дома блог страница 2079

Мицкocки: Paшковски тpeба да е во затвop

Оставка треба да си поднесе целата влада, а не само Рашковски. Тој треба онаму каде што одамна требаше да биде во затвор, рече денеска лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со оставката на Драги Рашковски.

„Срамота е ова што се случува. Оставката е прв морален чин иако требаше да се случи од порано, но ова треба да продолжи во континуитет и со владата. Како негов колега можам да кажам дека се срамам што мои колеги од Универзитетот иако сме на различни факултети“, рече Мицкоски.

Teшка cooбpaќajка во Битола: Автомобил yдpил во велocипeдиcт

На 13.04.2021 во 13.30 часот на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Баталјон Стив Наумов“ во Битола, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(25) од Битола, yдpило во велocипедист А.К.(67) од Битола – информираат во дневниот билтен на МВР.

– Во незгодата, велосипедистот А.К. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола. Увид на местото на незгодата извpшила екипа на СВР Битола – се вели во соопштението од МВР.

Kaзнети 129 возачи во вчерашниот ден на подрачјето на СВР Битола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На 13.04.2021 на подрачјето на СВР Битола биле извршени контроли во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани 129 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 возачи кои не поседувале возачка дозвола, две возила со истечена регистрација, пет возачи кои зборувале на мобилен телефон, двајца кои не користеле сигурносен појас и двајца кои извршиле неправилно престигнување.

Под дејство на алкохол бил еден возач и тој бил отстранет од сообраќај. За сите прекршоци издадени се соодветни налози.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од МВР.

Што пocле 20 апpил? Филипче откpи дали ќе пpoдолжат мepките

Актуелните рестриктивни мерки важат до 20-ти април, а министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека доколку има потреба истите ќе продолжат.

-Веројатно ќе дискутираме викендов и на почеток на следната недела. Ќе ги пратиме бројките и менаџирањето на болниците. Тоа се критериумите по кои анализиравме и до сега. Доколку има потреба рестриктивните мерки ќе продолжат, истакна денеска Филипче.

Крај на една epa во Бyгapиja? Бојко Борисов нема да биде кандидат за пpeмиep

Бојко Борисов нема да биде предлогот на ГЕРБ за нов премиер, им потврди премиерот на новинарите.

„Ќе биде предложен друг „со јасна НАТО и европска ориентација“.

На новинарско споменување имиња, вклучувајќи и имиња на министри, премиерот прилично лут:

„Ќе ви кажам кога ќе ми го дадат мандатот, ќе кажам кога ќе бидеме подготвени според Уставот … ќе кажам кога ќе дојде време“.

Премиерот изрази незадоволство од молкот на шоуменот Слави Трифонов, иако призна дека тоа е „стратегијата што ја избраа“ во партијата „Ма таков народ“ која се пласираше како втора на парламентарните избори и има најголеми шанси да формира коалициона.

Борисов смета дека нови избори не се опција бидејќи значат „нови пари, нов хаос и ужас”.

Извор: Експрес

Иџе го вози автобусот за на Европско: Ќе гледаме одличен спот за нашите фудбалски херои (Фото)

Деновиве се снима спотот за химната на Македонија посветена на настапот на Европското првенство.

Спотот ќе биде снимен во панорамски автобус кој некако стана симбол на спортските успеси, во него се возеа кошаркарите, ракометарите на Вардар, а сега ќе се употреби и за успехот на фудбалерите.

Дел од спотот е и најдобриот автомобилист на Македонија, Игор Стефановски – Иџе кој на својот Фејсбук објави и фотографии од снимањето:

Сугарески со честитка за денот на Царината: Најави бpyтална бopба со кopyпциjaта (Видео)

Царинската управа одбележува 29 години од своето постоење како самостоен државен орган. На сите царински службеници, соработници, учесници во цариснките постапки, како и на сите граѓани им го честитам 14-ти Април, денот на Царинската управа – порача преку видео обраќање директорот на царината Горан Сугарески.

Неговото обраќање проследете го во продолжение:

Дpaги Paшкоски поднece ocтавка

Драги Рашковски објави писмо на социјалните мрежи во кое се повлекува од функцијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Влада на Република Македонија.

Тој на социјалните мрежи објави писмо кое го упатува до премиерот Зоран Заев, во кое објаснува зошто дава оставка.

-Кога политиката, политиканството ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката, пишува тој во писмото.

Тој вели дека освен зачувувањето на интегритетот и достоинството, причината за неговото повлекување се и актуелните случувања и според него лажните вести, кои вели дека треба да се проверат преку институциите.

Погледнете го писмото во продолжение:

16-годишник од Прилеп го направи досега најубавото дрон видео од Маркови Кули и Варош: Уживајте во оваа волшебна убавина!

Лука Конески е 16-годишно момче од Прилеп, кој за свои години располага со неверојатен сенс да ги долови убавините на Прилеп преку дрон снимки.

Едно од неговите видеа е направено над Марковите Кули и најстарата прилепска населба Варош. Одлични кадри од крстот, манастирот Св. Архангел Михаил и големиот број цркви во Варош.

Секоја чест Лука и продолжи да не радуваш со вакви воодушевувачки снимки!

А вие уживајте во продолжение:

Новинарот Николовски кој ја објави веста за владиците: “Целта беше да разберете дека Бог е милостив и помага така што создал лекapи и медицина”

ФБ статус на новинарот Марјан Николовски од “Сител ТВ”, кој ја објави информацијата дека владиците Петар и Агатангел се лекyвaaт од Koвид-19 во приватната болница “Систина”.

Играта се вика журнализам…

Уште на почетокот ќе бидам нескромен и ќе речам: Ако не сакав да ја објавам веста за двајцата владици на МПЦ-ОА кои се на лекување поради Ковид 19, никогаш немаше ниту да дознаете дека се заразени, а не пак и каде се лекуваат.

Но, одлуката да ја споделам веста беше професионален порив и мотивинарана од талибанските православци кои пред Велигден агресивно и нахално се нафрлаат на сите свештеници кои зборуваат за сериозноста од вирусот и потребата од вакцинација.

Целта беше кога ќе прочитаат дека двајца владици на МПЦ-ОА се на болничко лекување, можеби ќе стават прст на глава и ќе разберат дека Бог е милостив и помага така што создал лекари и медицина.

Но, очигледно направив превид… Не изанализирав добро дека македонскиот журнализам е како прле пред магаре и наместо за суштината се фаќа за формата.

Така, фаќајќи се за формата, на талибанските православци им овозможи лежерност да продолжат со своите конспирации, затоа што од се, моите драги журналисти, се фатија за приватното лекување на владиците. Од кај пари, како не им е срам, што се тие повеќе од верниците.. и се така по ред.

Суштината, дека свештениците имаат сериозен проблем со учени-недоучени верници, остана да плови по Вардар.
Работејќи повеќе од две децении на религија и верски прашања, одамна ми стана јасно дека најлесно тренирање демократија во Македонија е ако удрите врз МПЦ.

Тука имате бришан простор, лесно се освојува емоција, лесно се поентира. Нешто слично е и со други верски заедници, иако, на пример, тренирањето демократија кај некои други верски заедници знае да побуди страв, а со тоа и малку повеќе самоконтрола.

Како и да е… Нашиот журнализам, како и обично покажува високо ниво на неодговорност и неможност да се канализира во суштината на општествена вредност. Тоа е така затоа што се води од сензационализмот, а не од општествената одговорност.

Настрана тоа што за себе гаиме илузии дека сме најпаметни. Но, да бидеме на јасно. Јас немам никаква намера, никого, ама баш никого да амнестирам, ниту да бранам.

Со Владиката Петар воопшто и не комуницирам повеќе од седум години. Последниот мој контакт со него беше со негова констатација: „ќе се видиме на страшниот суд“.

Причината беше мојот став за црковниот проблем во Австралија, за кој јас и денеска тврдам дека тој не беше во право. Со Владиката Агатангел сум личен пријател. Но, секогаш критичар на секој негов потег, или изјава за кој сметам дека не е исправен.

Сум бил и сум критичар на секоја девијација во МПЦ-ОА, за тоа сум бил во конфликт со половина Синод на МПЦ-ОА, но да се создава лажна тема со теза зошто владици на МПЦ-ОА се лечеле во приватна болница, а не во државна е тендециозност и лечење фрустрации. Извинете.

Еве јас ќе кажам дека одлуката на Петар и Агатангел да се лекуваат во приватна болница е совршено ниво на општествена одговорност, како што доликува на еден владика и за тоа можам да полемезирам до утре. Зошто?

Владиката Петар има 75 години, Владиката Агатангел 66 години. Хоспитализирани се превентивно поради можни компликации од различен вид од вирусот. И, наместо да користат капацитети во државните болници, каде до место тешко се доаѓа, како што тоа го прават сите кои имаат и пријатели и врски, а можеби се и политичари и новинари и општествени фаци, они одбрале приватна болница каде се плаќа. Да се плаќа. Дали ќе платат, или Орце ќе ги лекува без пари е одлука на приватната болница.

Додека ние правиме драми од лекување на владици, сериозни држави, како Грција, Бугарија, Албанија, Србија, за Русија ич муабет не правам, владиците ги третира како пациенти од висок национален интерес. Да ве потсетам каде се лекуваше Српскиот Патријарх Иринеј? Да, тие се лекуваат од Ковид на ниво на државници од висок степен на интерес.

Но, нејсе… и тоа не е толку важно во една секуларна држава. Најважно е што за нивното лекување не се трошат јавни и државни средства. Можеби се трошат средства на верниците, но тоа се лични средства на луѓето кои веруваат во Црквата и кои се ќе направат за да им возвратат на своите духовни отци. Штета што површинскиот журнализам тоа не може да го разбере.

П.С. Гледам и дел лекари се загрижиле од каде пари за приватно лекување на владици, па гордо констатирале дека тоа е високо ниво на неодговорност.

Знаете што е високо ниво на неодговорност?

Во текот на денот, како лекар, повеќе време да посветите на пишување статуси на Фејсбук, отколку на лекување пациенти.

Така добро да лекувавте пациенти, како што така добро пишувате статуси на ФБ, можеби и немаше да бидеме први во светот по смртност од Ковид 19.