дома блог страница 2074

Xpватcки екcпepт: Доколкy и поcле ова не падне владата, Maкедонците не зacлyжyвaaт да имaaт дpжава

Лука Андраши, хрватски експерт кој работи на проект на ЕУ и кој врши мониторинг на работата на високи државни службеници во Македонија, денешните настани во Собранието ги нарече скандалозни, злосторнички и масакар на човековите права.

Тој истакна дека доколку и поле ова не падне владата, македонскиот народ не заслужува држава.

Мицкоски до Пендаровски: Доста се криеш, бекни нешто, покажи дека си достоен за функцијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека претседателот Стево Пендаровски мора да застане зад правото, законите и Уставот на Македонија.

-Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница.

Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство.

Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен.

#ИднинатаЕНаша #МакедонскаПролет, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Биотepopисти во Собрание: Законите не важат за оние кои ги носат

Во услови на пандемиja, кога дневниот просек на новозаболени е 800 лица, а просекот на починати од последици на виpycoт е 30 лица, само идиот со потпросечна интелегеннција, без емпатија и непочитувач на законот би облекол сканфандер – кој патем кажано штити од зapaза, но не ги штити другите од зapaзување – и би се упатил во Собрание каде постои можност да ги зарази сопствените колеги, со една и единствена цел – правење драма и политички поени, пишува Инфомакс.

Пратеничката од редовите на СДСМ Бисера Костадиновска – Стојчевска која е позитивна на KOBИД19 и со решение на изолација, пристигнала во Собранието на Р.Македонија во скафандер. На социјалните мрежи се пофали и со фотографија, а напиша и драматичен текст во кој таа го објаснува нејзиниот порив да им помагала на граѓаните и стопанството, притоа загрозувајќи го јавното здравје, здравјето на нејзините колеги и прекршувајќи низа на закони.

Извор: infomax.mk

Мицкоски: “Oва ceга во Coбрание е тepopизам, а не „27 април“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагира на тоа што во Собранието се носат позитивни пратеници. Според него, ова сега што се случува во Собранието е тepopизам а не случувањата од „27 април“.

– Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот!-предупредува Мицкоски.

Голема акциска контрола: Казнети 43 возачи во Прилеп

Во текот на вчерашниот ден (17.04) Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои возат со брзина поголема од максимално дозволената.

Превземени се 79 мерки, од кои 36 на битолското и 43 на поширокото прилепско подрачје. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Tpojца повpeдени при cyдиp на автобус и комбе кај Битола

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу автобус и комбе која вчера се случила во селото Жван.

Вчера во 04,29 часот било пријавено дека во с.Жван се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе “там“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ф.Ш. од с.Вирово и автобус “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.К.(56) од с.Сопотница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Ш.(81) од с.Вирово, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник од истото возило Б.Н.(72) од с.Вирово констатирани во Клиничката болница Битола, појаснуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.

Тpајче Илиоски дебитираше со тexнички нокayт уште во првата pyнда: Босанскиот бокcep падна кaко покoceн (Видео)

Вчера во Тетово во организација на боксерскиот клуб “Шкендија Но Лимит”, се одржа професионална боксерска ревија.

На ревијата се одржаа 6 професионални борби, од кои две со македонски боксери.

Младиот прилепски боксер од БК “AC”, Трајче Илиоски, или познат како “Маcedonian Machine”, дебитираше во супер велтер категорија против Рамиз Џафиќ од БиХ во 4 рунди.

Трајче борбата ја заврши уште во првата минута од првата рунда со технички нокаут и докажа дека не случајно многу се зборува за него и неговиот потенцијал.

“Задоволен сум од моето деби. Со мојот тренер Дарко Чатлески работевме многу напорно во ова време на пандемија и сум презадоволен што влегов во рингот, навистина ми недостасуваше”, истакна Трајче после победата.

Бидете внимателни кога ја посолувате храната: Ова количество ви е доволно за еден ден

Незамисливо е да се подготвува храна без сол затоа што таа всушност дава вкус, но експертите велат дека во денешно време луѓето користат големи количини кои никогаш не можат да бидат добри за здравјето. Иако е потребно, тие велат дека треба да обрнете внимание на дневниот внес.

Прекумерната употреба на овој зачин може да доведе до разни здравствени проблеми, па затоа Светската здравствена организација (СЗО) наведува пет грама како препорачана дневна доза.

Тие ве предупредуваат да обрнувате поголемо внимание со која храна јадете – тоа е главната состојка во многу индустриски јадења.

Може да го намалите внесувањето со избирање храна што содржи 1,4 g сол на 100 g храна, конзумирање свежо овошје и зеленчук со секој оброк, конзумирање млечни производи кои имаат мала содржина на натриум како што се свежо сирење и јогурт.

И, избегнувајте јадење на преработена храна, како што се производи од суво месо и, се разбира, брза храна и закуски.

Нова yпpaва, нов пopaз за Победа: Caмо Миле Taлевски го помножиja со “нyла”?

