дома блог страница 2070

Сугарески: “Бpyтално се бopиме со opганизиpaниот кpиминал и кopyпциja” (Видео)

Вицепремиерот задолжен за бopба пpoтив кopyпциjaта и кpиминалот, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески, денеска беа во посета на граничниот премин Блаце, каде одржаа работен состанок со шефот на царинската испостава Блаце.

Директорот Сугарески истакна дека автоматизацијата и дигитализацијата што се спроведуваат во Царинската управа доведуваат до засилена одговорност, поради можноста за подоцнежна контрола и поради тоа улогата на Царината во спречувањето и откривањето на корупција и организиран криминал е дел од мерките од усвоениот План за борба против корупција.

Исто така, најави и дека во текот на оваа седмица ќе се одржи експертски состанок помеѓу претставници на делегацијата на Европска Унија и Царинските служби на Република Северна Македонија и Косово на кој ќе биде разгледана можноста за воведување на концептот ONE STOP SHOP и на граничниот премин Блаце.

Проектите на заеднички контроли на границите (One-stop-shop) се спроведуваат како мерка со која се намалува можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцјалните документи кои ја следат стоката, а со тоа се намалува можноста за корупција и се зголемува стабилноста и сигурноста во целиот регион.

Проследете ја изјавата на Сугарески во продолжение:

Повторно ниски утрински температури: УХМР со најава за времето утре и во сабота

Времето утре ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава.

Во сабота времето ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови особено во југозападните и јужните делови од земјава. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во недела времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во понеделник времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

УХМР издаде и актуеклно предупредување за утре и во сабота

Под влијание на влажен бран од југ утре и во сабота времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон сабота и во сабота наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2). Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали (за 5 до 10 степени во однос на денес), а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

Емотивен јавен повик на Јане Ченто до сите граѓани кои сакаат да им помогнат во бopбата за пpaвда (Видео)

На 25 април (недела) со почеток од 11 часот, пред Владата на Република Македонија, ќе се одржи сенароден македонски пpoтecт, за поддршка во борбата за правда на ocyдените лица од настаните на 27 април 2017 година.

Повеќе политичи партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа протестот и ќе присуствуваат со членството на истиот.

Емотивен јавен повик до сите граѓани упати и прилепчанецот Јане Ченто, кој е ocyден на 13 години затвopcка казна.

Проследете го неговиот повик во продолжение:

Перез за првпат се огласи: Тажен сум, не ни беше дадена шанса да објасниме

Претседателот на Реал Мадрид и првиот човек на проектот за Суперлигата, Флорентино Перез за првпат се појави во јавноста откако натпреварувањето кое го замисли доживеа фијаско во само 24 часа.

Клубовите еден по друг почнаа да се откажуваат. Почна од англиските екипи, а на крајот официјално не се откажаа само Реал Мадрид и Барселона.

„Претходната ноќ беше многу долга, бевме на линија до еден час по полноќ. Со години работевме на овој проект и можеби не објаснивме се како што треба, но никој не ни даде шанса да објасниме. Тажен сум и разочаран. Три години вложивме во проектот Суперлига за да се бориме со тешката економска ситуација“.

Актуелниот претседател на Реал Мадрид е голем противник на сегашниот систем на Лигата на шампионите

„Форматот во овој момент во Лигата на шампионите е застарен и интересен е само од четвртфиналето. Има натпревари кои никој не ги гледа. Од овие 12 екипи ние минатата година изгубивме 650 милиони евра. Очигледно е дека форматот не функционира. Означени бевме како некои кои му мислат лошо на фудбалот, а ние всушност се обидувавме да го спасиме. Сакавме да креираме нов формат со најдобрите клубови во светот кој би се играл од август до јуни, тоа нас ќе ни донесеше многу повеќе пари за целата фудбалска индустрија“

Сепак не се откажува.

„Ако овој проект не успеа, ќе успее друг. Сите 12 клубови потпишаа договори и проектот е остварлив без германските и француските клубови. Можеби ќе направиме одредени промени да влегуваат по четири најдобри екипи од Англија, Шпанија…Важно е големите клубови да играат едни против други за фудбалот повторно да привлекува деца“, порача Перез.

Потенцираше дека Јувентус и Барселона се цврсто со него.

„Јувентус и Барселона се со нас, Суперлигата не може да се напушти туку така. Никого нема да тужиме, никој нема да плати казна. Скоро сите се уште сме во проектот. Ќе се обидеме да го решиме проблемот“, заврши Перез.

Maжите велат дека од овие 8 paботи кои ги пpaват нивните пapтнерки – им се гади

Секој кој што бил во релативно долга врска знае по некое време да престане да се труди да изгледа и да се однесува идеално, а токму тогаш почнуваат да се покажуваат и оние работи кои што ги правиме кога сме сами дома.

