дома блог страница 2078

Мицкocки денecка ja отвopи афepaта „Maфиja 2“: Пocтojaт над 20 000 лица кои имaaт по нajмалкy два матични бpoeви

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите ја отвори аферата Мафија 2, која се однесува на изготвување и издавање лични документи на исти лица со различни матични броеви во Македонија.

Покрај аферата Мафија, каде што структури на власта издавале патни исправи и документи за идентификација на криминални структури, во оваа афера може да се види дека едни исти лица имаат по два матични броеви.

– Според информациите што ги добивме во Македонија постојат над 20.000 лица кои имаат по најмалку два матични броеви. Едно лице со два матични броеви го има двапати во избирачкиот список. Со двоен идентитет лицата можат да ги злоупотребуваат државните институции, банките, рече Мицкоски.

Според документите што ги презентира Мицкоски, аферата Мафија 2 окрива дека едно лице со два матични броја еднаш се јавува во избирачкиот список со своето вистинско име и со вистинската адреса, а вториот пат регистрирано како друго лице во друга општина.

– Овој криминал се користел за гласање, рече Мицкоски

Повеќе може да погледнете на “Курир”

Пејачот со неверојатен глас ја напуштил сопругата поради неа – вака изгледала нивната прва средба

Андреа Бочели е во среќен брак со Вероника Берти која што од него е помлада 26 години, а парот всушност е среќен и поради големата разлика во годините.

Андреа (62) и Вероника (36) се запознале во 2002 година на една забава.

Вероника тогаш имала 18 години. Нивната љубов започнала како во некоја филмска приказна, откако тој истата вечер кога ја запознал ѝ отпеал арија. Со песната всушност и ја освоил.

„Сите беа таму и тоа навистина беше прекрасен момент. Беше тоа најбрзиот почеток на некоја врска затоа што се зближивме истата вечер“, се присетил Бочели на запознавањето со својата сопруга во едно интервју.

Парот никогаш не обрнувал внимание на разликата во нивните години, а Андреа објаснила дека токму таа разлика е традиција во неговто семејство и нешто што „се подразбира“.

„Меѓу моите родители исто така има голема разлика во годините. Покрај тоа сум многу религиозен, а разликата во годините е нешто што често го сретнуваме и во библиските бракови“, изјавил оперскиот пејач.

Тој додал дека со сопругата Вероника најмногу го поврзува музиката.

Андреа во тоа време бил во брак со поранешната сопруга Енрика Цензати со која што има двајца синови, но од неа се развел, па набрзо потоа ја запознал Вероника.

Вероника во 2012 година со италијанскиот тенор ја добиле ќерката Викторија, а тој среќен настан парот го одбележал со песна, поточно заедничка изведба на љубовната песна „Qualche Stupido“.

Две години подоцна, Андреа ја однел Вероника пред олтар на 21 март 2014 година, а се венчале на бајковита церемонија во Тоскана.

Денес тие живеат во Италија, а во текот на минатата година заедно се посветиле во борбата против коронавирусот кои што и двајцата го прележале успешно и закрепнале.

Cpaмота: Во Прилеп ќе нема пyнкт за мacовна имyнизациja кажа Филипче?

„Се планира масовна вакцинација и во повеќе градови освен во Скопје, и тоа во објекти во: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови. Денес имам состанок со градоначалниците и со директорите на здравствените домови за да видиме во кои објекти тоа ќе се спроведува и како ќе се органиизра медицинскиот персонал“, рече Филипче.

Тој најави дека на 28 април во Македонија треба да пристигнат сите 200 илјади кинески вакцини потврди денеска Венко Филипче, министерот за здравство.

Претходно, на 19 и на 26 април треба да пристигнат по 10 илјади вакцини од производителот „Фајзер“, вчера соопшти Филипче.

До вчера во Македонија имаше 30 илјади вакцинирани граѓани, а денеска почна вакцинацијата на лицата под 75 години.

„ДOCTA Е, ПPETEPABTE“: KCC излегyва на пpoтecт во 16 чacoт, paботничките пpaва ce на нajниcко ниво

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија денеска од 16 часот излегува на мирен протест. Протестот започнува од бул. Гоце Делчев спроти МРТ кон Собранието, а потоа продолжува и завршува пред Влада.

– Протестот ќе се одржи со автомобили со цел почитување на мерките за заштита од Корона вирусот и за заштита на безбедноста и здравјето на учесниците. Сакаме да истакнеме дека, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во изминатиот период се обидува да воспостави социјален дијалог со надлежните претставници на министерствата и државните органи со цел разрешување на одредени проблеми кои ги засегаат вработените, како и да укажеме на почитување на законите и колективните договори кои подолг период во континуитет се прекршуваат. Исто така истакнуваме дека работничките и човековите права се прекршуваат дури и за време на пандемијата кога луѓето се во ранлива економска и здравствена состојба, велат од конфедерацијата.

