дома блог страница 2077

Секоја чест: Две битолски здруженија организираат заедничка xyманитapна акциja за Велигден и Рамазан Бајрам

Заедничка хуманитарна акција на Здруженијата ,,Agum Suverenist” и ,,Мустафа Кемал Ататурк” од Битола во пресрет на Велигден и Рамазан Бајрам.

“Почитувани пријатели, за прв пат во нашата земја, две здруженија организираат заедничка хуманитарна акција во чест на двата големи верски празника-Велигден и Бајрам.

Велигденски празници се наближуваат, Здружението ,,Agum Suverenist” се залага да помогне на самохрани родители, деца со посебни потреби и социјално загрозени семејства.

Ве покануваме да бидете дел од акцијата, преку донирање на храна, средства за лична хигиена или пак со помош во финансиски средства кои можете да ги донирате на нашите сметки: 500000001362004 Стопанска банка АД Битола или на девизна сметка IbanMK07500722000009623 Swift bic STBBMK22. Информации за оваа акција можете да добиете на 076 638 633

Македонско-Турското здружение ,,Мустафа Кемал Ататурк” Битола, во пресрет на верскиот празник Рамазан Бајрам, исто така организира хуманитарна акција со која ќе обезбеди храна за семејства со социјален ризик. Акцијата е во рамките на одбележувањето на 15 годишнината од формирањеро на здружението.

Сите заинтересирани донатори нека не контактираат на: 071 251 352, а нашата жиро сметка во Стопанска Банка-Битола е 5 00 00 00 00 54 22 57

Нашите две здруженија Ви посакуваат среќни Велигденски и Бајрамски празнувања”, стои во соопштението на двете здруженија.

140 oд “paмковните” на Гpyби ќе paботат во MBP, cтотина во УJП

Досега околу 650 прераспоредени административци започнаа со работа на нивните нови работни места, а за околу 500 во тек е процесот на реализација на распределбата, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, при вчерашната посета на увид на градежни работи на автопатот Скопје-Блаце.

-Многу сме задоволни и Владата и јас. Рапортирав на последната седница на Влада за текот на распределбата. До сега веќе 650 луѓе се започнати со работа и се на нивните работни задачи секојдневно. Околу 500 други се во тек на реализација, посебно тие 140 кои во МВР коишто треба да минат низ безбедносна процедура, па потоа да започнат, изјави Груби, додавајќи дека уште 100 други треба да започнат деновиве да работат во УЈП.

Според првиот вицепремиер, коментари на прераспределбата имало во „не повеќе од четири или пет“ од вкупно 250 институции коишто презамаат административци според планот К5.

-Има таква несреќна изјава од челници на некои институции, мислам дека тие ќе се решат. Значи нема отпор за примање на К5-административци, туку има барање за адиминистративци коишто ги исполнуваат потребите на тие институции, а претежно бараат правници и економисти. Така што не гледам ништо спорно, истакна Груби.

Тој изрази надеж дека целиот процес ќе заврши до ребаланост на Буџетот, кога средства од Министерството за политички систем ќе бидат пренаменети во другите институции кои ќе ги имаат преземат овие административци.

Пpвyтот во кocaта е пpoблем што ги мачи многyмина: Овие 4 пpиpoдни peцепти можат да ви помогнат

Најчести причини за првут се алергии, изложеност на стрес, употреба на погрешни производи за нега на коса, климатски услови и температурни промени, но и прекумерна потрошувачка на солена, кисела или премногу зачинета храна.

Првутот е често придружен со несакани ефекти како што се чешање, а во потешки случаи, црвенило и печење.

Иако оваа состојба не го загрозува здравјето, неправилното лекување или занемарување може да доведе до посериозна состојба, како што е себореичен дерматитис.

Постојат многу производи што може да се добијат без рецепт, а чија цел е лекување на првут. Ако сте поддржувач на природни препарати, можете да им дадете предност во лекувањето на овој проблем.

1. Моќното алое вера

Ајурведскиот лек верува дека гелот од алое вера е најефективниот природен препарат против првут.
Одделете го листот од алое од растението, извадете го зелениот дел и истријте го гелот на кожата, а потоа почекајте кожата да ја апсорбира. Потоа исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон.

2. Маслиново масло и ѓумбир

Мешавина од маслиново масло и свеж корен од ѓумбир исто така дава добри резултати во третманот на првут.
Изрендајте корен ѓумбир со големина на палец во половина чаша маслиново масло, а потоа истријте ја смесата на кожата и измасирајте ја добро пред да ја измиете косата. Коренот на ѓумбир има антиинфламаторно дејство и го смирува црвенилото, а маслото има корисен ефект врз скалпот.

3. Маска од бадеми и маслиново масло

Првутот може да се олесни и со употреба на маска направена од топло маслиново масло и бадемово масло во еднакви пропорции.

Загрејте ги двата вида масло додека не бидат млаки, а потоа истријте ги во косата и кожата, завиткајте во алуминиумска фолија и крпа и оставете ја маската да отстои најмалку половина час. Потоа исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон.

4. Домашен шампон за целер

Фитотерапевтите препорачуваат и употреба на домашен шампон направен од корен на целер.
Во половина литар врела вода, истурете поголем корен од целер исечен на коцки и варете го додека не омекне. Потоа процедете, и измијте ја косата со добиената течност. Користете го овој шампон наместо вообичаениот шампон за коса.

Полициjaта го пpиведе Дpaги Paшковcки, обвинителcтвото бapa пpитвop

Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Полицијата денеска изутрина го привела доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција, дознава „360 степени“. Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје.

„360 степени“ веќе објави дека со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца обвинителството предлага други мерки на обезбедување.

Пpитвop за прилепчанец и битолчанец за paзбojничка кpaжба во Битола

Основното јавно обвинителcтво Битола донесе Наредба за спроведување истpaжна пocтапка пpoтив две лица од Битола и Прилеп за кpивично дело – Paзбojничка кpaжба од член 238 став 4 во врска став 1 во врска со член 22 од Kpивичниот законик. Пpoтив ocoмничените поднeceн е и пpeдлог за опpeделyвање мepка пpитвop.

Иcтpaгата е поведена заради основано coмнение дека двајцата coизвршители, заедно со уште едно непознато лице кое според првичните информации од иcтpaгата чyвало cтpaжа, на 14 април, биле затечени при кpaжба во стан на улицата „Климент Охридски“.

Ги затекнале двајца соседи кои се обиделе да ги спречат во намерата и да ја известат полициjaта, но ocoмничените yпотpeбилe cила, се нафpлиле врз соседите, ги coбopиле на скалите при што на едниот сосед му нанеле тешка телecна повpeда.

Едниот ocoмничен потоа yпотpeбил и опacно opyдие – нож, замавнувајќи кон станарите, по што се дал во бегcтво и се уште не е достапен на органите на пpoгонот. Другиот ocoмничен е лишен од cлобода.

Постапувајќи по предлогот на обвинителот, cyдиjaта на пpeтxoдна постапка на Ocновен cyд Битола донесе Решение со кое определи мерка пpитвор, во траење до 30 дена спрема двајцата ocoмничени.

За ocoмничениот кој е во бегcтво мepката пpитвop ќе започне да се применува од денот на неговото пpoнаоѓање и лишyвање од cлобода.​

Стоилковски: Ако нема пари за петтиот пакет помош, Заев нека го каже тоа јасно и гласно

Испливува на површина нова лага од Зоран Заев и неговата мафија! Директно, Зоране Заев, каде е сега петтиот пакет таканаречени мерки, за којшто се вадеше на ВМРО-ДПМНЕ? Каде е сега проблемот, за којшто Заев и неговите од мафијата се жалеа дека ВМРО-ДПМНЕ ја кочи помошта?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во Коментар на денот.

-Еве им сега чист пат за помош за економијата! А, сега нека кажат што им пречи и зошто не се помага стопанството, фирмите, за оние вработените од 7.000 фирми кои што според УЈП се уште не ја исплатиле февруарската плата, а еве го мај доаѓа! Излези Заев и кажи ја вистината сега, дали и следната недела воопшто ќе има, дали воопшто ќе се одржи седница на Собранието за помош на економијата, или ќе најдеш ново оправдување? Јасна е приказната! Зоран Заев и мафијата лажат! Мошне веројатна вистина е дека буџетот нема пари за помош, за овој надуван балон на надежи. Ветувањата за помош се исти како ветувањата за вакцини кои што ги нема! Ниту помош за економијата има, ниту вакцини има, се се тоа лаги!, истакнува Стоилковски и додава:

„Зоран Заев мора да каже што уште чека? Зоран Заев сега мора да каже зошто ги собра пратениците за да си изгласа доверба за себе, а не ги изгласа во истиот ден и петтиот пакет мерки, зашто беше изгласан во влада од 16-ти февруари!? Утре е 16-ти април, два месеци се шират лаги, манипулации и се крие вистината преку лажни ветувања. Зоран Заев мора да каже дали зад ова влечење и лажење и префрлање на вина кон ВМРО-ДПМНЕ – главната причина е дека НЕМА ПАРИ за помошта? Зоран Заев мора да каже дали преку својот платен пи-ар тим не ја лаже јавноста за пакетот мерки, цели два месеци, само и само во функција на политички маркетинг? Па така ли е Заев? Нема пари за работниците, ама имаш за 55 хонорарци за лично рекламирање и за тимот на ТендеРашко, а сега и за вработување кај Љупчо Путер Николовски? Ако нема пари за помош, Зоран Заев нека го каже тоа јасно и гласно. Ако нема пари за помош, Зоран Заев нека ги отпушти сите оние партиски војници за ширење лаги коишто ги вработи на празниот буџет. Ако нема пари, Зоране Заев, замини си и престани со лагите за блескање, ликвиден буџет и сите други манипулации додека цвета криминалот во земјата!“.

Според него, ниту економијата, ниту работниците без плата, ниту затворените работни места, ниту опозицијата, никој не е виновен што нема пари. -Виновен си ти заедно со твојата мафија што ја окупиравте државата, го испразнивте буџетот. Заради лагите на Заев во Македонија царуваат лагите, криминалот, болест и смртта!

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ цел ден во Coбpaние, власта ја нема за донесување на законите за финансиска помош на граѓаните

Донесување на петтиот пакет економски мерки останува неизвесно. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште се во собраниската салаи како што велат, СДСМ цел ден бега од донесување на законите од петиот пакет мерки за граѓаните и економијата.

-Како Пратеници се уште сме во салата за седници во Собранието на Република Македонија, како и цел ден, бараме да се изгласаат Законите составен дел на петиот пакет мерки за помош на граѓаните од последиците од пандемијата. СДСМ цел ден бега, и не сака да се донесе петиот пакет на мерки, вели пратеничката Жаклина Пешевска.

ВМРО-ДПМНЕ втор ден по ред бара носењето на економската помош за граѓаните и фирмите да биде приоритет.

Обвинуваат дека во период кога речиси 16.000 граѓани чекаат плата, а голем број фирми помош од државата, власта игра политички игри без граници.

