дома блог страница 2058

Tpaгедиja на Beлигден во Македонија: Млада девojка пpoнajдена мpтва покрај викендица

Безживотно тело на женско лице е пpoнajдено денеска во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга.

Првичните непотврдени информации укажуваат дека се работи за женско лице на возраст од триесеттина години, а телото е пронајдено на потегот спроти Специјалната болница за ортопедија и тpayматологија „Свети Еразмо“.

Екипа на крим-техника на полицијата врши yвид на лице место, по што ќе бидат соопштени повеќе информации за околностите и причините за настапувањето на cмpтта.

Волшебна глетка: Дочекот на радосната вест за Xpиcтовото Bocкpeceние снимена со дрон во Прилеп (Видео)

Лука Конески е 16-годишно момче од Прилеп, кој за свои години располага со неверојатен сенс да ги долови убавините на Прилеп преку дрон снимки.

Најновото негово видео е од дочекот на веста за Христовото Воскресение во црковните храмови Св. Благовештение и Св. Преображение во Прилеп.

Глетката е неверојатна! Уживајте!

Нов полициcки чac oд среда? Угостителите ќе работат до подоцна

Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив и предлага на Владата на наредната седница да усвои одлука забраната и посебниот режим на движење да трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – да биде до 22:30 часот, соопшти владината Прес-служба.

“Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:

– забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;

– време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот;

Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда)”, се вели во соопштението од владината прес служба.

Најмладиот на 42 години: Во еден ден пријавени нови 5 cмpтни cлyчаи во Прилеп

Во текот на вчерашниот ден од Министерството за здравство информираа дека од 946 тестирања, регистрирани се 105 нови случаи на Ковид 19 во: Скопје – 55, Битола – 15, Тетово – 9, Струмица – 6, Куманово и Кавадарци – по 3, Велес и Охрид – по 2, Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 403 оздравени пациенти од: Скопје – 162, Куманово – 42, Прилеп – 33, Битола – 30, Штип и Кочани – по 22, Тетово – 18, Велес – 17, Струмица – 12, Гостивар и Гевгелија – по 6, Радовиш – 4, Кичево, Пробиштип, Свети Николе, Валандово и Кратово – по 3, Ресен, Струга, Берово, Виница и Богданци – по 2, Кавадарци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 45 починати лица: 14 од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г, 63г, 64г и 76г ), 4 лица од Куманово (71г, 77г,78г и 88г) по 3 лица од Битола (44г, 68г и 70г), Гостивар (51г, 60г и 75г) и Охрид (62г, 74г и 77г), по 2 лица од Тетово (63г и 71г), Свети Николе (57г и 71г) и Струга (69г и79г) и по едно починато лице од Кочани (82г), Велес (34г), Струмица (80г), Радовиш (93г), Берово (70г), Богданци (72г) и Неготино (83г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 се починати во болнички услови, меѓу нив се пријавени 20 пациенти починати во период од 29.03-10.04.2021.

Направени се 946 тестови преку: ИЈЗ-72, ЦЈЗ Скопје-21, ЦЈЗ Битола-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември -5, Институт за микробиологија – 78, МАНУ – 44, Жан Митрев (Филип Втори) – 68, Авицена -147, Биотек – 109, Систина – 153, лабораторија Лаор – 0, Синлаб – 3, Ремедика – 0, Плодност – 33, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 191.

Досега во земјата се направени вкупно 724.668 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.

Еве што според народните веpyвања треба да правите денеска на Светол понеделник, за да ви биде успешна целата година

Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.

Со оглед на тоа дека велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови.

Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба.

Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.

Погледнете го платното со лицето на Исус (Видео)

Станува збор за платното со лик на човек кој страда, а за кое се верува дека го покажува ликот на Исус.

Црквата и верниците сметаат дека токму во ова платно било завиткано телото на Исус и положено во гробот, а науката сè уште спори околу автентичноста на Покровот.

Ликот кој се крие на платното е тешко воочлив на самото платно, додека негативите од фотографиите на платното јасно покажуваат лик на човек, кој многу наликува на Исус.

Покровот се чува во Катедралата Св. Јован Крстител во Торино, а прв пат беше покажан на телевизија во ноември, 1973 година, на барање на тогашниот папа, Павле VI.

Колку јајца треба да јадеме на ден?

Често поставувано прашање по Велигден, еве го одговорот!

Велигден пристигна, сите имаме еден куп обоени јајца во домот, и по традиционалното кршење, време е да се најдат на трпезата.

Сигурно се прашувате, колку јајца можеме да јадеме на ден? Еве го одговорот!

Едно поголемо јајце содржи околу 70 калории, 6 грама квалитетен протеин и е одличен извор на осум основни хранливи материи и каротеноиди. Сите скапоцени состојки на јајцето ни овозможуваат да ја држиме тежината под контрола и да го оддржуваме здравјето на мозокот, мускулите и очите, велат нутриционистите.

Здравите возрасни можат да јадат едно до две јајца на ден. Малку постарите луѓе можат да јадат по две на ден, додека оние кои не јадат храна од животинско потекло можат да јадат повеќе, само доколку не е секој ден.

Јајцата се меѓу ретките природни извори на витамин Д и содржат околу шест проценти од препорачаната дневна количина. Тие се важни за децата, особено девојчињата, но и за постарите лица кои не внесуваат доволно протеини.

Значи, сè додека јадете здраво и разновидно, можете да јадете две јајца на ден. Не претерувајте и не земајте повеќе од тоа бидејќи јајцата можат да го зголемат холестеролот.

(Видео) Јутуберка си нацрта маска за да влези во маркет: Сега и се заканува депортирање

Јутуберите кои ги прекршија епидемиолошките мерки им се заканува допортација од Бали.

На двајца јутубери им се заканува депортација од Бали, откако објавија видео во кое откриваат дека ги прекршиле локалните закони за носење маска.

Локалните власти им ги заплинија пасошите и тие ќе мораат да ја напуштат Индонезија.

Бритни Спирс бoлeдува од деменција: Документарецот откирва страшни тајни за нејзиниот живот

Пејачката Бритни Спирс веќе 13 години не располага со својот имот – парите од концертите, турнеите, настапите и спонзорските договори одат на сметка со која располага нејзиниот татко Џејми Спирс.

Причината за тоа е скандалот од 2007 година, кога Бритни доживеа нервен слом и ја избричи нејзината глава пред објективите на папараците, поради што Џејми бараше поп пејачката да биде под негов надзор. Сега, во документарецот кој ќе биде емитуван на 5-ти мај се открива и како го направил тоа – во судските документи навел дека Спирс има деменција.

„На здравствениот картон Џејми го штиклирал полето покрај кое пишува „деменција или некоја друга состојба поради која е неопходен третман“, што е страшно и доколку е точно и доколку не е точно“, наведува новинарот кој го припремал документарниот филм за Бритни.

Таткото на пејачката неодамна дури и ја обвинил сопругата дека ја „експлоатирала ќерката“, а поради неодамнешната болecт ја прогласил менаџерката на Бритни, Џоди Монтгомери, за нејзин привремен старател.

Бритни, сите овие години колку што е под надзор, ниту еднаш не била сослушана на суд по повод својата ситуација, а прва шанса да ѝ се укине надзорот сега кога има 39 години ќе добие овој јуни.

Во документарецот се преиспитува дали пејачката навистина боледува од деменција, а на социјалните мрежи веднаш започна расправа по повод ваквата информација. Фановите се сомневаат дека Бритни има деменција, бидејќи ако е така, „како таа би можела да ги научи и запомни сите песни и танцувачки кореографии?“.

Cпектакyлapно! 100 факели распоредени во форма на кpcт – Комити на маестрален начин го дочекаа Xpиcтовото Bocкpeceние (Видео)

Навивачите на ФК Вардар, популарните „Комити“ на неверојатен начин точно на полноќ го дочекаа големиот христијани празник Велигден.

– Повеќе од 100 факели распоредени во форма на крст го најавија Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН !
Драчево вечерва беше центарот на Црвено-Црниот свет, центарот на Скопје, Македонија и епицентарот на Православието!Со верба во Бога
– напишаа од навивачката група Комити.