КСС посочи дека нивни легитимни синдикални барања кои ги поставиле се следните: почитување на законите од областа на трудовото право, барање за неодложно постапување на институциите при прекршување на законите, да се запре притисокот врз синидикалното организирање и синдикалните лидери.

– Сите овие барања и активности се во насока на подобрување на социо-економскиот статус на нашите членови и на сите работници во нашата држава. Ги повикуваме сите активно да се вклучите во овој протест, а со цел да се чуе гласот на работниците и гласот на синдикатот и да се принудат надлежните претставници од Министерствата и другите државни институции да започнат социјален дијалог со нас со цел подобрување положбата на сите работници, додаваат од КСС.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура– СОНК, како грански синдикат и член на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, истакна дека ќе земе активно учество на протестот.

-СОНК ги поддржува барањата на најголемиот синдикат во јавниот сектор и смета дека заради немање слух на надлежните, односно на социјалните партнери на сите нивоа, заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да ги бара преку искажување на јавно незадоволство, односно преку предупредувачки протест, истакнаа од СОНК.

ИH MEMOPИAM: Почина легендата на Победа, Гоце Гpyeвски-Чолакот

ИН МЕМОРИАМ

Утрово на 46-годишна возраст во Мелбурн почина Гоце Груевски- Чолакот.

Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски успеси кои му овозможија и излез на меѓународна сцена.

Гоце го чуваше голот на Победа покрај во домашните натпреварувања од 1997 до 2000 година и во настапите во Купот на УЕФА против Одра и Интертото купот против Озета Дукла Тренчин и на антологискиот двомеч со италијанската Перуџа.

Со своите одбрани во дресот на Победа го заслужи и дресот на македонската фудбалска репрезентација кој го носеше 8 пати( 3 меча во квалификациите за СП во Јапонија и Ј.Кореја 2002 и на 5 пријателски натпревари во 2000 и 2001 година).

Потврда дека стануваше збор за еден од најдобрите голмани во тој период кај нас е фактот дека Гоце Груевски го чуваше голот на нашите најдобри клубови:Победа, Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Македонија ЃП и Беласица.

Од 2006 година заминува за Австралија каде 14 години беше најпрво голман а последниве години тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн-Македонија Престон,а работеше и во академијата на Манчестер Сити.

Почивај во мир Гоце. Сочуство од цел Прилеп, твојата ФК Победа и сите нејзини приврзаници.

Емотивно загревање за Европско: Мартин Пресилски направи прекрасна видео сторија за нашите фудбалски херои

Мартин Пресилски од Прилеп веќе стана препознатлив по мотивирачките видеа кои ги изработува за нашите спортски херои.

Најновото е загревање пред Европското првенство во фудбал и е посветено на Горан Пандев и дружината, кои ја донесоа најголемата фудбалска радост за Македонија.

Уживајте во продолжение:

Зошто СДСМ денес не ја изгласа подршката за бизнисот?

Стопанството на колена, граѓаните беспомошни. Петтиот пакет чека на добра волја на владиното мнозинство да биде изгласан – напиша на ФБ вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

“Рашковски даде оставка. Сѐ уште нема масовна имунизација, балкански водачи на нарко и криминални картели се наши сограѓани, обвинетите наместо за злосторничко здружување и фалсификување на патни исправи ќе бидат судени за злоупотреба на службена должност, рекордери по заболени и починати од корона, криза, паника, пљачка, уцени, закани, насилно превземање на компании.

Добредојдовме во новата реалност – Македонија 2021. Одбивам и ќе се борам против ова. Ние заслужуваме подобро, а одговорност ќе има.

П.С. Сѐ уште не слушнав реакција од Стопанската комора и укор до власта зошто игра политика, неместо денес да ги изгласа законите од петтиот пакет наменет за стопанството и граѓаните. Ќе бекне некој или чекаме нова средба со триото Битиќи – Бесими – Бектеши?” – пишува Мицкоски.

Hoво иcтpaжyвање: Тpeтина од пpeлежаните од Koвид-19 ја добивaaт овaa диjaгноза

Една нова студија спроведена на Универзитетот во Оксфорд донесе информација дека 34 проценти од пациентите кои биле подложени на коронавирусот доживуваат една работа како симптом – невролошко пореметување.

Една од најтешките работи да се направи со оваа болест е фактот дека проблемите не престануваат по 14 дена карантин. Продолжениот Ковид носи симптоми како што се замор, губење на вкус и мирис, останување без здив и болка во мускулите, според постарите истражувања. Но, денес, студијата даде нови резултати и тврди дека една третина од оние кои имале оваа болест сè уште страдаат од особено загрижувачки симптом со месеци.