Попладнево на стадионот во Македонска Каменица, во натпревар од 23-то коло на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа претрпеа нов пораз, и покрај тоа што клубот пред неколку дена доби нов претседател и ново раководство. Клубот се наоѓа на дното од Втората лига и се чини дека до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок.

Избраниците на тренерот Крстески, за разлика од повеќето порази на гостувањата кога заслужено губеа, попладнево навистина одиграа солиден меч. Победа беше рамноправна во првиот, а далеку подобар противник во вториот дел.

Црвено-белите и денес примија два наивни, ефтини и недозволиви голови за овој ранг на натпреварување, со што уште еднаш се потврди дека одбраната е недоволно концентрирана во опасните ситуации пред сопствениот гол.

По примениот гол во првиот дел и водството на домаќините преку Дуков во 22-та минута, Победа имаше полушанса преку Грозданоски, чиј удар со глава заврши крај голот.

Во вториот дел со поофанзивна игра и формација, Победа беше многу поконкретна и поопасна по домашниот гол. Во најголем дел се играше на домашната половина. Тоа резултираше најпрвин со шансата по ударот на Најдов, кој го одбрани домашниот голман, а потоа и изнуден пенал врз Дунимаглоски, кој за жал Ангелески не го реализира (одбрани Иванов).

Во 75-тата минута Митрески имаше стопостотна шанса на втора статива, но неговиот удар го блокира Ричков. Во 83-тата минута Победа израмни на 1-1 преку Кисески Илијоски на додавање на Најдов. И кога се чинеше дека мечот ќе заврши со поделба на бодовите, во првата од 3-те минути надополнување, Саса од уште дна грешка на одбраната на Победа стигна до 3 бода со гол на нашиот екс играч Димоски.

Победа: Котевски, Петровски, Петкоски, Спиркоски (од 46 мин Митрески), Дамевски, Димитријески (од 46 мин Бошески), Дунимаглоски (од 74 мин Кисески-Илијоски), Ангелески, Јошески (од 58 мин Неделков), Најдов и Грозданоски.

Резултати 23 коло: Саса-Победа 2-1, Слога-Плачковица 1-1, Брегалница-Росоман 5-1, Тиквеш-Осогово 3-0 и Кит-Го-Кожуф 1-0.

Табела:Брегалница 61, Тиквеш 52, Кит-Го 41, Кожуф 35, Саса 31, Осогово 29, Слога 24, Победа 17, Плачковица 12 и Росоман 9 бодови.

Двојки за следното 24-то коло (сабота 24 април) : Плачковица-Победа, Кит-Го-Саса, Кожуф-Тиквеш, Осогово-Брегалница и Росоман-Слога.

За потсетување ФК Победа деновиве беше предмет на препукување помеѓу актуелните политичари од власта. Пратеникот на СДСМ од Прилеп и претседател на Општинската организација на партијата, Миле Талевски, повика одлуката за назначување на новото раководство да се отповика, но се чини дека ова негово барање беше помножено со “нула”.

Co години се бopи со xpoнична болecт и затоа бapaл подобpи ycлови за paбота, но добил отказ (Видео)

Борбата за сопственото здравје во Македонија доведува и до откази од работа. Милован Матовиќ кој со години се бори со хронична болест на белите дробови и алергии од почетокот на панедемијата бара правда и подобри услови за работа во општина Кисела Вода доби отказно решение.Тој за Алфа раскажува за мобингот кој го трпел со месеци наназад од страна на претпоставените односно од секретарот Александар Алексовски.

“Инсистирав да дојде тој тоа го одбиваше, иако му кажав дека се работи за живот и за здравје. Oтидов во неговата канцелаија при што дојде и до инцидент. Потоа неговото самоволие проодлжи.. и незаконски ме суспендираше. Поради неговото малтретирање јас завршив еден месец на боледување. Тој поднесе суспензија покрена и дисциплинска постапка и кога првиот ден се вратив истата ми беше врачена. Со зборовите не смееш тука да стапнеш не ми дозволуваше да влезам во општината, кога побарав од приемно и чекав во чекалната ме избрка и ми рече овде немаш право да бидеш во овие простории.” – изјави Милован Матовиќ

Матовиќ обвинува дека нема законска основа за неговиот отказ.

“Партиска комисија од 5 члена – ново вработени, меѓу кои едниот беше вработен само десет месеци донесоа одлука со која на градоначалникот му предложија мое отпуштање од работа и вчера го добив решението за отказ. Само затоа што барав да бидам заштитен по протоколите на кои цело време се отповикуваат властите не само за мене туку и за сите вработени.“ – вели Матовиќ.

Матовиќ се жали дека не можел ни да се брани од неправдата врз него.

“Раководителот на сектор , жената негова е братучедка на граодналаникот.Секретарот кој треба да ги брани работничките права истовремено е и секретар во општината и е претседател на Синикатот.Под тие услови немав услови за правда , институциите не реагираат ,од трудова инспекција не добив одговор.” – кажува тој.

Инаку, Милован Матовиќ во општина Кисела Вода работи како административец цели 15 години. Тој сите овие месеци бараше да биде заштитен од лошите услови за работа во ек на пандемија за на крај да остане без работа.

Извор: Алфа телевизија