дома блог страница 2076

Мицкocки: Овие што пpaват тpговиja со дpoга е вojcката на 3aeв кoja поткyпyва на избopи

Зошто баш неговиот возач и зошто баш марихуаната е поврзана со семејството Заеви. Ние не сме 200 милиони држава, ние сме два милиони луѓе се се знае. Ние за самиот проект со марихуаната одамна предупредуваме уште од самиот почеток дека Македонија ќе стане наркохаб во Европа, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Интервју“.

– Давани се лиценци 20-30 ги има може и повеќе. Тоа е лудило. Еве ќе ви дадам два одговори. Пред некој ден бев во МАСИТ и навистина ме воодушевија неколку бројки, да речеме годишно компаниите односно бизнисот со икт индустријата во Македонија направиле обрт една милијарда евра извоз, Зоран Заев споменуваше бројка дека сите овие компании ќе бил околу 200 милиони евра.

Мислам дека треба нив да ги стимулираме и да видиме што и треба, да им помогнеме да овие луѓе таму ни дрога има, ни опојнни дроги има ни загадување ништо нема, Мицкоски во своето гостување посочи дека луѓето кои се денес во Влада ова не можат да го разберат и дека овие луѓе кои прават трговија со дрога е војската која потпкупува на избори.

Овие лица кои што се денеска во Владата не можат тоа да го разберат затоа што ние на овие избори предупредуваме за тој командир на полицијата во Прилеп со што се занимава и како се занимава, тоа е војската на Зоран Заев која што на избори уплашува, притиска, уценува и поткупува во униформа. Овие луѓе се тие кои поткупуваат на избори кои што се закануваат, оценуваат и притискаат, додаде Мицкоски.

Мицкocки пpeд вpeме кажа – Одpeден само кyќeн пpитвop за Paшковски

Kpивичниот cyд одреди домашен пpитвop за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој денеска беше приведен за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

Приведен е и Даниел Станчев, сопственик на фирмата „Инвока груп“ од која е набавен софтверот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица за злоупотреба на службената положба и овластување.

„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот“, соопшти Обвинителството.

На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300 денари со вклучен 18% ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран, фактурата во рок од седум дена била исплатена.

Летото 2019 година, првоосомничениот донел уште две одлуки за јавна набавка на работи за потребите на софтверот иако во тоа време сѐ уште не бил склучен договор за набавка на таков софтвер. Со избраните економски оператори како најповолни понудувачи биле склучени договори на износ од 1.416.000 денари со вклучен 18% ДДВ и од 4.605.021,00 денари со вклучен ДДВ.

„Со дејствијата што ги извршил, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 11.018.321 денари“, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци за двајцата првоосомничени до судот достави предлог за определување на мерка притвор.

За останатите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на осомничените да се јавуваат повремено кај определено службено лице или определен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана за учество во спроведување на постапки за јавни набавки.

Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот, обвинителството на 18 март годинава отвори предистражна постапка.​

Инаку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска предвреме ги разобличи сите, па објави дека за него следува кучен притвор.

-Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб. Во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете!, реагира лидрот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако во медиумите излезе видео од осомничениот Рашковски во Кривичниот суд се појави буквално со рацете во џеб.

Гоце Ceдлocки назначен за нов тpeнep на ФК Шкyпи

Фудбалскиот клуб Шкупи, го промовира својот нов тренер, поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Седлоски.

После неколку дена преговори, прволигашот од Чаир договори соработка со 47-годишниот стратег кој треба да го води клубот кон нови успеси.

Седлоски, во тренерската кариера ги водеше Турново, Вардар, летонската Рига, босанскиот Широки Бријег, како и вториот тим на Динамо Загреб од Хрватска..

Седлоски потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен.

Во стручниот штаб ќе соработува со Енес Ќаили, Тони Мегленски, Павел Неделковски и Матија Мирков.

Во моментов Шкупи е на второто место на табелата во домашното првенство со 49 бодови, 13 зад лидерот Шкендија.

Велосипедска патека со препреки само во Прилеп: Надлежните велат врнело многу дожд и снег, па слегло земјиштето (Фото)

Како последица на големата влажност предизвикана од врнежите на дожд и снег, на одредени делови од булеварот „Гоце Делчев“ дојде до слегнување на земјиштето – информираат од општина Прилеп.

Согласно чл.46 од Договорот за изведба и реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, склучен меѓу ЕЛС Општина Прилеп и „Изофас“ ДОО, изведувачот на работите, компанијата „Изофас“, е должна да ги отстрани настанатите недостатоци од објектот, односно булеварот.

Реконструктивните зафати за отстранување на недостатоците ќе бидат завршени во рок од 4 денови – се вели во соопштението објавено на веб страната на општина Прилеп.

Реконструкцијата на делот од булеварот “Гоце Делчев” се одвиваше речиси цела година, а кон крајот на декември минатата година беше отворен во присуство на премиерот Зоран Заев.

Проектот беше во вредност од околу 1 милион евра.

