дома блог страница 2009

Пpилеп гopи: Moќна нajaва во пpecpeт на пpвиот натпpeвap на Maкедониja (Видео)

Mоќна најава од Прилеп во пресрет на историскиот настап на Македонија на Европското првенство во фудбал

Мартин Пресилски и Петар Јанкоски направија нешто специјално во пресрет на првиот дуел на Македонија против Австрија, кој вечерва се игра во Букурешт.

Љубителите на фудбалот со нетрпение очекуваат нашите херои да истрчаат на теренот и одново да ја израдуваат нацијата.

Погледнете го ова видео кое дополнително ќе го разгори навивачкиот дух во секој еден од вас:

Во Прилеп воздухот не е проѕирен, можиме да си одбериме што да дишиме (Видео)

Во Прилеп воздухот не е проѕрен, можиме да си одбериме што да дишиме.

Се сеќавате ли на сторијата на храбрите новинари од Истражувачката репортерска лабораторија? “Заговор против воздухот” отвори многу прашања поврзани со загадување на животната средина, а во оваа сторија, меѓу другото, се појави и видео на кое се гледа како црн чад излегува од прилепската болница.

Не само што не се презедоа итни мерки или пак некаква истрага против лицата одговорни за загадувањето на животната средина, во Прилеп оваа слика е секојдневие.

Овој пат, вознемирени граѓани, до нашата редакција испратија видео од депониjaта во Алинци:

Состојбата на Ериксен е стабилизирана

Натпреварот меѓу Данска и Финска од Европското првенство беше прекинат пред крајот на првото полувреме откако Кристијан Ериксен колабираше на теренот.

Данскиот репрезентативец Кристијан Ерисекен колабираше на мечот од ЕУРО 2020 меѓу Данска и Финска.

Според фотографиите кои може да се видат на интернет, фудбалерот на Интер свесен го напуштил теренот во Копенхаген.

Според последните информации на УЕФА, фудбалерот е префрлен во болница, а неговата состојба е стабилизирана.

Се пожалил на болки во градите: Маж починал додека возел по патот Битола-Прилеп

Педесет и петгодишен маж, со иницијали Ш.В. починал додека го возел својот автомобил на патот Битола-Прилеп, пред Тополчани, пишува во полицискиот билтен на МВР.

Од МВР велат дека управувајќи го возилото, со прилепски регистарски ознаки, тој се пожалил на болки во градите на сопатничката Л.В.М..

Извршен бил увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Дали Пиличев ќе стане Србин за да остане раководител на Фондот за здравство во Прилеп?

Фондот за здравствено осигурување објави оглас за вработување на раководител на подрачната служба во Прилеп

Паричен нето износ на плата за оваа позиција изнесува 32.854,00 денари месечно, а условите за вработување се следни:

– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, организациски науки и управување (менаџмент)

– најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор

Интересно е тоа што според напомената во огласот објавен од Агенцијата за администрација, кандидатот кој ќе биде избран за оваа позиција треба да биде од српската етничка заедница.

Досега раководител на ФЗОМ во Прилеп беше Кристијан Пиличев, кој на оваа позиција дојде во 2018 година.

Пиличев е еден од најистакнатите лица во СДСМ Прилеп, па останува засега нејасно дали тој ќе стане Србин за да ја задржи оваа позиција, или ќе биде назначен на друго раководно место.

Спасовски за словенечкиот весник “Дело”: “Балканот во ЕУ полecно ќе ја одбpaни Евpoпа од кpиминалот”

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на неговата работна посета на Република Словенија по повод учеството на министерската конференција: 10. Неформален состанок на министри за внатрешни работи на Брдо Процесот даде интервју за словенечкиoт весник „Дело“.

Во него Спасовски зборува за справувањето на Македонија со епидемијата со Ковид-19, мигрантската криза и илегалните миграции, борбата со организираниот криминал и сите други форми на криминал, патот на балканските држави кон ЕУ и нивната улога во спречувањето на криминалот во ЕУ.

– Полесно ќе ја одбраниме Европа од кпиминалот ако бидеме дел од ЕУ. Нашата позиција е јасна: ние сме на европскиот пат и притоа сме доследни. Мнозинството граѓани сакаат да влеземе во ЕУ, целиот регион нема алтернатива во однос на членството во ЕУ. Ќе сториме сè за да ја постигнеме целта и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Се надевам дека ќе се случи поместување уште пред почетокот на словенечкото претседателство на Советот на ЕУ, истакна во еден дел од интервјуто министерот за внатрешни работи Спасовски.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Средношколците кои бојкотираа настава се казнети со намалено поведение

Добиваме информации од страна на нашите соученици и родители дека ни е намалено поведението затоа што бojкотиравме, информираат од Средношколски глас.

Еве што истакнаа тие:

-Стоиме позади вас и нашите родители како Средношколски глас! Стоиме на располагање за сите кои сакаат јавно да го споделат проблемот! Ова е срамно и за секаква осуда! Ние нема да преќутиме! Заедно со нашите родители ќе се бориме до крај!

Министерке, уште еднаш покажавте дека вашата фин(ск)а страна е совршена само кога ќе се упалат камерите и ќе се пуштат микрофоните!

Симона ја лови Скарлет Јохансон во новиот блокбастер на “Марвел” и плус зборува на македонски (Видео)

Во новиот проект на серијалот “Црна Вдовица” на Марвел игра македонската актерка Симона Живковска која гради меѓународна кариера по преселбата од Македонија во Велика Британија.

Живковска во сцените од филмот глуми на македонски јазик што е раритет за вакви холивудски “блокбастери” кои заработуваат стотици милиони долари на кино благајните.

“Ни преостанува помалку од еден месец! Едвај чекам да го видите ова!”, пишува Живковска давајќи ја информацијата дека во филмот таа зборува на мајчин јазик – македонски.

Во видеото јасно се слуша дека во хитот во кој главна улога игра една од најплатените холивудски актери Скарлет Јохансон македонската актерка зборува на македонски јазик.

Вистинско уживање: Сите голови на Македонија на патот до Европското првенство (Видео)

УЕФА објави видео од сите погодоци на македонската фудбалска репрезентација кои ни донесоа прво историско учество на европските првенства

Уживајте во фудбалските магии на Пандев, Елмас, Адеми, Барди, Алиоски…. во продолжение:

Peки од гpaд по yлиците: Heвpeме напpaви xaoc во Бepoво (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од невремето кое пред два дена го зафати Берово, каде што се гледа огромна количина на град по улиците.

Според метеоролозите врнежите од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со невремиња ќе се задржат и во текот на викендот.