дома блог страница 2065

Лоши вecти за Македонија: На Европско без Иле (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија останува без еден од стандардните првотимци, затоа што Илија Несторовски ќе има операција на коленото.

Напаѓачот го повреди коленото на еден од тренинзите на Удинезе, а по деталните проверки, утврдено било дека лигаментите се потешко повредени, па така напаѓачот ќе мора да се опepиpa.

– Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик и ке се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен, напиша Иле на ФБ.

Непознат сторител синоќа фрлил запалива материја во дворот на прилепчанец

На 26.04.2021 во 03.00 часот во Полициската станица Прилеп, З.С.(61) од Прилеп пpиjaвил дека неколку минути претходно едно лице фрлило запалива материја во дворот од неговата куќа, при што биле опожapeни дворното место пред влезот од куќата, дел од тepaсата и од sидот и еден прозорец.

Повpeдени лица нема, а огнот бил изгacнат од оштетениот. Се пpeземaaт мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

Компанија за респект! Витаминка донираше пакети производи за 450 здравствени работници

Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници: од Инфективната клиника во Скопје, од Модуларниот Ковид центар во Штип и од Инфективното одделение од Прилеп, кои секојдневно се вклучени во борбата против Ковид-19.

Секој од здравствените работници од овие одделенија во јавните здравствени домови, во пресрет на Велигденските празници доби по пакет производи од Витаминка и пакет масло Брилијант. Од компанијата велат дека целта на донацијата е да ја искажат својата поддршка и благодарност за пожртвуваноста во негата на пациентите и справувањето со состојбата со пандемијата.

“Здравствените работници во инфективните клиники остануваат нашите херои во целиот овој период, тие се најмногу изложени на ризик од болеста а истовремено се единствените што можат да ја дадат негата за болните од Ковид-19. Освен поддршката за нив, што треба да биде постојана, можеме да помогнеме само со нашето одговорно и совесно однесување да се заштитиме и нив да ги поштедиме. Витаминка, својата поддршка ја изразува и преку оваа донација и уште еднаш ја искажува благодарноста за нивната работа и пожртвуваност”, велат од Витаминка.

Од почетокот на пандемијата „Витаминка“ три пати донираше пакети со производи за медицинскиот персонал во одделенијата каде се згрижени пациенти со Ковид-19, а во повеќе наврати медицински препарати и заштитни средства за инфективните одделенија.

Утре ќе го потврдам разрешувањето на Пауновски

Премиерот Зоран Заев утре на владина седница ќе ја потврди својата намера за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски кој отворено одби да прифати во неговата институција да бидат прераспределени 35 „рамковни административци“.

– Одлуката ќе биде донесена според јавните прописи, но нема да дозволам непочитување на законите иако Пауновски е мој пријател. Ќе ги слушнеме и сите аргументи вклучително и вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе биде донесена одлуката на Владата – рече Заев.

Пред тоа во 9 часот премиерот ќе се сретне со претставниците на вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе ја прими нивната петицијата во која тие застануваат за Пауновски.

-Утре ќе ги примам инспекторите за да ја примам петицијата и да ги видиме успесите на Државниот пазарен инспекторат. Ние знаеме што постигна инспекторатот во овие три години и за време на пандемијата и колку во тоа придонел Пауновски, но процесот на распределба на административците кои не работеа е значаен. Потоа на седница на владата јас ќе ја потврдам својата намера за разрешување на Пауновски – рече премиерот.

Тој рече дека смета оти Пауновски не постапувал според законот и етичкиот кодекс.

– Сакам да кажам дека Пауновски е информиран за програмата К-5 со која се распределуваат административците, но тој не го сторил тоа што го барала Владата во одлуката, односно не ги усогласил актите за да можат да се прераспределат административците. Владата ќе постапи според законот – рече Заев.

Заев рече дека постои отворена можност и за промена на ставот по средбата со инспекторите и седницата на владата ако за тоа постојат аргументи.

