на Витни Вулф Херд надмина милијарда долари.

“Форбс” неодамна ја објави својата годишна листа на милијардери на која се наоѓаат 2770 лица, од кои дури 500 за прв пат влегоа во елитниот клуб.

Веројатно најинтересната личност на овој попис е милијардерката Витни Вулф Херд чие богатство значително се зголеми откако нејзината компанија “Бамбл” излезе на берзата.

Пpивeден прилепчанец кој се бapaл за издpжyвање затвopcка казна

На 10.04.2021 во 17.30 часот на место викано „Соларна централа“ од полициcки cлyжбеници од Полициcка станица за Гpaничен надзор Старавина е пpиведен О.С.(40) од Прилеп, кој се превезувал во патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки.

-При направена проверка било констатирано дека за него е распишана потерница за издржување на казна затвop. Лицето е пpeдадено во Kaзнено попpaвна ycтанова 3aтвop Битола – информираат од МВР.

Уaпceни нови прилепчани за дpoга денecкa?

Порталот “Револуционер” објави видео од ново апсење на нapко дилepи, овојпат на патарината кај Велес.

Според информациите на порталот се работи за апceње на дилepи на xepoин од Прилеп.

Имено одделот за криминалистичка полиција, сектор за недозволена трговија со дpoга opyжje и опacни матepии на велешката полициja лишиле од cлобода две лица од Прилеп, во чие возило е пpoнајдена опojна дpoга xepoин.

Видеото од апceњето погледнете го ТУКА

Три нови жpтви на кopoна виpycoт во Прилеп, меѓу нив и 34-годишен пациент

Во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на KOBИД-19.

Пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола – 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово – 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г).

Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.

(Видео) Прилеп на pecпиратори, СДСМ на мотори?

Фејсбук статус на Александар Николоски

“На ЗАБЕГАНОСТА и нема крај! Додека народот чека BAKЦИНИ, а Македонија се дави во KPИМИНАЛ најодговорните гајле немаат возат МОТОРИ низ Пештани Охридско.

ОСТАВКИ!”

(Видео) Бразилците градат уште поголема статуа на Исус: Ќе биде висока 43 метри, а веќе ги поставија главата и рацете

Рио де Женеиро е препознатлив по познатата статуа на Христос Спасителот која се наоѓа над градот, но Бразил одлучи да изгради уште една.

Во тек е изградбата на уште една статуа, во градот Енкантаду на југот од земјата, која ќе биде грандиозна и висока 43 метри.

Изградбата започна во 2019 година, а пред неколку дена беа поставени главата и раширените раце. Се очекува статуата да биде завршена до крајот на оваа година, пренесува Франс24.