дома блог страница 2066

Kpивична за 49-годишен прилепчанец за недозволено производство и пуштанење во промет на нapкотични дpoги

ОВР Прилеп поднесе kpивична пријава против И.К.(49) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „недозволено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При извршен претрес во домот кој го користи пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле амфетамин–метамфетамин, дигитална вага со остатоци од кофеин и парацетамол, ќеса со мешавина од кофеин и парацетамол и креатин, кој се користи како додаток со цел зголемување на нето масата на дpoгата.

(Видео) „Денec над Maкедониja ce paѓа“ во чecт на нeпpaведно ocyдените ycтавобpaнители

Илјадници луѓе се собраа денес пред Владата на семакедонскиот протест за правда за неправедно ocyдените лица за настаните од 27 април 2017 година.

Бројот на граѓаните е огромен и покрај тоа што утринава беа поставени полициски патроли на влезовите на град Скопје и беа сопирани и казнувани возилата кои беа упатени кон главниот град.

Огромната маса луѓе се упати кон собранието на Република Македонија, каде Игор Дурловски и Андријана Јаневска ја отпеаја македонската химна.

Богoeвcки: Ma, какви ycтавобpaнители – Tepopиcти и ништо помалкy од тоа

„Ма, какви уставобранители. Терористи и ништо помалку од тоа“, објави поранешниот пратеник од СДСМ и активист, Павле Богоевски, потенцирајќи на лицата кои се осудени за тероризам за настаните од 27-ми април во Собранието.

Според него, тоа што се случи на кобниот 27-април е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

„Според Член 313 КЗ на РСМ, Тој што со намера да го загрози уставниот поредок (ЧИТАЈ: мирна транзиција на власт) или безбедноста на Република Северна Македонија (ЧИТАЈ: упад во законодавниот дом) ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија (ЧИТАЈ: пронајдени импровизирани експлозивни направи во Собрание на РСМ по 27. април), пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство (ЧИТАЈ: обид за егзекуција, тепање и држење заложници на народни избраници), создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните (ЧИТАЈ: со намера или закана да предизвика граѓанска војна), ќе се казни со затвор најмалку десет години (ЧИТАЈ: НАЈМАЛКУ)“, напиша Богоевски.

Зapaзен со Kopoна избегал од болница, па починал на улица

Koвид- позитивен пациент побегнал од болница, по што после еден час бил пронајден mpтов на улица.

-На 24.04.2021 во 00.35 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Мирче Ацев“ во Штип бил пронајден починат Д.Н.(75) од Пробиштип. Лекар од Итна медицинска помош констатирал cmpт, а по преземени мерки било утврдено дека починатиот бил хоспитализиран во Модуларната болница во Штип како Koвид-19 позитивен пациент, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на околностите под кои ја напуштил болницата. Увид извршила екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Полициjaта запpeла гостиварчанец, а тој се обидел да побегне, па за малку ќе го пpeгазеше cлyжбеникот (Видео)

Полициски службеници од Гостивар во текот на вчерашниот ден сопреле ПМВ возило Форд.

Откако на лицето кое управувало со возилото побарани му биле патни исправи (возачка и сообраќајна дозвола) тој се обидел да му побегне, при што за малку ќе настрадаше полицискиот службеник.

ВИДЕО: “А1оn.mk”

Илјадници луѓе пред Влада: Започна семакедонскиoт народен пpoтecт за слобода на ycтавобpaнителите (Фото/Видео)

По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија денеска во 11 часот започна мирен семакедонски народен протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Протестот започна од пред Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Повеќе опозициски партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, TMРО, Единствена Македонија, Интегра, Подем, Левица, ГРОМ… го поддржаа протестот. Од протестот до претседателот на Македонија, до Собранието, Владата, до верските заедници во Македонија, до ОН, Советот на Европа, ЕУ, НАТО и ОБСЕ ќе биде испратена Декларација за слобода на уставобранителите.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Организаторите на Семакедонскиот протест апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите. Организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.

Три кpивични пpиjaви за Градоначалникот на Крушево (Видео)

Партиските вработувања со прекршување на законите и неисполнување на условите, очигледно не го одминуваат и петилјадното Крушево. Барем тројца високи локални функционери се наоѓаат на работни места за кои постои сомнеж дека ги добиле според пресудниот критериум – блискост со актуелната власт – објави “АЛФА TВ”.

В.Д. директорот на ЈКП „Комуна“, според информациите до кои дојде Алфа, бил вработен без потребниот работен стаж од 4 години и 10 месеци во дејноста, в.д. директорката на Домот на културата пак, е лице кое не било ниту вработено во оваа институција, а ниту пак го имала потребниот работен стаж од 5 години – работа во културата.

А додека во ОУ во с. Бучин, функцијата в.д. директор веќе четврта година се извршувала со наизменично поставување на неколкумина в.д. директори без распишан оглас за избор на директор, што според Законот за образование, чл.115 е кривично дело.

На овие состојби реагираа и локалните опозиционери. Тие вината ја лоцираат во градоначалникот Томе Христоски, кому веќе и му поднеле три кривични пријави за незаконско работење при назначувањето на овие директори.

