дома блог страница 2075

Што ќе се случи со вашиот организам доколку јадете по два портокали на ден?

Портокалите се богати со витамини -Ц, Б и А, а содржат и калчиум. Витаминот Ц делува како силен антиоксиданс. Полседните студии покажуваат како магнезиумот во портокалите го намалува крвниот притисок.

Високата концентрација на хесперидин, кој во изобилство го има во цитрусите, го намалува лошиот холестерол.

Портокалот е исполнет со витамин Ц кој помага во зајакнување на имунитетот, особено за време на студените зимски денови кога сме подложни на настинки и виpycи. Освен тоа, високата концентрација на калциум го штити здравјето на коските и забите.

Фолната киселина и фолатите кои ги има во портокалот ја подобруваа работата на мозокот и ги одржуваат внатрешните органи во добра состојба.

Македонија – Шведска пред 20 години, стрелци Пандев и Ибрахимовиќ – еве што изјавиле после натпреварот (Видео)

Репрезентациите на Македонија и Шведска до 21 година, пред 20 години на 1 септември се соочија во квалификациите за Европско првенство.

Во Скопје одигравме 1:1, а стрелци на натпреварот беа Горан Пандев за Македонија и Златан Ибрахимовиќ за Шведска.

Еве што изјавиле после натпреварот денешните легенди Гоче и Ибра:

Bиpycoт и понатаму ја пycтоши Maкедониja: Починaa уште 31 лице, во Прилеп два нови cмpтни cлyчаи

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 313, Куманово – 75, Битола – 59, Прилеп – 46, Тетово, Велес и Кавадарци – по 30, Штип и Струмица – по 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Кичево – 16, Свети Николе – 15, Гевгелија – 14, Делчево – 13, Богданци – 9, Неготино – 8, Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Радовиш – 5, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 4, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1 .

Регистрирани се 682 оздравени пациенти од: Скопје – 285, Кавадарци – 57, Прилеп – 49, Куманово – 45, Битола – 31, Гостивар – 29, Велес – 24, Тетово и Кичево – по 20, Неготино – 19, Гевгелија – 18, Штип – 16, Струмица – 14, Кочани – 10, Валандово – 9, Берово – 8, Свети Николе – 7, Демир Капија – 4, Ресен, Пробиштип и Виница – по 3, Охрид, Радовиш и Македонски Брод – по 2, Струга и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 31 починато лице: 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г ) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).

Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите 30 се починати во болнички услови. Пријавени се 7 пациенти кои се починати во тек на месец март.

Направени се 3.988 тестови преку: ИЈЗ – 526, ЦЈЗ Скопје – 79, ЦЈЗ Битола – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 7, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември – 16, Институт за микробиологија – 71, МАНУ – 129, Жан Митрев (Филип Втори) – 143, Авицена – 293, Биотек – 323, Систина – 247, лабораторија Лаор – 548, Синлаб – 132, Ремедика – 66, Плодност – 60, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.274.

Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

“Вака нашата сестра ќе живее”: Поддршка за семејството кое ги донираше opганите на починатата Верица

Откако решија да ги донираат органите на својата ќерка која загина во сообраќајна несреќа, не стивнуваат позитивните реакции за огромниот чин на хуманост до семејството од беровското село Русиново, за кои единствената утеха покрај огромната загуба, е тоа што нејзиниот живот ќе продолжи преку животот на пациентите кои ќе ги примат нејзините органи. За братот на починатата 20 годишна девојка, и покрај трагичниот чин, семејството сака да остави пример за потребата од вакви хумани гестови.

-Сакаме да дадеме до знаење дека органите треба да се донираат, а се одлучивме на тоа бидејки сакаме да спасиме животи. И нам доколку ни беа потребни, верувам дека ќе ни се излезеше во пресрет, затоа и ние сакавме да помогнеме, бидејки така ќе живее и нашата сестра, истакна Мартин Белчовски, брат на 20 годишната Верица.

Огромна поддршка до семејството Белчовски, изрази и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

-Пред се огромна поддршка за ова семејство кое и во услови на голема тага и скршеност се одлучија на храбар чекор да ги донираат органите нанесреќно загинатата Верица и со тоа да продолжат нови животи. Огромен хуман чин кој значи многу пред се за општеството во охрабрување на тие акции на донори да продолжат и во наредниот период со што ќе се овозможи многу животи да бидат спасени и со тоа иако физички не е присутна, срцето на Верица ќе продолѓи да чука. Како општина на семејството им стоиме на располагање за било какви потреби, кои уште еднаш ги охрабруваме за големиот хуман чекор, рече Пекевски

Како што претходно беше соопштено од Министерството за здравство, пациентот кој денеска го прими срцето од донорот е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето. Во наредните денови од починатиот донор ќе се трансплантираат и бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче за МИА изјави дека трансплантацијата поминала успешно.

-В понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Претходно два бубрега од донорот денеска ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор. Ова е прва ваква експлантација направена во земјава, се наведува во соопштието од Министерството.

Тие упатуваат голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка.

-Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други. Тимот кој учествуваше во оваа комплексна операција е од некоку кардиохируршки центри. Според МЗ, тие уште еднаш ни докажаа дека нашиот систем располага со тим на хирурзи кој функционира беспрекорно. Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина. -Благодарни сме на сите лекари кои учествуваат во постапката на утврдување на мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката, истакнуваат од Министерството за здравство.

Со новиот 3акон печатените учебници заминуваат во историјата

Со новиот Закон за првпат се предвидуваат инклузивни учебници, уверува министерката Мила Царовска во интерјуто за Сител, појаснувајќи дека тие ќе бидат достапни во аудио формат и отпечатени на браево писмо.

Во однос за оние деца кои немаат можности за да учат од дигитални учебници, Царовска вели дека училиштата ќе бидат обврзани за тие деца да ги испечатат учебниците.

-Ние сме во процес на транзиција и осовременување на образованието. Затоа и Законот го зема тоа предвид и вели: „Секаде каде имаме можност користиме дигитални учебници, за учениците кои што немаат уреди, училиштето има обврска да ги испечати учебниците и да им ги даде“. Затоа што сега веќе не се заштитени авторските права па да мора од купен учебник да учите. Го добивате учебникот во електронска верзија, но тој може во училиштето да биде испечатен и да биде дистрибуиран до учениците и родители коишто имаат потреба од тоа, рече Царовска.

Појасни дека и во Законот е предвидено за сите оние деца кои немаат електронски уреди, училиштето да обезбеди таблети на кои што ќе бидат поставени учебниците за користење. Но, како што објасни Царовска, тие ќе треба потоа да се префрлат и на други ученици од другите учебни години.

Гepила акциja: 3aпалени мотopите на 3aeв и Филипче пpeд миниcтepcтвото (Видео)

Во герила акција на опозицијата беа запалени моторите на премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче, односно макети од моторите на двајцата функционери.

На протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред министерството за здравство од Филипче беше побарана оставка за смртта на над 4200 луѓе и начинот на кој се справува со кризата.

Во тек е втората тpaнcплантaциja: 27-годишник доби бубрег од Верче

27-годишник веќе доби бубрег од 20-годишната Верче чие срце рано изутрина беше трансплантирано кај 22-годишно момче.

Како што соопшти Министерството за здравство, во тек е и втората тpaнсплантациja кај 40-годишен пациент со xpoнична бубрежна болecт кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор.

-Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болecти, велат од Здравство.

Момчето кое доби ново срце од 20-годишната Верче е во стабилна состојба.

-Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот. Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција, напиша Венко Филипче на Фејсбук.

Пентагон пoтвpди: Bojcкaтa нa Амepика имaшe блиcки кoнтaкти co HЛО (Видео)

Министерството за одбрана на Соединетите држави потврди дека видеото за НЛО кое е откриено е вистинско.

Пентагон објави дека снимките од трите неидентификувани летачки објекти кои се движат низ облаците, ги снимила војската во 2019 година.

Еден од предметите има триаголен облик, другиот е во форма на желад, а третиот изгледа како ракета.

По втор пат ќе се раздели со Јувентус: Буфон продолжува во нов клуб

Џанлуиџи Буфон по втор пат ќе го напушти Јувентус, тоа е главна вест утрово во италијанските медиуми!

Буфон е вистински симбол на „старата дама“. Остана во торинскиот клуб кога беше на врвот на славата и тоа после освоениот Мундијал. Можеше да оди било каде, но остана со Јувентус во Серија Б.

Првпат Јувентус го напушти пред три години кога се пресели во ПСЖ, меѓутоа се врати после само една сезона. Втор пат тоа може да го напушти за неколку месеци, овој пат би останал во Италија.

Имено, италијанските медиуми утрово на големо пишуваат за договор помеѓу Буфон и Аталанта.

Иако има 43 години Буфон и оваа сезона со неколку настапи покажа дека може да брани на високо ниво, а целта му е да заигра на Мундијалот во Катар во 2022 година. Тоа за него би бил шести Мундијал во кариерата.

Првиот контакт со Аталанта е воспоставен. Тимот од Бергамо би требало да ги продаде Спортиело и Голини кој е мета на Рома додека следната сезона голманскиот тандем треба да им го сочинуваат Буфон и младиот Карнески кој сезонава е на позамица во Кремонесе.

27-годишно момче во Македонија доби ново cpце, доктopите се поклонија пред младата девојка чие семејство peши да ги дониpa opганите (Фото)

Доцна синоќа на Клиниката за кардиохирургија беше извршена трансплантација на срце кај 27.годишно момче. кое подолго време чекало донор.

Сложената операција траеше неколку часа. Срцето кај младото момче почнало да чука пред 4 часот утринава.

Ова е втора операвција на пресадување на срце во историјата на Македонија.

Донорот инаку е 20-годишна девојка, која починала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство, како што претходно изјави министерот за здравство Венко Филипче, се согласило да ги донира нејзините органи.

Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“.

Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.