дома блог страница 2068

(Видео) Најстарата мачка на светот наполни 30 години

Мачорот Рабл од Велика Британија е најстариот на светот откако наполни 30 години или во човечки тоа би било околу 137 години.

“Тој е одличен, иако во овие години е малку немирен. Не можеме точно да го утврдиме бројот на годините, но знам дека го добив пред мојот осумнаесетти роденден во мај 1988 година. Рабл има проблем со висок крвен притисок, но не грижете се тој има лек за тоа”, вели Мишел неговата сопственичка.

Еве кој е избран за В.Д. командир на местото на приведениот во акцијата на ДЕА

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа редовната 55 седница, на која имаше 31 прашање точка.

Советниците ја изгласаа Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност-Прилеп за второтo полугодие од 2020 година, а расправаа и за новонастаната состојба по притворањето на командирот на ПС Прилеп.

Од страна на претставникот на Полициската станица од Општа надлежност-Прилеп, Игор Каравилоски, советниците беа информирани дека со Решение издадено на 21.04.2021 година од страна на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за вд командир на ПС од Општа надлежност-Прилеп е назначен Дарко Цуцулоски.

Бедни 1.1% доверба за прилепскиот Градоначалник? На рамниште со Рамиз Мерко од Струга

Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат. Малку над половината (50,6%) имаат доверба за разлика од 47,5% кои немаат. Етничките Албанци (74,3%) и припадниците на другите заедници (59,1%) имаат поголема доверба во општините во кои живеат отколку етничките Македонци ((41,3%). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“.

Тројцата најдобри градоначалници се: Митко Јанчев (Кавадарци), Арбен Таравари (Гостивар) и Максим Димитриевски (Куманово). За нив се изјасниле 10,5%, 7,5% односно 6,8% од испитаниците.

За градоначалникот на Прилеп се одлучиле само 1,1% од испитаниците, што го сместува Илија Јованоски на 20-то место, или на исто рамниште со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Целосното истражување на МЦМС можете да го погледнете ТУКА

(Видео) Како се менуваше планетата од 1984 година? Што ли и направивме за помалку од 40 години

Погледнете го “GoogleEarth” видеото кое во две минути покажува како планетата се променувала од 1984 година.

Најголемите промени на животната средина се случуваат во последните 50 години.

Снимките кои ги забележа GoogleEarth – од 1984. до 2020 година- ги прикажуваат тие промени и разорните ефекти кои ги имаат климатските промени.

На Гоце му е потребна нашата помош! Хумана Македонијо ти си на потег!

Нашиот другар, музичар Гоце Талевски ( член на Grupa Oskar Bitola ) поради компликации од Ковид мораше итно да биде пренесен во приватната болница Филип Втори во Скопје.

Трошоците за лекување се енормно високи и потребна им е наша финасиска помош.
Трансакциска сметка за донации:
Стопанска банка А.Д. Скопје 200002956069075
На име Љупчо Талевски (брат). Ул.Свети Наум бр.17 Битола.

Во продолжение ви ги пренесуваме и сите други локации на кои може да донирате за Гоце:

Најнова анкета на МЦМС: Еве како стојат политичките сили во Македонија

Водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ покажува најновата анкета на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ова е пресврт кога станува збор јавното мислење на граѓаните кое го испитува оваа агенција.

ВМРО-ДПМНЕ има предност од речиси 1 процент откако на претходната анкета која беше спроведена во декември од МЦМС, две најголеми македонски партии беа скоро изедначени со блага предност на СДСМ.

Најновата анкета покажува дека 22,4% од македонските граѓани и даваат доверба на ВМРО-ДПМНЕ и даваат поддршка на партијата на прашањето „За која партија ќе гласате на локалните избори 2021“, додека за СДСМ се изјасниле 21,6%. За ДУИ се изјасниле 8%, за Алијанса 6,2% од граѓаните додека за Левица 5,2% од македонските граѓани.

Покрај предноста која ја даваат граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ, претходно граѓаните се изјаснија дека потребни се предвремени парламентарни избори за излез од кризата, бидејќи оваа држава постои нестабилно владејачко мнозинство.

Високи 75,5% од вкупниот број на испитаници се согласиле дека во Македонија има политичка криза и власта нема стабилно политичко мнозинство, наспроти ниски 23,3% кои не се согласиле.

Затоа и не е изненадувачки одговорот за тоа кој е најдобриот начин да се надмине кризата, на кое 36% од граѓаните побарале предвремени парламентарни избори заедно со локалните како излез од кризата, наспроти 26,5% кои мислат дека владата може да се справи и 15,7% кои побарале широка коалиција.

Резултатите од анкетата, ја отсликуваат реалноста во земјата откако власта потфрли на сите полиња, а особено во справување со економската и здравствената криза. Власта не успеа да ги заштити граѓаните, Македонија се наоѓа во врвот на црните светски корона статистики, а со набавката на вакцини не само што се доцни туку видовме дека граѓаните беа излажани и изманипулирани за набавката на Фајзер и кинеските вакцини.

Воедно граѓаните го препознаа насилното туркање на пописот од страна на власта среде трет бран на пандемијата, како погрешната методологија која не само што не е по меѓународните препораки, туку и граѓаните не се согласуваа со таквиот начин на попишување. Ставот кој го имаа граѓаните е еднаков на ставот кој го има и ВМРО-ДПМНЕ, и не случајна е довербата која им ја даваат.

