дома блог страница 2072

Maлолетник од скопско Трубарево нападнал 27-годишен прилепчанец

На 19.04.2021 во 07.15 часот во СВР Скопје, Р.Т.(27) од Прилеп пpиjaвил дека околу 07.10 часот во објект во изградба на подрачје на Аеродром, по претходна pacпpaвиja, бил физички нападнат од 17-годишник од с.Трубарево, скопско.

– Сочинет е записник за конcтатиpaн пpeкpшок по член 12 од 3aконот за пpeкpшоците пpoтив jaвниот peд и миp, информираат од МВР.

Погледнете какво време не’ очекyва за 1 Мај и Велигден

Студеното време и дождот ги разочара сите љубители на пролетта, особено ниските температури не ни наликуваат дека е пролет во Македонија.

Според УХМР времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во петок времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места пообилни.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Според долгорочната прогноза од наредната недела веќе не очекува затоплување на времето, а за 1 мај не очекува температура и до 21-от степен.

За Велигден во недела исто така не очекува топло време, но без сонце, погледнете.

80% од xocпитализиpaните во прилепската болница се на киcлopoдна поддpшка, за една недела починaa 14 лица

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 12 април до 18 април 2021 година, во општина Прилеп имало 277 нови случаи на Ковид-19.

Од последици на коронавирусот починале 14 лица.

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 935; на болничко лекување се наоѓаат 107 лица, од кои 83 се на кислородна поддршка; во дневната болница се лекуваат 80 пациенти.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.910.

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 378 лицa.

Да помогнеме! Пожap остави две семејства без покрив над глава, изгубиja се’ што печалеле (Видео)

Купишта гареж, пеплишта, целосно уништена покуќнина која се печалела цел живот и трауми кои ќе останат запаметени доживотно, се последиците кои зад себе ги остави синоќешената силна огнена стихија и од која две прилепски семејства останаа без своите домови. Среќа во несреќа е што едното, инаку петчлено семејство, во кое има и четиригодишно дете и баба, и кои во моментот на пожарот биле дома, во последен момент успеале да спасат жива глава – објави “АЛФА ТВ”

„Ние бевме на работа со брат ми, сопругата беше дома со мајка ми и со детето. Ние се грееме на дрва. Што се има случено – не знам точно, излегле надвор и куќата еден ден веќе била зафатена…Сопругата алармирала, таа најверојатно почувствувала некој мирис, чад и излегле надвор сите тројца…Најпотребно ни е помош од државата, од институциите, пример од „Комуналец“ да донесат контењер и возило за да може ова оштетеното што е да се изнесе надвор и да се почне одново…“, го раскажува своето потресно сведоштво Сашо Крстески, сопственик на едниот дел од опожарената куќа.

Зоран Трајаноски пак, е сопственик на другата куќа. Тој е самец, инвалид и нема никакви примања. Во моментот на пожарот, тој не бил дома. Со солзи во очите, вели дека сега очајно му е потребна секаков вид помош, бидејќи пожарот му проголтал буквално се’.

„Пожарот се случи околи 17- 18 часот. Мене ми се јавија комшиите, јас бев в село, кога си дојдов – сето беше изгорено…Не сум вработен од 2019 година не одам на работа, операција се правев од колкот и не можам да работам, а ни да кревам. И немам ни пари да ја направам со мои услови…Внатре сето е уништено, нема ништо за да се употреби, се е пеплосано…Ми треба парична помош и трактори, камиони да дојдат од „Комуналец“ – објаснува Зоран Трајаноски.

Соседите, кои први им притекнале на помош, раскажуваат дека призорот бил страшен, особено за четиригодишното синче на семејството Крстески.

„Сите сме потресени, сите комшии. Јас само во моментот, детето беше во една кола овдека сместено…ко ги видов пламените, детето сето вака се тресеше, само него го грабнав и не можев да гледам и си го зедов детето за да го смириме со ќерка ми дома и мајката пиштеше – коренеше…му е потреба итно помош на цела фамилија, немаат кај да се сместат“, – раскажува сосетката Јованка Божиноска.

Градоначалникот Илија Јованоски, кој двете семејства ги посетил и синоќа, а и денеска, им вети првична помош.

„Јас се обратив до ЈКП „Комуналец“ за да им излезат во пресрет, да им помогнат, се разбира бесплатно да го зачистат опожарениот дел од двете семејни куќи…а понатаму и финансиски ќе им помогнеме“, – рече градоначалникот Илија Јованоски.

На овие две смејства кои сега се сместени кај свои роднини, во моментов потребно им е буквално се’, па нивните надежи најмногу се свретни кон хуманите граѓани.

Каролина Дурло

На охриѓанец му стасала порака на ФБ дека добил наследство, поверувал, па го “одрале” за 4.500 евра

На 19.04.2021 во СВР Охрид, 53-годишен жител од Охрид пријавил дека на 01.03.2021 бил измамен на социјалната мрежа „Фејсбук“.

– Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг профил бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција.

Како што е пријавено, притоа добил информација дека како примател на наследството, треба да уплати парични средства за да му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, по што во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од МВР.

Ha Македонија и ce зakaнyвa цeнoвeн шok?!

На Македонија и се заканува ценовен шок, цените на основните производи постојано растат, народот одвај преживува, а власта ништо не презема. Покрај растот на цените на прехранбените производи од по дваесетина денари, месната индустрија најавува ново покачување на сувомесните производи, пишува Инфомакс.

Mесната индустрија најави ценовен шок на производите кои ќе поскапат од 20 до 40%. Бараат Владата да ги врати старите квоти за увоз на замрзнато свинско месо, ослободување од царина на месо за преработка и вклучување на индустријата во 6-тиот пакет мерки. Тие тврдат дека до Велигден ќе може да издржат без помош, но по празниците ќе следат драстични поскапувања на месните производи.

-Да речам 250, 260 денари е чаден свински бут, таа цена после празниците би отишла да речеме над 320 денари. Во зависност од тоа дали ќе има мерки, ако имаме продолжување на мерките ние од прилика, нема да биде 40%, бидејќи 20% отприлика е царината на суровината што ја плаќаме за која бараме да сме ослободени и отприлика покачувањето би било за износот, за процентот кој што е покачен на суровината за која е покачен на светскиот пазар, изјави вчера Гоце Трајчев од Групација за преработки од месо.

Aкo државата не им помогне, велат дека на удар ќе биде целиот сектор. Освен покачувањето на цените многу компании ќе стават клуч на врата, а на многу вработени им се закануваат откази.

Во последниот период, драстично се зголеми цената на маслото за јадење. Неговата цена порасна за над 30%. Сега, килограм зејтин се продава по над 110 денари. Граѓаните се повеќе го чувствуваат трендот на покачувањето на цените.

Бараат владата, по примерот од лани на почетокот економската криза, да ги замрзне цените на производите.

Од друга страна гувернерката на Народна банка, Анита Бежовска вели дека во Македонија е забележана тенденција на раст на цените која е некој вид блага форма на инфлација, при што иако не прецизира колкаво ќе биде зголемувањето на инфлацијата, додава дека сепак се очекува нејзино зголемување.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи смета дека покачувањето на цените е оправдано. Тој во телевизиско гостување истакна дека зголемувањето на цената на маслото за јадење во Македонија треба да ги следи берзанските светски поместувања.

-За жал заради некои движења на светската берза секако треба да се направи некое поместување на цените. Се утврдува дали пазарната цена на маслото во овој момент е 100 отсто оправдана наспроти сите движења на светската берза, наспроти количините што постоеле итн, истакна Битиќи.

А, од друга страна граѓаните се потешко го издржуваат ударот од ценовните шокови на производите. Платите стагнираат, над 60 илјади граѓани ги изгубија своите работни места поради економската криза, а синдикалната кошничка е за околу пет илјади денари поскапа од просечната македонска плата.

Извор: infomax.mk

Царовска: Aкo нe caкaтe дeтeтo дa ви yчи eлeктpoнcки, caми иcпpинтajтe cи гo yчeбникoт

Законот за учебници нуди комбиниран модел на употреба, и на печатени и на дигитални учебници. Првпат ќе се види што значат тие за олеснување на работата и на наставниците, и на учениците, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Моделот што го нудиме е комбиниран, секој ќе може да избере на кој начин ќе учи. Ќе се види бенефитот на дигиталниот учебник, тоа не е учебникот што до вчера го имавме со милијарда факти внатре и само напишан и ставен во ПДФ. Концептот на учење е таму да има примери, насочувања кон истражувања. Секој родител кој смета дека нема да може неговото дете да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот и нема да има проблем училиштето – таму каде што има недостиг на финансии во семејството, а таму ќе треба да се обезбедат и електронски уреди од страна на училиштето, рече Царовска.

Според неа, најважно е што првпат се зборува за квалитет зашто учебниците ќе немаат пропусти и несоодветни содржини на неквалитетни учебници кои, како што рече, „ги уништуваа нашите деца и со кои поминаа генерации“.

-Ако до вчера дискутиравме на тема за учебници за криминал, корупција и ексклузивни договори, среќна сум што денеска дискутираме и се фокусираме на квалитетот на учебниците. Со овој закон за учебници првпат поставуваме филтри кои треба да обезбедат квалитет, преку комисии составени од наставници од соодветниот предмет, претставници од високото образование и претставници кои имаат повеќе од десет години работно искуство за превенција од дискриминација и почитување на човекови права, за да станат минато оние учебници во кои имаше дискриминација врз основа на етничка припадност, врз жените, уништување на граѓанскиот концепт во државата и претставување на власта како доминантна моќ…, изјави Царовска по посетата на ОУ „25 Мај“ во Гази Баба.

Комбиниран модел на користење учебници, рече, се применува во Естонија, Словенија и Хрватска и тие земји се меѓу најдобрите на меѓународното тестирање ПИСА.

Во однос на здравствениот аспект и поминувањето дополнително време на децата пред компјутер, Царовска одговори дека тие и сега поминуваат непродуктивно време на социјалните мрежи и видеоигри на ИТ-уредите, без едукативни содржини и можности за истражување. Сега нивното внимание се насочува на продуктивно користење на уредите, нема да имаат само еден учебник, туку различни извори на учење, а дигиталните алатки ќе влијаат стимулирачки и со нив ќе ги стекнат потребните вештини што ќе им користат да се справуваат со предизвиците на дигиталниот свет по 20 години.

Свесна е, рече, за социјалната слика во земјава и дека повеќе од 1300 ученици дома немаат електрична енергија и затоа и во Законот за учебници се пресретнати сите потреби кои може да се појават и согласно можностите на нивните семејства тие ќе бидат сервисирани.

Левица Прилеп: Субвенциите за велосипеди и инвертер клими на општина Прилеп се распределени на луѓе блиски до власта?

Не стивнуваат реакциите на граѓаните за малверзацијата која им ја приреди Општина Прилеп со петте милиони денари субвенција, односно надомест на дел од трошоци за инвертер клими и велосипеди – реагираат од општинскиот огранок на политичката партија Левица од Прилеп.

Нивната реакција ја пренесуваме во целост во продолжение:

“Според нашите информации, целиот процес бил наместен за блиски луѓе, роднини и пријатели на власта во Прилеп, па и за мал дел членови на СДСМ уште и пред да почне. Сомнежите се дека се работело плански и организирано во неколку фази:

– На десетина дена пред самиот старт, се правеле списоци на блиски луѓе што биле заинтересирани за оваа мерка;

– Една недела пред почетокот биле упатени до неколку претходно договорени за процент локални продавници, каде требало да остават контакт информации – Име, Презиме и телефонски број. Тука биле забележани од случајни минувачи како чекале во редици;

– Во меѓувреме ги подготвувале и останатите документи како имотен лист и слично;

– Утрото, на самиот почеток, си ги подигнале фискалните сметки, со што биле во голема предност пред сите други кои законски ја следеле процедурата, со што ако е сето ова вистина станува збор за ОШТЕТЕНИ ГРАЃАНИ!

Поради небулозното правило “прв пријавен-прв услужен”, а без притоа да се води контрола со редоследни броеви, се создаде и дополнително незадоволство од предвремениот прекин на повикот, со изговор дека бројот на пријавени е постигнат. Останатите граѓани, кои се изложиле на трошок, единствено поради мерката која долго ја очекувале и се’ уште имале рок на пријава, според првичниот повик на општината, останале извисени.

Прилепчани се сомневаат дека дел од добитниците на субвенции, климите и велосипедите – сите се купени во само еден, до два часа по отворањето на тие неколку продавници во истиот ден на старт на повикот, што е физички невозможно да се купат 300-400 клими и велосипеди во еден час од 2-3 продавници.

Локалниот огранок Левица – Прилеп поднесе барање за увид на целата документација до Општина Прилеп”.

Фантастичен скор на Младост 96, 18 победи од 18 натпревари: Стартува разигрувањето за титула

Она што се очекуваше, тоа и се оствари во регуларниот дел на првенството од Супер лигата во пингпонг.

Двете прилепски екипи го завршија регуларниот дел од првенството на првите две позиции.

Екипата на Младост96 оствари фантастичен скор од 18 победи без ниеден пораз, и заслужено е најсериозен кандидат пред стартот во плeј оф натпреварувањето за освојување на шампионската титула.

Костадиновиќ, Станојковски, Рикалоски, Костовски, Лашкоски, ќе се обидат и во плeј офот да го оправдаат епитeтот најдобри, и да ја донесат титулата за прв пат во витрините на клубот.

Другиот прилепски клуб Младост го зазеде високото второ место и успешно го заврши регуларниот дел на првенството.

Во плеј офф се пласираа и третопласираната Шампиони ФА од Штип и четвртопласираната екипа на Телеком Нец 2 од Скопје.

Од лигата испаѓаат екипите на Работнички Телеком НЕЦ и Струга.

Екипата на Радовиш шансата за опстанок ќе ја бара во бараж натпреварот со екипата на Рисови, кои беа второпласирани во Првата лига.

Полуфиналните плеј оф парови ги сочиниваат: Младост 96 – Телеком Нец 2, и Младост – Шампион ФА. Екипите на Младост 96 и Младост стартуваат со предност од 1:0, бидејќи имаат по две победи над своите ривали во регуларниот дел од првенството.

Полуфиналните средби ќе се одржат наредниот викенд во СЦ “Борис Трајковски” – Скопје.

(Фото) Со скафандери по Широк сокак – оригинална пародија во Битола

Герила акција на битолчани.

-Облековме скафандери затоа што градот е контаминиран. Скафандер се носи само ако си здрав и чекориш во контаминирана средина. Битола е одамна контаминирана од власта, а деконтаминација следи на избори, велат битолчани, на Фејсбук страната Битолчани/Битолчанки.