Николoвcки во Прилеп: Cocтojбата тyка е иcклyчително лоша, не само со Koвид пандемиjaта, туку и економcки гpaдот тоне (Видео)

Денеска сме овде во посета на Прилеп, ќе имаме средба со локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, со ОК, тука се пратениците и после тоа ќе имаме состанок и со здравствените работници од Прилеп. Зошто со здравствените работници? Затоа што за жал ситуацијата со корона кризата на ниво на држава е исклучително лоша, но можам да кажам дека во Прилеп можеби е најлоша и во целата држава. Континуирано високи бројки и на заболени, за жал и на оние кои што ја губат битката и ова е нешто што не се случува ден или два, туку се случува во континуитет, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас уште минатата година некаде во април, мај месец повикував да се воведат специјални мерки за Прилеп со цел да се запре она што тогаш се гледаше дека ќе се случи, а тоа е овој голем погром што се случија на Прилеп и прилепско. Тие совети и апели за жал не беа послушани, после тоа на исто повикуваме и во кампањата, есента и за жал зимата и пролета ги имаме овие бројки кои што ги имаме. Здравствените власти не прават ништо за да се подобри оваа ситуација. Од една страна сакам да им честитам на докторите и медицинскиот персонал на над човечките напори кои што ги прават но од друга страна, мора да се признае дека малку или ништо не е направено да им се помогне на луѓето, вели Николоски.

Тој додава дека нема вакцини, не само за Прилеп, туку за цела држава.

-Македонија за жал останува црна дупка во процесот на вакцинација. Не само во потесниот регион, тука и за жал на ниво на Европа. Но, нема ни соодветна терапија, луѓе не можат на времено да направат крвна слика со сите податоци кои што се потребни, тешко се закажуваат ренген снимки, а да не зборувам за тоа дека мора самите да ги купуваат лекарствата, витамините, антиоксидансите кои што треба да ги користат. Така што имаме една исклучително тешка ситуација по којашто ќе зборуваме и со здравствените работници. Во една голема катастрофа е Македонија, здравствено пред се, а секако тука е и економски. Економски градот тоне, според нашите информации само педесетина дуќани само во прилепската чаршија се затворени што говори за падот на економијата, но исто така говори и за несоодветните несоодветните економски мерки кои или ги нема или се недоволни. И тоа резултира со целосен колапс во однос на економијата, потенцира Николоски.

Бopбата тpaeла 30 минути: Рибap yлови сом тежок 70 кг. од водите на Тиквешкото езеро (Фото)

Рибарот Глигор Чејков по 30 минутна борба на Тиквешкото езеро успеа да извлече сом, верувајте или не тежок цели 70 килограми и должина од 205 сантиметри.

Чејков ова свое достигнување го сподели на социјалните мрежи, поточно во групата KORMORANI каде напиша:

– На ден 13 Април 2021 г на Тиквешкото Езеро 19:20 ч. чекајќи крап удира сом. Рибар јас ( Глигор Чејков), Трска параболик (Harrison Aviator 3,9m 3,5 lib, Машинка (Daiwa Basia QDX), Основен конец монофиламент (sufuks tritanium 0,30 ), Подвез флуорксрбон 0,30, Јадица (hayabysa p-1 nrb 6 ka), Мамец боила (maros) mesna и pop up ( ico baits).

На нас останува само да му честитаме, со надеж дека тој или некој друг негов другар рибар ќе го повтори ваквиот успех, па можеби и поголем, зошто да не.

Спасовски убеден повторно го вели истото: Гpyeвcки ќе биде изнeceн пред лицето на пpaвдата

Никола Груевски ќе носи одговорност за се што и има направено на оваа држава. Се има почеток и крај. И бегството и азилот се што започнало има крај, и на крај ќе излезе пред лицето на правдата, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при синоќешното гостување во „Клик плус“ на ТВ21, одговарајќи на прашањето за истекот на политичкиот азил на поранешниот премиер кој е во бегство во Унгарија.

– Јас кажав неколку пати до сега. Тој ќе носи одговорност за се што и има направено на оваа држава. Се има почеток и крај. И бегството и азилот се што започнало има крај, и на крај ќе излезе пред лицето на правдата – категоричен е Спасовски.

Министерот додаде дека во септември мината година била отворена посебна оперативна акција која се занимава исклучиво на пронаоѓање на бегалци, како и дека биле пронајдени 400 бегалци, од кои пет приоритетни.

Опожapeно возило на булеварот “Aлександар Македонски” во Прилеп

Во Полициcката cтаница Прилеп (14.04.2021) било пpиjaвено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп нacтанал пожap во патничко возило „опел астра” со тетовски регистарски ознаки, coпcтвенocт на Д.Л.(58) од Прилеп.

Фото/илустрација

Увид извpшила екипа на Полициcка cтаница Пpилеп. Повpeдени лица нема – информираат од МВР.

“Ќе гласам за тој што ќе вети ваков Прилеп”: Градот во 70-тите години зрачел со посебна убавина (Фото)

“Ќе гласам за тој кандидат за градоначалник кој ќе вети ваков проект, Прилеп како во 70-тите”, гласи еден коментар на социјалните мрежи со фотографиите во прилог.

Во 70-тите години на минатиот век Прилеп изобилувал со зеленило, дрвореди, зелени огради, цвеќе…

Па луѓе ние тука сме ја имале Холандија, а сега се радуваме на бетонски или гранитни пешачки патеки…

Што мислите вие, кога Прилеп бил поубав, тогаш или денеска?

Авторот на фотографиите не ни е познат, па ако се уште е меѓу нас нека се јави, заслужува посебно внимание.

Пpaвда за Талат: “Три месеци ме држите тука, сто саати зборам, цел ден тупите пред медиуми Талат, Талат…”

Сто саати зборам, три месеци ме држите тука. Цел ден тупите пред медиуми Талат, Талат… Еве ви го Талат овде …

Говорот на Претседателот на Собранието кој долго ќе се раскажува: