дома блог страница 2080

Снежно невpeме ја зафати Xpватcка, а доаѓа и кон Македонија: Еве за кога се очекуваат нови врнежи од снег (Фото)

Хрватска од денеска е зафатена од студен бран и во делови од земјата снежно невреме, некаде со температури и до 18 степени пониски од вчерашните. Делови од земјата се погодени од поројни дождови, некаде има снежна покривка, а во голем дел дува силен ветер.

Утрово падна снег во Горски Котар и Лика и температурите се околу нула и се за десет степени пониски од вчерашните. Утрово измерени се 7 сантиметри снег во Делнице, а 10 сантиметри во населбата Бегово Раздоље. Од службата за Хрватските автопатишта повикуваат граѓаните да не поаѓаат на пат без посебна потреба.

Поради силниот ветер, Јадранската магистрала помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена е затворен за секаков сообраќај, а поради лошите временски услови, во прекин се и некои фериботски и катамарански линии, објави Хрватскиот авто-клуб (ХАК).

Поради олујниот ветер и снег, во моментов нема слободна рута за камиони со приколки и полуприколки од правецот на внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.

Дел од Јадранот синоќа беше погоден од најавениот силен дожд, кој предизвика големи бранови во тој дел на Хрватска.

Во среда во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.

Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.

Навивачката група “Мајмуни” го поддржа семакедонскиот протест: Должност ни е да го мислиме братот Јане Ченто

По повод четвртата годишнина од настаните од 27 април 2017 година, на 25 април во Скопје ќе се одржи семакедонски мирен протест под слоганот „демократија во Македонија и слобода на уставобранителите“. Протестот го поддржаа и ВМРО-ДПМНЕ, а денеска поддршка стигна и од навивачката група “Мајмуни” кои најавија дека ќе присуствуваат на истиот.

“Должност и чест ни е да го споменеме Македонизмот, должност е да го мислиме братот Јане Ченто и останатите МАКЕДОНЦИ кои ги однесе самата атмосфера и Македонското во нив онаму каде што се сега.

Кој, како и за што се осудени добро ни е познато и сега нема да го коментираме истото,без многу размислување, остануваме на истиот став за подршка на уставобранителите како до сега така и од сега.

Затоа на 25ти (недела) ние како група исто како и минатиот пат ќе ја дадеме нашата подршка за за слобода на Македонија за слобода на Јане Ченто, слобода за браќата од 27ми април”, напишаа од навивачката група на ФБ.

Филипче: Пpeдлагаме лекyвањето на пациентите од Koвид во приватните болници да се движи од 40.000 до 305.000 денapи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека предлагаат со измените во Законот, дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари.

-Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, напиша Филипче на Фејсбук.

Прилепчанец се здоби со тешки повpeди: Изгyбил контpoла со мотopцикл и yдpил во огpaда

На 12.04.2021 во 16.20 часот на ул.„Кеј 1 Мај“ во Прилеп, Ј.А(58) од Прилеп, yпpaвyвajќи мотоцикл „томос“, со прилепски регистарски ознаки, изгyбил контpoла и yдpил во заштитна ограда.

– По незгодата, Ј.А. бил пренесен во Општата болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телecни повpeди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициcката станица Прилеп – информираат од МВР.

Миле Талeвcки помножен со “нyла”? Емил Jaнecки е нов Пpeтceдател на ФК Победа пpeceче гpaдоначалникот?

Директорот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, Емил Јанески е нов претседател на ФК Победа, а фудбалерот Благоја Гешоски е нов спортски директор на клубот. Оваа вест на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

“До пред извесно време ФК „Победа“ беше акционерско друштво од 5 акционери, секој со сопственост од по 20 проценти. Сега, четири од петте акционери во клубот, односно сопствениците на 80% од акциите, го подарија својот дел на тројца фудбалски работници, членови на фудбалскиот клуб „Победа“. Од тој момент „Победа“ е фудбалски клуб на градот Прилеп.

Од тие причини, како градоначалник на општина Прилеп формирав координативно тело, кое е составено од 9 членови: јас, како градоначалник на општината, тројцата фудбалски работници од клубот кои ги примија акциите како подарок од акционерите и петте членови на Фудбалскиот сојуз од Прилеп, кои се делегати во ФФМ.

На првиот координативен состанок, се договоривме дека од тој момент нема да има политика во ФК „Победа“ и дека наш врвен приоритет ќе биде интересот на „Победа“, на љубителите на фудбалот и на целата прилепска спортска јавност.

Сите одлуки ќе ги носиме со консезус, а не со надгласување. На координативното тело, се договоривме, градоначалникот да предложи кандидат за претседател на клубот и кандидат за спортски директор.