Една третина од пациентите биле дијагностицирани со невролошко или ментално нарушување

Резултатите од студијата објавена пред неколку дена укажуваат на фактот дека на 34% од луѓето кои имале ковчиња, на крајот им е дијагностицирано или невролошко или ментално нарушување. Студијата провери што се случува 6 месеци по дијагнозата, па прегледот ќе продолжи да открива што се крие зад оваа состојба.

Ова е многу важна тема, бидејќи постоеја сомневања дека заболувањето на коските и мозокот не се само респираторни органи, рече Муса Сами, професор по психијатрија на Универзитетот во Нотингем, но не учествуваше во студијата.

Тој наведува дека постојат неколку фактори кои можат да придонесат за фактот дека толку многу пациенти доживуваат долгорочни симптоми, а тоа може да бидат стресот, престојот во болница и карактеристиките на болеста.

Опсегот на симптоми се движи од вознемиреност до мозочен удар

Најчестите невролошки и психолошки дијагнози биле анксиозност кај 17 проценти од луѓето и промени во расположението кај 14 проценти. Околу 50% од пациентите доживеале исхемичен мозочен удар, а тоа е згрутчување на крвта што делува на мозокот. Деменциите се чести, се користат супстанции и несоница.

„Ова се податоци според прегледот на голем број пациенти, и тие потврдуваат дека се справуваат и со сериозни нарушувања кои влијаат на нервниот систем“, објасни водачот на студијата Пол Харисон.

Овие промени се почести кај Ковид 19 отколку кај други слични болести

Студијата ги спореди податоците од повеќе од 236 000 пациенти со ковиди со оние кои имале други болести во иста временска рамка и заклучило дека пациентите со Ковид 19 имаат 44% поголем ризик од ментална и невролошка дијагноза отколку кај оние со други инфекции, на пример, дишни патишта.

„Нашите резултати докажуваат дека мозочните болести и менталните нарушувања се многу повисоки по ковид-19 од другите респираторни инфекции“, додаваат авторите на студијата.

Починaa две нови лица од Прилеп: Бројката на активни слyчаи се уште над 1.000

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 357, Битола – 85, Куманово – 69, Прилеп – 43, Велес – 39, Охрид – 36, Тетово – 34, Струмица и Кочани – по 29, Гостивар – 28, Штип – 26, Кавадарци – 25, Кичево – 21, Гевгелија – 14, Свети Николе – 13, Струга – 11, Ресен и Радовиш – по 10, Делчево и Виница – по 9, Неготино, Берово и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци – 5, Дебар и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Крушево и Демир Капија – по 1, информира министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се 737 оздравени пациенти од: Скопје – 380, Прилеп – 42, Велес – 39, Куманово – 32, Кавадарци – 26, Битола – 25, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Тетово – 20, Штип и Крушево – по 16, Неготино – 13, Кочани и Струмица – по 11, Радовиш и Делчево – по 7, Демир Капија – 6, Берово, Кичево и Македонски Брод – по 5, Ресен и Виница – по 4, Богданци, Пробиштип и Пехчево – по 3, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка и Дојран – по 2, Валандово и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 11 од Скопје (54г, 67г , 68г, 70г, 71г, 72г ,72г, 75г 77г, 86г и 87г), по 3 лица од Битола (49г, 66г и 74г) и Тетово (40г, 65г и 85г), по 2 починати лица од Куманово ( 66г и 84г), Прилеп (67г и 75г), Охрид (72г и 84г) и Гевгелија (25г и 76г) и по едно лице од Кочани (58г), Штип (65г), Кавадарци (58г), Струга (65г), Радовиш (74г), Делчево (79г), Неготино (87г) и Берово (87г).

Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Направени се 3.610 тестови преку: ИЈЗ-679, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–78, МАНУ-158, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-208, Биотек-241, Систина-214, лабораторија Лаор-351, Синлаб – 63, Ремедика-46, Плодност – 60, Генеа – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.187.

Досега во земјата се направени вкупно 677.988 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.

Во Прилеп од коpoнавиpyc досега заболеле 7730 лица, а во моментов активни се 1026 слyчаи.

Нема ден без цpна xpoника во Прилеп: Пpoнajден xepoин кај 37-годишен прилепчанец

ОВР Прилеп поднece кpивична пpиjaва пpoтив Д.Г.(37) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено производство и пуштање во промет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанции и пpeкypcopи“.

– На 13.10.2020 на паркингот во кругот на Градска општа болница во Прилеп, полициски службеници извpшиле преглед над пpиjaвениот, при што пронашле и одзеле xepoин – информираат од МВР.