„Во Крушево со доаѓањето на власт на градоначалникот Томе Христоски во 2017 година отпочнуваат незаконските поставувања на функционери во повеќе институции…и тоа трае до денес…Ние веќе имаме ситуација кога имаме поставено в.д. директори кои не ги исполнуваат условите и се уште се в.д. директори во овие три-четири години…А тоа е многу јасно дека е од проста причина што немаат соодветен партиски војник, а тој мора да биде на местото каде претходно било ветено… За овие неправедни поставувања на директори…и вадењето како да е оваа некоја детска играчка, градоначалникот Томе Христоски соодветно ќе одговара“, – вели Билјана Проеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево.

Градоначалникот Христоски пак, се правда дека Крушево било мала средина во која континуирано имаат дефицит од соодветни кадри, па затоа се одело на варијантата да се назначуваат в.д. директори.

„Ние во најскоро време ќе распишеме огласи…секаде онаму, во сите институции каде што сме надлежни да објавиме огласи, согласно законските прописи и нормативи, но и да исполнуваат услови треба… Нема ништо незаконски, нема ништо нерегуларно…“, – тврди градоначалникот Томе Христоски.

Инаку, и поголемиот дел од крушевчани сметаат дека вработувањата по партиски клуч, во последно време особено добивале на интетнзитет.

Каролина Дурло

Победа конечно победи, дури четврти пат во 24 кола

Попладнево на стадионот во Радовиш, во натпревар од 24-тото коло на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа ја совладаа домашната Плачковица со 3-1.

Тоа беше доста значаен меч за двата тима во борбата за опстанок, а црвено-белите со денешната победа ги елиминираа надежите на радовишани дека би можеле да ги претекнат на табелат,а во борбата за директен опстанок во лигата.

Свесни за значењето на натпреварот, избраниците на тренерот Крстески одиграа навистина добар меч, во кој знаеа што сакаат и што е позначајно, покажаа дека можат да одиграат на резултат во толку значајниот меч.

Оваа втора гостинска овосезонска победа е само на играчите и на Стручниот штаб-прва на третото второлигашко гостување во Радовиш, откако на двете претходни мрежите мируваа.

По голот во Каменица, денес со втор погодок во два меча по ред, водство за Победа донесе Теофан Кисески Илијоски во 38-та минута од мечот, со соло продор и пласиран удар од 15 метри, по одземена топка на средината од домашното поле.

Тоа беше резултат по првиот дел, а само што започна вториот дел домашните израмнија на 1-1. Ударот на Јанев го закачи Петар Петроски, го смени правецот, и заврши во самиот лев горен агол од голот на Даниел Котевски.

Но, само две минути подоцна по асистенција на Кисески-Илијоски и негов центаршут во домашниот казнен простор, на вистинското место на втора статива беше Дарко Гроздановски, кој ја доведе во водство Победа од 1-2.

Конечните 1-3 со својот сениорски деби гол, ги постави кадетот Беким Алимоски во 65-тата минута по асистенција на Грозданоски, а до крајот две убави прилики за уште поубедлива победа не искористи Симјановски.

Во следното 25 коло во петок на 30 април Победа ќе биде домаќин на Росоман.

Резултати 24 коло:Плачковица-Победа 1-3, Кит-Го-Саса 1-1, Кожуф-Тиквеш 0-2, Осогово-Брегалница 0-2 и Росоман-Слога 1-2.

Табела:Брегалница 64, Тиквеш 55, Кит-Го 42, Кожуф 35, Саса 32, Осогово 29, Слога 27, Победа 20, Плачковица 12 и Росоман 9 бодови.

Двојки за следното 25-то коло (петок 30 април) : Победа-Росоман, Саса-Плачковица, Тиквеш-Кит-Го, Слога-Осогово и Брегалница-Кожуф.

(Видео) Го пронајде скриеното богатство на дедо му под таванските табли

Со помош на детектор за метал “ловец на богатство” го пронајде богатството на покojниот дедо на едно семејство, скриено под таванските табли.

Кејт Вили пронајде точно 46.000 долари, објаснува на видеото. “Го работам ова со години, но оваа кутија ја сметам за моето најголемо откритие”, вели тој.

“Голем дел од трагите кои ги имавме испаднаа неточни. Јас никогаш не се откажувам, барам мали работи кои никој не ги забележува”.

Младите и ветераните пред cyдот и споменикот на Ченто во Прилеп порачаа: “Слобода за Јане Ченто” (Фото)

Во пресрет на утрешниот пpoтecт пред Владата, Унијата на ветерани и Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, пред Основниот cyд и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто порачаа: “Слобода за бранителите и слобода за Јане Ченто”.

Помеѓу присутните беа и поранешните градоначалници на Прилеп, Илија Димоски-Шаторот, Ратко Андреески и Глигор Иваноски, како и таткото на Јане Ченто, Коле Ченто.

Повеќе опозициски партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, TMРО, Единствена Македонија, Интегра, Подем, Левица, ГРОМ… го поддржаа протестот.

Според организаторите протестот ќе почне во 11 часот пред Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Од протестот до претседателот на Македонија, до Собранието, Владата, до верските заедници во Македонија, до ОН, Советот на Европа, ЕУ, НАТО и ОБСЕ ќе биде испратена Декларација за слобода на уставобранителите (осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година).