Починaa три млади лица во Македонија: Нови cмpтни cлyчаи и во Прилеп

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.284 тестирања, а регистрирани се 890 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 349, Битола – 68, Куманово – 59, Прилеп – 52, Тетово – 36, Струмица – 35, Велес – 32, Охрид – 29, Кавадарци – 27, Штип – 25, Кочани – 24, Кичево – 20, Гостивар – 19, Виница – 15, Гевгелија – 14, Неготино и Валандово – по 11, Струга, Свети Николе и Радовиш – по 9, Пробиштип – 7, Крива Паланка – 6, Ресен и Берово – по 4, Делчево и Демир Хисар – по 3, Богданци, Демир Капија и Кратово – по 2, Крушево, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.024 оздравени пациенти од: Скопје – 464, Битола – 74, Куманово – 65, Прилеп – 60, Кавадарци – 51, Велес – 40, Гостивар – 27, Штип – 26, Тетово – 25, Струмица и Гевгелија – по 21, Берово –16, Кочани – 15, Кичево, Неготино и Валандово – по 13, Радовиш – 12, Ресен – 9, Свети Николе – 8, Крива Паланка – 7, Виница и Богданци – по 6, Македонски Брод и Дебар – по 5, Пробиштип, Демир Капија, Крушево и Делчево – по 4, Пехчево – 3, Кратово – 2, Дојран – 1.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (35г, 39г , 61г, 69г, 73г, 80г ,84г), 6 лица од Куманово (65г, 70г, 73г, 74г, 76г и 87г), по 3 починати лица од Прилеп ( 71г,72г и 77г) и Битола (64г,65г и 74г), по 2 лица од Кавадарци (75г и 76г), Велес (53г и 79г), Штип (67г, 69г), Струмица(54г и 84г), Крива Паланка(71г и 72г) и Струга(62г и 72г), по едно лице од Гостивар (77г), Кочани (34г), Кичево (57г)и Охрид (77г). Од починатите пациенти, сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.284 тестови преку: ИЈЗ-534, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–84, МАНУ-121, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-256, Биотек-243, Систина-198, лабораторија Лаор-152, Синлаб – 51, Ремедика-54, Плодност – 64, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.174.

Досега во земјата се направени вкупно 681.272 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937.

Огpoмна мacoвнocт на cиндикалните пpoтecти, лош сигнал за Владата

Почитување на законите од областа на трудовото право, барање за неодложно постапување на институциите при прекршување на законите и да запре притисокот врз синидикалното организирање и синдикалните лидери, побараа синдикалците на денешниот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати, истакнувајќи дека сите барања се во насока на подобрување на социо-економскиот статус на нивните членови и на сите работници.

–Нашите барања се почитување на законите, почитување на колективните договори. Во Македонија сите закони од трудовото право се кршат, а ние кога бараме почитување на тие закони тогаш се пресметуваат со синдикалните лидери, со синдикалните членови. Пробуваат да ги растурат синдикалните организации. Затоа кажавме денеска – доста е, претеравте, нагласи на протестот, претседателот на КСС, Благоја Ралковски.

Тој истакна дека доколку власите не ги послушаат, ќе продолжат со протестите.

–Ќе биде уште порадикално, ќе биде многу помасовно затоа што денеска беше само симболично. Нека размислат, доставивме до нив барање да направиме еден разговор на фер основа каде што ќе се почитуваме меѓу себе не од позиција на власт, туку како социјални партнери како што е секаде во Европа, потенцираше Ралковски.

Претставниците на КСС нагласија дека веќе подолг период се обидуваат да воспостават социјален дијалог со надлежните претставници на министерствата и државните органи, со цел разрешување на одредени проблеми кои ги засегаат вработените, како и да укаже на почитување на законите и колективните договори кои во континуитет се кршат, а секако, како што рекоа, истиот тек на прекршување на работничките и човековите права продолжи и за време на пандемијата.

Никoлоcки: Отсега 1 500 денapи за paботен pyчек на министep и 1 000 денapи за заменик миниcтep

Вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски денеска изјави дека со владината одлука за користење на финансиските средства за угостителски услуги, еден работен ручек на министер ќе може да изнесува најмногу 1.500 денари, а на заменик министер 1.000 денари.

– 1.500 денари ќе може да потроши министер за работен ручек, а 1.000 денари заменик министер. Мора да има писмена резервација за работниот ручек со потврда и писмена информација за бројот на поканети лица, природата и целта на состанокот. Воспоставена е целосна постапка од писмена резервација до извештај зошто е закажан ручекот. Сериозно се ограничени привилегиите и се зголемува транспарентноста. Граѓаните ќе знаат на каков работен ручек бил одреден министер, рече Николовски.