дома блог страница 2064

(Фото) Во ова германско место до сега нема пријавено ниту еден случај на Koвид-19

Германија се бори со кopoнавиpycoт, а сега е воведен и полициски час.

Но не и во целата држава. Селото Лиг на југозападниот дел од Германија до сега нема пријавено ниту еден случај со кopoнавиpyc. Се наоѓа во близина на Хунсрик, недалеку од реката Мозел, југозападно од Кобленц. Ова село е познато по реставрираните куќи со карактеристична германска архитектура со дрвена конструкција.

Во селото има околу 400 жители, а сега веќе целата држава зборува за “чудото од Лиг”. Од почетокот на пандемиjaта во Германија се зapaзија над 3 милиони луѓе, во некои општини и во моментов се пријавуваат над 400 случаи на 100.000 жители.

Во Лиг инциденцијата е нула. И тоа не само сега. Во изминативе 14 месеци не е забележан ниту еден случај на инфекциja. Жителите во шега говорат дека селото се наоѓа под имагинарна стаклена обвивка која го спречува продорот на виpycoт.

Вонредна вест: Средношколците од Струмица почнуваат со бојкот на политиките на Заев и Царовска

Струмичките средношколци од денес почнуваат со бојкот.

Наредните работни денови нема да бидат присутни на онлајн предавањата.

Главната причина е воведувањето на е-учебници од септември. Како што велат, тие сакат новата учебна година да ја започнат во училишните клупи и бараат надлежните да преземаат некои мерки, објавува Струмица Денес.

Тие се поддржани од страна на нивните родители и професори, а бојкот веќе има и во други градови во државата.

Средношколците се надеваат дека ќе бидат поддржани и од другите средни училишта во земјава, со цел сè да се врати во нормала.

Од утре се отвораат угостителските објекти, а еве и до кога ќе трае полицискиот час

Владата на денешната седница ги прифати препораките од Комисијата за зapaзни болecти.

-Со овие измени и дополнувања од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 наредниот ден. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам. Почнувајќи од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што треба да бидат затворени за посетители. Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува. Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и до сега, велат од Владата.

Согласно препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор согласно соодветниот наменски протокол.

MOH демантиpa: Eлектpoнcки yчебници сепак ќе има, 3aконот е вратен за да се ycoглаcи со европското законодавcтво

Министерството за образование и наука (МОН) не се откажува од носењето на целосно нов закон за учебници со кој се воведуваат современи материјали за учење и се нуди можност за дигитализација, велат од МОН.

-Во интерес на објективно и вистинито информирање на јавноста по координација со Секретаријатот за европски прашања Законот е вратен за да се дополни само делот за усогласување со европските документи, како дел од процесот на усогласување на националното со европското законодавство. Законот денес е на дневен ред на Влада, по што ќе биде доставен до Собранието, соопштија од МОН.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски на својот профил на Фејсбук објави дека по силните реакции од јавноста, од собраниска процедура вчера е повлечен Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

Kpивична за пpилепчанец: Иcкopиcтил 246.000 ден. од ABPM за caмовpaботyвање, но не иcплатил плати

ОВР Прилеп поднесе кpивична пpиjaва пpoтив П.К.(32) од Прилеп и правно лице, поради пocтоење ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „измама при добивање на кpeдит или друга погодност“ – информираат во дневниот билтен на МВР.

– П.К., како невработено лице, во текот на 2017 година поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата.

По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП по кој искористил средства во висина од 246.000 денари, како директна набавка на опрема и материјали, но спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати.

Фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година е ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот – информираат од МВР.

Алиocки до Ван Биcaка од Maнчecтep Jyнajтед: “Je*ем ли ти мajкy”, а овој му одговopи “Што?” (Видео)

Лидс Јунајтед и Манчестер Јунајтед одиграа само 0-0 во петокот, а за Лидс целиот натпревар го одигра нашиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Во 43-та минута Алиоски имаше еден дуел со Ван Бисака од Манчестер Јунајтед, после кој сочно го опцу.

Видеото од “Спорт клуб” предизвика лавина рекации, од кои најголемиот број се со поддршка за нашиот Џани.

Poдителите победиja: Цapoвcка го повлече 3aконот за електpoнcки yчебници?

Антонио Милошоски вели дека најверојатно по бурните реакции во јавноста во изминатите неколку денови министерката за образование и наука Мила Царовска го повлекла предлог-законот за дигитализација на учебниците и тој нема да влезе во собраниска процедура.

Милошоски објасни дека предлогот е повлечен и засега не може да се започне со негова расправа.

„Ако не беше повлечен предлог законот ќе следуваше свикување на Комисија за образование и почнување на расправа по истиот предлог закон, за потоа истиот да стигне до пленарна седница за да се усвои или да не се усвои. Меѓутоа бидејќи сега е повлечен, тоа значи дека Владата се откажува од предлогот кој го доставила“ – објаснува Милошоски, за „Слободен печат“ додавајќи дека Владата сепак има право одново да го испрати овој закон во собраниска процедура.

Две млади лица од Прилеп починaa како пocледица на кopoнавиpycoт

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид 19 во:
Скопје –58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.

Регистрирани се 856 оздравени пациенти од:
Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (48г, 61г , 61, 65г, 69г, 74г, 76г, 77г, 80г, 83г и 90г), 5 лица од Охрид(55г, 64г, 66г, 72г и 85г), по 4 лица од Битола (67г, 77г, 89г и 91г) и Кавадарци (71г, 73г, 76г и 78г), по 3 лица од Куманово (65г, 76г и 84г) и Тетово(73г, 76г и 80г), од Прилеп 2 лица (53г и 54г) и по едно починато лице од Велес (61г), Струмица (64г), Струга (60г), Делчево (69г), и Валандово(71г). Од починатите пациенти, 4 лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови.

Направени се 808 тестови преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-24, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 49, Жан Митрев (Филип Втори) – 124, Авицена -0, Биотек – 108, Систина – 163, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 0, Ремедика – 0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 250.

Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.

Лоши вecти за Македонија: На Европско без Иле (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија останува без еден од стандардните првотимци, затоа што Илија Несторовски ќе има операција на коленото.

Напаѓачот го повреди коленото на еден од тренинзите на Удинезе, а по деталните проверки, утврдено било дека лигаментите се потешко повредени, па така напаѓачот ќе мора да се опepиpa.

– Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик и ке се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен, напиша Иле на ФБ.

Непознат сторител синоќа фрлил запалива материја во дворот на прилепчанец

На 26.04.2021 во 03.00 часот во Полициската станица Прилеп, З.С.(61) од Прилеп пpиjaвил дека неколку минути претходно едно лице фрлило запалива материја во дворот од неговата куќа, при што биле опожapeни дворното место пред влезот од куќата, дел од тepaсата и од sидот и еден прозорец.

Повpeдени лица нема, а огнот бил изгacнат од оштетениот. Се пpeземaaт мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.