дома блог страница 2069

Му се спротивстави на Заев и Груби: Нема да ги вработам рамковните, немаат соодветно образование

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека нема да попушти, околу вработувањата на рамковните административци во неговата институција, по цена и да биде сменет од директорската позиција откако вчера премиерот Зоран Заев јавно му порача дека мора да ги спроведе владините одлуки.

Во неговата институција требаше да се преземат 35 административци, но според Пауновски, само 12 имаат соодветно образование.

-Овие лица, кои немаат соодветно образование, а бираат работа – односно сакаат канцеларска, а не теренска – нема да ги вработам, вели Пауновски за Сител, зошто смета дека администрацијата треба да биде силна институција, а не партиски орган за вработување.

Заев од друга страна пак вчера порача:

– Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга.

Тој посочи дека сака да испрати порака до сите директори кои прават отпор да не прават отпор, заради тоа што имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шансата чесно да ја работи својата работа, односно да работи.

– Ако не им се работи, дали тие што се преземаат сега или што се досега вработени, треба да им се заблагодариме и да си одат дома. Испраќам, пред се, порака до Државниот инспекторат, кој е многу гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведливи самите одлуки, а не да водиме така да кажам јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба на никој, затоа што ова е нешто кое народот го очекува од кај нас, да нема вработен во јавната администрација кој зема плата, а не оди на работа, рече Заев.

Гpyeвcки се yште нajaвyва нови инвecтиции во Maкедонија: Деновиве “Keмет Електpoникc” ќе започне да гpaди нова фабpика

Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ 1 Скопје, да објават дека планираат да одат во својата следна фаза на нивниот долгорочен план за инвестирање во Македонија и да објават градба на втора фаза(втора фабрика) на нивниот стратешки план за инвестирање во Македонија. Да потсетам дека од тогашната опозиција а денес власт бевме жестоко критикувани дека ,,фрламе пари за реклами на СИЕНЕН,, – напиша на ФБ поранешниот премиер Никола Груевски.

– На отворањето на нивната прва фабрика нивниот прв човек во тоа време објави дека Македонија му го привлекла вниманието токму одкако ја видел една од рекламите на СИЕНЕН. Потоа тие не контактираа и Виктор Мизо заедно со нивниот прв човек во фабриката во Ќустендил, договорија средба во Милано во рамки на еден друг настан па по 10 дена додјоа на посета цел тим заедно со првиот човек на компанијата директно од Америка.

Сигурно сегашната власт ќе сака да си препише барем дел од заслугата за ова втора фаза (втора фабрика) на Кемет Електроникс, но добро е да знаат дека да не беше рекламата на СИЕНЕН тие денес немаа да имат чуено за оваа американса фабрика. Затоа пак ќе кажам дека треба да се внимава кога се критикува.

И не само тоа. Презадоволни од третманот кој го добија во Македонија, т.н. ,,after care,,, нивниот претседател на УО се согласи да биде присутен на дури четири roud show-a и тоа во Детроит и Колумбус во САД, но допатува и во Сеул и Токио за да ја промовира Макеоднија пред други потенцијални инвеститори презентирајки ги своите одлични искуства во Македонија каде веќе имаа инвестирано пред повеќе од 300 претседатели на компании во овие градови. Така се работи тоа.

Најдобра реклама е кога ќе даде позитивна изјава некој глобален магнат кој веќе инвестирал во земјата, во смисла дека е презадоволен од одлуката – пишува Груевски.

Д-р Таше Трпчевски најави прес конференција: Битолската градоначалничка спречувала инвестиција вредна 3 милиони евра?

Со наслов „Болницата „ПЛОДНОСТ не е КОПАНКИ“ прим. д-р Таше Трпчевски одлучи да го крени неговиот глас, како што вели за опструкциите кои ги има од страна на Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, која што спречува да се инвестира во проект за болницата вреден 3 милиони евра, за кој веќе е подигнат банкарски кредит.

3атоа во понеделник, на 26 04.2021 г. во 10 ч. јавно повикува на прес конференција за заинтересирани медиуми и новинари пред Болницата Плодност.

За што точно станува збор ќе видиме во понеделник.

На објавата на ФБ, болницата и прим. д-р Таше добија стотици коментари со поддршка, ова се дел од нив:

– Докторе,вие и вашата институција им го осветливте и олеснивте патот на многу семејства и ја заслужувате целата наша поддршка. За жал, политиката е грозна работа,знаеме дека за вас ова не е прв пат да ви се застане на патот заради политички причини.Но знаеме и дека вие и вашиот тим сте големи борци и и овој пат ќе ја достигнете целта и понатаму ќе ни пружате соодветна грижа за нашето здравје.

– Дотичната, мислам дека нема област кај што не згреши, ова ке и ја запечати и онака неуспешната и кратка политичка кариера. Да не заборавиме што е и од колкаво значење е болницата Плодност за нашиот град Битола и регионот.
Секоја генерација има своја борба, ние изгубивме многу, да не дозволиме да изгубиме ‘се !!!

– Поддршка за Плодност! Вие сте единствената здравствена институција во нашиов град што вреди. Не постои човек во Битола и пошироко кој не ги почувствувал бенефитите од Плодност!

– Тетка Биберче да почни да си држи часови за тоа шо ја бива: математика. Очигледно не е спремна за нејзината функција за жал, ама не се трпи поќе ова што се случува во градот… #оставка #поддршказаплодност

– Ја имате подршката од граѓаните. Само сплотени можеме да покажеме колку сте потребни на луѓето. А таа нека направи барем малку од вашето, може некој и ќе застане позади неа. Ние стоиме позади Вас.

Уживање! Сите 100 погодоци на Пандев во Сериа А во едно видео

Италијанскиот фудбал се поклони уште еднаш пред најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

„Гранде Пандев“ успеа да се запише во „Клубот 100“ во Серија А, уште еднаш потврдувајќи ја класата која ја носи со себе почнувајќи од Анкона, па преку Лацио и Интер до Наполи и Џенова на италијанската фудбалска сцена.

Сите 100 гола на Пандев во Серија А уште еднаш низ 12 минути… Сите убави моменти кои засекогаш ќе останат забележани како значаен дел од кариерата на капитенот на македонската репрезентација.

(Видео) Оџата ја прекина пpec конфepнециjaта на пpeмиepoт 3aeв и минcитpите

Локалниот оџа кој денеска ја испеа молитвата во тетовска Брвеница ја прекина прес конференцијата на премиерот Заев и министрите.

Во моментот додека даваа изјави, дојде времето за молитва па се слушна гласот на свештеникот. Тогаш министерот за животна средна кој во моментот зборуваше престана. Сите чекаа да заврши молитвата. Кога заврши молитвата, прес конференцијата продолжи.

Погледнете го видеото:

Шилегов се правда: Не може за 3 години да попpaвиме ce’ што било yништено во пpeтxoдните 12

Во гостувањето во “Студио 10” на ТВ 24 градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов говореше за проектите кои тој ги остварил како градоначалник.

Како што додаде тој, зеленилото е подигнато на повисоко ниво и значително е намалена загаденоста во главниот град на Македонија.

„Не можеме во три години да ги поправиме работите кои биле уништени во претходните 12. Граѓаните се радуваат на сегашното зеленило и очигледно работиме на тој проблем. Од високо 50-то место според загаденост, ние сме на 360 место и сега сме во средно загадени градови. Сите проблеми ќе се решаваат со тек на време, треба само трпение“, истакна Шилегов.

И денеска два нови cмpтни cлyчаи во Прилеп

Регистрирани се 603 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип – по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево – по 3, Берово, Делчево и Крушево – по 2, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 641 оздравени пациенти од: Скопје – 197, Охрид – 98, Струга – 48, Прилеп – 41, Битола – 38, Куманово – 35, Велес – 34, Струмица – 26, Штип – 23, Гостивар – 22, Тетово – 20, Кичево – 15, Кочани и Гевгелија – по 8, Радовиш – 6, Виница и Пробиштип – по 5, Ресен – 4, Крива Паланка – 3, Свети Николе и Берово – по 2, Пехчево – 1.

Пријавени се вкупно 39 починати лица: 18 од Скопје (52г, 53г , 62г, 66г, 71г, 71г ,73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по 3 починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по 2 лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74г), Велес (79г), Штип (77г), Кочани (71г) и Пробиштип (63г). Сите починати пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 2.596 тестови преку: ИЈЗ-514, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–118, МАНУ-150, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-221, Биотек-238, Систина-166, лабораторија Лаор-128, Синлаб – 46, Ремедика-28, Плодност – 32, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 686.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.

Апceње на патот Прилеп-Градско

ОВР Прилеп поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Б.Б.(25) од Кавадарци, поради постоење ocнови на coмнение за сторено кpивично дело „неовлacтено пpoизводство и пyштање во промет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпстанции и пpeкypcopи“.

– На 08.01.2021 на патниот правец Прилеп-Градско, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „пежо“, управувано од Б.Б., при што во возилото пронашле и одзеле метадон – информираат од МВР.

Не ги ставија во ниту еден пакет мерки за помош: Еурокомпозитци и понатаму заборавени од Владата

Нема крај за агонијата на вработените во последниот македонски загубар „Еурокомпозит“, чиј број, кое од возраста, кое од предолгата неизвесност и беспарицата, а најмногу од пандемијата, секојдневно се намалува. Овие луѓе, по добиените многубројни празни ветувања од државата дека нивниот статус ќе биде решен, изоставени се од сите досегашни пакети на Ковид-мерки, вклучително и од шестиот, што дополнително ги вознемирува и депримира.

„Од Владата ни е кажано дека поради што сме државна фирма, не влегуваме во ниеден пакет од мерките. Тие мерки биле за приватниот сектор…Од тие шеесетина, останати сме четириесетина, а можеби не сме ни толку, не ја знам точно бројката, дел од вработените напуштија од работа, дел од вработените починаа, некои од Коронавирус, некои од природна смрт, преживуваме многу тешко…“, вели за Алфа, претседателот на Синдикалната организација, Роберт Богданоски.

Во меѓувреме, тие веќе две години немаат и никакви примања. Немаат ни здравствено и пензиско осигурување, а додека Фабриката пак, е затворена и препуштена на кражби.

„Состојбата е ужасна, фабриката е оставена на милост и немилост…До пред две години имаме пресметки и имаме во просек за земање сите околу од прилика по 5.000 евра на вработен. Во овие две години како се водиме ние, дали на 80, дали на 70 посто, дали некакви плати ни се водат не е ни битно, бидејќи ние само на хартија ги имаме тие пари и апсолутно мислиме дека никогаш нема да ги земеме“, – дециден е Богданоски.

Во иста состојба се наоѓаат и околу 230 работници кои заминаа како технолошки вишок. Ним не им е доисплатена отпремнината, а ниту придонесите, иако тоа беше уредено со Закон уште во октомври 2019 година. На овие луѓе не им се исплатени и околу 20 плати.

Работниците се закануваат дека за скоро, пак ќе ги реактивираат протестите.

Инаку, двајца од директорите на оваа фирма имаат и кривични пријави за злоупотреба на службената положба, поднесени, едната од работниците, а другата од МВР, а за кои работниците немаат никаква информација дали по нив, досега воопшто е постапувано.

Каролина Дурло

Сугарески: “Бpyтално се бopиме со opганизиpaниот кpиминал и кopyпциja” (Видео)

Вицепремиерот задолжен за бopба пpoтив кopyпциjaта и кpиминалот, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески, денеска беа во посета на граничниот премин Блаце, каде одржаа работен состанок со шефот на царинската испостава Блаце.

Директорот Сугарески истакна дека автоматизацијата и дигитализацијата што се спроведуваат во Царинската управа доведуваат до засилена одговорност, поради можноста за подоцнежна контрола и поради тоа улогата на Царината во спречувањето и откривањето на корупција и организиран криминал е дел од мерките од усвоениот План за борба против корупција.

Исто така, најави и дека во текот на оваа седмица ќе се одржи експертски состанок помеѓу претставници на делегацијата на Европска Унија и Царинските служби на Република Северна Македонија и Косово на кој ќе биде разгледана можноста за воведување на концептот ONE STOP SHOP и на граничниот премин Блаце.

Проектите на заеднички контроли на границите (One-stop-shop) се спроведуваат како мерка со која се намалува можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцјалните документи кои ја следат стоката, а со тоа се намалува можноста за корупција и се зголемува стабилноста и сигурноста во целиот регион.

Проследете ја изјавата на Сугарески во продолжение: