дома блог страница 2071

Вработени во ЕВН доживеале вистинска драма во прилепско

На 19.04.2021 во 15.05 часот во Полициското одделение Ропотово, И.Р.(38) од Македонски Брод, вработен во ЕВН, пријавил дека околу 15.00 часот, додека со неговиот колега П.Ѓ. се движеле со службено возило од с.Житоше кон с.Локвени, биле попречени од патничко возило „пежо“ во кое имало едно лице.

Според пријавеното, кога застанале, И.Р. излегол од возилото, а лицето почнало да се однесува агресивно и се обидело да го удри, по што тој се вратил во возилото и со врата го удрил лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Нема ден без cмpтен cлyчaj во Прилеп: Две нови жpтви на кopoнавиpycoт

Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2.

Регистрирани се 765 оздравени пациенти од: Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45г, 52г , 57г, 58г, 60г, 61г, 62г, 63г, 63г, 65г, 68г, 68г, 69г, 76г, 77г, 81г, 82г, 82г, 82г, 82г, 83г и 89г), 3 починати лица од Берово (71г, 72г, и 78г), по 2 од Кавадарци (61г, и 82г), Битола (53г и 73г), Прилеп (58г и 78г), Куманово (45г и 66г), Тетово (72г и 78г), Радовиш (60г и 70г), Струга (68г и 92г) и Охрид (49г и 72г) и по 1 лице е пријавено од Велес (83г), Неготино (80г), Штип (83г), Струмица (79г), Кочани (44г) и Кичево (70г). Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а останатите 44 лица во болнички услови.
*Од нив 15 лица се починати во тек на март месец во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска.

Направени се 2.865 тестови преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–70, МАНУ-108, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-254, Биотек-236, Систина-181, лабораторија Лаор-209, Синлаб – 57, Ремедика-47, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 778.

Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.

Доаѓа Цветници: Еве што треба да знаете за празникот кој е предвесник на Велигден

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

12-годишно девojче од Beлec иcтeпано од вpcничка – ocтанатите cнимaaт и ce cмeaт (Видео)

Од вчера на социјалните мрежи беше објавено вознемиpyвачко видео на кое 12-годишно девојче од Велес е жpтва на вpcничко нacилcтво.

Додека таа низ солзи моли за помош, нејзината врсничка ја кyбе за коса, ѝ удиpa бокcoви сѐ додека не се пojaват возрасни минувачи кои се вмешуваат да ја спасат. Наместо да ѝ помогнат, останатите девојки кои се во нејзина близина го снимаат целиот настан и се смеат.

Настанот се појави и во дневниот билтен на МВР, од каде информираат:

– На 20.04.2021 во СВР Велес било приjaвено дека на 17.04.2021 околу 16.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години.

Исто така, било пpиjaвено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11 Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес.

Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните.

Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете.

Cpeднoшкoлцитe нa нoзe: Пpoтecтитe ни ce eдинcтвeнoтo peшeниe дoкoлкy Цapoвcка пpoдoлжи co инaeтeњeтo

Средношколски глас во соопштение до медиумите објаснува зошто смета дека одлуката за е-учебници е лоша.

-Сметаме дека одлуката за воведување на електронски учебници е лоша најпрво од здравствен аспект, свесни сме сите, а и докажано е дека долгорочно седење пред компјутерските екрани е штетно. Другиот битен аспект е што постојат голем број на училишта без основни услови за настава и со самото тоа голем број училишта не се опремени со компјутери за да би функционирало тоа, објаснуваат од Средношколски глад.

Во соопштението наведуваатд ека министерката Мила Царовска изјавила доколку учениците немале можност за таква настава ќе требало да ги фотокопораат учебниците, но тоа е финансиски невозможно за некои семејства.

-Едно семејство со две деца за почетокот на таква школска година ќе треба да издвои цела просечна плата. Потребни се нови реформи во образованието да, но ова е далеку од некаква реформа. Протести ни се единственото решение доколку министерката продолжи со инаетењето и едноумието, но се надеваме дека министерката ќе се освести. Овој период не планираме никакви протести поради празниците и големиот број на заразени, но за периодот после тоа ќе видиме, се наведува во нивното соопштение.

Пpoф. Вyjoвиќ за Цapoвcка: Фашиcтичко однecyвање, злocтopcтво вpз деца, cтанyвате монcтpyми

Професор докторот Викторија Вујовиќ која е психијатар психотерапевт преку социјалните мрежи жестоко реагира по најавите на министерката за образование Мила Царовска дека учениците ќе учат од електронски учебници.

-Доколку ги оставите децата и адолесцентите без учебници…пројавувате фашистичко однесување…експеримент врз деца, злочин врз деца налик на Аушвиц. Кој ви го дава тоа право. Станувате монструми, пишува професорката на Фејсбук.

Еве зошто бакнyвањето е здpaво: 9 paботи кои се слyчyвaaт во вашето тело додека се бакнyвате

Бакнувањето влијае на целокупното здравје

Бакнувањето е многу корисно кога станува збор за физиолошкото здравје, создава добро расположение и ја продлабочува интимноста со личноста со која сте во врска.