Меѓудругото на резултатот влијаат и бројните афери на власта, но и неможноста на владејачкото мнозинство цела во 2021 година да одрежи собраниска седница.

Градоначалникот симболично садеше дрвца

По повод Денот на планетата Земја, 22 Април, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателката на општинскиот Совет, Еленче Ташкоска и директорот на ЈКП „Комуналец“, Сашо Велески, во Паркот на револуцијата засадија дрвца, со што на симболичен начин го одбележаа денот.

Фактот дека повеќе од половина од светското население живее во урбаните средини, придонесува за влошување на климатските промени. Она што како препорака стигнува од релевантните светски организации, е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија, да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

Денот на планетата Земја е воспоставен во 1970 година, со цел повторно воспоставување контакт на човекот со природата, односно да се укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Инаку, 22 април се одбележува како Ден на планетата Земја на предлог на тогашниот американски сенатор и екологист, Гејлорд Нелсон.

Откако посадија мала шума кај Селце и ги исчистија Маркови Кули, прилепчани продолжуваат со трета акција викендов: Секој е добредојден! (Видео)

Кога се сака родниот крај и чистата животна средина, може да се здружат силите и да се дејствува. Тоа го покажаа група ентузијасти од Прилеп, кои изминатите месец дена организираа две успешни акции за чистење на Марковите Кули и просторот околу манастирот Св. Димитрија кај село Селце.

Во втората акција кај манастирот Св. Димитрија беа посадени и 150 дрвца, кои ќе помогнат во возобновувањето на шумата која изгоре пред 2 години.

Иницијативата за чиста и здрава еколошка средина ја започна Виктор Петроски, а веднаш беше поддржана од повеќе организации и млади луѓе.

На иницијативата се придружија Извиднички одред Феникс – Прилеп, Фитнес студиото Lady Fit, Земјоделко, Витаминка, Јога студиото Самади, Ротари Прилеп, актерот Игор Трпчески, проф. Димитар Николоски и од политичката партија Левица.

Следната цел е излетничката локација вештачко езеро Прилеп. Повикот за масовно учество во акцијата е упатен од иницијативата Еко свест Прилеп, до сите кои што си го сакаат родниот град, поединци, здруженија, партии за што поуспешна еколошка акција, во недела на 25-ти април во периодот од 10 часот.

„Ајде да ја покажеме нашата свесност, доволно е филозофирање, ни треба акција. Заедничка Акција на сите заедно! Поканете ги сите свои пријатели и ајде да покажиме дека на сите ни е важен Прилеп. Неколку часа сите заедно да се собериме со ИСТА НАМЕРА – ДА СИ ГО ИСЧИСТИМЕ ПРИЛЕП.Многу јасно се виде дека со овие настани колективната свест расте! Ајде ова нека ни стани навика еднаш на две – три недели. Факт е дека само ни треба повторување и резултати ќе има неизоставно! СЕ АКТИВИРАМ, НЕ ФИЛОЗОФИРАМ,“ стои во повикот упатен до прилепчани.

Во продолжение погледнете како се одвиваше акцијата кај Селце:

Повеќе за иницијативата погледнете ТУКА

Апел за помош на двете ceмejcтва од Пpилеп чии кyќи изгоpea во голем пожap

Во понеделникот голем пожар ги пеплоса двете куќи на Сашо Крстески и Зоран Трајаноски од Прилеп каде две семејства останаа без своите домови.

Од пожарот се зафатени двете куќи и целосно се изгорени..

Апелираме до сите хумани граѓани, да застанеме рамо до рамо и заеднички да се сплотиме во рамките на можноста да помогнеме со финансиска поддршка за возобновување на нивните домови.

За лица од странство може да донираат на следниот ЛИНК.

На следните фотографии може да ја погледнете жиро сметката за донација.

Собраните средства се заеднички на двете семејства Трајаноски и Крстески..

Му се спротивстави на Заев и Груби: Нема да ги вработам рамковните, немаат соодветно образование

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека нема да попушти, околу вработувањата на рамковните административци во неговата институција, по цена и да биде сменет од директорската позиција откако вчера премиерот Зоран Заев јавно му порача дека мора да ги спроведе владините одлуки.

Во неговата институција требаше да се преземат 35 административци, но според Пауновски, само 12 имаат соодветно образование.

-Овие лица, кои немаат соодветно образование, а бираат работа – односно сакаат канцеларска, а не теренска – нема да ги вработам, вели Пауновски за Сител, зошто смета дека администрацијата треба да биде силна институција, а не партиски орган за вработување.

Заев од друга страна пак вчера порача:

– Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга.

Тој посочи дека сака да испрати порака до сите директори кои прават отпор да не прават отпор, заради тоа што имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шансата чесно да ја работи својата работа, односно да работи.

– Ако не им се работи, дали тие што се преземаат сега или што се досега вработени, треба да им се заблагодариме и да си одат дома. Испраќам, пред се, порака до Државниот инспекторат, кој е многу гласен, треба да ги спроведеме одлуките или да кажеме зошто не се спроведливи самите одлуки, а не да водиме така да кажам јавна војна преку медиумите едни со други. Тоа не ни треба на никој, затоа што ова е нешто кое народот го очекува од кај нас, да нема вработен во јавната администрација кој зема плата, а не оди на работа, рече Заев.