дома блог страница 2073

Повторно црна статистика: 35 починати од Koвид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на KOBИД-19 во: Скопје – 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – 3, Штип – 2, Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово – по 1.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 14 од Скопје (46г, 46г , 54г, 56г, 69г, 70г ,77г, 79г, 79г,81г,87г, 87г, 87г, 89г), по 3 починати лица од Битола (72г,74г и 84г) и Куманово (62г,64г и 68г), по 2 лица од Прилеп (61г и 62г), Струмица (70г и 76г), Штип (58г, 72г) и Виница (68г и 70г), по едно лице од Велес (67г), Охрид(83г), Струга (75г), Гостивар (71г), Кочани (77г), Кичево (70г) и Неготино (69г). Од починатите пациенти, 3 лица се починати во домашни услови, а останатите 32 лица во болнички услови.

Направени се 841 тестови преку: ИЈЗ-114, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-70, Жан Митрев (Филип Втори)-97, Авицена-0, Биотек-128, Систина-174, лабораторија Лаор-0, Синлаб – 0, Ремедика-0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 224.

Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.

Пожар го пеплoca домот на три семејства во Прилеп (Фото/Видео)

Огнена стихија во Прилеп го пеплоса домот на три семејства на ул. “Ристо Крле”, во непосредна близина на театарот.

Според информациите на порталот “Револуциунер” четири противпожарни возила ја гаснат огнената стихија.

Засега нема информации за повредени лица.

Сообраќајот на булеварот “Александар Македонски” и споредните улици се одвива отежнато.

Повторно поскапување на гopивата: Oва се новите цени

За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новите цени на нафтените деривати ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,5 денари за литар, на дизелот 58,5 денари за литар, а Екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 58 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,726 ден/кг и ќе изнесува 34,992 ден/кг.

Покачувањето на цените, РКЕ го образложува со порастот на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатите седум дена, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Цените на нафтените деривати се менуваат секој понеделник.

Сега и официјално: Фудбалот никогаш повеќе нема да биде ист – се укинува Лигата на шампиони?

Американските медиуми пренесуваат дека водечките тимови во Англија, Шпанија и Италија се на прагот на основање на нова затворена Суперлига, што значи дека Лигата на шампиони ќе се укине или ќе биде на рангот на некое јужноафриканско натпреварување.

Всушност, ова би требало да биде натпреварување на богатите во кое не би имало испаѓање, а лигата би требало да биде формирана уште денес, пишува “Њујорк Тајмс”.

Со фондот од 5 милијарди евра позади кој стои познатата инвестициска банка Џеј Пи Морган, оваа лига би требало да се спротивстави на новиот “швајцарски модел” на УЕФА со кој ќе се ограничи дистрибуцијата на пари на богатите клубови.

Тимовите како Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Манчестер Јунајтед не сакаат да играа со клубовите од помалку развиените држави, бидејќи немаат финансиски интерес, пишуваат медиумите.

Hacтавничката Весела која беше една од 50 нajдобpи во светот, со cилни кpитики за укинувањето на хартиените учебници

Учителката Весела Богдановиќ, одделенски наставник од ОУ „Кочо Рацин“ село Ивањевци, Могила која во 2014 година влезе во изборот од 50 најдобри наставници во светот организиран од фондацијата Варки Џемс, остро удри по Мила Царовска и новата реформа во образованието.

Имено таа преку статус на Фејсбук напиша дека се срами од сите „глупости“ кои ги прави Министерството за образование и наука.

„Ало МОН јас се срамам од сето ваше лутање од глупост во уште поголема глупост. Има ли кој да Ве сопре? Има ли пилот во авионот или возач со дозвола за чамец не лета?“, прашува таа.

Инау наставничката Богдановиќ пред неколку години се натпреваруваше во изборот за најдобар наставник Глобал тичер прајз во кој главната награда беше 1 милион долари.

А одлуката да нема веќе хартиени учебници во училиштата остро ја критикуваше преку социјалните мрежи.

Tpoлање на денот: Дурловски со своја верзија на пратеничката на СДСМ од Битола (Видео)

Откако заболената битолска пратеничка од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, по вчерашното присуство во Собранието во скафандер на „Фејсбук“ порача, дека сите напади за нејзиниот потег се дело на партиски ботови и лечени новинари, Игор Дурловски ја сподели, како што вели ексклузивната изјава од неа.

Мајсториште на колото од Прилеп (Фото)

Мајсторот на колото по којзнае кој пат во Прилеп

13 фикса од петок до недела за стотче, му донесоа на прилепчанец фантастични 203.000 денари добивка.

Секоја чест мајсторе, за убаво да се трошат!

Д-р Трајковски: Не само што мора да постојат печатени учебници, туку не смеат да им се одземаат на учениците на крајот на годината

Вријат социјалните мрежи откако министерката за образование, Мила Царовска, најави дека со новиот Закон се планира дигитализирање на учебниците.

Граѓаните, но и професорите не се согласуваат со ова законско решение. Со коментар се јави и Професорот по теоретска механика на Техничкиот факултет во Битола, Д-р Дејан Трајковски.

Неговиот ФБ статус го пренесуваме во целост во продолжение:

“Не само што мора да постојат печатени учебници, туку тие не смеат да им се одземаат на учениците на крајот на учебната година.

Токму затоа што им се одземаат, во последниве години гледаме генерации студенти коишто немаат поим ни што се учело, ни во која година нешто се учело, а најчесто прв пат слушаат дека воопшто се учело.

Во погорните одделенија ниту им барале знаења од подолните, затоа што оправданието било дека немале книга од каде да се потсетат или повторат.

Со своите штетни образовни политики произведоа генерации кои изгледаат како да се од Марс паднати, да не речам хендикепирани (иако незнаењето е сериозен хендикеп). Како да работиме тогаш со генерации, чија образовна возраст е десетина години зад календарската? Ќе си играме образование, ќе се лажеме самите, но и другите.

Нашите големи стручњаци за образование од XXI век не го научиле ни тоа што го знаеле уште старите Римјани: Repetitio est mater studiorum. Филолозите дури точно измериле: за да се научи и запомни еден странски збор, потребно е седум пати да се повтори (затоа што седум пати се заборавил)”.

Во 6 часа казнети 104 возачи на подрачјето од СВР Битола за возење со недозволена бpзина

На 18.04.2021 во периодот од 12.00 до 18.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе регионална акциcка контpoла за yпpaвyвање на возило со брзина поголема од пропишаната.

– Притоа, конcтатиpaни се 104 пpeкpшоци, од кои 54 возачи ја пpeчекopиле дозволената брзина надвор од населено место, а 50 возачи ја пpeчекopиле брзината во населено место. За сите пpeкpшоци изpeчени се соодветни caнкции – информираат од МВР.

Продолжуваат истите мерки? Еве до кога

Рестриктивните мерки воведени пред две недели остануваат на сила и во следните седум дена, дознава неофицијално “Алсат TВ”.

Одлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на Комисијата за заразни болести.

Предлогот за мерките треба да биде усвоен на утрешната владина седница.

Според ова ресораните и кафулињата нема да работат до 27. април, а полицискиот час и во наредните 7 дена ќе биде од 20 часот.