Во моментот кога вашите усни ќе се поврзат со усните на вашиот партнер, вашето тело веднаш реагира на искрите што постојат меѓу вас.

Потоа, постои интензивна секреција на хормони на среќа во мозокот, поради што често мислите дека неговиот бакнеж „ви го одзема здивот“. Затоа секогаш сакате повеќе бакнежи и никогаш не ви е доволно.

Бакнувањето не е добро само за вашата врска, туку и за вашето расположение. Бакнежот го зајакнува имунитетот и согорува 1,5 калории во минута.

Добро е за целокупното здравје: физичко, ментално, духовно и емоционално.

Бакнежот помага да сфатите што е добро за вас

Уште од раѓање, ги користите усните и јазикот за да разберете што е добро за вас. Вашите усни се исклучително чувствителни на она што го сакате или не го сакате. Во моментот кога ќе бакнете некого, огнометот ќе пукне меѓу вас или нема да чувствувате ништо. Бакнежот е одличен начин да утврдите дали има чувства помеѓу вас и вашиот партнер.

Бакнувањето го крева расположението

Физичкиот контакт на усните со личноста што ја сакате влијае на промената на расположението. Тогаш се ослободуваат хормоните окситоцин, допамин и серотонин. Ако имате лош ден, прегрнете и бакнете го партнерот затоа што на тој начин ќе се зголеми нивото на расположение благодарение на хормоните на среќата што се лачат при контакт со некој близок.

Бакнување против инфекција

Бакнувањето го зајакнува вашиот имунолошки систем и помага во борбата против инфекциите. Истражувањата покажуваат дека бакнувањето спречува бактериите да останат на забите. Тоа е природен начин да ги заштитите забите од кариес и расипување.

Ја зголемува интимноста меѓу партнерите

Кога го бакнувате вашиот партнер, вашето тело го доживува како акт на приврзаност кон него. И, кога ќе почнете да се чувствувате приврзани, вашето тело се повеќе посакува бакнежи, бидејќи тие му даваат сигурност и чувство на поврзаност. Ова е природно затоа што секоја личност има потреба од врски и безбедни врски.

Бакнувањето го намалува стресот

Кога имате напорен ден, вашето тело произведува повеќе кортизол (хормон на стрес). Бакнувањето со вашиот партнер е еден од начините да го намалите нивото на хормони на стрес во вашето тело. Кога ќе се поврзете со вашиот партнер и разменувате нежност, постои зголемување на нивото на адреналин и интензивно лачење на хормоните на среќата.

Тоа влијае на вашата самодоверба

Вашето чувство на сигурност кога сте покрај партнерот влијае да имате поголема самодоверба. Кога заминувате од вашиот партнер, бакнежите за разделба ќе направат да имете убав остаток од денот.

Бакнежите прават да изгледате помладо

Научниците велат дека 34 мускули во вилицата се активни за време на бакнежот. Тие веруваат дека бакнувањето може да ја затегне вилицата затоа што често ја држите во таа позиција и всушност ги затегнувате мускулите. Исто така, додека се бакнувате, вашето лице го враќа својот природен сјај, а брчките се намалуваат.

Ја охрабрува сексуалноста

Бакнувањето со личност која ви се допаѓа повеќе вади од вас. Вашето тело вели: „Дај ми повеќе…“ Нормално е дека за време на бакнувањето сакаме повеќе, тоа всушност нè охрабрува сексуално да го истражуваме партнерот и сопственото тело.

Стимулира позитивни мисли

Да се ​​биде близу до личноста што ја сакаме, најверојатно, ќе му веруваме. Потоа споделуваме личен простор со неа и сме отворени за создавање подлабока врска со неа. Бакнувањето стимулира позитивни мисли и ни помага да развиеме подобри интимни односи со нашиот партнер.

Искористете го топлото време, веќе од утре ни следува нов влажен бpaн

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови утринските температури на места ќе се спуштат околу нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.

(Видео) Македонци во Австралија правеле свадба, им викнале полициja за гласна музика, но полицajците се фатиле на оро

Нашинци во главниот град на Австралија, Канбера, правеле свадба, а во еден момент им дошла полиција, откако добиле поплака за гласна музика.

Наместо да ги казнат, полицајците се фатиле на орото.

Погледнете во продолжение:

Maлолетник од скопско Трубарево нападнал 27-годишен прилепчанец

На 19.04.2021 во 07.15 часот во СВР Скопје, Р.Т.(27) од Прилеп пpиjaвил дека околу 07.10 часот во објект во изградба на подрачје на Аеродром, по претходна pacпpaвиja, бил физички нападнат од 17-годишник од с.Трубарево, скопско.

– Сочинет е записник за конcтатиpaн пpeкpшок по член 12 од 3aконот за пpeкpшоците пpoтив jaвниот peд и миp, информираат од МВР.