И мажите и жените се прифаќаат едни со други како „обични“ суштества, а со текот на времето доаѓа и до запознавање на секој сегмент од нечиј живот.

И, тоа е целосно во ред! Сепак, некои долгогодишни партнери откриле што особено им пречи кај другиот партнер.

Мажите во една анкета откриле работи кои што ги прават нивните девојки или сопруги, а нив истото не им годи.

Ова се најдобрите одговори:

1. Во јавноста си ги „стиска“ акните, на пример пред огледало во лифтот. Ужас!

2. Мојата поранешна девојка оставаше тампони и влошки замотани во тоалетна хартија во ВЦ школката, наместо да ги фрли во корпата за отпадоци.

3. Испушта гасови пред мене.

4. Ги отстранува влакната на брадата пред мене.

5. Мојата поранешна девојка сè уште ги грицкаше ноктите. Тоа секогаш ми беше одвратно.

6. Фрлаше ѓубре по својот автомобил и оставаше полупразни амбалажи со остатоци од храната, а истата по подолго време почнуваше да смрди.

7. Шета босонога по градот. Не знам како не ѝ се гади тоа.

8. Само понекогаш ги миеше рацете откако ќе извршеше мала физиолошка потреба во тоалетот.

Byчиќ: Hикого нема да пpимат во EУ од земjите на 3aпаден Балкан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека сака сите од Западен Балкан треба да зборуваат и да настапуваат заеднички ако заедно сакаме да влеземе во ЕУ.

Но, како што рече, тој смета дека тоа не е реално во овој момент.

Тие нема да не примат во ЕУ, затоа што тие сега немаат капацитет да примат никого, рече Вучиќ во интервју за Фејс ТВ, на прашањето зошто шесте држави од Западен Балкан, со сите проблеми што ги имаат, да не влезат заедно поради мирот во Европа.

Вучиќ рече дека секогаш се залага за тоа и дека нема проблем со тоа и дека бара сите да настапуваме заедно.

На забелешката на домаќинот дека ќе биде тешко ако не влеземе во ЕУ, Вучиќ рече дека ќе биде тешко ако не ги решиме нашите проблеми сами.

Статистика покажала: Просечната плата во февруари изнесувала 27.948 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари и е за 2,7 отсто повисока од истиот месел лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации -10.1 отсто, Други услужни дејности – 8.2 отсто и Рударство и вадење на камен – 7.5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен – 9.0 отсто, Уметност, забава и рекреација – 6.4 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита 4.1 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во февруари 2021 година изнесувала 41.704 денари.

Cyдот одлyчи: Paшковcки од куќeн пpитвop испpaтен во Шyтка

Поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски од куќен притвор, мерка што му беше определена за истрагата за набавката на софтверот, оди во истражниот затвор во Шутка.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и му определил 30-дневен притвор, соопштија од Кривичниот суд.

Рашковски се терети за случај во кој злоупотребил државни пари и набавил софтвер чиј автор е и самиот. Софтверот не бил потребен на МВР.

Вработени во ЕВН доживеале вистинска драма во прилепско

На 19.04.2021 во 15.05 часот во Полициското одделение Ропотово, И.Р.(38) од Македонски Брод, вработен во ЕВН, пријавил дека околу 15.00 часот, додека со неговиот колега П.Ѓ. се движеле со службено возило од с.Житоше кон с.Локвени, биле попречени од патничко возило „пежо“ во кое имало едно лице.

Според пријавеното, кога застанале, И.Р. излегол од возилото, а лицето почнало да се однесува агресивно и се обидело да го удри, по што тој се вратил во возилото и со врата го удрил лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Нема ден без cмpтен cлyчaj во Прилеп: Две нови жpтви на кopoнавиpycoт

Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2.

Регистрирани се 765 оздравени пациенти од: Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45г, 52г , 57г, 58г, 60г, 61г, 62г, 63г, 63г, 65г, 68г, 68г, 69г, 76г, 77г, 81г, 82г, 82г, 82г, 82г, 83г и 89г), 3 починати лица од Берово (71г, 72г, и 78г), по 2 од Кавадарци (61г, и 82г), Битола (53г и 73г), Прилеп (58г и 78г), Куманово (45г и 66г), Тетово (72г и 78г), Радовиш (60г и 70г), Струга (68г и 92г) и Охрид (49г и 72г) и по 1 лице е пријавено од Велес (83г), Неготино (80г), Штип (83г), Струмица (79г), Кочани (44г) и Кичево (70г). Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а останатите 44 лица во болнички услови.
*Од нив 15 лица се починати во тек на март месец во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска.

Направени се 2.865 тестови преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–70, МАНУ-108, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-254, Биотек-236, Систина-181, лабораторија Лаор-209, Синлаб – 57, Ремедика-47, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 778.

Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.