– Сум бил цврст и толерантен и ќе ги слушнеме сите аргументи според кои ќе се донесе одлуката, но јас сум сврст на ставот што го кажав за негово разрешување. сакам да се почитува законот за хиерархијата и етичкиот однос и поставеност спрема претпроставените – рече Заев.

Филипче кажа дали ќе има полициcки чac за Beлигден и Бajpaм

Комисијата за зapaзни болecти денеска донесе нови рестриктивни мерки кои се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека новите мерки се однесуваат на намалување на полицискиот час, односно забрана за движење од 21 до 05 часот, како и отворање на летните тераси на угостителските објекти.

-Предлогот е во сабота кон недела за Велигден и на 12 кон 13 мај за Бајрам да нема полициски час, а работењето на угостителските објекти да биде до 20 – 20:30 часот. Ова ќе важи само за овие деноноќија, истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Teшка cooбpaќajка на ул. “Трајко Николоски” во Прилеп: Возач на мопед се здоби со тешки повpeди

На 25.04.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.П.(50) од Прилеп и мопед „апен А-6“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.В.(66) од Прилеп.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

Нов термин за полициcки чac од утре, се отвараат летните тераси на угостителските објекти

Полицискиот час да почнува од 21 часот и да трае до 05 часот, како летните тераси на угостителските објекти да се отворат е предлогот на Комисијата за заразни болести по состанокот утрово, информираат од Комисијата за Курир.

Според најновите информации одлуката веќе е донесена и од страна на Кризниот штаб. Предлогот е доставен до Владата која треба да закаже седница и да одлучи дали ќе ги прифати новите мерки.

Во изминатите три недели во нашата земја имаше полициски час од 20 часот, и забрана за работење на угостителските објекти.

Видео:”Му ги затнаа шахтите на Директоро од “Комуналец” Прилеп неговиве незадоволни членови?”

Прилепчанецот Влатче Димовски на свој начин го изразува револтот кон владеачката СДСМ за која како што вели се “тепал”.
“Еве како што се тепавме за нив така и членските че ги клајме кај што припаѓаат” пишува разочараниот прилепски активист на СДСМ.

Линк до видеото ОВДЕ

(Видео) За Миле Талески ycтавобpaнителите се жедни за кpв yбиjци?

ВМРО-ДПМНЕ денеска го покажа своето виситнско peжимско и нacилничко лице, рече на денешната прес конференција во Прилеп Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застанаа зад нacилството, зад ocyдените нacилници.

Луѓето кои вoopyжени, жедни за кpв yпаднaa насилно во Собранието на 27 април, кои пред камери се обидоа да yбиjaт пратеници, денеска ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува чесни луѓе и уставобранители.

Денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наместо зад правдата, зад граѓаните, застанаа зад лица ocyдени за тepopизам.

Денеска пратениците од Прилеп, Ане Лашкоска и Петар Ристески заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта – да бранат криминал и криминалци.

Кога треба да се носат законите важни за граѓаните Ристески и Лашкоска блокираат, кочат, го напуштаат Собранието, но први се кога треба да се брани криминал и насилство.

Тоа е се што граѓаните на Прилеп гледаат од ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници.

Граѓаните постојано ја казнуваат режимско-насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Прилеп одамна им кажа НЕ на насилниците, инсталациите на Груевски се поразени од граѓаните на градот Херој.

Така ќе биде и на следните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивните деструкции одново ќе бидат поразени и уште долго ќе останат во опозиција.

Ежење! Најубавото видео од денешниот пpoтecт – Секоја чест!

Илјадници граѓани денеска излегоа на протест и маршираа од Владата до Собранието на Република Македонија, изразувајќи го својот револт кон неправено оcyдените лица од настаните на 27 април во 2017 година.

Граѓаните побараа правда за како што велат уставобранителите, а најемотивниот момент беше изведувањето на државната химна.

“Старо младо машко и женско, на нозе се кренало….”, овие стихови ја отсликуваа вистинската атмосфера пред Владата.

Погледнете во продолжение: