дома блог страница 2081

Ceкое ceмejcтво заcлyжyва пpaзнична тpпеза: По 13-ти пат во пpилепските цpковни xpaмови ce opганизира xyманитapна акциja за Beлигден

Известување oд Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“, при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп, за хуманитарна акција “Велигден 2021”

“Браќа и сестри во Христа поради ковид кризата ве известуваме дека оваа година хуманитарната акција нема да се одвива само еден ден, како предходните години и ќе трае подолго. Кутиите во кои ќе се собираат парични средства се веќе поставени ,и ќе останат до Цветници (25-04) во црквите: Св.Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила

Со вашето присуство, а на наша голема радост, ќе ја збогатите нашата акција за помош на бедните и сиромашни сограѓани во нашиот град.

Акцијата се состои во донирање на паричен прилог според Вашите можности во посебно означените кутии во храмовите, и намирници во храна која не е брзо расиплива, средства ќе се искористат во добротворни цели. Оваа акција се организира по 13-ти пат годинава, па затоа вашата поддршка ќе биде добредојдена, имајќи надеж дека оваа акција ќе премине во традиција и за наредните години.

Драги браќа и сестри во Христа.

Светиот апостол Павле пак ни вели: „Голема печалба е човек да биде благочестив и задоволен со себеси“.Бидејќи ништо не сме донеле на овој свет, јасно е дека и ништо не ќе можеме да однесеме.Скромно и правилно и христијански е да ги помогнеме сиромашните сограѓани за и тие да ја почуствуваат празничната радост и да се зарадуваат во еден од најсветите и најрадосни празници „Воскресението Христово – Велигден“.

Да се трудиме да го привришиме овај пост со добро дело,бидеќи верата без дела ,е мртва вера.

Нека Господ Бог го благослови вашето добро дело!”

Ова се владините “тајни” xoнopapци: Некои земaaт и до 60.000 денари

Владата на својата интернет-страница објави листа со детали за сите лица кои се хонорарно ангажирани, заедно со образложение кои се причините за ваквите ангажмани.

„Ја објавуваме листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, откако претходно беа извршени консултации со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за модалитетот за заштита на личните податоци на соработниците опфатени со овие ангажмани“, се наведува во владиното соопштение.

Во него категорично се отфрлаат, како што се вели, сите дезинформации дека наводно исти лица кои иако регуларно вработени во Владата, во исто време добивале и хонорар.

„Тоа не е точно бидејќи е недозволиво вработени во Владата да бидат и хонорарно ангажирани од Владата. Внимателноста со која Владата постапи во овој случај, со вклучување на дополнителни консултации пред објавувањето на листата хонорарни соработници, беше мотивирана исклучително заради заштитата на интегритетот и приватноста на ангажираните лица“, се додава во соопштението со кое исто така се негира дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер.“

Пpeдвидените измени на 3aконот за игpи на cpeќа ќe ocтават без paбота повеќе од 8000 лyѓе

Предлог измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) ќе ја збришат целата стопанска гранка, апелираат приредувачите на игри на среќа во земјава и упатуваат на несогледливите последици со кои ќе се соочи државата.

Од оваа стопанска гранка во земјава директно егзистираат повеќе од 8.000 семејства, а индиректно повеќе од 50.000 во други стопански гранки. Ако се имплементираат законските измени кои се однесуваат на растојанието од 500 м на деловните објекти на приредувачите на игри на среќа од образовните институции, тие ќе треба да стават клуч на врата. Со тоа, се брише една стопанска гранка која сама по себе има силен социо-економски придонес во државата, а неизбежно ќе се случи домино ефект врз целото стопанство, укажуваат приредувачите на игрите на среќа. Велат, ако се затворат нивните деловни објекти, тоа ќе предизвика силен удар и врз сите останати гранки во целиот синџир на вредности – наем на простор, мебел, ИТ опрема, софтверски решенија и уште низа други.

Минатата недела во соопштение за медиуми, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) изнесе категоричен став дека, за нив, одалечувањето на деловните објекти е целосно неприфатливо. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места и гасење на целата гранка, посочија од АСОМ.

Во повеќе наврати до сега, приредувачите на игри на среќа укажуваат дека законското решение кое се предлага би можело да има несогледливи последици врз, и така кревката, економија која е силно погодена од ковид-кризата.

Предупредуваат дека државната каса би останала покуса за повеќе од 250 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот и велат дека гасење на оваа стопанска гранка која значајно придонесува кон економската стабилност на државата во било кое време, а особено сега во време на најголема криза, е несфатливо и неприфатливо за никого.

Пyтин и oфициjaлно забpaни иcтополови бpaкови

Дефинирањето на бракот како заедница исклучиво на маж и жена е дел од групата уставни реформи кои Русите ги изгласаа на 1 јули 2020.

Од тој пакет кој го поддржаа речиси 78 отсто од Русите најпозната е одредбата која на Путин му овозможува да се кандидира за уште два шестгодишни претседателски мандати и така до 2036 година да владее со Русија. Во истиот пакет уставни промени на Путин му е даден и доживотен имунитет од кривичен прогон.

На 5 април Путин официјално ги потпишал уставните амандмани и овозможи нивно стапување на сила.

Истополовите бракови веќе се нелегални во Русија па новата формулација во уставот дополнително го утврдува тоа и уште повеќе се отежнуваат шансите на истополовите двојки некогаш да добијат шанса за рамноправност со хетеросексуалните парови.

Ова исто така значи дека ЛГБТ лицата нема да можат да посвојуваат деца.

Ваквата одлука не е изненадување во Русија, каде ЛГБТ заедницата се соочува со насилство и дискриминација, а познатата забрана на „геј пропаганда“, која забранува дистрибуција на сè што се смета за про-ЛГБТ постои од 2013 година.

Пред националното гласање за уставните амандмани, за кое критичарите тврдат дека е наместено, пропагандната група која ја водеа сојузници на рускиот претседател објави оглас во кој беше прикажано сираче посвоено од двајца татковци, кои го облекле во фустан и го нашминкале.

Огласот порачуваше: „Одлучете за иднината на земјата. Гласајте за измените на уставот“.

Нов цpн ден за Прилеп: Починaa уште 5 лица како пocледница на кopoнавиpycoт

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1009 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 140 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 124 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 96 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 33, Кавадарци 61, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје 110, Прилеп 16, Кавадарци 15, Куманово 12, Штип 9, Тетово 7, Кочани и Кичево по 4, Велес 3, Битола, Струга и Дебар по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод по 1

Пријавени се вкупно 34 починати лица од коронавирус за само 24 часа во Македонија.

Од нив, 15 од Скопје (54г, 56г , 60г, 60г, 63г, 63г ,67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), 5 лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г, 77г),Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г), по едно лице од Велес (76г), Охрид (42г), Неготино (58г) и Свети Николе (68г).

Ристески: “Миле Талески да одговори, кој се’ од раководството на СДСМ е вмешан во тpговиjaта со дpoга?” (Видео)

Денес ни е совршено јасно зошто Талески излегува и го брани кapтелот Заеви, заради тоа што тој е во друштво со Чипсио и како второ заради што тој лично учествуваше во поставувањето на Чипсио за командир на ПС Прилеп – истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Миле Талески треба да им одговори на прилепчани кој се е вмешан во кpиминалот со дpoга од paководcтвото на СДСМ?!

Миле Талески е најодговорен бидејќи во време кога тој беше претседател на Советот во општина Прилеп е назначен Чипсио за командир на прилепската станица.

Јавноста беше сведок за десетиците слики на Миле Талески заедно со веќе уапсениот командир како седат на софра и во добро друштво.

Исто така со уапсениот командит слики и дружби има и градоначалникот на Прилеп – Јовановски.

Заради овие прицини, јасно е зошто Миле Талески излегува и го брани криминалот кој царува во Прилеп.

Миле Талески заедно со Јовановски најмалку што можат да направат е да понесат морална одговорност и веднаш да се повлечат од функциите.

Јасно е дека позади целиот криминал кој се случува во Прилеп стојат овие лица кој денес се најгласни”.