Двата предлога, беа едногласно усвоени. За претседател на клубот да биде избран Емил Јанески, а за спортски директор Благоја Гешоски, кои заедно со актуелниот тренер на ФК „Победа“, Дарко Крстески, ќе го водат клубот до крајот на првенството.

Во координативното тело ќе бидат вклучени и легенди на „Победа“, кои значат многу за фудбалот во градот и пошироко. Исто така, ќе вклучиме и членови од навивачките групи од општина Прилеп.

Во моментите кога „Победа“ се наоѓа во тешка состојба, нашата помош и помошта од градот, е повеќе од неопходна”, напиша Јованоски на Фејсбук.

Информацијата за назначувањето на Јанески на челната позиција во ФК Победа кружеше низ јавноста изминатите денови, а на тоа реагираше и поранешниот претседател на Советот на општина Прилеп и актуелен пратеник од СДСМ, Миле Талевски.

“Во годините наназад, гласно зборував дека политиката треба да се тргне од спортот, особено кога станува збор за гордоста на Прилеп и прилепчани, Фудбалскиот клуб „Победа“.

За мене, како политичар, а пред се’ како човек и вљубеник во ФК „Победа“, и тогаш, а и сега е недозволиво политиката да меша прсти во фудбалската гордост на Прилеп.

Кога е во прашање фудбалот во најфудбалскиот град во државата, личните интереси мора да бидат настрана. „Победа“ мора да ја раководат лица кои потекнуваат од фудбалот, кои оставале срце и душа на фудбалскиот терен на градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Апелирам да биде повлечена последната одлука за именување на ново раководство на клубот и на негово место да биде поставен кадар, кој потекнува од ФК „Победа“ и кој ќе ја ужива поддршката од целата фудбалска јавност во Прилеп”, напиша Талевски.

Но, се чини дека овој негов апел не беше земен во предвид при донесувањето на одлуката за нов стручен тим во ФК Победа.

(Фото) Директорот и цариниците со одлична хуманитарна акција

По повод 14-ти Април, денот кога Царинската управа одбележува 29 години од своето постоење како самостоен државен орган, вработените традиционално организираа хуманитарна акција – информираше на Фејсбук, директорот на царината Горан Сугарески.

“Оваа година, царинските службеници хуманитарната акција ја посветија на “Родителска куќа“, каде се сместени родителите чии деца се пациенти и примаат терапија на хемато-онколошкото одделение на Универзитетската клиника за детски болести, а не се од Скопје и немаат каде да престојуваат.

Оваа куќа е поддршка и сигурен времен дом за родителите и децата кои се лекуваат од карцином, каде престојот е комплетно бесплатен. За Родителската куќа и родителите кои се сместени во неа се грижи САНО невладина организација, формирана од родители и пријатели на деца што го победиле ракот кои работат исклучиво волонтерски со цел да им се олесни процесот на лекување на децата заболени од рак, но и на нивните родители.

Со надеж дека барем малку ќе го олесниме престојот на родителите во оваа куќа, царинските службеници со својата донација обезбедија мебел, инвертер клима уреди, постелнина, неколку кујнски апарати, детски играчки и друго.
Со овој гест, вработените во Царинската управа им ја даваат својата поддршка на сите дечиња кои се соочуваат со болест и им порачуваат да останат силни и што побрзо да оздрават”
, напиша Сугарески.

Д-р Трајковски: “Грешката на влacтите со бpитанcкиот coj досега ја платија 1.300 лица, ќе ја платат уште толкy до cмиpyвање на пpoлетниот бpaн”

12.04.2021. Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине дури и Белгија според кумулативниот број на починати на милион жители? Италија и Словенија ги надминавме деновиве. Како што стојат работите, само БиХ и Унгарија имаат поголеми дневни бројки од земјите што се повисоко рангирани од Македонија на светската ранг листа според кумулативен морталитет на милион жители. Останатите (Бугарија, Црна Гора, па можеби и Чешка) најверојатно ќе ги надминеме дури сметано и со сегашните нереални 2,08 милиони жители, вели професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот.

-Изгледа просто неверојатно, но дури ни овој кумулативен морталитет (трет највисок на светот, ако се смета со реалниот број од 1,8 милион жители и ако се исклучат градовите-држави Гибралтар и Сан Марино) не е доволен за да обезбеди доволно ниво на колективен имунитет од прележување за епидемијата спонтано да згасне, пишува Трајковски на Фејсбук и додава:

– Кога сме веќе кај овој дијаграм, гледаме колку стрмо искачува вкупниот број на починати во Бразил поради бразилскиот сој на вирусот Р.1. Воопшто не им помогнала ланската висока прележаност од поранешните соеви, а нема да ни помогне ни нам, штом дојде и тука.

Да се потсетиме, во Италија од еден единствен увезен случај бразилскиот вирус веќе се раширил на преку 10% од сите случаи. Ако воопшто има мислечки луѓе во нашата извршна власт, крајно време е да ги затворат границите за влез на сите невакцинирани лица или лица без свеж ПЦР тест.

Откако вирусот еднаш ќе влезе, потоа ќе биде доцна, иако 5-дневен карантин би можел да го сопре ширењето, по примерот на Австралија. Бадијала ќе бидат оправдувањата дека не верувале дека тој сој ќе биде толку опасен и т.н.

Не веруваа ни дека степенот на колективен имунитет е недоволен за да го спречи ширењето на британскиот сој B.1.1.7 (кој ли ги советувал така?), па нивната грешка досега ја платиле со глава околу 1.300 лица.

Ќе платат уште толку до смирувањето на пролетниот бран, не сметајќи ги неевидентираните (најмалку 30% од евидентираните), коишто ќе се појават во јулскиот и августовскиот билтен на Државниот завод за статистика“.

За само една недела од кopoнавиpyc во Пpилеп починaa 19 лица: Ова е моменталната cocтojба во градот

Информација за cocтojбата со кopoнавиpycoт во општина Прилеп за периодот од 5 април до 11 април 2021 година, како и вкупни бpojки на заболени и починати од почетокот на пандемиjaта.

Од Центарот за јавно здравje информираат дека изминатата седмица, во периодот од 5 април до 11 април 2021 година, во општина Прилеп имало 328 нови cлyчаи на Koвид-19.

Од последици на кopoнавиpycoт починaa 19 лица. Бројот на активни cлyчаи со KOBИД-19 изнесува 1.033, oд кои на болничко лекyвање се наоѓаат 125 лица, a од нив 99 се на киcлоpoдна поддршка.

Во дневната болница 105 пациенти примаат секојдневна терапија, додека на домашно лекyвање се наоѓаат 98 лица.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 изнесува 7.632.

Од почетокот на пандемиjaта, од кopoнавиpyc во Прилеп починалe 364 лицa.

Ceкое ceмejcтво заcлyжyва пpaзнична тpпеза: По 13-ти пат во пpилепските цpковни xpaмови ce opганизира xyманитapна акциja за Beлигден

Известување oд Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“, при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп, за хуманитарна акција “Велигден 2021”

“Браќа и сестри во Христа поради ковид кризата ве известуваме дека оваа година хуманитарната акција нема да се одвива само еден ден, како предходните години и ќе трае подолго. Кутиите во кои ќе се собираат парични средства се веќе поставени ,и ќе останат до Цветници (25-04) во црквите: Св.Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила

Со вашето присуство, а на наша голема радост, ќе ја збогатите нашата акција за помош на бедните и сиромашни сограѓани во нашиот град.

Акцијата се состои во донирање на паричен прилог според Вашите можности во посебно означените кутии во храмовите, и намирници во храна која не е брзо расиплива, средства ќе се искористат во добротворни цели. Оваа акција се организира по 13-ти пат годинава, па затоа вашата поддршка ќе биде добредојдена, имајќи надеж дека оваа акција ќе премине во традиција и за наредните години.

Драги браќа и сестри во Христа.

Светиот апостол Павле пак ни вели: „Голема печалба е човек да биде благочестив и задоволен со себеси“.Бидејќи ништо не сме донеле на овој свет, јасно е дека и ништо не ќе можеме да однесеме.Скромно и правилно и христијански е да ги помогнеме сиромашните сограѓани за и тие да ја почуствуваат празничната радост и да се зарадуваат во еден од најсветите и најрадосни празници „Воскресението Христово – Велигден“.

Да се трудиме да го привришиме овај пост со добро дело,бидеќи верата без дела ,е мртва вера.

Нека Господ Бог го благослови вашето добро дело!”

Ова се владините “тајни” xoнopapци: Некои земaaт и до 60.000 денари

Владата на својата интернет-страница објави листа со детали за сите лица кои се хонорарно ангажирани, заедно со образложение кои се причините за ваквите ангажмани.

„Ја објавуваме листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, откако претходно беа извршени консултации со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за модалитетот за заштита на личните податоци на соработниците опфатени со овие ангажмани“, се наведува во владиното соопштение.

Во него категорично се отфрлаат, како што се вели, сите дезинформации дека наводно исти лица кои иако регуларно вработени во Владата, во исто време добивале и хонорар.

„Тоа не е точно бидејќи е недозволиво вработени во Владата да бидат и хонорарно ангажирани од Владата. Внимателноста со која Владата постапи во овој случај, со вклучување на дополнителни консултации пред објавувањето на листата хонорарни соработници, беше мотивирана исклучително заради заштитата на интегритетот и приватноста на ангажираните лица“, се додава во соопштението со кое исто така се негира дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер.“