Институциите молчат, на ред се xyманите гpaѓани: Потребни ѕидари за пристојно живеалиште на семејество од Штавица кое живее во очајни услови (Видео)

Надлежните подолго од еден месец со прст не мрдаат за да му помогнат на семејството Кулески од прилепското село Штавица, кое живее во очајни услови. Но затоа, на помош притекнуваат хуманите граѓани. Бројни се донациите во храна и облека, а сега, група граѓани прави напори да им изгради и ново пристојно живеалиште, веднаш до старата куќа, која пак, само што не им се урнала врз глава. За градежниот материјал, собрани биле и средства, но недостигаат ѕидари – oбјави “АЛФА ТВ”

„Фирма ни излегоа во пресрет…и ни спуштија што е можно повеќе за да може колку-толку да ги обезбедиме материјалите за да се направи куќата…..Се’ зависи од тоа да се најдат мајстори за таму…исто ќе треба некоја фирма да се пријави како машинерија за да се ископа за темел…„– вели Кристина Манасиева од Охрид.

Марта и Гоце денеска ги затекнавме во дворот. Благодарни до ТВ Алфа што го отвори нивниот 15-годишен проблем, со нетрпение ја очекуваат изградбата на новата куќичка. Се радуваат што нивните две малолетни ќерки, 13-годишната Ангела и 10-годишната Елена, конечно ќе имаат топол дом.

„Досега од Социјалното не се дојдени…Помош треба, пари немам динар, еве и социјално не земам…Сум имал овци, шо овци, со 30 овци и не ми следувало социјално..1000 денари земав, сега не земам ич…Еве, ќе појдам овчар, некој денар ќе извадам, колку за нив, за мене нема ништо, ни за мене, ни за жената, за децата има, мора да има…Друго ќе биде во таа куќа, не во оваа сета попадната, капи, грга вода…“, – ја раскажува својата болна приказна, главата на ова семејство Гоце Кулески.

Во моментот на нашата посета, пристигнаа и девојчињата од училиштето во соседното село, каде што учат. Денеска беа чисти и во нова облека. Мајка им Марта вели, таа облека била од донациите. Среќна е, но и преблагодарна на сите граѓани кои им донирале, иако, срамежливо признава дека помошта постојано им е потребна.

„Децата не ги давам…јас сум мајка и колку можам ќе се грижам“, – ни рече Марта Кулеска.

Од надлежниот Центар за социјална работа, досега нема никаква активност, иако уште минатиот пат, оттаму ни ветија дека веќе наредниот ден ќе го посетат семејството, што пак, беше многу чудно, бидејќи Кулески вака живеат веќе 15 години. Овој пат, директорот не ни одговори ниту на телефонските повици, ниту пак на испратената порака.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

3aeв: Напpaвивме yбава тypнeja со мотopите, yште кога ме избpaa пpeмиep peков викенд не paботам

Недела е ден за одмор, а јас имам само едно хоби, тоа е возењето мотор, така јас ги полнам батериите, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, запрашан дали чувствува одговорност за тоа што во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет, тој и министерот за здравство Венко Филипче возат мотори.

-Уште кога ме избраа премиер реков дека викенд не работам. Јас имам само едно хоби, а тоа е возењето мотор. Така го минувам денот недела кој е ден за одмор. На тој начин ги полнам батериите. Секој човек заслужува да се одмори. Целосно ги почитувам сите мерки, а иако имам дозвола за движење за време на полициски час, јас тоа право не го користам. Викендов направивме една убава турнеја со моторите. И не се кријам, истакна Заев.

BMPO-ДПMHE ќе го поддpжи и ќе пpиcycтвyва на пpoтecтот за непpaведно ocyдените лица

На поставено новинарскопрашање „дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи протест за уставобранителите на 25-ти април?“, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ целосно го поддржува протестот за неправедно осудените лица за 27-ми април, ќе го поддржиме и ќе присуствуваме на истиот на 25-ти април.

-ВМРО-ДПМНЕ не е организатор, но целосно го поддржува протестот за неправедно осудените лица за 27-ми април, ќе го поддржиме и ќе присуствуваме на истиот на 25-ти април. Би сакал да потенцирам дека сме единствена политичка партија којашто бара целиот случај да се врати повторно од почеток, како и целата постапка да се врати целосно од почеток, бидејќи сметаме и стоиме на ставот дека тоа се неправедно осудени лица коишто не се терористи, тие се невини и нивното место не е во затвор, одговори Ѓорѓиевски.

После зголемувањето следи намалување: Ова се новите цени на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година .

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 57,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,266 ден/кг.